Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Епа да се надоврзам. Кога сите поминуваат одлични затоа што мама и тато сметаат дека тоа мора да е така, тогаш тие ученици уште помалку ќе учат наредната година бидејќи знаат дека и без учење ќе поминат со сите петки. И пак се' се сведува дека родителите имаат вина. И државата е крива. И во тој хаос каде единствено наставникот како единка треба да ја исправи работата - што реално е невозможно ако нема подршка од родителите, директорот, колегите и власта. И тука им пука филмот на многу професори кои се труделе со години да го носат товарот на сите, па креваат раце. Јас сум млада, ама тоа е она што го гледам кај постарите. Е сега кај таквите сум забележала два типа. Едните искажуваат разочараност, изгубена воља, депресија- тоа ср оние поемотивните, а кај другиот тип зема облик на агресија, злоба, одмазда, желба да му се наштети некому затоа што им било наштетено нив...
    Вие сакате наставникот да го носи целиот тој товар на родителите, на директорите, на колегите и на власта и да не потклекне со плата од 21000? Епа нема да разбрете, затоа што 1000 камшици по туѓ грб не болат. Вие сте тука за 1001 да го удрите. Оти малку биле.
     
    Последна измена: 27 август 2019
    На theowndemon и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    36.606
    Пол:
    Женски
    Сите се криви, само наставниците исправни. Ок, разбравме ;) А вас некој со сила ве тера да ставате петки? :?:
     
    На nextredstyle, zuto, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    А ти професор си што ги браниш волку?
    Ќе фатиш да тепаш овде.
    24,000 зимаат кај мене во школо еј.
    Доаѓа дреме 45 мин, ќе се издере ќе се испонаша како она е авторитет како е она начитана блабла и ќе си искочи.
    Луѓе работат ФИЗИЧКА работа за упола пари.Зашто синдикатот не штрајкува во тој случај?
     
    На ForeverYoung, nextredstyle, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.158
    Допаѓања:
    27.264
    Не не.
    Имало само една професорка изнервирана во цело школо...
    Како,друго е да се гледаш себе си од една преспектива.А,друго е како учениците те гледат.Не е исто.Можеби за себе си се сметаш нај,нај ама не е така.
    Некој беше пишал зошто толку голема омраза кон наставниците.
    Не е тоа омраза.Пола од нив,не си ја вршат работата како ич не треба,па бараат покачувања.Ете тоа создава револт.
    Има професори што заслужуваат покачување.
    Затоа покачување само за индивидуалци кои тоа го заслужуваат.
     
    На nextredstyle, zuto, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Со болдираното се согласувам потполно.И го поддрувам.
    Вредниот труд треба да се награди.И кај учениците и кај проф
     
    На ForeverYoung, nextredstyle и zuto им се допаѓа ова.
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Наставниците се криви што не оценуваат реално, родителите се криви што не ги воспитале децата па им се качуваат на глава на наставниците и така. Тоа е тој магичен круг од кој нема излез у наредниве 50 години
     
    На oblace1, Nausicaa, Peperutce1115 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.808
    Допаѓања:
    97.251
    Пол:
    Женски
    Ништо не сте сфатиле од темава ако мислите дека збориме за оценките. Никој не збори за тоа дека сите деца треба да се петкаши. А тоа што некој спомна погоре за стилот на професорите. Една важна работа која не ја сфаќате е тоа дека професорот има таква професија каде се справува со повеќе карактери одеднаш. МОРА да поседува способност да се прилагодува на секој од нив, не можат децата да се прилагодат на професорите пошо они учат, растат, се развиваат, а професорот ги води, он мора да биде свесниот во групата. Во еден клас има интровертни, екстровертни, деца кои подобро се изразуваат пишувајќи, други кои подобро се изразуваат зборувајќи, и многу други разлики, и некој ќе ми каже не ви одговара стилот. Професорот не само што треба да сака да го менува својот стил, туку и мора, морално и законски се согласил на тоа кога се запишал на факултет. Еднаш излезете бунете се за промените во системот што им штетат на децата. Сите ќе ве поддржат. Ама се' тоа ви одговара пошо вие сте во завидна позиција, вие имате однос напад - одмазда со учениците, кој не слуша, вие се одмаздувате кога доаѓа тромесечие со оценките. Во едно училиште (секако дека не кај нас) едно дете ( 9 год ) се налути и му вика на наставникот дека е будала. Човеков толку прибрано и смирено ја реши ситуацијата, му вели тоа е точно, јас некогаш сум будала, кажи ми што те вознемирува и како да го решиме. Никој да не ме лаже дека наставниците се непристрасни. Јас не сакам ќерка ми да оди во школо каде наставникот има поголемо его од неа. Децата имаат право да бидат неразумни. Растат, па во пубертет влегуваат, обврска е професорот да ги познава сите тие фази.
    А не, професорите многу работеле, принтале тестови 4 пати годишно.
     
    Последна измена: 27 август 2019
    На EMMA EMILY, mira.mira, Mrs. Lovett и 4 други им се допаѓа ова.
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Јас само објаснувам какви се работите затоа што не е доволно да си или да си бил ученик за да им е јасно на луѓето, затоа што многу нешта се одигруваат зад сцената. А тоа родителите и учениците не го гледаат.
    Можеби земаат 24 000 тие што имаат 30 години стаж.

    Со полн фонд на часови (20 часа неделнлно) платата е 21 000 ден.

    Со полн фонд на часови и улога на класен раководител платата е 22000 ден. Затоа многу наставници одбиваат да бидат класни.

    Ако добијат и некоја админидтративна обврска или ако влезат во совет, тогаш може да добијат плус некој денар, ама тоа го добиваат само неколку наставници-оние со најголема привилегија т.е. оние со најголеми врски.

    Поголемиот дел од наставниците немаат решение за работа и се плашат да забушаваат. Истиот тој дел нема полн фонд на часови, што значи дека има професори кои земаат 3000 плата.

    Доколку си приправник ти задржуваат 20% на плата. Замисли имаш 3 часа неделно за кои платата е 3000 ден, а ти си приправник и поради тоа ти задржуваат 20% на плата. На лето одиш на работа исто како и тие со полн фонд на часови, ја работиш и нивната работа (им пополнуваш дневници, електронски дневници, им пишуваш главни книги, им изготвуваш свидетелства, а не си класен). И уште ако згрешиш во помагањето има цело училиште да дознае колку си ти неписмена дури и директорот ќе те повика да те искара да внимаваш и да не грешиш во туѓата работа која никогаш претходно не си ја работел бидејќи не си класен и ди приправнк и за која никој убаво не ти полажал како да ја сработиш. Имаш ментор кој зема 10% од твојата плата за да те научи, ама него му е гајле. И да го прашаш ќе ти каже ама нема се' да ти каже за да згрешиш и за да се жали наоколу колку си ти глупава, кај ти објаснува ти пак ништо не разбираш. А па ако учениците те сакаат- е тогаш го јаде ежот- дел од колегите ќе те мразат и ќе ти копаат гроб, а на другиот дел ќе им биде гајле, ама никој, баш никој нема да дојде да ти покаже и помогне. Тоа, драга моја вие учениците и вашите родители не го гледате. А зошто се такви постарите колеги објаснав погоре. Не ги осудувам, а не ги ни оправувам. Ги разбирам огорчени се од трулоста на општеството и државата па или креваат раце и не ги интересира ништо (колку денот да помине) или мразат се живо околу нив.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Проверка, или како милуваат сега да кажат политичариве vetting во образованието, па и секаде во државниот сектор, ако сакаме да мрднеме од мртва точка.
     
    На M.B. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    3.272
    Мајка ми е 30+ години наставник.
    Секоја генерација и ја памтам и за секоја генерација знам каква била. Дома пишува за часови, па истото во комп, па прегледува тестови, кои ги има секоја недела, а не 4 пати годишно. Многупати сум листала и јас низ состави, низ тестови, знае да искоментира дека тоа дете го знаело тоа, а овде на тест го згрешило пример и слични други работи. Мајка ми си ја цени работата, строга е, организирана и се нервира кога гледа дека некој ученик не се труди колку што може.
    Е сега. Мајка ми се нема сменето низ годините, иако се сменија начинот на кои децава учат и на кој им ги пишат оценките. Ако порано оставаше деца во август, сега не и е дозволено тоа. Сега школите едно со друго се натпреваруваат кое е подобро накрај и мора да има некој дозволен просек и да не паѓаат оценките под тоа. Ако порано можев во трето одделение да прочитам 10 одлични состави, сега можам да прочитам едвај два.

    Ако сакате децата да ви бидат пописмени, нема да се јавувате по наставниците и да барате, вие мамичките, да им се попушти, дека било детето болно, дека тоа не му одело, или да одите да се буните зашто е казнето да седи назад или вратено дома пошто не можела учителката да го смири. Сега ништо не може на вашите златни деца да им се каже, а они може да прават галама по цел ден и некој тоа да го трпи. Јаготка на шлагот, јадење трици од бабите низ комшилук како учителката била строга и кучка.
    Сакате некој да си ја работи работата, ама и не сакате. Не можете со прст сите наставници да ги обвинувате дека ништо не работат и дека се неписмени, глупи и вработени преку партија.
    Ако е така, јас можам комотно да се рашетам по администрацијата и од 10, да кажам дека 9 ништо не работат денес и дека не вреди да земаат ни 2000, а камоли 24000 за тој труд што го вложуваат.
     
    На Martka, moon1, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    36.606
    Пол:
    Женски
    Точно, се согласувам :)
     
  12. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    А што те чуди, па истите тие имаат лице да се појават пред наставникот и да го обвинуваат како нивните деца имаат пониска оценка... дојде време наставникот да пропаѓа во земја заради неуспех на ученикот, не обратно. Да се правда зошто дава домашни задачи, зошто бара работни тетратки, зошто дава толку тестови во текот на школската година, па се дрзнуваат да се жалат кај директор, во министерство за образование, се закануваат со инспекции, за после во мај без никаков срам да вршат притисоци за петки.
     
    На oblace1, moon1, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку ми е гајле?
    Они на наш грб ќе штрајкуваат нас ќе не сакатат да учиме во саботи ради нив, зашто да се замарам?
    Они си гледаат за себе,епа и јас за мене.Не ми филозофирај со проценти и денари.Кај нас бар се знае во која дејност колку пари се зимаат +/-, никој не ги терал да бидат професори и да работат за тие пари.
    Бидејќи има луѓе со средно, кои работат дупло повеќе часови од нив во денот а зимаат многу помалку пари.И притоа работат физичка работа.Ако им е прва цел просветата и да работат на тоа да ги научат децата, исто како што и на докторот му е да спаси нечиј живот, и на адвокатот да си го одбрани клиентот тогаш нема да цмиздрат за пари и тоа на туѓ грб.
    Ајде на докторите да кажеме на Кардио да им текне во понеделник да штрајкуваат, а имаат пациенти со сериозна клиничка слика за тој ден.Што ќе се случи?Да умрат луѓето ради нив и нивните хирови?
    Плус реков и пак ќе кажам, 25% не се малку пари.Да кажеме дека просечна плата во просветата е 20,000, 25% од 20,000 се 5,000.
    Епа сега израчунај колку професори/наставници има во земјава и помножи пута 5 бона.И ќе сфатиш колку пари се во прашање.
    На страна што ниедна екскурзија не ја плаќаат туку на 25 ученици иде професор ГРАТИС.Што значи дека е тоа платено од наш џеб.Преку лето работат многу кратко за да ја средат документацијата, не работат од што ги тера некој туку е дел од нивната работа.
    Татко ми е партнер во ревизија во ПРИВАТНА фирма веќе 20 години.Татко ми работи од 8:30-17:30.Он кога ќе дојде дома заглавува до 9-10 на компјутер ако не и повеќе бидејќи има работа која треба да ја дозаврши и тоа туѓа работа на неспособњаци.Моментално е на платен одмор бидејќи имаше инфаркт, речено му е да одмара ама секој ден отвара мејлови и работи а на одмор е поради здравствени проблеми.Поука од авторот?Кога нешто, мораш-мораш.
    Ако татко ми со 2 стента во него МОРА да го отвори компјутерот а е на одмор и треба да мирува, и они можат после работа да ги прегледаат тестовите, да воведат во Е-дневник тоа што треба и ред други работи.Бидејќи секоја работа си сноси свои одговорности и задачи, па дури и надвор од работното место и време.
    Затоа не ми продавај м**а за бубрези и не ги правдај.Нема да вртам исти па исти муабети.Кажав зашто не се слагам со штрајков.Ем е на наш грб ем повеќето да ме извините како лешинари ништо не прават, вршат терор а пробуваат на туѓ грб да извадат пара.Епа дур не си го подобрат односот према учениците, ставот и си ги намалат критериумите доследни на нивниот карактер може да се бунат.
     
    На T.e.d.d.y му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Пoлн фoнд нa чaсoви неделнo имaaт сaмo 20? :o Нoрмaлен свет имa 40 нaјмaлку, штo знaчи зa пoлa рaбoтнo време плaтaтa им е минимум 20 000?
     
    На EMMA EMILY, T.e.d.d.y, Mrs. Lovett и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Јес, зависи што предава проф, која година( бидејќи математика и македонски се 4 пати неделно само и тоа е задолжително, хемија/физика/биологија/социологија/латински/германски *2 ; англиски 3 пати, физичко 3 пати ; изборен * 2 и тоа е тоа.
     
    На nextredstyle и Bridget им се допаѓа ова.
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    24.144
    Пол:
    Женски
    Аман бре, луѓе... очи си ископавте за платите и работните саати, срамота, апла љубомора. Ги направивте 20.000 ко кој знае која плата на стандардов.
    Зошто они можат, а ние не можеме... е па, ај цела држава да штрајкува ако не. Не може сите да штрајкуваат одеднаш...

    П.С Не сум во образование, ниту имам некој близок.
     
    На moon1, eliesaab и sierra им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Тaкa е дa, oд љубoмoрa веќе не знaеме штo дa кaжеме. Детскa рaбoтa.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    24.144
    Пол:
    Женски
    А бе, вие дијаСПОРКИве најгласни за прашања што не ве засегаат. |(
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Шo к*р тебе те бoли штo мене ме зaсегa a штo не?
     
    Последна измена: 27 август 2019
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    24.144
    Пол:
    Женски
    Така е, од немање друга работа и исправање туѓи криви дрини си патиме.
    Нема да успее штрајков, ај сеа ликувај.