Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Сите се криви, ама само од наставниците се бара да бидат прави, да бидат избркани и да ја носат цела одговорност. И онаа на родителитр и онаа на владата.
    И да, под притисок се пишуваат оцени за дел од учениците.
     
    На ines.h и oblace1 им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама кога сте глупави работете ја и нивната работа, а тие нека си уживаат.
    Не знам што прифаќате да сработите туѓи обврски. Гледајте да си ги завршите навреме и квалитетно вашите обврски, а за другите ич нека не ви е гајле дали, кога и како ќе си ја сработат работата. Ако имаат поддршка од директорот/директорката ништо да не работат и друг да им ја работи работата, тогаш тој/таа нека земе нека ја сработи нивната работа. Што вие се правите толку арни, да работите нешто што не е ваша обврска, сакате да бидете фини и вредни во нивните очи, сами прифаќате, а после вака се жалите.
     
    На T.e.d.d.y, Peperutce1115, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    157
    Први сте за бегање од часови, ниту една сабота не доаѓате во школо, а се буните како ве присилувале да одите, притоа секогаш носите оправданија.
    И родителите тоа ви го оправдуваат? И плус бараат од професорите нивните деца да ги имаат сите петки.
    Со олкаво потценување од страна на родителите, не ме ни чуди што вие учениците не ги почитувате професорите.
    Сите тие адвокати, лекари, инженери што имаат повисока плата од професорите, од кого ја научиле работата? Од професорите?
    Професорите во нормална земја треба да земаат најголема плата, тие ја создаваат иднината на државата.
    Инаку, се согласувам со тоа дека треба да се исфрлат неписмените крлежи вработени преку партиски книшки. Поради нив страдаат и оние кои навистина се посветени и си ја сакаат работата.
     
    На oblace1, mareane, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Не идам во саботи бидејќи не ми се оди и искажуваме со тоа револт.
    Ни продолжија распуст бидејќи прст пред око не се гледаше и уште да одработуваме.
    Да ќе ме правдаат бидејќи ќе ми се соберат изостаноци за ништо.Моите се тие кои секад ме терале да учам и да ги почитувам професорите.
    Никому не се лижеле и не ѕвонеле по луѓе.Не праќале пликоа и цвеќиња за оценка плус.Првин ја нема да го дозволам тоа, затоа што не сум од оние со комплексот дека мора да ги имам сите петки.Не мора, а и не сакам.Хемија и физика мрзам од дното на душата и задоволна сум со 3ка па еве и 4ка да е.Повеќе од тоа нити заслужувам нити па ќе седнам темелно да научам за петка.
    Ја си знам дома колку ми збореле да не се расправам со професорите, да им преќутувам да ги слушам и да учам или да ја поправам 2ката или тројката.И ја си знам колку мака имале со мене професорите.Ама не е тоа бидејќи дома не ме воспитале или ми рекле да се карам во школо, туку поради нивниот надмен однос према мене и другите.
    Кој не знае да се постави према мене како треба, ќе гори.Кој сака нека е
     
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Не се секирајте толку за наставниците де, голем дел од нив ги "спремаат" децата за својот предмет за 500 денари од саат, т.е. држат приватни часови.

    Ако навистина годината почне на 14.09 како што се збори, тогаш арам да им е.
     
    На LiliBoz, eliesaab, Mrs. Lovett и 2 други им се допаѓа ова.
  6. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Феминке, посакувам на час кај мајка ми да се најдеш па да видиш што е авторитет, мир, концентрација и мотивираност. Затоа што и 7 ми и 8 ми час останувала за мангупите од последните клупи да добијат вистинска квалификација за двојче, додека јас дома ја чекам за ручек и тупкам по маса мислејќи веќе пред саат време е вратена. Поготово мај месец, у 7 излегуваше од дома а во 18ч се враќаше, исцрпена од предавање и мотивирање ученици за пролазна оценка, ученици што ќе ги селектира и таа мора да ги моли да останат плус саати одозгора па и да им предава за без надоместок. Лесно ќе и беше да пише 2 ка и да не се замара, барем ја така би напраила, ама не и таа.
    Така да, сметам дека покачување е потребно, бидејќи имам индивидуален случај и сметам дека мајка ми повеќе би се мотивирала исто така бидејќи ќе се чувствува наградено за своите дела.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda и moon1 им се допаѓа ова.
  7. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.573
    Пол:
    Женски
    Vcera prasav koga pocnuvaat so skolskata godina bidejki imam prvace. Mi rekoa na 2 ri vo 8:30 da bidat decinjata vo skolo. Toa znaci deka nema pomestuvanje na denot koga pocnuva skolskata godina.
    Treba da postojat nagradi za nastavniot kadar koj se vlozuva celosno i si ja ceni rabotata. Toa go mislam za sekoja profesija ne samo za prosvetnite rabotnici
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.658
    Пол:
    Женски
    Над 90 посто се партиски вработени.Голем дел од нив се престроги дури и кон мирни деца.
    Извинете,ама без соодветна проверка кој колку и како работи,не заслужуваат ни денар.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.665
    Пол:
    Женски
    ^
    Ќе почнат на 2 ри ако не штрајкуваат.
    А ако штрајкуваат и го одложат почетокот за 2 недели ,тогаш децата ќе учат до крај на јуни.
     
  10. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    Сигурно не од наставниците и професорите во средно. Од тие на факултети- можеби делумно. Нека ги избркаат тие што не ги бива во образованието (или нека преземат др мерки) па после нека покачуваат плата на тие што се квалитетни. Или нека има некој систем за перформанс а не добиваат сите исто. Вака и премногу им е и платата што ја земаат. Да не се лажеме дека работат по 8 саати дневно и дека работата е захтевна за целото работно време. Кога ке се земе во предвид условите што ги имаат, а од друга страна квалитетот на работа на просечен професор и платите во нашата држава( што би рекол Заев :) ) воопшто не се загрозена група.
     
    На Mrs. Lovett, Peperutce1115 и Asparagus им се допаѓа ова.
  11. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Прифаќаме од страв! Тие имаат решение, ние сме на договор.
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Јас би рекла дека голем дел од просветниот кадар се полуписмени или пак не се трудат да зборуваат правилно. Многумина зборуваат на дијалект кога предаваат. Не дека само наставниците и професорите не зборуваат литературно, туку тоа е веќе глобален проблем, секаде го има. Медиумите исто така, се полни со полуписмен кадар. Од каде потекнува ова, што мислите?
     
    На eliesaab, T.e.d.d.y, Mrs. Lovett и 6 други им се допаѓа ова.
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Пак ќе се поврторам. Кога некој нема што да аргументира-почнува со навреди. Сто пати кажав и еве пак ќе ти кажам оти не читате. Не сум член на СОНК и за мене учебната година започнува во понеделник! Јас тој ден нема да бидам на улица туку во училница. Сметам дека треба да се зголемат платите за нашата професија (како и за многу други професии), а дел од штрајкот не сум. Бог чува. Јас велам ова е МАСА, ти ми велиш не е СТОЛ туку МАСА е. Е ај сега...
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Неколку факти за образованието во Мк :D

    - Најслабите ученици се запишаа на Педагошки. Реално. Се извинувам ако некој се навреди, мојот впечаток е тој.

    - Најјаките ученици фатија џаде по странство или работат во странски фирми. Реално, пута два. :D А да, мал, мал процент уште лута и не може да се снајде, оди на практиканство (оти биле испрограмирани за папагал-учење и сега вистинскиот свет е многу тежок или многу позахтевен, со еден збор, не се истриени)

    - Стариот кадар (зборуваме тие што со години работат) е најчесто квалитетен, ама многу тешко им паѓа работата на компјутер и е-дневникот е најголемото зло што постои на планетава.

    - 90% од младиот кадар е вработен од мака - не дека толку сакале да работат тоа, но немале друг избор во меанава. Најголем дел се влезени партиски, а и да не се, кога ќе те ебаваат како приправник со години, па има, па нема часови... сакал, нејќел, ќе си земеш книшка за да си го решиш гајлето. Реално.

    - 99% од сето образование се состои од репетативно повторување напамет научен материјал. Прво професорот четири пати на ден, па децата еднаш пред тест, еднаш на тест, еднаш на крај година. Брука. Заради ова тонеме и рангираме ниско - застарени методи на настава, нула критичко размислување, нула имагинација, нула креативност, нула писменост.

    - Родителите се презаштитнички настроени спрема децата. Дома зборуваат све и свашта за професорите и почитта кон нив е нула. Ај уште еднаш - Н У Л А. Наставничката е најчесто улава, шо ги замара, шо се замислува, итн.

    Фала Богу што не завршив некој факултет за професор, па да треба да учествувам во колективно лудило за 20 и кусур илјади, оти ќе ми тријат сол на глава за вработување во некое школо. Гррррр. Баба ми уште не може да преболи како не станав асистент на факултет, а јас си викам, фала ти Боже, на асистентите кај нас на факс уште не им се исплатени платите од 2016. Така последно чув. :D

    Значи, да резимираме.

    Платени ли се?
    Ич не се, како и 90% од меанава. (пошто повеќе личиме на меана, неголи држава)

    А работат ли вистински?
    Верувам дека има принципиелни луѓенца што си ја работат работата вистински и со мерак. Исто така верувам и дека грото не е такво. Жалам, ама факт е дека тонеме.

    Заслужуваат ли покачување?
    Сите заслужуваат - и учители и лекари и инжењери и полиција итн. Но покачување од 25% во ваква економија и на ваков (не)буџет е еднакво на лудило.
     
    На Bender Rodriguez, senjorita-v, ines.h и 26 други им се допаѓа ова.
  15. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Во понеделник ќе штрајкувале ххххаха секој нивни работен ден изгледа дека штрајкуваат ќе дојдат на час 20 минути подоцна од ко ќе Звони ќе седат на телефон цел час или ако не му е ден ќе се дерат и ќе си заминат, и тие пари што ги земаат му се многу.
     
    На cresa-jagoda, fana и nextredstyle им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    118.836
    Пол:
    Женски
    Ама јас не им ги сфаќам аргументите за ова барање? Повисока плата за што?
    Дека до парно на зима си дремат (под клима не седат, лето не работат), дека пукнаа од дома седење цело лето и пола зима, дека пукнаа од шетање со децата на екскурзии (кои го плаќаат родителите) поклонче секој 8ми март, поклонче за оценките земање ..... И така :)
     
    На nextredstyle, Feminka22 и Nane2356 им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Срцка, знаеш колку малку се трудат да ни го задржат вниманието и да направат часот да личи на час?
    Постарите професорки се трудат со сите сили да ни го задржат вниманието, да чуеме бар што зборат, да ги оставиме телефоните на 40/45минути и успеваат во тоа.Бар кај мене, историја, биологија и социологија годинава добивав петки од што слушав на час и дома ќе пролистав еднаш два-пати, а знаеш зашто?Успеаа тие жени да ми го направат часот интересен, на поинаков начин да ни ги предадат лекциите.
    Германски од петни жили се труди кај кецашите да извади 2ки ама не со форсирање и дерење, туку преку домашни преку проекти преку вежби на час со што ќе може да се потрудат и да извадат 2че.
    На другите им е најлесно да го фатат маркерот да начркабаат на табла и да си седнат или да ја раскажат лекцијата од учебник и толку.
    Епа после ќе сме седеле на телефони.Епа ќе седам бидејќи и мајка ми дома може по општите науки или теоријатс од хемија и физика да ми ја раскаже, а и не сум неписмена сама да земам да прочитам.Мене ми треба нешто посуштинско нешто подлабоко него што пишува во учебниците кои се напишани кога сум имала годинка.
    Право имавме учебник од 300 страни за на факс што е.Професорот како знаеше и умееше успеа да ни ја олесни работата, да не инволвира во часот, да седиме 2 часа по 40минути без да фатиме телефон, без да превртувам очи без да зјапам во таван или да спијам.А на многу часови сум спиела комотно бидејќи знам дека ќе го раскажат истото во книгата што го пишува, а можам и самата тоа да го направам бидејќи така ги учам лекциите.
    Не би зборела по суштински за професорите бидејќи во неколку теми сум пишала кај учам, што смер сум.И да чита некој професор не ми е гајле ама ипак би ја задржала и својата и нивната приватност.
     
    Последна измена: 27 август 2019
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Зошто страв? Ако својата работа си ја работите навремено и квалитетно, никој не може да ви пререче вас за нечија туѓа неисполнета обврска.
     
    На Peperutce1115 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    157
    Еве еден пример од средно: професорот му рече на едно дете дека на крај ќе има 1, бидејќи ем ништо не знаел ем не се трудел да научи, плус цело време реметеше час, а детево му врати со "ај се кладиме дека ќе пишеш 2".
    На крајот нормално детево имаше 2ка, бидејќи ургирала директорката, која секако беше партиски вработена. Професорот, бидејќи беше со договор, а не со решение, бил приморан да стави двојка, инаку ќе летал од работа.
    Ете затоа професорите
    имаат страв - рибата смрди од главата.

    А од кого? Сигурно еден лекар ќе чита од интернет или од друга пропратна литература и без средно и факултет ќе земе да оперира човек.
    Многу нормално дека професорите во средно ни ја даваат основата и ни всадуваат љубов кон одредена професија, а потоа тие на факултет нѐ доусовршуваат.
     
    На theowndemon, Angie1432, moon1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Епа душо јас живеам во Македонија каде не се вреднува тој што си ја работи работата ако нема врски или ако нема вујко владика.
     
    На jacqueline.s, moonlight-girl.55 и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.