Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    139.640
    Учат азбука, кирилица и латиница, учат да читаат 2 години, учат ридче рид и планина и крава коњ магаре. АКо за ова треба подговотка со саати, како најпросто да објасниш кој дава млеко а кој јајца, и уште плата плус... срамно е.
    За физичко што се спремаат?
    За музичко химната ја пеат и треба спремае?
    За математика делење со 4 треба спремање?

    на тој факултет за одделенски, кај што максимум испит е 300 страни, па уште да дипломирале без учење па сеа треба допрва да учат дека крават вика муууу, е страшно ужасно.

    Сфаќам да се спремаш за среднисти, надарени, кои можат да прашаат нешто плус од лекцијата, ама еј, факултет си завршил за тоа. Зарем треба да се спремам јас како професор по математика ако ме праша некое дете, а дали ова е полином? Или професор по филозофија да не знае да дае одговор, а само тоа предава и тоа завршил?

    Не бе, овие ни пола плата не заслужуваат, еден електронски дневник имаа и испаничија. Нека дадат резултати прво, па пари плус.
     
    На JuLleE, Mimmi39 и mime87 им се допаѓа ова.
  2. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Од прво до четврто одделение имав една учителка стара, последна генерација и бевме. Многу ја сакав се дур еден ден поради грешка (наместо да ја избришеме таблата на одмор се испотпишавме сите на неа и остатокот од времето игравме пајдушко :worried:) не пореди пред табла дежурните (јас и едно дете) и ни залепи по еден силен шамар кој ќе го паметам дур сум жива. Целта на шамарот беше да не научи на одговорност во животот. Ако тој е методот кој треба да се примени за да научиш едно второодделенче дека треба да си ги извршува обврските кои му се зададени, тогаш јас немам коментар. Не постигна ништо друго освен да се плашам од неа. Си замина таа дојде ќерка и, бетер од неа.

    Професорка во средно 4 години ни „предаваше“ англиски, освен што се чешлаше и си прицкаше лицето на часови, друго ништо не направи. Верувајте, книгите ден денес ги чувам што сум подвлекувала нејасни зборови демек да ја прашам и секогаш одговорот беше имаш гугл транслејт. И на крај имавме оценки врз основа на другите оценки или врз основа на тоа кое дете од кој родител е :). Моите беа работници, па јас вечито имав 2 или 3 :).

    Јас на ваквите би им одзела диплома и дома би ги пратила, не па плата да им покачам. Ама, неколку души не ја прават целата слика. Од друга страна, имав еден професор за кој мислам дека колку што сакав да си одам од гимназијата, толку не сакав да се разделам од него.

    My point is, сите имаме убави или неубави искуства ама не можеме врз тоа да носиме генерални заклучоци. Не сум за тоа на сите да им се покачи плата. Кој спомна не знам, да добиваат награди. За тоа сум.
    Чистка да се направи би било идеално решение според мене, но знаеме дека тоа е невозможно во држава како нашата. Би исчистиле се што е квалитетно, за да влезат внуки, братучеди, ќерки, роднини на се што е веќе влезено, партиски поттрчковци итн.
     
    На Feminka192, Mrs. Lovett, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    I za niv ke jadevt
    Idi I ti vraboti se vo obraz. I taka eve lesno e da te primat vo obrazovanie se nadevam bez nekoi osobeni maki ke vlezis I bez potrebna znaenje pa sedi na zima doma, ke vidis dali se e lesno kako sto zamisluvas, I dali se preplateni I dali uzivaaat blagodeti od- spored tebe zimski, letni, proletni odmori itn . Na zima I'm davaat nekolku dena posle nova god do bozik za da se skrati na grreenje, oti neli super ni e drzavata site politicari od zemja se treskat za lugeto, pa ne sme vo sostojba edno skolo da zgreeme ili resursi da se nabavat za decata za potrebite na nastavsta.
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Не е баш така Чка. Подготовките се да се направи план како/на кој начин ќе се предаде предвидениот материјал за тој час. Не велам дека е тешко, напротив, потребно е само малку имагинација и креативност за да се осмисли часот и неговиот тек. Проблемот е што не секој ја поседува и не секој има волја да ја употребува.

    Не знам колку си запознаена, ама се тежнее се повеќе кон тоа да се избегне фронталната настава каде што наставникот само предава, а учениците слушаат. Најдобро е да се користат техники и методи со кои децата ќе се активираат во текот на целиот час, сами ќе доаѓаат до поентата на лекцијата, па според тоа наставникот има задача да изнајде најразлични начини да им го пренесе знаењето најефективно.

    Пак ќе речам, далеку од тешко е, ама не е баш така како што ти мислиш. Се согласувам со тебе на темава, само сакав да ти појаснам дека не е до тежината на материјалот (кој воедно не е ономатопеја на животни, тоа сигурно), туку до методот на предавање на материјалот на таа група деца.
     
    На DAngel, mareane, Sofi.ja и 5 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.821
    Допаѓања:
    129.334
    Пол:
    Женски
    Е,па,ете,наставниците наместо зголемување на нивните плати,нека бараат поправка на греењето во училиштата или воведување на истото онаму каде што го нема.
     
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    Да земат ако не да не седат на топло зимуска, да не идат на екскурзии, без потреба да одат летоска во школо за да си ја заслужат платата...Невозможни сте со коментариве.
    Таква им е професијата што не ти е јасно, се што наброја е дел од работата што ја работат.
     
    На mareane, lovestoneddd и sierra им се допаѓа ова.
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Еднаш прашав и не добив одговор од никој. Еве ќе прашам пак:
    Зошто мислите дека наставниците не се борат за да се реновираат училиштата?
    Мислите дека полесно ни е од дома да носиме лап-топ наместо да има функционални компјутери во училиштето? Полесно е да земаме столчиња од по канцеларии за да има каде да седнат сите ученици? Една цевка пукна од парното во училиштето и ние професорите баравме мајстор и собравме пари да се поправи, затоа што беше 5ти-6ти час и беше доцна да го средиме тоа преку фирма која бараше 5000 ден, а ние најдовме мајстор кој го среди проблемот за 500 ден. Воедно и училиштето немаше пари за да плати. Сакавме да ја санираме штетата веднаш бидејќи наредниот ден од сабајле, учениците што учат во таа училница би требало да следат настава без парно, а слободна училница за да ги сместиме-немаме. Друго, свикавме Совет за реновирање на училиштата во државава. Направивме понуда до владата во која бараме да се укине средното образование како задолжително, затоа што од кога се воведе тоа, образованието тони. Зошто? Затоа што задолжителното образование поведе со себе бесплатни учебници и бесплатен превоз. Е се' би било добро ако тоа со учебниците и превозот функционираше како што треба. Ама не, ние сме Македончиња и мора да се прават измами и сплетки. Заради тој превоз 7ми час се скрати да трае 20 мин. И пак пола од децата ќе бараат да бидат ослободени од цел седми час затоа што биле од не знам кои села и автобусот кој што ги носел не поминува на постојката до училиштето туку само на таа што е во центарот на градот, па мораат да пешачат до центарот. Ако не ги ослободиш треба да чекаат 2 часа за нареден автобус. Друго, не доаѓа на улилиште, а му носи фискална на класниот за враќање на парите што ги дал за превозот. Се случувало и по цела недела да не доаѓа ученикот, а да донесе фискални како да доаѓал секој ден. Родителите дали воопшто знаат каде им се децата? Прашувам затоа што речиск секој ученик го прави тоа, а кога ќе му се каже на родителот тој го брани детето, наводно превозот го искористил за да отиде на доктор и слични изговори. И да отишол на доктор, тој превоз не му е платен за на доктор туку за на школо. Друго, бараат ете да ги ослободиме од 7ми за да не чекаат 2 часа превоз, ама па ги гледаш после седми, пола испоседнати по кафиња. Значи тој превоз се злоупотребува.
    За учебниците. Ќе пратат од Скопје еднаш учебници. Праќаат онолку колку што има ученици. Наредната година се запишуваат повеќе ученици од претходната и автоматски за дел од учениците нема учебници. Праќаме ние барање за толку и толку учебници и не добиваме никаков одговор, а не па да добиеме учебници. Во текот на учебната година голем дел од децата губат по некој учебник. За тој загубен учебник треба да го7 платат на трансакциска сметка на министерството. Го плаќаат, а учебници од Скопје не праќаат. Значи ем добиваат пари за тие изгубени учебници, ем не ни праќаат, ем не игноритаат. И ние им рековме на учениците да не плаќаат туку да го фотокопираат изгубениот учебник, барем така ќе може да се користи. А истите пари се даваат безрсзлика дали си го копирал или купил, ама ајде де... Од тие причини баравме да се укинат бесплатни учебници и превоз, па со тие пари кои само за една учебна година се даваат (тоа е огромна сужа на пари) може да се реновираат и средат со сета потребна опрема сите улилишта. Ама џабе... наводно се разгледува нашиот предлог, а месеци и месеци поминаа.
     
    Последна измена: 28 август 2019
    На mareane, sanjaeva, jasbi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.988
    Допаѓања:
    117.218
    Пол:
    Женски
    Така де. Таква им е професијата, јас напишав каква им е. И за тоа што го работата земаат убава плата.
    Знаеш како е поговорката нема и јаре и паре? Ако сакаш пари ќе работиш и сабота одмор 20 дена работни ќе имаш, ќе работиш ЦЕЛИ 8 часа (или ко мм 9) ...
    Е во нивната работа има и јаре и паре.
    Не велам дека земаат многу, туку дека за тоа што го работат е доволно.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Да се укине бесплатен превоз и учебници заради глупостите што ги наброја, плус со тие пари ќе се реновирало? Значи децата со учебниците и превозот фактички да плаќаат за реновирање, а со незадолжителното средно да се гради уште понеписмена нација?
     
    На DAngel, oblace1, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    36.620
    Пол:
    Женски
    Ај просветли ме, штрајк сте имале ли за реновирање на училишта, за лошите услови, за ужасната програма? :?:
     
    На joy1, Mrs. Lovett, mime87 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    157
    Како бе луѓе 20 000 доволни за егзистенција? Тие пари можат да бидат доволни кај младите луѓе за лични бенефити, меѓутоа 20 000 се премалку за гледање на фамилија. Некои живеат само од тие пари.
    Реално, покачување треба да има кај сите професии, не само во образовниот сектор.

    Меѓутоа, не сте во право за тоа што зборите како професорите си седеле во зима на топло. Па во моето средно имаше една слободна училница во која немавме греење и на тие часови се топлевме на печка цели зими и облечени со јакни. Колку што ни студело нам, им студело и на професорите.

    Друго, некој спомена погоре како си добивале професорите подароци за 8 Март и за крај на година? Па, професорите не го бараат тоа. Вие, родителите се тепате кој да и даде подобар подарок на професорката, па читам им купувале сваровски накит, им давале ваучери... Самите родители го прават тоа, ниту еден професор не бара.

    Притоа, тестовите коишто ги имаат во текот на една учебна година. Има предмети каде што се прават тестови за секоја тема. Значи 10 теми, 10 теста; 30 ученици во ЕДНА паралелка. Еден професор предава во минимум 2 паралелки и тоа во ЕДНА генерација. Сето тоа го плаќа од сопствен џеб.

    Не сте реални со коментариве...
     
    На mareane, Amellie13, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.821
    Допаѓања:
    129.334
    Пол:
    Женски
    Е,браво,според тебе да се направи нацијава уште полоша.
     
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Образложи, не фрлај обвиненија од ракав.
    Туку што барам јас. Ако имаше ќе си кажеше ;)
     
    Последна измена: 28 август 2019
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.821
    Допаѓања:
    129.334
    Пол:
    Женски
    Самата си пишала да се укине задолжителноста на средното образование,бесплатниот превоз и бесплатните учебници.Тоа е неразумно.Забораваш дека има сиромашни ученици кои не можат да платат превоз и учебници.А,средното е задолжително во многу држави.Да не е така,нацијата ќе биде 90 посто неписмена.
     
    На Ambitious му/ѝ се допаѓа ова.
  15. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Тоа со штрајкот го имаат само членовите на СОНК. Јас не сум член и за мене учебната година започнува во понеделник. Штрајкот е за платите. Тука до сега 10 пати прашаа зошто ние наставниците само за платите се буниме, а ништо не правиме за да се реновираат училиштата. Јас објаснав што превевземаме ние за тоа.
     
  16. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Тоа не ти е аргумент! Кажав, учебници нема! Перевозот се злоупотребува! Владата вели дека нема пари за реновирање. А нема столчиња и клупи! АЛО! Таблите се испукани, има влага и мувла на ѕидовите. Влагата и мувлата е болест!
    Стави ги на кантер двете работи и измери кое зло од двете зла е поголемо?
    Дали она да се укинат барем една година бесплатните учебници и превоз, а да се реновираат училиштата или да се продолжи вака како што си теравме до сега и плус да си добиеме сите асма или нешто друго од мувлата?
    Повторно имам потреба од смајли што се крсти.
    Ова твоето е контрање од инает. Од километар се гледа дека си ученик.
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    И вие пресметавте дека владата за реновирање пари нема, ама ако укине превоз и учебници ќе има. Не знаев дека они проста пресметка не знаат да си направат. Оти не предложите да се избрка дел од непотребната администрација за година, две или три и со тие пари да се реновира? Или со патните трошкови на пратениците? Зошто со вакви ставови не излезете на тв, да кажете дека мувлата ќе ве убие полека но сигурно, дека деца мрзнат, нема учебници за сите итн итн?
     
    На Peperutce1115, Nausicaa, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Една од најголемите грешки минатата власт што ги направи е тоа што средното образование го направи задолжително. Не можеш некому што не му се учи да го натераш со сила да учи. Зошто по секоја цена сите мора да бидат со диплома од средно? Бегаат од часови, имаат толку многу оправдани и неоправдани, единица до единица им се оценките во дневник цела учебна година, не повторуваат година, не ги бркаат од училиште, уште на крај година врз професорите се врши притисок одозгора да им стават прелазни оценки без знаење, некои дури и повисоки оценки од двојки магично добиваат. Со вештачки оценки само статистички добиваме пописмена нација, а не и реално.
    Таквите со незаслужена диплома за средно се запишаа и на факултет и таа диплома да ја купат. Па не остана ни еден што не се запишал на факултет. Многу писмени сме биле, а јас не сум знаела. Кај го имало бре тоа порано сите на факултет запишани и тие што ги бива и тие што не ги бива. На некои многу им е и средното, а не па факултет. Како тргнала работава на крај сите со диплома доктор на науки ќе бидеме. (facepalm)
     
    На Feminka192, mareane, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Со денешниве деца, наставниците заслужуваат бенифициран стаж, а не покачување на платите.
     
    На Ana Marija 1, Antolinaa, done и 8 други им се допаѓа ова.
  20. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Ние не пресметавме. Таков одговор добивме. Ти велат толку и толку пари може да се издвојат од буџетот за образование. А најголем дел од нив одат за превоз. Пред 8 години превоз немаше и никој не се жалеше дека не може да стигне на школо. Ама за делење правда сите не бива и за забелешки наоѓање. Малку ли училишта се сликани и пишани по портали за тоа во каква состојба се? Не знам што гледате и што читате. Жално што огорчрноста од животот која ни ја наметнува државата се калеми на погрешно место. Образобанието не чини - наставниците се криви! Зравството не чини- докторите и сестрите се криви! Полицијата не чини-полицајците се криви! Администрсцијата не чини-админидтрстивците се криви! Судството не чини-правниците се криви... се додека тие ќе ви се криви - ќе пропаѓаме!
    Оти не се буниш да им се намали платата на судиите? Ааа заборавив - тие повеќе работат од нас.
     
    Последна измена: 28 август 2019