Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    36.616
    Пол:
    Женски
    Знам дека е за плати. Тоа е и иронијата во ситуацијава. За плати штрајк се крева, за несоодветни услови, немање средства за работа, никаква програма, нема штрајк :^) Тоа што вие го “превземате” е еднакво на нула. На ист начин треба да се борите и за повисоки плати, зошто ви е штрајк?
    Јас прва ќе ве поддржев (а верувам и многу родители) да излезевте на протест за било што од претходно набројаново. И за повисоки плати исто ќе ве поддржев... А вака?! Вашиот џеб е најбитен во случајов? Децата, небитни, па дури и да им се скратат мизерните бенефиции како бесплатни учебници и превоз (facepalm) :envy: Па ако се нема пари за реновирање, како ќе има пари за вашите плати?
    Е вакви како тебе (а за жал моја проценка е дека сте мнозинство) не заслужувате покачување, напротив кратење, а најдобро отпуштање.
     
    На Mrs. Lovett, fana, Mantub и 2 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    36.616
    Пол:
    Женски
    А демек ние цвеќиња бевме :^)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.814
    Допаѓања:
    129.320
    Пол:
    Женски
    Студентка на факултет сум веќе неколку години.
    Дел од вината зошто нема доволно учебници е во издавачките куќи и преведувачите,а дел и кај учениците кои не ги чуваа правилно.
    Дел од учебниците од Кембриџ програмата беа лошо преведени,дел од Македонските исто имаа грешки,а и поради нови податоци мораше да има повлекување.Сегашнава влада форсира измени во учебниците поради барањата на соседите.
    Државава плива во долгови.Пензионерите добија ептен мало покачување,утре можеби нема ич.
    Ако некој преживува со 12 илјади плата,и вие наставниците со 20-22 илјади можете.
    Како што веќе спомнав,средното образование е задолжително во многу држави.
    Некои сакаат во ЕУ и НАТО,но со недописменет народ не може.
    Земјава со години се соочува со недостиг на кадар,најмногу во областа на здравството.
    Вината за несоодветното однесување на децата во училиштата прво лежи кај нивните родители,а потоа кај државата.
    Ако не е задолжително средното образование ќе се намали бројот на производство и поправка на машини,можеби ќе нема кој да печати учебници,ќе се намали и интересот за медицината,правото и економијата.
    Треба да се инвестира во образовниот процес,а не да се качуваат плати кога државата не може да врати долгови од 90-те.
     
    Последна измена: 28 август 2019
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Цка правењето дневни подготовки како прво е задолжително. Ако им дојде инспекција мора да имаат дневна подготовка, ако не ќе бидат казнети. Инаку ретко кој би правел дневни подготовки.
    А како второ може некому му изгледа така наивно и лесно. Ама и не е баш така. Треба точно да знаеш што ќе работиш во воведниот дел на часот, што во главниот, а што во завршниот. Мораш да размислиш што веќе е познато за децата па тоа да го поврзеш со новото, непознато, за да можат да сфатат. Треба да знаеш кои креативни техники и кога ќе ги примениш во кој дел од часот и за која лекција (бура на идеи, грозд, коцка, ѕвезда, петоред и уште многу други различни да не ги набројувам сите). При планирање на часовите треба да се запазат и одредени принципи, особено принципот на очигледност. Па треба да се употребат готови предмети, слики како нагледни средства, а некогаш и наставниците треба сами да изработат.
    Музичко цела година ли само химната ја пеат?
    Математика па тоа според Кембриџ е каша попара. Полесно ќе објасниш ти и полесно ќе те сфатат децата по старата програма ако им предаваш, отколку по новава програма.
    Плус не можеш да држиш само фронтална настава во која ќе застанеш и само ти ќе си зборуваш. Треба да ги активираш учениците, преку нивни самостојни или групни активности, ама па и тоа не може да биде така цел час. Значи треба да испланираш во кој дел од часот и што ти ќе збориш, а што и кога учениците ќе ги активираш. А во делот од часот кога држиш фронтална настава е најтешко да им го задржиш вниманието, треба да знаеш како.
    Азбуката во прво имаат препознавање на буквите, значи ли тоа дека само ќе им ја покажеш буквата и толку е?
    Во второ одделение само ќе ја напишеш и толку ли? А како ќе им објасниш што е буква?
    За кравата ќе застанеш да им кажеш дека дава млеко и прави муууу, за тоа не ти треба ни 5 минути, а што ќе правиш во остатокот од часот?
    За да им го привлечеш вниманието и да им ја задржиш концентрацијата на учениците и тоа да резултира со успешен час на кој учениците го научиле предвиденото, потребно е да имаш квалитетно испланиран час и да имаш и потребни материјали за работа.
     
    На Antolinaa, Harper, neno0o и 6 други им се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    20 пати кажав дека не сум член од СОНК и дека не штрајкувам и за мене започнува учебната година од понеделник. Ти ни мене ни мојата работа не ја познаваш за да ми судиш. Човрк се труди да ви објасни како се стои во образованието, што се случува зад сцената што вие ја гледате и некој од што го мрзи да си ја сработи сопствената работа ќе седи по цел ден на форум и ќе соли некому памет за неговата работа. Оди сработи си ја твојата работа. И пази прво да си ја платиш сметката за струја оти таа е поважна од онаа за интернет.
     
  6. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Срцка џабе објаснуваш. Сега ќе дојдат 5 души и ќе те нападнат како хиени. Колку повеќе им се објаснуваш -покрив си. Јас завршив. Не сум згрешила ништо за да некому се правдам и објанснувам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    36.616
    Пол:
    Женски
    Прилично добра проценка направив за тебе како просветен работник од постовиве што ги изнапиша. Имате благородна професија, а ја деградиравте!
    Вториот дел од коментаров нема да го коментирам. Мојот приватен живот ич не треба да те засега.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Хахха, ти ако ги прочита моите постови немаше да ме прашаш оти штрајкувам. Ама како ти одговара - така си кажуваш. Додека некој пишувал ли пишувал за да ви ја долови целата суштина на случувањата во образованието, ќе се најде некој од ведро небо и ќе тресне.
    За мојата работа можат да кажат само моите ученици, а не ти - од ведро небо падната. Ти со кое право се мешаш во мојот приватен живот.
     
    На Baby-Blue му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Разбрав дека ќе штрајкуваат сега на први, а ако не им покачат плата до први октомври, ќе одат на генерален штрајк.
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    36.616
    Пол:
    Женски
    А не штрајкувате за плата? Интрресно...
    Јас во твојот приватен живот не се замешав, ниту ме интересира. Твојата професија е јавна и подложна на критики.
    Ако можеш да ја воочиш разликата... :^)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.158
    Допаѓања:
    27.265
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.813
    Допаѓања:
    97.288
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека моите размислувања за школството општо не се согласуваат со тоа каква е реалната состојба кај нас и затоа не можиме да се сложиме. Горе некои пишаа, мајка ми да видите каква професорка е, кај неа нема мрдање, авторитет е, се труди да ги научи на сите, а децата не учат препишуваат на тестови и затоа она заслужува повисока плата. Ете јас на тоа ќе речам пак дека тоа за мене е во секој поглед погрешно, наставникот не треба да се почитува од страв туку почитта да се заслужи, ќе го цитирам Кен Робинсон кој огромен дел од животот се труди да ги промени школите, со психолошки анализи на децата, со истражувања, со студии, со пишување книги, тој вели децата не се мрзливи кога препишуваат туку се паметни, сфатиле дека системот не е праведен, не е функционален, и со препишувањето само поминуваат низ процесот без да ја трошат енергијата бидејќи знаат дека таа енергија не води кон ништо. Едноставно е да речеме, детето ако учи, ќе добие петка, таа петка ќе му го крени просекот, просекот ќе му помогне за на факултет и така натака, ама не е така едноставно воопшто. Се слагам скрос со наставниците дека неможе сите деца да се петкаши. Јас велам дека никое дете не треба да е со сите петки. Зошто? Затоа што секое дете е перфектна комбинација на себе си и нема шанси, значи нема шанси подеднакво добро да е развиено на сите полиња од математика до ликовно, до хемија, до социологија и така натака. Ама кај нас треба тоа "не сум со сите петки" да го сметаме за нормално. А не како родители да се гордееме кога децата ни се со сите петки. Затоа што им всадуваме погрешно размислување дека ако не се со сите петки не се доволно добри. Која е логиката на медицина да не можат да се запишат оние што не се со сите петки? Што ќе и е на ќерка ми да има слух по музичко или да црта прекрасно или да е физичко спремна за да може да се запише на медицина? Многу погрешно дека тие деца што се со сите петки се поинтелегентни па тие можат да одат на тежок факултет како што е медицинскиот. Школството треба да се насочи кон откривање на талентот на секое дете и тоа да го развива, а не сите петки. На 18 години пред факултет никој не знае кај да се запише, никој не знае што сака во животот. Во светот нигде веќе не се даваат домашни, кај нас се смета за предност ао професорката била строга и давала домашни па сите пишеле од страв. Децата се во школо 8 сати, остајте ги ко ќе дојдат дома да одморат. Ние ко ќе завршиме со работното време од 8 сати дома не ни се помислува ни секунда за работата, а децата морат да пишат домашни. Ете дома нека учат за испитувања, не мора да пишат, и тоа е една мала работа која имате можност како наставници да ја измените. Без промена на систем. Имаше една убава изрека, не е фер да ги држиме децата до 18 години во училница каде мора да добијат дозвола да одат во веце, а одкако ќе направат 18 години веднаш од нив очекуваме да се возрасни и да носат живото променувачки одлуки. Факт е дека постојат многу голем процент наставници во школите што премногу лично ја сфаќаат интеракцијата со учениците, а јас велам дека треба да го очекуваат тоа, затоа што работат со лица во развој, како да очекувам јас ако сум наставник на 14 годишни дека нема да им дојде да ме опцујат некогаш на час? Може ќе им дојде. Не велам како родител дека јас тоа ќе го поддржам и дека нема да реагирам или дека јас мислам дека на децата треба се да им се дозволи. Никако тоа. Ама не може оценките и односот да го смениш кон детето само заради лична повреда на чувствата. Не е фер едноставно. Ко што пишав погоре, мораат наставниците да бидат свесните во групата. Тоа не значи дека треба се да трпат. Или чувај Боже, ученици што креваат рака на наставници. Никако. Само сакам да кажам, тие ученици најчесто идаат од нефункционални семејства, насилство, сиромаштија, и не дека оправдувам, само велам дека треба наставниците да се обидуваат да пронајдат во себе разбирање, бидејќи човек што е среќен со себе си никогаш не повредува друг. Сакам да кажам, таквите револтирани ученици, некогаш преку агресијата искажуваат повик за помош, не знаат како поинаку, никогаш не виделе, никогаш не научиле поинаку да бараат внимание. Сигурно сте во право кога ни велите дека не знаеме затоа што ние не сме биле во ваша кожа. Ама ние ги имаме децата кои ги пуштаме во школо, и самите сме биле ученици, значи сакам да кажам сите имаме на некој начин информации од прва рака, школото е нешто низ кое сите сме поминале. Системски се проблемите, од родители, до наставници, до политиката на општеството и така натака. Ама мора од негде да се почне нели. Наставниците се очекува тие да поттикнат први пошо они се во секојдневен допир со работите. Јас велам наставникот треба да биде платен исто како доктори, ако не и повеќе. Но не со ова школство кај нас. Вие сигурно работите пренапорно за ова школство, не велам не. Но факт е дека прави голема штета. И ние сите сакаме тука да кажеме дека никогаш немало протест од страна на наставниците за овие работи, работи што на дечињата ги засегаат. Ние да се почувствуваме како родители дека вие навистина ги сакате нашите деца. Наставништвото е пожртвувана професија, барем во светот. И во тие протести може нема покачување на плата, ама кога тоа би се средило, секој родител гарантирам дека би поддржал наставниците да се најплатени. А вака нормално дека се револтираме, секој си вели, само за пари се тука, а за нашите деца не изгледа дека им е гајле. Морате да разберете дека фрустрациите што идаат на родителите и на учениците не се за џабе и не може сите да се разгалени. Некои се, ама многу многу не се. Постојат агресивни професори, идиоти, наречете ги како сакате. Навредуваат, и може никогаш не тепаат, ама јасно кажале дека поддржаваат ќотек и те прават да се осеќаш како да можат да ти ја влепат една ако им ги преминеш границите. Јас кога бев средно, не дека беше вчера, ама не беше и пред 2 века кога тепањето било дозволено, значи на моја другарка професорката и ја зеде тетратката и заради лош ракопис ја фрли на земја со замавнување. Каде е тука светоста на професијата, жал ми е но заради таквите професори се намалува репутацијата. А тие што се стварно добри немојте да мислите дека проаѓаат незабележано. Може платите им се исти, за жал, не треба така, платата е важна, но тие професори ја имаат љубовта од учениците, ги почитуваат на час, кога има некој ученик проблем воопшто не е ретко да му се пожали на тој наставник, па со професорка сум разговарала за дечковците мои кога сум се скарала во средно кога бев зелена во паметот и ме слушаше како да е најголем проблем на светот, пошо за мене беше, без потценување. Сите си имаат своја страна на приказната, али страната на децата е најважна
     
    Последна измена: 28 август 2019
    На dayla, An-na, EMMA EMILY и 4 други им се допаѓа ова.
  13. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.867
    Допаѓања:
    24.144
    Пол:
    Женски
    На Antolinaa, lovestoneddd, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  14. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Жално е што во државава оние кои заслужуваат и треба да имаат најголеми плати ни бараат, ни штрајкуваат. Докторите, пожарникарите па донекаде и наставниците. Значи тоа се професии кои доколку ја вршат својата работа како треба би имале едно здраво општество. Сум за поголеми плати на наставниците, ама прво да се тестираат сите кој и колку е образован, спремен да работи со деца, надоградуван. Е тие што ќе поминат сето тоа, може и тоа 500еу и повеќе плата. Зошто некој (меѓу кои и јас) сум учела за тоада, сум одела на семинари, сум се надоградувала во таа.сфера, сум читала и уште читам да седи дома а некој со три години школо што се клањал на партии да ми го образува детето. Има и прекрасни наставници , на пр наставничката на син ми заслужува 1000еу плата. На нејзини години толкаво трпение со денешниве деца, толку труд вложува во нив капа и симнувам. Ама има и такви што не знаат да објаснат, вреѓааат деца. И општо во секоја сфера е така. Нека им дадат асална плата на квалитетниот кадар, другите нека работат друго или нека се докажат. Образованието ни е на дното, а моќта на една држава во што е?
     
    На sierra, mira.mira, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    На крајов испадна дека скоро никој не е задоволен во државава од својата плата но, и скоро никој не е и спремен да излезе на штрајк и да се бори за поголема плата заедно со професорите. Деведесет проценти ако ништо друго. Заклучокот е дека освен што има во "Star Wars" џедаи (односно во филм) кои се борат против злото има исто така и на форуми и фејсбук-страни.

    П.С. Легендата вели ако излезат далеку повеќе луѓе ќе се постигне некаков ефект.
     
    Последна измена: 29 август 2019
    На mareane, lovestoneddd и moon1 им се допаѓа ова.
  16. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    21.905
    Како им се може сега да бараат покачување јер демократија.
    Пред неколку години исто сакаа да се кренат на штрајк , ама бидејќи тогаш Грујчо беше на власт го задуши штрајкот уште пред да почне.
    Да да , тоа го знаат сите просветни работници.
    И јас бев таа година дел од еден колектив во образование , па дента кога требаше да се гласа дали ќе има штрајк за поголеми плати , дојдоа некои чичковци од штаб , шеп шеп на уво и сите наставници запишаа НЕ , НЕ САКАМ ПОГОЛЕМА ПЛАТА , т.е нема штрајк.Буквално тоа требаше да се напише на ливчето од анкетата :)
    Која мизерија.
     
    На oblace1, andrejko82, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.341
    Допаѓања:
    90.073
    Пол:
    Женски
    Сепак ќе има штрајк утре.
    Срамота.
    Им го упропастија денот на сите првачиња и средношколци кои првпат седнуваат во клупа во новите училишта.
     
    На doubleg, JuLleE, carangigia и 4 други им се допаѓа ова.
  18. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    396
    Не знам како не му е срам, Земаат 25.000 плата, во зима слободни, во лето слободни, секакви празници, одат на работа 4,5сати. Е м образованието катастрофа, децата многу малку учат. АКо ги мрзи како шо правеа јас дури учев ајде друг да чита лекција да раскажува тие ќе си седат.
    Ако не му одговара нека напуштат ете, има многу невработени кои чекаат работа.
     
    На PinkGirl*, carangigia, Rakometar и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.341
    Допаѓања:
    90.073
    Пол:
    Женски
    Инаку штрајков е инструкција од ВМРО,ми кажаа лично.
    Наставниците и кадарот примен од оваа партија, тука нека не продаваат филмови дека се работи за плати,туку е чиста инструкција од нивната матична партија.
    Време е ние родителите да реагираме веќе што вакви партиски војници ни ги образуваат децата.
     
    Последна измена: 1 септември 2019
    На Mantub, Doozy, marchi-cool и 8 други им се допаѓа ова.
  20. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа, мене воопшто не ме чуди.
    Се додека политиката секаде е замешана, ќе биде вака - хаос !
     
    На Martka, JuLleE, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.