1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    2.171
    Ако сметаат дека треба да се зголеми и ее малку таа што се нуди мислам дека е во ред да протестираат.Но ако е партиски штрајк сеоградуваам.
     
  2. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    7.407
    Neka si gi baraat pravata ako mislat deka se obespraveni no ne na 1 septemvri koj so dusha go chekaat prvachinjata. Mozea da strajkuvaat na drugi denovi, ili da se borat institucionalno .
    Plata sprema rabotno vrème.Pripremi za rabota vo nitu edna profesija ne se plaka.
    Site profesii se pripremame no sepak SME na rabota 8 casa, od 8-16 casot , na elektronski kartici. Site profesii treba da imaat pogolema plata, ne samo uchitelite I profesorite.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Почетна плата првата година е 19 000, а после 21-22 илјади.
    25 земаат тие со 10 години стаж.
    За одморот во зима, од последнава зима воведоа правило 7 дена зимски одмор, претходно одевме на работа како и сите останати со неработен 1 јануар, Бадник и Божиќ. Во незагреани простории, бидејќи кога нема ученици нема парно, донесеш ли греалка од дома ќе трчаат по тебе да те најдат да исклучиш да не трошиш струја. И така 3 недели, таман дошло време за почеток на второ полугодие, наставничката се разболела, не може да земе боледување ќе настане хаос, па ај со растечен нос и кашлица нека си тргне на работа.
    Избришете си ја заблудата од глава дека летно време наставниците се 3 месеци или цело лето дома. Како и сите останати имаме по 21-22 дена годишен одмор кој што мора колективно да се користи КОГА ЌЕ ТИ НАРЕДАТ, нема цепкање, нема дел во јуни, дел септември. Заради тоа наставниците се принудени да одат на летување во шпиц на сезона и да ги плаќаат најскапите цени. Остатокот од летото одат на работа како и сите останати.
    Наставниците имаат работно време од 5-6 часа, да пократко од другите, ама за сметка на тоа дома работат уште толку. Што од административни работи, што од подготовки за послесно совладување на лекции, што од изнаоѓање на креативни творби и занимации на децата.
    Наставниците трошат дополнително од својата плата за копирање, листови, селотејпи, хефталки, хамери и друг вид на материјали за работа.
    Жал ми е што ти си имала не посветени наставници кои не те научиле правилно да се изразуваш. Во секоја професија има и вакви и такви.
    Ова чисто за да ви ги појаснам работите зошто од почеток темава ја труете со вакви глупости и лаги.

    Во однос на штрајкот, доколку бил за време на летниот распуст сигурно не славно ќе завршел, како наместо пред влада на улица да протестираш и да има закочен сообраќај ти да стоиш на тротоар и сите нормално да функционираат.
    Според мене не е во ред што училиштата немаат заеднички став,па секаде е како што ќе нареди директорот.
    Жалосно е првиот училишен ден на првачињата да започне без врска, без приредби и пригодни церемонии.
    Со еден ден штрајк не верувам дека ќе се постигне нешто, живи били па видели.
    И без оглед дали некој е од едната или другата партија сите сакаат да им се наполни џебот, во ова време наставниците послободно се чуствуваат па затоа и повеќето пристапуваат на штрајк.
     
    На Martka, Lella, Harper и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски

    На било која професија во државниот сектор на почетокот одбиваат зошто си приправник не само на наставниците, за тоа што нема асални услови за работа треба да штрајкувате, а не верувам дека во штрајкот нема да сакаат да се приклучат и родителите и децата. Затоа што условите се нехумани за сите, најголема штета трпат децата. Во Скопје најголемиот дел од основните училишта се околу 2 месеци на одмор, а од приградските населби низ цела мк се менуваат и не идат сите. И идат од 9 до кај 11-12 часот. Зимскиот распуст се дома вадејќи се дека нема парно и сл. (И во други државни институции се искршени прозорите, дуваат од сите страни и нема парно па се иде на раб.) За тоа дека материјалите од дома ги носите, децата си носат пари кај благајникот во одделението, до листови, до копии од книги, до хамери до селотејпи и се што наброја. Наставник и професор не треба да навредува некој дека не го научиле да се изразува туку треба да е пример како. Не се заблуди, мала е земјава сите имаме роднини, пријателки и пријатели, комшии и комшики и останато што се наставнички и професорки и сите имаат деца во училиштата, не е баш дека е некоја адвокатска фирма или што ти знам таму па не се знае што се работи и до колку и како и што, а и често има проекти кои се прават во училиштата па може и со свои очи да се види што се случува. А плус тоа што голем број од наставниците или наставничките држат приватно часови за огромни суми со цел да им го поминеш предметот затоа што тие прашања се учеле само ако одреден наставник те спрема, као чиниш топла вода измислуваат или имаат свои приватни фирми на кои целата енергија ја вложуваат, а децата сами ги читаат лекциите на час или им се дава на децата да ги научат дома па да ги предаваат. Никој лично не навредува и не се насочува, се збори од лично искуство фала богу и секој има право да напише од свој аспект. Секако тука пак ќе кажам има наставници што треба да ти е кејф да ги слушаш и гледаш и секогаш клупите се полни, избегани од претходните часови се враќаат за тој предмет макар и на 7ми час. Индивидуални награди и покачување. Ете како што има деца што ги носат на одмори и сл., нека покачат плати, бонуси, нека ги унапредат, нека добијат и тие одмор и тн и тн. На останатите што се дојдени да се прошетаат и да покажат каква гардерба имаат и колкави потпетици не. И нема потреба од лични навреди кој колку е образован и каква професија има и споредби.

    А и нема професија, што не се доработува дома. И би сакала да е толку лесна како проверување на прашања кои имаат исти одговор како што е напишано во книгата и дури наставниците не се ни трудат да сфатат што напишале децата ако е со свои зборови.
     
    Последна измена: 1 септември 2019
    На g8lQQk, doubleg, Asparagus и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.342
    Допаѓања:
    90.075
    Пол:
    Женски
    После овој безобразлук на СОНК и дел од наставничкиот кадар,се надевам дека нема да им ги покачат платите никогаш,а кои веќе им се покачени10%.
    Не заслужуваат.
    Кому е малку 22-25 000 ден.за работа од 4-5 часа со преку 30 дена годишен одмор,нек даде отказ.
    Нека бара подобра работа каде нема да ги користи нашите деца за остварување на свои желби.
    А ако пристапат на генерален штрајк во октомври мислам дека и ние родителите треба да реагираме.
     
    На g8lQQk, zuto, doubleg и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Не се 10, туку 5% покачување беше лани. Околу покачувањето ве советувам да отворите Колективен договор и да ги прочитате членовите во кои е убаво објаснето за платата на наставниците во однос на минималната плата.
    И не се 30 дена годишен одмор.
    И не сте ВИЕ родителите тие што треба да кажуваат колку ние треба да земаме плата.
    Никој не ви ги користи децата, ако е напишано ова со мисла дека ќе се одработува во сабота, всушност ви ги ослободуваме децата кога се работи во сабота,на наша добра волја. Иако ние мораме да одиме на работа.
    Се продолжи зимскиот распуст за два дена. Наставниците одеа на работа тие два дена,одеа и во саботите кога се одработуваа тие два дена. Ниту добија две дневници, ниту слободен ден плус заради тоа.
    И докторите едно време протестираа во државна болница, што не си ги земевте болните дома за да не "трпат" последици од штрајкот?
     
    На Martka, Lella и Antolinaa им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    @Mrs. Lovett најголема штета трпат децата.

    Која е таа штета што "ја трпат" децата?

    Во Скопје најголемиот дел од основните училишта се околу 2 месеци на одмор, а од приградските населби низ цела мк се менуваат и не идат сите.

    Најмладиот наставник по стаж може да биде отсутен точно 1 месец од работа,со се викенди и празници. Постарите имаат уште 5-6 дена плус. Ниту едно училиште не смее да стави клуч на врата,па затоа администрација и технички персонал се распоредуваат со одморите и така секогаш има барем по двајца на работа во текот на одмори.
    Напиши ми ги со полн назив училиштата во Скопје што по 2 месеци се на одмор,а и оние од приградските што се менувале. Вака не ти е веродостојна информацијата.

    И идат од 9 до кај 11-12 часот.
    Летно време и зимно (кога нема ученици) работно време е од 08-12часот.

    Зимскиот распуст се дома вадејќи се дека нема парно и сл.
    За ова ќе кажам секоја чест на директорот што ги пушта дома вработените да не се мрзнат на -20;)
    Вистината е друга, одат на работа без парно.

    За тоа дека материјалите од дома ги носите, децата си носат пари кај благајникот во одделението, до листови, до копии од книги, до хамери до селотејпи и се што наброја.

    Јас си кажувам пример кај мене како е,а инаку вака е: родителите си имаат заеднички фонд од кој што се купува: средства за хигиена, тврда хартија за честитки (Нова Година, 8ми Март, Велигден) се плаќаат влезници по музеи,институции. Зборувам за одделенска настава. Наставникот е оставен сам на себе да се снаоѓа за принтер, тонер, листови (на почеток носат и децата, но не се доволни со оглед на целодневната настава) хамери, фломастери и останат материјал.

    А плус тоа што голем број од наставниците или наставничките држат приватно часови за огромни суми со цел да им го поминеш предметот затоа што тие прашања се учеле само ако одреден наставник те спрема, као чиниш топла вода измислуваат или имаат свои приватни фирми на кои целата енергија ја вложуваат, а децата сами ги читаат лекциите на час или им се дава на децата да ги научат дома па да ги предаваат.

    Овде веќе зборуваш за предметни или наставници од средно, факултет. Се снашле за дополнителен приход со приватни часови.
    Тие се на пример 10 од 100.
    И сега за сметка на тие, имаат пари, на другиве да не им покачуваме плата?

    Индивидуални награди и покачување. Ете како што има деца што ги носат на одмори и сл., нека покачат плати, бонуси, нека ги унапредат, нека добијат и тие одмор и тн и тн. На останатите што се дојдени да се прошетаат и да покажат каква гардерба имаат и колкави потпетици не.

    Потполно се согласувам. Како што кажав во секоја професија има и вакви и такви. И писмени и неписмени наставници. И добри и лоши доктори. И знајни и нејзнајни адвокати.
    Некој доаѓа на работа само колку да му помине времето и на крај на месец да си ја земе платата, некој се вложува себеси максимално, трудејќи се да остави траен белег кај децата, давајќи им што посигурна основа и знаење. И пак и овој и оној на крај на месец ќе има приход на сметка, без разлика кој колку се трудел.
     
    На Martka и Lella им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.342
    Допаѓања:
    90.075
    Пол:
    Женски
    Лани 5 %преклани исто 5%,тоа е вкупно 10%
    Ако сте дома 7дена во зима и 22 колективен тоа е 29- 30дена.
    А да не се лажеме и колку работите во лето,сум била дел од вашиот колектив, да не продаваме бели лаги.
    Тоа се блиц појавувања на работа.
    Немој да ми зборуваш оделе на работа,кое одење жити се,да пијат кафе со колешката и после низ град.
    Да,ние родителите сме тие кои имаме право да се буниме и за вашите плати,бидејќи заради вашите желби утре нашите деца нема да одат во школо.

    Имаме право да се буниме и за слабиот квалитет на настава.
    Имаме право да се буниме на ниско квалитетни партиски наставници.
    Имаме право,а штрајк на родителите,нема.

    Бидејќи многу од вас,не заслужуваат ни основица.
    Штрајк на 1септември е директно атак на учениците.
    Ако бил во лето ќе немало ефект,а сега ќе има бидејќи децата треба да почнат.
    Бесрамно ги користите како жив штит.
    А доколку штрајкот се интензивира ,школската год.ќе се продолжи.
    Заради што и кого?
    Заради вас.Децата се спремни за на училиште.
     
    На Harper, Doozy, PinkGirl* и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Треба да ги пратат наставниците да поработат барем два-три месеци во приватен сектор, да видат кај се раѓа лебот и што значи неправда.

    Нема веќе да им текне да кенкаат што имале "само" месец дена летен одмор и со ползење ќе се вратат по школите и ќе гребат по врата како мачка да ги примат назад.
     
    На mira.mira, PinkGirl*, elenaeli22 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Како што кажав и претходно, прв пат оваа зима дадоа "зимски одмор", што не значи дека ќе остане така и во иднина.
    И саботи рекоа нема да се работат,па ги работевме;)

    Сепак мора да се отиде на работа и летно време така? Без оглед на тоа колку се намалени работните обврски.
    И јас сакам во јуни да одам на одмор ама нема,морам да се појавам на работа па макар и само да се напијам кафе со колешката.

    Што ќе изгубат вашите деца ако еден ден не се појават во училиште? Зборувам за првиот ден од училишната година каде што учениците се задржуваат 1-2 часа и добиваат распоред на часови.
    За распоредот ли е маката?
    Или што ќе мора уште еден ден да ги причувате дома,а едвај чекавте да дојде септември?
    Јас можам да се обложам, дека нема ученик што е тажен што нема да почне утре учебната година :)
    Толку се фативте за еден ден?
    А што правиме со оние денови кога на ВАША иницијатива ученикот не доаѓа на настава 2,3 и повеќе денови?
    Кога ви е тешко да испратите една смс порака дека ќе отсуствува и причина заради што, а да не зборувам за лекарско оправдание??

    Велиш имате право да се буните за партиско вработување на наставници, па зошто кога ќе дојдат "другите" на власт и ги бркаат претходните, а носат нови наставници "партиски војници" не штрајкувате ако не ви се допаѓа тоа? Јасно е како бел ден под чија надлежност се вработувањата во училиштата и начинот на вработување во истите.

    По постов можам да забележам дека си ми колешка по струка,но дека не си била активна во партија па затоа не си вработена во образование (претпоставка) и тоа е причина што сега плукаш по се и сите ти се криви.
     
    На tessie и turist им се допаѓа ова.
  11. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Ајде тогаш и полицајците да ги пратиме во приватен сектор да видат како се работи во оранжерии до 62/64 години, зашто они на 50год. одат во пензија, и имаатплани над 30000. А што работат, се шетаат по улици повеќето од нив. Секој се бори за своите права и тоа е во ред.
     
    На Martka, Lella, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Многу големо достигнување во животот, да се вработиш преку партиски врски, бидејќи си партиски послушник и поттрчко, па уште барате покачување на платите.
    Баш да видам кога би било непартиско вработувањето колку од вас што барате покачување ќе имате шанса да влезете во образование или ќе си седите дома зашто ретко кој вреди.
     
    На Dream-Girl, ocicka2014, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Вака нема потреба да именувам имиња на училишта и на наставници, затоа што се знае како е во државно кој работел знае и колку се почитува законот и тој одмор од 1 месец, точно е дека не се става клуч на врата, но да побараш наставник нема никој. СКОРО се е формално, како и обуките и семинарите и конференциите во земјава кои што се формални и за да се потпивне и чаршиски муабети. Јас можам да зборам за училиштата кои што ги гледам и сум имала увид и стојам на зборот дека покрај другото одат и од 9часот и картиците што се за куцање ги куца една колешка на сите и тн., кога има инспекции се најавуваат 1 недела порано, е сега дали ќе се избере да се пренесе на сите или не тоа е веќе друг муабет. А дел од тоа што се случува имаше и случај на тв каде што и му претеа зошто увиде колку нерегуларности има, а не замижа. Инаку точно да, дека зборам за предметни наставници и за од средно и факултет, а и на големиот број од младите им е тоа како отскочна даска додека да најдат баш работа по струка па затоа и не се замараат со учениците. И ред други фактори, затоа и викам секој по заслуга да си добие покачување и бенефиции, е така уште поголема мотивација ќе има за тој то се труди. За тој што не го интересира и чека боље работа или си има бизнис на страна и 1000е плата нема да го мотивираат да се вложи.
     
    Последна измена: 2 септември 2019
    На LejlaD, Sofi.ja, jasbi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    И јас го чекам тој момент :)
    Кажи ми еден наставник што се вработил а да не поминал низ филтрите на општината во која што се наоѓа училиштето?
    Мислиш дека јас сакам така да бидат вработувањата? Да се вработува и ќоро и сакато?
    Конкретен пример имав колешка со некаква ментална попреченост. Деца од 6год ја проценија. Ми беше страв да ги оставам втора смена со неа.
    Реагирав кај дирекрорката. Одговорот беше: од општина ни ја пратија. И нема понатаму диакусија.
    Заради партиските вработувања, после породилното ќе останам без работа. Затоа што другата колешка "е јака во партија". Нека им служи на чест.

    И во полиција вработувањето е партиски и во општина и во државна и јавна администрација...всушност во секој сектор..
     
    На jasbi и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    36.621
    Пол:
    Женски
    Е добро де. И ти некогаш си била "јака во партија" , може и заради тебе некој друг останал без работа.
    Не оправдувам партиски вработувања и чистки, ама од вакво лицемерие ми се приповратува.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    21.905
    Од 10ти Јуни па се до 1ви Септември одат на работа по 2-3 часа.ТОА НЕ Е РАБОТЕЊЕ!

    Ај еднаш Грујо им го задуши штрајкот , сега послушниците сакаат да штрајкуваат.
    Нели истиот тој Грујо донесе тогаш закон за сите наставници кои ќе штрајкуваат и нема да се на работните места да се донесат заменски наставници ?
    Некој запознаен ? Или грешка сум ?
     
    На nextredstyle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.342
    Допаѓања:
    90.075
    Пол:
    Женски
    Не се работи за чување деца дома уште еден ден,туку за принципи.
    Не користиш дете за да дојдеш до целта.
    Јас прашав што ако штрајкот ескалира?Не се работи за еден ден!
    Кој ке ги надомести изгубеното знаeње и часови,не се сите деца деветтолетка има и средношколци.
    Не сум ти колешка,;)
    И не секирај не сум ич фрустрирана што не работам во училиште или градинка.
    не бев партиски потрчко фала Богу,имам одлична ,мотивирачка и платена работа која не би ја менувала,а ја најдов сама.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    276.586
    Пол:
    Женски
    Темава е само уште еден доказ на еден мој професор.Македончето има во генот синдром на самоуништување.
    Се додека се негираме ,вреѓаме ,потценуваме и како луѓе и како професионалци секој во својата област нема да не биде.Се додека очи си вадиме дек на некого многу му биле 1000 ден покачување онакви како Боки и компанија ќе си играат со милиончиња.
    Алал и на родители и и на наставници и на сите останати да ни е...
    Жално,навистина...за нас сите...
     
    На moon1, Martka, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Да сум била јака во партија немало да се тресам на секој оглас, два пати годишно дали ќе останам на работа.
    Да сум била јака во партија до сега ќе сум имала решение и на некој начин ќе сум била "заштитена".
    Никој заради мене не останал дома. Влегов на празно место, работев не пријавена 2 месеци, останатите 8 месеци пријавена на минимална плата преку агенција при тоа, не се "важеше" стажот кој го поминував во образование.
    Чиста среќа и пријатели кои ми помогнале да влезам. Но не доволно "јаки" за да ми помогнат да останам. А бидејќи трудот и постигнувањата не се ценат...шта речи:)
     
    На g8lQQk и jasbi им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    реков не ја отварам више темава ни па читам или коментирам ама не,многу се изнаслушав и не се трпи више.
    И за цитораново слушнав,партиски било. Како бе на покачена плата да се штрајкува? Ај да ја намалеле да ми речат незадоволни се ама штрајк на покачена плата?? (facepalm) во европскиве земји покачувањето оди за 0,1% на плата за 0,5% ... Кај нас за 5% не чини? |( не,нема да не биде,за ништо.