Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ќе биде самоуништуваме ако премолчуваме на се што ќе ни се сервира. Додека партиски војници зимаат пари кои им се мали за се без да се вложат себеси, останати молат за работа. Се почнува од кровот не од темелите. Нека се постават критериуми и нека се затегне образованието и нека заличи на воспитно образовна институција со сите нишани. Мислам дека никој нема да каже збор ни за 50% покачување. И полицајците да си ја вршат работата и да шетаат навечер и да следат што се случува, и автопатите и улиците да се нагледуваат нема никој да се буни и за доктори и за се останато. Мора прво да се средат основните проблеми. Да се поведе сметка што се случува. Не може професор кој има своја приватна фирма, градинка или игротека и сл. 100% од себе да вложи во државното училиште во кое работи затоа што на 16ти платата ќе си стигне. А приватното од него зависи. Исто како што и доктор кој работи приватно, секако дека нема да може да се вложи сто посто на државно, ниту може да се најде државно, ниту на предавање. Сеа не може некој да има 3 работни позиции, а некој со исто школо и повеќе знаење и искуство да не може ни на 1ното место да конкурира. И после да сме за покачување колективно на државните плати? НИКАКО, само по заслуга, за оние што немаат позадина и се вложуваат 100%. Не збориме за никакви професионалци.
     
    Последна измена: 2 септември 2019
    На andrejko82, Harper, g8lQQk и 6 други им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Има нешто, одамна заборавено и пред исчезнување кај нас, што се вика професионална етика.

    Како педагози и воспитувачи, примери на малечките првачиња, за тоа како треба да се однесува и се да почитува, во кого со ширум отворени очи гледаат како на втори родители поради времето поминато со нив, засрамете се, им го скршивте и тоа прво и сосем наивно идеализирање на учителката или учителот.

    Штрајкувајте, ваше право е, но можевте да се одважите и на првачињата да не им го нарушате првиот школски ден кој толку желно го очекуваат. Барем на првачињата...ама парите, па парите.

    Многу убав пример им давате.
     
    На Nausicaa, Mrs. Lovett, nextredstyle и 8 други им се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    13.623
    Пол:
    Женски
    Леле леле, работеле по 4-5часа дневно ама дома пак морало да работат.
    А знаете ли дека ние во приватниот сектор работиме по 8часа и плус остануваме прекувремено или дома исто си носиме работа?
    Еве јас и да не си донесам работа, држурна сум на телефон ако има проблем исто како да си на работа и од дома.

    И ако толку е тешко нема да се тепаат по партиине за наставници да ги стават.
     
    На marchi-cool, nextredstyle, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    396
    Имам луѓе кои ги знам и се професори и точно знам без 10години стаж колку плата зема кога оди и се. И нормално без парисики вработен не можи да си наставник, професор тука кај нас. И кога гледам кои се станаа настаници, професори тие да ги учат децата искрено не ме чуди шо ни е такво никакво образованието.
    И една работа дома многу ептен, многу тешко верувам.|(
    Зошто не правевте штрајк летово ? Туку од кога дојде Септември ?
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Поддршка за професорите, се надевам ќе се изборите за зацртаното.
    Сечија диплома вреди повеќе од 20 000, тоа треба народов да го сфати и секој синдикат да го следи вашиот пример.
     
    На Amellie13, Martka, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Како што не работат и тие пари му се многу.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.113
    Допаѓања:
    257.689
    Денес просветните работници нека се засрамат. Јас би да ги исплукам.
    Денес нашите првачиња ги запознаа со училниците. Што ефект имаше штрјакот?
    На разочараните детски лица кои очекуваа да си ја видат учителката?
    Не ви е срам?
    Срамота.
     
    На boomsleng, ElenaOfRivendell, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Што се случи со првачињата денес? Беа ли во училиште и наставниците не работеа или?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.084
    Пол:
    Женски
    Мојата ќерка и другите деца беа во школо и не беа примени денес.
    Од сосетка прваче, ги вратиле назад, им го расипаа првиот училишен ден.Браво.
    Ова е непочитување на децата, срам за воспитно образовниот кадар.
    За да бидеш почитуван, треба да ги почитуваш децата.
    Затоа немате подршка од родителите.
     
    На ElenaOfRivendell, Nausicaa, Nane2356 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Слушав на вести некои училишта штрајкувале, во некои други почнала учебната година.
     
    На nextredstyle и RainBow им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.113
    Допаѓања:
    257.689
    Кај нас ги примаа, приредба не им дозволија на децата иако се спремале неколку дена. Ги прочитаа педагог, психолог и директорот. Ги внесоа во училниците. Децата ја бараа учителката да ја запознаат.
    Не можат да сфатат што е штрајк.
    Им го уништија првиот училишен ден кој се памети.
    Средното училишта ги прифатило сите деца.
     
    На Nausicaa, mal.ecka, nena2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Срамота од наставниците, тие не заслужуваат да бидат наставници.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.736
    Пол:
    Женски
    Така значи. Баш првиот ден мораше да биде, само колку да се уништи почетокот за најмалите дечиња.
    Ама, што да се очекува од овој народ, освен дека се грижи само за својот џеб? Како и во секоја друга област, така и тука. Небитно што сме последни секаде кога станува збор за образованието, што се произведуваат неписмени генерации. Ништо не е важно, ниту дечињата, баш ништо.
     
    На Nausicaa, Mrs. Lovett, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    Жално е ова што ни се случува. Уште пожално за првачињата.
    Јас сум ЗА покачување на платите, и борење за правата на наставниците, но не на ваков начин. Нека има штрајк, протест за време на распустот или нека најдат др.начин, или пак си мислат дека вака само ќе успеат?
    Кога бев средно, немавме часови 2 месеци бидејќи професорите штрајкуваа за екстерното, па ништо не добивме ни двете страни. Само изгубен и пропуштен материјал, неколку плус работни саботи и за џабе одење секој ден(јас пример учев во друг град и секојдневно буквално одевме и се враќавме безврска).
    Денес колку првачиња се збунети и разочарани. Внук ми цела недела зборуваше и броеше уште колку дена ќе оди на школо, синоќа цела вечер не спиел од возбуда и само прашувал уште колку саати има. Денес отишле и се вратиле, не запознале ни директор, учител, ништо. Приредбата и запознавањето им се одложени за утре, не ни влегле во училницата.
    Денес тој разочаран го прашувам како помина првиот ден, тој ми одговори со пфф, глупости.
    Жално! На другите одделенија им одговара ова, ама на првачињата најмалку.
     
    На Amellie13, Nausicaa, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    121.115
    Пол:
    Женски
    Би го подржала штрајкот доколку:
    1. Наставниците работат 8 часа дневно, како и сите останати во држава. Односно 40 часа неделно како што е за сите, без разлика дали имаат или немаат часови и колку часови имаат. Нека го исполнат времето со тоа што ќе планираат час за следниот ден или што и да имаат обврски.
    2. Да не се дозволи мобилен телефон - приватен на наставничка да биде уклучен за време на час. Повеќето од нив си пишуваат на Вајбер и ФБ со родителите за тоа како нивното дете се однесува на час. За такви прашања си има приемни денови и родителски средби.
    3. Да се забранат поклони за осми март, крај на школски години и слично освен по една рачно изработена честитка од детето за учителката
    4. Да се однесуваат наставничките како наставнички а не шерифи и да уценуваат родители за да им завршуваат работа - затоа што нивното дете ќе биде шиканирано.( не генерализирам ова сум го видела со свои очи).
    Со еден збор, да си ја заслужат платата. Секоја чест на оние кои се вложуваат и си ја сакаат професијата. Ама не се сите исти. Е тие другите иритираат и навлекуваат гнев !
     
    Последна измена: 2 септември 2019
    На Nausicaa, jasbi, Mrs. Lovett и 7 други им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    121.115
    Пол:
    Женски
    @Ladybug98 нека земат нека направат генерален штрајк по улица, нека си ги бараат правата. Јас сум да се зголемат платите, ама не сум за ваков начин на штрајкување. Кој губи? Децата. Кој добива? Никој.

    @John Snow ова е слика секаде во внатрешноста. Само во Скопје се уредуваат училиштата.
     
    Последна измена: 2 септември 2019
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.822
    Допаѓања:
    129.341
    Пол:
    Женски
    Не,помалку работат од други,а многу бараат.И 20 илјади им се многу.Треба да ги стават на минималец.
     
    На elenaeli22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda и nena2010 им се допаѓа ова.
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    За ова треба сите да се побуниме ама не. Едни бараат покачување на плати други мува не ги лази а училиштата ќе се срушат врз децата уште малку.
     
    На mareane, nextredstyle, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.