1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Треба да се изнајде механизам, за да тие што се квалитетни, на кои што им се важни децата, кои се вложуваат максимално, да добијат покачување на платата, бонус или награда годишна, квартална... Екстерното беше чиста глупост, а нели преку него требаше да се оценуваат наставниците.
    Баш ме интересира дали има искуства како е решено во други држави.
    И да... првенствено треба да се исчисти партискиот кадар, сите што клатат врата, земаат плата... Знам дека ова е утопија за жал. Неостварлива во блиска иднина :(
    Би сакала на темава да се приклучат @Kitten а чинам и @LollySky е во образование, за да ги чуеме и нивните гледишта.
     
    На cresa-jagoda и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Да се воведе плата според остварен резултат секаде во јавниот сектор.
     
    На The Saturdays, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Треба многу построги критериуми за вработување како наставник. Сите знаеме колку многу наставници се испикани со партиски врски, ништо ново. И вака, заради тие треба да страдаат и оние што се квалитетни.
    Само не знам и колку тоа би успеало, сметајќи на фактот што во нашава држава политиката е длабоко навлезена во секоја сфера.
    Познавам квалитетни наставници што мене ми предаваа кои работат тутун преку лето како дополнителен приход бидејќи платата не им е доволна. Тие со право би требало да бараат покачување.
    Сепак се работи за луѓе кои ја спремаат иднината и мора да се посвети многу повеќе внимание на ова.

    Од ова мислам најмногу децата ќе бидат на штета што ќе мора да одат во саботи на училиште.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    А знаете ли како предаваат професорите иам слушнато од едно момче од стручно еј медицинско колку лошо се понашале со децата ги омаложувале дека мајките и работеле по конфекции. Доста и се и тие пари и така зимат пари од привилигираните деца со длабок џеб. И какво е тоа предавање на некои професори ајде читајте децата читат еден час а професоро кафе си пие и гледа преку џамо и децата раскажуват. Не се воде така час бе. Самите наставници се неписмени а да не збореме за децата. Чест на исклучоците.
     
    На cresa-jagoda, marchi-cool и GirlRose им се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Доста и е таа плата.
    За дремање така,доста и е.
    Дали 20% од професорите се нешто заинтересирани за учениците,други изиграваат демек имаат огромен авторитет.
    Некои не ни заслужуваат да се професори не па да им покачуваат плата.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Додека не се реформира образованието и не се воведат строги критериуми за тоа кој може да биде наставник јас не сум за зголемување на платите, колку и да е тоа сурово. Се' до тогаш ќе имаме случаеви ко со професорката од едно елитно скопско школо што пушела џоинт и се сексала со ученик на екскурзија
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Кога им текне си излезат од час бе тоа само на Балкано го има, и да го гледа ученико според шо му работат мајкаму и таткому и дали се битни Нека им ги покачат платите поарно на служителите
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Работното место во јавните институции зависи од политичката ориентација. Секаде има неработници и квалитетен кадар кој за жал, останува во сенка од првите кога станува збор за вреднување на трудот, а кон мерката штрајк први се приклучуваат првите.
    Образовниот сектор е чувствителна институција и гласно се реагира во јавноста во услови на најава на штрајк.
    Кога нема соодветно и заедничко решение на проблемот од преговорите со надлежните, ги поддржувам вработените.
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.408
    Да бееее
    Нека си ги мерат они ку*евите сега а децата ке учат саботините
    До сеа шо дремеа ??
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.327
    Некој период имам работа во образованието. Не сум просветен работник, но работам со нив. Јас 90 % од нив би ги избркала од работа.
    Жива катастрофа се. Напуштаат час порано, 5 и 6 не ги одржуваат, не се ни трудат да ги научат нешто децата.
    Сите се партиски вработени од претходно, и речиси сите се со решенија па маки немаат.
    Овие ни 10 000 ден не заслужуваат.
    Слично е и по други училишта. Неписмени се повеќето. Ја деградираа професијата, ја потценија.
    Образованието кај нас е на дното буквално.

    Нормално дека ќе штрајкуваат кога има настава, како поинаку би имало ефект?
     
    Последна измена: 25 август 2019
    На Purplelilac, TeddyGrey, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ако се решат да чистат партиски кадар тогаш ќе треба да се направи тотална чистка. Зошто од чистачка па сè до директор/ка на училиште е партиски поврзано. Дури и тие кои вредат како наставници се партиски ориентирани, не зошто сакаат туку зошто се приморани.

    А ако веќе говориме за покачување. Покачување сметам дека треба да има зошто мислам дека работата е претерано напорна за тие пари што ги заработуваат. Ако по дома некој да речеме има три деца максимум, за кој е одговорен, професорот има по триесет деца во одделение за кој е одговорен лично тој и треба да внимава. Што значи тоа е премногу, особено тоа што знаеме дека не секое дете е „сонце на мајка“ и дека има и такви „бараби“ народски кажано.

    Е сега, има и професори и наставници кои се однесуваат арогантно и препотентно спрема своите ученици (јас како помал бев жртва на една таква наставничка) ама тука е пак виновен системот зошто не врши контроли, а и да врши контроли, обично овие луѓе си поминуваат без да им фали влакно на косата, зошто „на чичо кумот работи таму па ќе ја средиме работата со еден ручек“ па овие кои вршат контрола најчесто се водат според мотото „кад је гага и киселина е блага“ и знаат како резултат на тоа да се прават „на Тошо“.
     
    На Angie1432 и Feminka192 им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Е ќе се отрујам еј... Неписмените бараат покачување на платата бе|( остај тоа што појма немаат не се ни трудат да ги научат децата нешто, на работа се по 4 саати, викенд не празник не цело лето дома пола зима дома. Врз основа на што да им се зголеми платата? (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, sjdgo и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.327
    Работат 4 часа ефективно во Основните, и 5 часа во Средните. Платите им се од 21 000 нагоре, полн фонд на часови. Некои зимаат и по 27-29 000 ден. Лето одмор од 2 и кусур месеца, зима исто.
    Реално, и претплатени се.
     
    На happygirl, mssuniquee, Any05 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Секое покачување на плата е добро без разлика за каде се работи,а прикаски тој заслужува а другиот не тоа секогаш го имало.
    Подршка имате од мене
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    е поради неписменоста или ајде да не е баш така грубо речено,поради непосветеноста има неписмени деца кои потоа им е тешко во средно а се неспособни за на факултет и земаат дипломи со снајди се па живеј и од таму произлегува севкупната нестручност во повеќе области во јавните институции. Се е тоа ланец. Кај мене во клас имаше едно дете така присмотано што не знаеше да чита,и до крајот на 7мо ненаучи ама имавме еден чуден наставник абе цел ден седеше на школо со него не го пушташе дома додека не научи да чита. Професорот постар беше ама и крајно нервозен кога ученик не ја почитува наставата и однесувањето на часот. Не толерираше ни домашни ненапишани ни незнаење. Им ги кинеше тетратките на тие што немаа домашна, ги тераше сите домашни одново да ги препишат граматики и такви ствари... Маста ни ја вадеше. Не го сакавме тогаш ама одкако завршивме сите му се поклонувавме.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.607
    4 часа на ден, 20000 плата??? За нашето обазование да е на најниско ниво?!
    Не заслужуваат ни денар повеќе.
     
    На mime87, candy.cane, orevokrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    од кои 4 месеци во годината се на одмор
     
    На mime87, cresa-jagoda, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Неписменоста ни е на се поголем процент..греота сме.
    Ја не би да зборам за моиве професорки, има некои кои стварно онака не ги боли уво за нас.Глеа да те исфорсира како да е само нејзиниот предмет у школото, а не гледа да објасни нешто и да ти даде знаење.Има и такви кои се трудат со сите сили да нѐ научат нешто и да ни дадат од своето знаење.Од тие мене што ми предаваат такви се 2-3 и 1 професор-на нив јас лично од џеб на моите би им дала повишување на платата (не мито, не потплатување за оценка туку награда од сопствен џеб) бидејќи тие женси заслужуваат и цел живот ќе ги почитувам.Поготово едната од нив што ми беше класна и ми предаваше до лани.
    Знам дека и во Карев не се замараат ич ама ич, во Корчагин другар мака мачеше до една професорка душата му ја извади, ама јака фаца била во школото и никој ништо не и можеше.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    20 и нештo илјaди земaa мнoгу пooдaмнa. Уште ли се сo тaa плaтa? Зa греoтa, привaтници пoкaчијa плaти сo тек нa време пa се изгуби преднoстa штo јa имaa џaбoлебaрите нa држaвнo. Кaкo тaкa, тие нели друг свет требa дa се?
     
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Е.
    И ако им ја покачат ко шо бараат 25 000 ќе земаат. :rofl:
    Не знам дали да се смеам или да плачам :|
     
    На cresa-jagoda, SexiLy и Peperutce1115 им се допаѓа ова.