Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.729
    Допаѓања:
    122.290
    Пол:
    Женски
    Ви државава се пореметени сите приоритети па и ова. Греота, во 21 век во вакви услови да учат деца. Хорор!
     
    На nextredstyle, cresa-jagoda и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  2. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека има родител кој не се буни за условите и хорорите од чернобил што ги гледаат децата секој ден од септември до јуни. Ама тоа не е битно на некој кој само 4 часа таму, што чека шанса за работа во главниот град или во некоја лабараторија (наставнивите по хемија, биологија и тн.), во некоја IT фирма (н. По информатика). Така не се создава љубов кон нешто, посебно не кај децата. До пред некое време немаа ни асални тоалети. Каде е обезбедувањето што се плаќа да следи што се случува? Цел образовен систем е утка. А покачување на 25% на платите, мислам дека последно во редот на нешта кои треба да се променат.
     
    На moon1, Mantub, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Тоа е најголемиот проблем. Тука не се криви само наставниците па сеа само нив да ги ставиме на столбот на срамот. Коренот на проблемот е многу подлабок и бара реформи и да, се сложувам дека со зголемување на платите ништо нема да се подобри.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    За една од најодговорните професии воопшто, платата објективно гледано е смешна. Премали се платите во образованието. Наставниците ја поставуваат основата, темелите на општеството. Освен предавањата, подготовките на часовите, тука е и справувањето со секакви личности, секакви карактери. Повеќето од учениците не ги почитуваат наставниците, за жал. Сум го видела тоа со свои очи.

    А без солидно образование се' оди во пропаст.

    Ми се гади од потценувањето на оваа професија. Ми се гади од непочитувањето на наставниците и професорите.

    Децата трпеле, ова било непочитување за децата. Јас би рекла дека е обратно, според мене наставниците денес заслужуваат целосна поддршка и разбирање. Ситуацијата со платите во образованието отсекогаш била очајна, кога-тогаш мора да се преземе нешто и да има солидно зголемување на платите, без залажување, без одложување.

    Поддршка за наставниците, целосна!
     
    На Amellie13, Martka, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Да, но во случајов наставниците бараат покачување, па затоа и за нив се збори. Нивната одговорност е преголема, но ни пола од тоа не го исполнуваат, затоа и поголемиот дел сметаме дека не заслужуваат колективно покачување. А и веруј поголемиот дел од наставниците и професорите и треба да се на столбот на срамот. Затоа што се се освен педагози.
     
    На nextredstyle, cresa-jagoda и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.390
    Пол:
    Женски
    Децата имаат право на образование.
    Доколку стапат во генерален штрајк ,потребна е одбрана на едно од основните детски права кои ке го срушат наставниците.
    Имаме детски правобранител,правобранител кој ги брани детските права во државата?
     
    На JuLleE, nextredstyle, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, прва ќе бев која ќе ги поддржев, затоа што наставничката професија е потценета и треба да имаат повисоки плати. Ама овој наставен кадар што го имаме, партиски вработени и нестручни, не ја заслужуваат ни оваа плата. Ретки се тие што се стручни и кои си ја работат работата како што треба. Прво да се вработат наставници кои вредат, кои имаат знаење и способност да бидат наставници, кои не се партиски обоени, а потоа да им се зголеми платата.
    А не вака учениците ни се неписмени според одредени истражувања, наставниците ништо не постигнале, а бараат поголеми плати.
     
    На V.odolija, ocicka2014, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Воспитно - образовната институција треба да биде институцијата која ќе биде баш на врвот и ќе биде најпочитувана, со едни од највисоките плати, наставниците треба да имаат комплетно право и одговорност во училницата, а не родителите да им кажуваат што да прават и како треба да работат и да ги образуваат и воспитуваат децата. НО, тоа во нормални услови и во нормална држава.

    Кого треба јас да почитувам од наставници и професори, оние што носеа крстови по протести, оние што ставаат на профилните слики знаменца црни панделки на знамето, другите што ставаа исто натписи на сликите или што им ставаат на децата оцени затоа што беа во училишните пленуми? Што им викаат на децата победивме и си шепкаат, па другите деца се прашуваат зошто шепкаат или зошто цело време разговара со тие деца, а ние не сме битни? Во контакт сум со професори од други земји, ниту имаат ставено слика од партија на профилите на фб, ниту имаат спомнато нешто такво, а не па на час да се дрзне да спомне такво нешто. Ова е воспитно - образовна установа, не партиски штаб. Затоа и квалитетот на образованието е никаков други работи се битни. Можеме до утре да се правиме на триипол, но знаеме како функционираат училиштата веќе 10 години сигурно.
     
    На V.odolija, An-na, nextredstyle и 7 други им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Жал ми е ако си имала искуство со нестручни и неодговорни наставници, моето искуство е сосема различно. Повеќето од наставниците што сум ги имала се вложувале целосно, а од другата страна добивале непочитување. Безброј пати сум била сведок на ситуации кога родителите стојат само зад своите деца, безрезервно ги поддржуваат со флоскулата Моето дете е злато, наставникот/наставничката е крива.

    Тоа што учениците ни се функционално неписмени има подлабоки корени. Потребни се промени во начинот на кој се претставуваат одредени предмети и теми. Но и самите ученици се делумно виновни, мрзлива нација сме, учениците не се вложуваат доволно, одложуваат се' за последен ден, ќе препишат нели, ќе се снајдат.

    Во врска со партиските вработувања, целосно се согласувам со тебе. Тие мора да престанат. Како и случаите со мешање на политиката во наставата и образовниот процес, за што @Mrs. Lovett има право. Но, тоа да, во нормална држава, некогаш и негде...
     
    На Amellie13, cresa-jagoda, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.729
    Допаѓања:
    122.290
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Не може да имаш поинакво искуство и сите наставници и професори супер да биле ако си учела во тогашна Македонија. Не си сретнала професори кои добиваат мито за да пишуваат оценки? Професори кои го потиснуваат твојот капацитет затоа што не си дете на родители на повисоки функции? Или си и ти дете на просветен работник па со вас беа нежни и попустливи како кон свои деца. И ако речеш -па има такви ама не се сите -ок, тие таквите зошто не се избркани? Децата не чинеле, родителите не чинеле, они за греота кај се најдоа такви паметни и софистицирани да се расправаат со проста багра? Ако се мрзливи децата и не учат, зошто не ги оставаат на полагање? Оти доволно е да се појави нечиј татко, чичко, стринка, вујна, да се најдат по некоја линија, партиска или корупциска па летаат лесно оценки од ракав.
     
    На nena2010, cresa-jagoda, jasbi и 9 други им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Сум сретнала и такви, но беа малку. Повеќето беа одлични во она што го правеа. И часовите ми останаа во добро сеќавање, и научив многу од тие луѓе. Не сум јас толку возрасна, матурирав пред околу десет години, нема ни толку.

    Има неподносливи деца со кои не се излегува на крај.
    Има и незаинтересираи на кои не можеш да им ставиш ништо со инка во главата. Треба малку и самите да се вложат.

    Точно е дека не се сите наставници како што треба, ама и од другата страна е потребно малку да се смени односот и перцепцијата кон оваа, според мене најважна професија. Потребно е да се сменат многу нешта, но за жал, колку и да не го сакам зборов, ќе речам дека менталниот склоп наш не чини...

    За наставниците сега посакувам да беа сплотени и барем еднаш да застанат заедно и да се изборат за она што им следува несомнено. Барем еднаш да не се мешаат партии, барем еднаш.
     
    На Sofi.ja и senjorita-v им се допаѓа ова.
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не менува ништо штрајкот од еден ден. Но, го направија денес затоа што ако беше летото кој ќе осетеше. Вака, убаво се осети што би било кога тие не би работеле. Јас не го однесов детето денес. Не е прваче, ништо не му смени овој ден дури и се израдува. Тие.што пошле ги вратиле. Ги поддржувам наставниците ама само оние кои се достојни на таа.титула.Ајде ние родителите да правиме штрајк за да нема партиски вработувања во образование, зошто токму тие го уништија истото. Нека е на оглас, со тестирање, со едукации. Па да видиме. И не кога ќе му стават послаба оценка на детето да се молиме и да носиме поклончи,туку да го натераме да учи.
     
    На cresa-jagoda, oblace1 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.886
    Допаѓања:
    129.924
    Пол:
    Женски
    Има разлика помеѓу наставник кој добро се однесува со децата,сите исто ги третира,убаво им објаснува и ги учи,и наставник кој им се дере на децата,не ги третира сите исто,кој не се труди да им го објасни материјалот и не ги учи.
    И да се и двајцата партиски вработени и да не се,пак само првиот би заслужил покачување на платата,а вториот не.
    Најдобро би било да се отпуштат партиски вработените наставници и професори и да се вработат непартиски лица,но тоа е само сон во државава.
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    179.580
    Направија каша попара
    Едни примат дец денес други не примат
    Малце му биле платите па ке штрајкуват
    21000-25,000 денари му се платите со полн фонд на часеви
    Сакале повеке ???Имат право да си барат повеке
    ама нека страјккуват ван работно време,за тоа работно време они зимат плата и треба да си го одработат т,е да си предават а после ако не се задоволни нека штрајкуват
    Кој ке му даде на нив плата а месецот ако не си ја извршуваат работата за која што се примени
    тоа е ист како јас да одам на работа во конфекција малце ми е платат а ке седнам на машината ама не работам ке штрајкувам и ке сакам да ми плати дневница газдата
    Кај го има тоа бееее?
    Нашле и зашле малце му биле
    ок на сите ни се малце платите тоа е факт
    Дајте тогаш да застанием сите до еен приватно државно небитно и да си бараме 500е плата минимална како шо и ни обекаа
     
    На jasbi и nextredstyle им се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.378
    Допаѓања:
    18.603
    20190902_170711.jpg
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    179.580
    протестирајте си ,штрајкувајте си ама да не барате дневници за таа ден оти реално не сте изработле таа ден ништо
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.378
    Допаѓања:
    18.603
    Сме работеле саботи и не ни биле платени дневници.
    Конкретно денес колегите беа на работа цело работно време, штрајкуваа во простории на училиштата.
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    179.580
    да од 7 до 1денеска се работеше
    вас не да ви е платено вас ви е натплатено
    работно веме треба да ви е од 7 до 3 а не до 1 како денеска
     
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Дај да не претеруваме сеа, ако не нека имаат децата по 10 часа секој ден за да работат наставниците по 8 саати
     
    На flower30, Amellie13, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.