Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    А да си ја гледаш ти твојата работа?
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.544
    Допаѓања:
    180.877
    си ја гледам јас мојата работа
    проблемот е шо вие не си ја гледате вашата да си ја сработите до 3 па си дојдовте у 1денеска
    не е темеата за мене не се секирај
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.544
    Допаѓања:
    180.877
    не нека имаат часеви децата колку шо мислат дека треба да имаат
    а рестото време нека го седат таму на школото а не да трчат дома
    отишле у 8 еве ги у 12 пазарот го шетат
    или у 7 ке отиде у 12-13часот е дома
     
    На zuto и nextredstyle им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Епа стани си госпоѓа Министерка и смени го работното време на наставниците штом толку ти е мака:D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.817
    Пол:
    Женски
    Не за џабе е ваквото јавно мислење за просветниот кадар. Повеќето да беа добри во својата работа друга дискусија ќе се водеше. Искуствата доволно кажуваат, резултатите од нашите ученици исто така.
    Повеќете да беа добри и резултатите ќе беа добри. Ама не се.
    За работното време доволно е, исцрпува психички работата до деца. Секако, кој работи како што треба, а не дреме само за да помине времето.
     
    На MarigoldA, cresa-jagoda, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.544
    Допаѓања:
    180.877
    нема шо да а вртиш темата за мене и за тоа ја шо сакам или не сакам
    тука е друга темата и држи се до неа
    работевте денес 8 часа??
    не
    е па не ја заслужувате ни таа плата шо вија даваат не па и уште повеке
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.544
    Допаѓања:
    180.877
    ајде реин изцрпува работата со деца Да ,изцрпува ама изцрпува и работата на машина 8часа да гледаш у иглата Изцрпува и тој што е на градилиште денес на жеското 8часа Изцрпува и тој шо е на лозјето денес аргат 8часа Секоја работа изцрпува нема лесна работа
     
    На cresa-jagoda, Mrs. Lovett и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Не знам колку години имаш,да речеме ако си околу 30.
    Дали додека ти беше ученик кога ќе добиеше слаба оценка,татко ти имаше храброст и одеше во школо да се буни зошто ти е слаба оценката или те седнуваше тебе дома да научиш?

    Во поново време се случува првата ситуација. Затоа се губи квалитетот во образованието.

    Имаше случка каде колешка сакајќи да ги пофали учениците за добро читање ги напишала на лист тие неколкумина и ги залепила на врата,со цел да видат родителите дека нивното дете се потрудило тој ден. Доаѓа родител и вика зошто мојата ќерка е втора на списокот!!! Зошто не е прва,зарем е помалку вредна од "Станка" (првата).
    Е затоа нема да не биде.

    Не ја вртам темата,те насочувам каде да се упатиш за да ги оствариш твоите неостварени желби :)
    Помири се со тоа дека работното време е 5-6 часа.
    Работи си ја работата за која си платена,не се мешај во туѓи штипки.
    Ако тебе ти смета да работиш 8 часа,барај му на работодавачот да работиш 5.

    Работава ...:Dучителка да будем:wasntme:
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Леле ама сте потресени за првачињата. Па како опишувате, ја барале учителката на првиот школски ден, а таа не ги сакала, teacher bad.

    Не можам да се изначудам, особено на бројот луѓе што прашуваат зошто не штрајкувавте летото кога нема ученици а?
    Па тоа е поентата, функцијата на наставниците е директно поврзана со децата. Еве што очекувате вие да направат наставниците за да бидат сериозно сфатени од државата, а да нема последици во текот на наставата? :D Убаво кажа некој, исто ко да излезеш на протест, а да стоиш на тротоар за да може сообраќајот нормално да тече.

    Мене ме чуди зошто само првиот ден ќе штрајкуваат бидејќи сите и нивните кучиња знаат дека првиот ден не се случува ништо и никој ништо не губи (освен нели родителите на кои им се руши америчкиот филм за првачињата).
     
    На moonlight-girl.55, Amellie13, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.544
    Допаѓања:
    180.877
    аха еве плачам ред солзи ред мрсоли
    работата е да не барате преку леб погача оти ни лебот не го заслужувате
    работата е тие 21,000-25,000 ви се и многу за работа од 5-6часа
    и не треба да ви покачат плата ќвпрочем и за тоа е темата за наставниците што бараат покачување на платаа јас мислам дека не треба да се покаче
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Супер што имаш некое мислење.
    Јас пак мислам дека треба покачување на платите. Дури и да се воведе бенефициран стаж.
    Не е мала работа да си одговорен за 20 деца, најпрво сите здрави и живи да се вратат дома после секој училишен ден.
    Друго, наставникот (дел од нив) целосно се вложува во децата и не оди на работа само да ја предаде лекцијата или да го направи тестот. Наставникот е многу повеќе од тоа, и другар и мајка/татко.

    Замисли ти 20 деца во денот да ти дојдат да ти се пожалат како некој ги навредил, па ти да одвоиш време за да му објасниш на тој што навредил дека не е убаво тоа,па да се извини,па да се смират.
    Па да решиш ситуација кога некого нема да примат во игра.
    Па да решиш проблем кога "му игра рачето" на некое потемпераментно детенце и другите се жалат од него.
    Да ги насочуваш како да се почитуваат еден со друг,да другаруваат,меѓусебно да си помагаат.
    Па да воспитуваш како треба да ги поздрават другите наставници и родители што ќе ги сретнат.
    Да имаш одговор и објаснување на секое поставено прашање од нивна страна.
    Замисли како би реагирале и деца и родители кога наставникот незаинтересирано ќе се однесува кон нив,ниту ќе дава одговори,објаснувања,решавање проблеми.

    Ај ви се молам, дома со 2-3 деца се изморувате кога ќе помине пола ден, а не пак 20 да имате под еден кров.
    Децата црпат енергија и истоштуваат,мене на пример ми треба 1 час во мир и тишина да дојдам при себе кога ќе се вратам од работа.

    Да наставниците заслужуваат покачување на платите на достојно ниво.
     
    На cresa-jagoda и prominent им се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.544
    Допаѓања:
    180.877
    Супер шо имаш мислење и сакаш покачување и бенифициран стаж
    Амаааааа ЊАМАААААА
     
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Хахаха ќе видиме во иднина дали њама:D
    Туку мене ќе ми се покачи платата, гледаш се бориме.
    Вие во текстилна индустрија што направивте за поголеми плати?
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.544
    Допаѓања:
    180.877
    Незнам не работам у таа струка
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Не знам се пишува одвоено.
    Така пиша на некоја страна наназад, дека работиш на машина.
    Ама ај ќе се правиме како да не сме прочитале;)
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Mnogu dobra i interesna kolumna za platite.

    Почетокот на новата учебна година започнува со еднодневен предупредувачки штрајк на просветните работници. Целосно се сложувам со нивните барања. Време е тоа да го сторат и здравствените работници, и оние во сферата на труд и социјала, и културњаците…

    Каде во основа лежи проблемот? Нема врска која партија е на власт, иако актуелната излезе со мегаломански и нереални ветувања, ги крена одредени даноци, декомпресира цените, а следствено на тоа се обезвреднија и примањата на сите оние во јавниот и државен сектор.

    За да биде појасно за обичниот читател, би ги презентирал нештата пластично и со конкретен пример. Лик се вработува во образовна институција, или еве во културна, сеедно. Пред 10 години кога засновал работен однос платата му била околу 21.000 нешто над просечната македонска плата. По 10 години, тој добива САМО 0.5% годишен раст врз основа на минат труд (стаж), со што платата му се покачила за нешто едвај над илјада денари. Од друга страна цените драстично се пораснати, трошоците за живот зголемени, а просечната плата пораснала за повеќе од 5000 денари. Со други зборови, место раст и напредок во професионалната кариера, имате уназадување и обезвреднување на трудот.

    Ајде да направиме и буџетска компарација. Пред 10 години буџетот бил околу 2.5 милијарди евра, сега е околу 4 милијарди евра. Пазете кој екстремен раст. Но платите не се покачени воопшто, или само симболично и тоа не за сите. Не се креваат платите, но се зголемува бројот на ангажирани лица. Едноставно, нема принцип на кариера, нема напредок, нема раст. Кој е тука мотивот за работа, за раст, за напредок, за вложување во себе? Го нема!

    Сите се опседнати со тезги и работење дополнително, на страна. Државата свесно работи на своја штета со ова. И во сферата на здравството, и образованието, и културата, и социјалата. Ништо подобро не е ниту кај вработените во судството.

    Зарем не ви е доволен показател тоа што докторите се селат, наставниците се безволни, културњаците попрво би работеле “фри ленс“ него во институција, а градинките и оние кои се грижат за ранливите групи се помалку и помалку, и целосно индиспонирани?! Од друга страна кај младите стана најпопуларно да конкурираат во МВР, додека останатите сакаат да се иселат или веќе избегале со странство! Пред 10-15 години беше популарно да се биде професионален војник, денес полицаец.

    Факултет се студира за да се зема диплома, или се оди на смерови каде „има пари“. Никој веќе на студира математика, физика. Зошто би бил наставник, кога може да биде програмер?

    Актуелната власт даде многу ветувања. Едно од нив беше враќањето на достоинството на оние кои се рбетот на државата. Оние кои не едуцираат, лечат, чуваат и надградуваат ко личности. Решението не треба и не смее да е еднократно и популистички, дневно политички за кревање рејтинг. Решението треба и мора да е трајно. Масата за плати мора да се врзи и со раст на стандард и раст на буџет. Мора да има систем на кариера. Мора да се инвестира во кадрите и финансиски и со обуки, тренинзи, инфраструктура, помагала…

    Најлошо е кога се влегува во војна со оние со кои ја креираат иднината на земјата. Најлошо е кога се сатанизираат во јавноста и кога се креира негативна слика за нив, за да дел од политичарите ја затскријат личната неспособност или незаинтересираност. Тоа долги години се правеше во здравството, за да доживееме да здравствените работници почнуваат масовно да се иселуваат, а да стане секојдневие докторите по болниците да бидат тепани од „незадоволни“ пациенти. Сето тоа е последица на негативните кампањи кои политиката ги спроведувала, за да се заштити од притисокот на фелата. Последиците ги гледаме.

    Наставниците, културњаците, докторите, социјалците и сите останати се тука да работат и професионално вршат својата работа и обврските кои ги презеле, но државата е таа која мора да им обезбеди достоинствени услови за работи и живот. Тоа е нивната задача, затоа и се избрани.

    Државата е на ред!

    Александар Ристевски
     
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Една твоја колешка знаеш што ми викаше? Дека многу полесно се справува со 30 деца на работа отколку со нејзините две дома. Не е исто да гледаш свои деца и туѓи, дефинитивно.
    Не дека е лесно со деца, ама споредбава е малку глупава.
     
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ги обвинувате родителите или да мислите дека тие се единствените кои не сакаат да се покачи платата или децата дека се проблем. Кога наставниците и професорите секој ден меѓусебе се јадат на работа и не зборат меѓусебе затоа што се од различна партија. Општините кои се сега на власт училиштата си работеа нормално, останатите као протестираа. Несериозноста и непрофесионалноста почнува од вас. За педагог (професор и наставник) не постои дете кое не му влегува нешто ни преку инка. Постојат методи за тоа. Не викам дека е лесно, но има начини. Ако може со деца со ментална ретардација да се постигне нешто значи може ако се сака и ако се вложи. А за тоа што родителите се бунат треба директорот да си застане и да си ги заштити вработените од „надворешни влијанија“ и да постави правила. Ама затоа што сите си ја имаат продадено душата на „ѓаволот“ (партија) па играат како што им се свири. Просветните наставници и професори треба да бидат интелектуалци на кои зборот треба да се слуша и да биде последен, не да идат со наведнати глави и да бидат нечии одработувачи и рандом собрани од некаде и ставени на работни позиции кои не ги заслужуваат.

    Нешто највеќе што ме иритира е неписменост и партиски обработувачи, во образование, здравство и култура. Се знае кои професии се клучни во едно општество и се манипулира со тие. Срамота.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa и g8lQQk им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    А највеќе зависи кој како гледа на децата и одговорноста околу нив.
     
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Исто така и како децата гледаат на родителите, а како на другите околу нив (особено наставниците).
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.