Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.878
    Пол:
    Женски
    Нивниот штрајк го повредува правото на образование на учениците.Бараат покачување додека некој со плата помала од нивната страда,но не се буни.Тоа е доволна причина поради која наставниците во основните и професорите во средните училишта не заслужуваат покачување на платите.
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    179.474
    Кај тоа јас сум пишала дека јас работам у конфекција?
    Давав примери у тој пост и шо се закачи за мене секако покачување нема
     
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Вие озбилни сте со осумчасовното работно време за наставниците?

    Знаете дека освен одржувањето на часот, во обврските спаѓаат и еден куп административни работи, и подготовка на часот која одзема многу време и се прави дома?

    Пет часа предавање е дури и понапорно и поисцрпувачки од осум саати седење во канцеларија. Зашто за време на тие часови човек е постојано активен, физички и психчики се вложува, за разлика од некои што "работат" осум саати во канцеларија.

    Каде со споредбиве? Сте одржале ли некогаш час за да предлагате вакви небулози?

    Воедно, еве нешто добро за читање:

    https://irl.mk/otvoreno-pismo-do-ma...tNY7jyDVPPPHd9JLrF-SPlWMmrw6PyPn6tze6fycSIL80
     
    На theowndemon, Amellie13, Dream-Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Не знам кој денес сака да биде учителка? Сигурно не некој кој сака перспектива и има амбиции во животот?! Ја доведовте/ме професијата која треба да е благородна и високо рангирана, на самото дно. На педагошка (освен ретките исклучоци) се запишуваат или тие кои не успеале на друго место или тие кои "учат" колку да не седат дома. Јасно е каков е профилот на студентите :^) Е, таков кадар ги образува нашите деца!
     
    Последна измена: 2 септември 2019
    На LollySky, Harper, Asparagus и 3 други им се допаѓа ова.
  5. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Леле ама нежни родители, децата трпеле, им се ускратувало правото на образование, па расфрлување со закони и права...боже боже.

    Има саботи ке си одработат тогаш и професорите ке идат не само децата. Ама не они се посебни снегулки што во сабота на училиште не може да идат, кои се професорите да им кажуваат за викенд на школо, ке им се ускрати правото на седење пред зграда и компјутер.
    Токму овие родители ја срозуваат професијаат професор, наставник и покажуваат непочитување. Затоа и децата се безобразни, затоа што и родителите се. Силата од дома ја црпат.
    Секако дека ке иде во сабота зошто да не, што ке му фали, како ке кажат од школо така, како за сите така и за посебните снегулки, нема сакам или не.

    Првачињата не отишле на првиот школски ден, готово трауми за цел живот, детството им е уништено сега и училиштето ке го паметат само по лошо. Го пропуштиле првиот ден, голема работа.

    Некој се бори за поголема плата они се секираат за приредба на првачињата |(.

    @ALISA0000 Споменуваш други сектори, индустрии нека штрајкуваат и они, кој им брани? Секој има право на штрајк без разлика каде работи, па така и наставниот кадар.

    Им го споменувате работното време што толку ви биде очи. Тоа им е, секаде во светот е така. Работата им е држење на часови за ученици, штом завршуваат часовите се слободни луѓе кои завршиле со работа. Просто е како грав, само прост и злобен народ па ете требале и без потреба да седат на училиште.
    Им ги идеализирате платите и условите, зошто тогаш вие не завршивте за профресор и не станете и вие?
     
    На supergirlmb, moonlight-girl.55, flower30 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    А зошто тие куп административни работи и подготовки за час не ги сработат на работното место и да си одат во 3 или 4 попладне? Тестови сигурно секојден не прегледуваат, за подготовки -ако толку многу им одземаат време сигурно толку се способни. Па и мислиш сите креативно предаваат па им треба време слајдови, хамери, програми да направат за да им е интересен часот. Голем дел читаа од книга ко дебили.
     
    На Someonespecial, lonely222, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    По таа логика, зошто и тие не завршиле за инженери и програмери, па да земаат поголеми плати?
     
    На Nausicaa, nextredstyle, Mrs. Lovett и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.853
    Пол:
    Женски
    Џабе рипате мили мои.И штрајкот е ПОЛИТИКА.Сигурно на Јоаким му се ближат избори за нов синдикален водич,па да "ПОРАБОТИ МАЛКУ,ДЕ ЧОВЕКОТ"чунки ќе го сменат.Кај нас никој НИКОГО НЕ ФЕРМА,ДАЛИ ДРЖАВНО ИЛИ ПРИВАТНО-секаде е:puke:.Господ само да не оправи оти ќе се испотепаме.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.878
    Пол:
    Женски
    Нека бараат покачување кога ќе копаат,кога ќе креваат товар,кога ќе возат автобус или камион на влажен коловоз...
    Сè додека се наставници кои поминуваат неколку часа седнати на стол,треба да си ја работат работата со постоечката плата.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Мене на пример ич не ме интересира нивната плата, туку ме интересира моето дете. Замисли си! Себична сум? Нормално. Детево посебна снегулка? Нека. Јас имам 43 и сеуште го паметам првиот училишен ден. Уште тогаш сум била посебна снегулка, ете.
     
    На cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    18.601
    "Неколку часа" активна работа, со 20минути одмор кој многу ретко го користат за себе.
    Џабе што администрација на пример има работно време од 8 часа,кога активно и ефективно ни половина не ги работи.
    Наставникот доаѓа наутро,стартува и не застанува.
    Не може во сред работно време да му текне да оди во кафуле на пауза како што прават вработените во јавен сектор.

    А што ви пречи на вас дали наставникот ќе си ја подготвува наставата од дома или ќе остане на работа? Дали мислите дека има услови да остане на работа и да го сработи тоа што треба?

    Едит: убаво пиша една членка овде, јас на моето дете прваче му кажав дека од утре (вторник) е на училиште, и немаше разочарување, така да како ќе се постави родителот така ќе се восприми информацијата и ситуацијата.

    И да, @ALISA0000 покачување ќе има, па макар биле и 5%.
    Од утре ќе се преговара,ако не следниот месец масовен штрајк.
     
    На Martka, Lella и prominent им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    А не одат ли? Ние изгледа во различна реалност живееме :?:
     
    На nextredstyle и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Ако полн фонд на часови е 20 часа неделно, тоа му доаѓа 4 часа дневно, 4 по 40 минути е 160 минути, тоа се 2 саати и 40 минути, ете и два саати за бирократско пополнување извештаи и подготовки за часот што реално не е така, ама ајде), пак доаѓаме до неполни 5 часа работа, така што тоа неколку часа во твојот пост воопшто не треба да биде наводници.

    И зошто побогу упорно само со администрација се споредувате?
    За администрација знаеме дека се џаболебари, зошто не се споредите со приватен сектор?


    И да, наставници си одат на кафе кога имаат празен час, ги гледаме секојдневно, не сте бре од друга планета, па да ни продаваш пуфки колку ви е напорна работата.

    Покачување ќе добиете, но почит богами тешко, почитта не се добива, туку се заслужува, а тоа што некој мисли дека по автоматизам треба да му се клањаат затоа што е наставник мало морген...завршија тие времиња кога селаните ги сметаа селските даскали за малтене богови и им го носеа најубавото месо коа ќе се заколело свиња или јагне.
     
    На ocicka2014, ALISA0000 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.878
    Пол:
    Женски
    @candy.cane , @LollySky , @Sofi.ja
    Тие кои заработуваат помалку од наставниците или се бунат или не се бунат затоа што не се алчни или затоа што им е страв дека ќе ги изгубат работните места.
    Наставникот не копа,не крева тежок товар,туку седи на стол.Да,неговата/нејзината работа не е лесна,но не е ни најтешка.Огромен дел од наставниот кадар е примен со партиски врски.
    Голем дел од наставниците/професорите и нереално оценуваат и лошо ги третираат учениците,па поради тоа не заслужуваат ниту денар покачување.
    А,и ветувањата на владата се празни.Државава плива во долгови.Нема пари за 20-25 % покачување.
    Ене и пензионерите ќе добијат мало покачување од 36 до 60 и некој денар.Да имаше пари ќе добиеја повеќе,но нема.
    И кога ќе се смени владата,нема да има покачувања над 20 посто.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    179.474
    Еве какви учителки ни ги учат децата
     
    На jasbi и nextredstyle им се допаѓа ова.
  16. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Jac ти кажав што имам да кажам во другата тема, не знам зошто си ме тагирала пак.
    И намерно ја избегнував оваа тема затоа не сакам да читам колку ситни и мизерни души има на форумов.
    Запрашајте се се само кој будала ќе остане во образование со ваква мотивација да ви ги учи децата, се што е квалитетно веќе избега или се спрема да бега од училиштата
     
    На Martka, Someonespecial, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.878
    Пол:
    Женски
    Поарно тука оти би било оф топик постојано да се збори за тоа во другата.
    Поради ова што го спомна,претходно во темава коментирав дека треба да се инвестира во образовниот процес,значи да се обучи квалитетен кадар кој нема да подлегнува на партиски влијанија и кој правилно ќе си работи работата,и да се реновираат училиштата.Нека се прават анонимни истражувања за нивната работа и да бидат плаќани по заслуга.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Се сложувам. Има се и сешто по училиштата, од партиски војничиња до вистински професионалци кои си ја работат работата беспрекорно. Реална евалуација на наставниците не може да се направи баш поради тој наш менталитет на пристрасност кон "нашите", а дискриминација и зли намери кон "вашите".
    @Bridget , еве на пример јас имам факултет, а моите колешки од средно кои си работат како медицински сестри земаат поголема плата од мојава.
     
    На Martka, Someonespecial, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    179.474
    Ако одиме по твојата логика и се фати за администрацијата фати се и за тие шо работат физичка рбота и спореди како те 8саати работат физичка работа на -10 и +40степени па направи ја споредбата
    Се слагам кој не е задоволен има право да штрајкува ама не и да бара плата апериодот во кој штрајкувал оти не придонесил и ен си го сработил своето
    Наставникот иде намирисан ,нашминкан ,повекето со цицките на изволете оде на час од 40минути уз пат прака ученици да му купат бурек кафе цигари па има пауза 15 мин па пак 40минути час па пак пауза Оние што се приватњаци одат работат 4часа физичка работа па имат 20мин пауза и пак 4часа физичка работа Напрај споредба колку ви е тешко
    Тоа е твое лично мислење и желба окк е
    Мое мислење и желба е и тоа шо ви го дават да ви го скратат
    Оние кои навистина се залагаат нека му дадат покачувањ ама по заслуга а не на сите
    Може кафе не пијат у работно време од 4саати ама накај петиот саат сите се по кафичите изнаседнати или го шетаат пазарот Тоа оти ептен му е тешка работата
    тешка??? не виделе они шо е тешко па затоа крекат наше и зашле
    Ако не му одговара тоа нека одат нека работат друго нешто кај што дават повеке пари
     
    На fina erika, PinkGirl*, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Ве изначитав сите и се запрепастив од човечката злоба, дефинитивно го имаме синдромот на самоуништување и она македонското да му умре козата на комшијата. Наставниците ништо не работат си уживаат, зошто бараат поголема плата? Епа драги мои, еве сега завршувам со подготовките за утрешниот ден, скромни 3 саати денеска, иако се често и повеќе. Мојата работа е со најранливата категорија за која мора да го подготвам материјалот на конкретно ниво и да внесам креативност. Но сепак сум во образование, кога читам какви неработници сме не ми е сеедно баш. И да иако сме 4-5 часа на работа да знаете дека тоа се максимално ефективни часеви, во кои се даваме себеси за една научена буква, број или збор или насмевка. А потоа се спремаме за наредниот ден, тоа значи пропуштени многу дружби и кафиња, шетања.И не сме баш пресреќни оти имаме колективен одмор во шпиц сезоната, кој нели со нашите големи плати можеме да си го дозволиме. И цел јуни имаме работа, кој е во настава ќе сфати, а после тоа се припремаме за наредната година.А тука е и целокупната документација која ја водиме за секој ученик и која стварно е обемна.
    Жал ми е што имате такво мислење, многу примери од праксата го потврдуваат тоа, но не генерализирајте. Секаде имало работници и неработници, и стварно е тешко да останеш мотивиран со овие плати кои се премногу ниски за тоа што го правиме ние со нашите ангели со скршени крилја и наставниците во редовните училишта. Оние кои си ја работат работата поштено, се разбира. И да не се лажеме никогаш нема да се искорени партиското вработување, и не се што е партиски вработено е неквалитетно, многу примери го покажале тоа. Знам дека постои револт за начинот на вработување постои и кај мене, но тоа не е причина вака да се плука врз наставниците. Партијата е застапена во секоја сфера.
     
    На Vojdana, theowndemon, fina erika и 7 други им се допаѓа ова.