1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Жално е што покрај сувото гори и сировото, се' повеќе опаѓа квалитетниот образовен кадар.
    Инаку у секоја нормална земја благородните професии се добро платени а кај нас келнер и професор зимаат иста плата( без намера некого да потценам).
     
    На Angie1432, mareane, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.186
    Допаѓања:
    235.155
    Сите се над 20 000, околу 25 000 зимаат повеќето, над 25 000 оние со повеќе стаж. Зборувам за основните училишта. Средните се со 1000 ден плус мислам.
    Работат пола работно време од сите други.
    Имаат простор да работат после работа. Ако се паметни, плус часови.
    Јас не ги жалам оти реков преплатени се.
     
    На cresa-jagoda и Cka им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Професорите преценети, а овие што седат на форум во радно време поштено си го печалат лебот. Абе ај. :wasntme:
     
    На happygirl, KateKane, ines.h и 19 други им се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Моја блиска работи во образование околу 15 години. Сега скоро научи како да симне и испринта лист-боенка од гугл за да им даде на децата да се занимавале на час (ова со инструкции пишани на лист). За отворање мејл уште мене ме вика. Дневни подготовки и даваат готови или си ги препишува од претходните години, пак дадени на готово. Кога употребувам акцентска целост во зборувањето ме корегира дека сум зборувала на дијалект (facepalm)... Да не набројувам...

    Кога е прва смена, дома е во 11, зема плата 24 000. Нека е, ама барем да и беше заслужена. Тотално неписмена, неамбициозна и неволна да научи нешто ново во животов. Дури ни тоа од нејзина струка не го знае. Просветен работник кој дома вика професори да му држат приватни часови на нејзиното дете скоро по сите предмети.
    За таквите како неа би донела закон за поништување на дипломата, а не покачување на платата. За сите други тестирање и обуки на секои 2-3 години, па да се прави почесто селекција во наставниот кадар.
     
    На happygirl, mime87, mariz и 14 други им се допаѓа ова.
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    22.758
    Пол:
    Женски
    Дај, не се зезајте... преплатени биле. |(
    Ниедна професија во државава не е преплатена. Плата во образование е срамота под 600€ да биде.
    Е сега, сосема друга работа е шо и шуто и рогато се испопика во образование и како индивидуалци си ја вршат својата работа. Тоа е друга тема.
     
    Последна измена: 25 август 2019
    На candy.cane, Angie1432, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.386
    Допаѓања:
    34.202
    Пол:
    Женски
    Врз основ на што да земат 600 евра? Да се приватен сектор, ај, ама кога се финансирани од буџет кој е мизерен, ич не би го оптеретувала дополнително за непродуктивен кадар, пардон поттрчковци. Има далеку поважни работи кои треба да се финансираат. Се што е на државен буџет (освен лекарите) јас би редуцирала на 30%, ма и тоа е многу. И наставниците. Намали број на часови, ем деца посреќни, порелаксирани, ем буџет. Ако треба и нека има економски крах од отпуштање на буџетари. Ова вака не може да оди до бескрај. Кој дојде, само вработува :^)
     
    На Feminka22, fana и Mishela им се допаѓа ова.
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    22.758
    Пол:
    Женски
    Зборам само за висина на плата... ако со 22.000 може да гледате квалитетно деца, да плаќате кредити за дом, автомобил и сл. без да ве помагаат од дома ич, тогаш ок.
    Значи зборам за луѓе без ич грб... со плативе уште секој ќе живее со мама и тато... ама и таков менталитет сме, ни одговара изгледа на грото.
    За кадар, да не се повторуваме, се согласувам дека кој стигна - се вработи.
     
    На cresa-jagoda и SexiLy им се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    А доктор специјализант за 24 часовно дежурство зема нула денари. Ех моја татковино.

    Немам ништо против да има покачување на платата, но прво и основно да се направи чистка. Тој што е квалитетен, посветува доволно време и труд, напредува и постигнува резултати, заслужува и награда.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.176
    Пол:
    Женски
    Абре само вашите деца се сироти и за греота и никој друг.
    Иди слободно организирај контра штрајк, за што?
    Имав привилегија да останам сеуште во контакт со мојата омилена професорка од средно и знам дека секој месец им каснат со плата, зимаат 22.000 и сврзуваат секој месец крај со крај до наредна плата што нит знаат кога ќе им биде исплатена.
    Ало, наставен кадар кој треба да едуцира идни умови во нашава ни Северџанија, која треба да мрдне од една точка. Точно, нашиот наставнички кадар не е совршен, али има посветени професори кои си ја сакаат работата, работат прекувремено, формираат разни квизови за интеракција, програма за наредниот учебен ден и слично, а само од љубов и доброволно никој не работи, нели?
    И поголема инвестиција во образованието не е никогаш од одмет, дали се тоа повисоки плати за наставниците или шта год.
     
    На candy.cane, Angie1432, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Како да штајкувале летово, кога до 15ти август беа на колективен одмор? И кој ефект ќе го имаше ако штајкуваа од 15ти август?
    Јас се согласувам со штрајков, не само зошто сум пристрасна што имам родител наставник, туку рационално гледам како изгледа работата и социјалниот статус на еден настсвник кој е близу пензија. Прво, секој 25ти август дознава дали и колку му е исполнет фондот на часови, што му ја диктира платата. Па добива распоред на училишта во кои ќе има часови ( за да го исполни фондот ) и секој ден од неделата оди во различно училиште, одалечено по 30+ км од дома. Последниве 10тина години се преоптоварени со подготовки на предавања сработени на компјутер, пополнување на електронски дневник, пречести интегрални инспекции...
    За партиски вработувања на несоодветен кадар, се сложувам на веќе напишаното. Мора да се направат промени од корен во тој сегмент. Мора.
    Ама платите да се зголемат дефинитивно сум за.
    Уште во времето кога бев ученик, сведок бев на ситуации каде ученици доаѓаа во школо со скапи автомобили, бреднирана облека, скапи смартфони, а професорите со велосипеди од времето на Тито, демоде изветвена гардероба и сл. Професор кој за ученик треба да биде пример на стравопочит, во денешно време е предмет на потсмев.
     
    На turist, candy.cane, M.B. и 8 други им се допаѓа ова.
  11. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Ја сум за покачување на платите. Мило ми е што и на докторите ќе им се покачи и ќе дојдат до 1000е - 1500е, и на професорите барем 500е.
    Нема ЕУ со ваква мизерија на плати и високо ниво на завидливост. Кога нешто не е у ред со Вашето дете го носите одма на лекар, кога сте на работа Вашето дете се едуцира 6 - 8 часа дневно и срамота е заради нечија субјективна проценка "оваа не ја бива за професор" да таргетирате цела група и да Ви е ќееф што нема да им се покачи плата. Ја сум за конечно цела држава да мрдне од 250е плата и од муабетот "ќути има и полошо".
     
    На candy.cane, moon1, M.B. и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    А? Кaде тoa пишувa декa прoфесoрите требa дa бидaт пoбoгaти oд рoдителите нa учениците? Тoa е тoa штo мислите декa уште сме вo време кaде се делеше нaрoдoт нa припрoсти селaни-земјoделци oд еднa стрaнa и дaскaли и лекaри oд другa плaнетa кoн кoи требa дa чувствувaш стрaвoпoчит |(
     
    На candy.cane и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    22.758
    Пол:
    Женски
    За жал, грото ниту до 250€ месечно не достигнуваат со примања.
     
    На tessie и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Никаде не спомнав дека треба да бидат побогати од родителите на учениците, туку едноставно да можат да си приуштат да бидат подостоинствени пред нив, а тоа е различно.
    Да можат да си приуштат сезонски шопинг на нова гардероба во просечен бутик, да можат да се возат бар со половен автомобил и сл.
    Секако богатите родители си ги шлокуваат децата во приватни училишта каде професорите ако не друго, имаат барем униформиран дрес код.
     
    На sierra и poenta им се допаѓа ова.
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Мене ми е криво што секаков обид на синдикални работници одма гледа да се сузбие со глупи муабети "ништо не работите, шо ќе ви е, а ние кај сме" итн, а од друга страна сите сакаат да мрднат. Јас сум за тоа дека и шивачката како работник мора да има пристојна плата да си ги подмири месечните трошоци и да има за одмор достоен за еден чесен работник. И затоа за секое покачување, државно, приватно, покачување на минимална плата, итн, јас се радувам зашто ги гледам луѓето како се радуваат на секоја 1000ка плус и сакам македончето конечно да биде среќно и расположено, да мисли каде да оди на одмор, а не како да плати сметка за струја. Мене ми е скурчено веќе 20 години да слушам исти депресивни муабети од домашни, комшии, колеги. Досадно е кога гледаш како се постапува на секоја иницијатива да се мрдне.
     
    На Purplelilac, Harper, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. Работните обврски продолжуваат (дома) и по завршување на часовите, што значи дека не работат само 4-5 часа. Моите родители од неодамна се пензионирани просветни работници и многу добро ми е позната домашната работна атмосфера (книги, компјутер, подготовка за наставен час, одржување нагледен час пред стручни соработници и стручен актив, програма за воннаставни активности и др.)

    П.С.Тие што се гласни во темава, а се вработени во државни институции добар дел од работното време го поминуваат на форумов и пренесуваат доживувања од работната атмосфера зашто така се одработува платата што ја заслужиле, а за наставниците многу е и таа што ја земаат.
    Какво лицемерие?
     
    Последна измена: 25 август 2019
    На MacenceEna, candy.cane, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас го поддржувам ова.

    Како сакате квалитетно образование кога професори, некои од нив магистри, работат за 20000? Имаат најмала плата од сите во државен сектор, работниците во конфекција земаат повеќе од нив. Како очекувате високо образован кадар да е задоволен со толкава плата? Па уште и се ситите што немало да им ја покачат, ама чест на исклучоците. А исклучоците што да прават? Да ви ги учат децата без пари, од љубов и посветеност кон професијата. Бре.
     
    На kalinaka, candy.cane, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ги нaпрaви сегa кo зa миминaлец дa рaбoтaт пa не мoжaт oблекa дa си купaт и изветвени oдaт. Плaти зa пoдoстoинствен живoт зa рaзликa oд пoвеќетo -имaaт, е сегa aкo пaртнерoт не им рaбoти или децaтa им цицaaт пaри или не знaaт дa менaџирaaт или вaтевер, е другa рaбoтa.
     
    На candy.cane, JuLleE и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Lol, calm down honey...
    Озбилно работниците во конфекција земале повеќе од наставниците?

    Не ме сфаќај погрешно, апсолутно сум за зголемување на платата на наставници. Мислам дека е срамота тоа што земаат, дека се премалку платени во споредба со должноста која ја имаат.
    Ама она дека работниците во конфекции земале повеќе :D :rofl:
    Па конфекцискиот сектор е една од најугнетуваните индустрии кај нас. Колку жени не земаат ни минималец (т.е. земаат па на рака го враќаат на газдите). Колку работат на норми, без одмор и без никакви работнички права.
     
    На LejlaD, Harper, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.644
    Пол:
    Женски
    Колку луѓе, посебно младиве професори, со завршена магистратура се заглавени во образовната институција, тоа е страшно.

    Да за покачување. Се чувствувам незрело да кажам дека не заслужуваат повеќе пари само затоа што во прва средно ми се развика Трајко по математика што не ја разбирав задачата.
     
    На lovestoneddd, Angie1432, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.