Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    21.442
    Пол:
    Женски
    Ако толку не им одговара платата и им е тешка работата, слободно нека напуштат. Нека работат по фабрики, пекари, маркети каде ќе им излегува душата низ нос секој ден по 9 саати.
    И не, немојте да речите дека вработените во овие бранши си заслужиле да се таму бидејќи не се способни за повеќе. И тоа како се! Има полно со дипломи ама без партишка книшка, за жал или среќа.
    Мој професор се жалеше дека професорската работа е најголемо срање, лечеше комплекси врз децата ради негово незадоволство. Самиот тој ништо не предаваше, на наш грб паѓаше материјата. А иначе, беше поредовен од нас децата на широк сокак, секоја вечер мереше сокаци. Нема јаре и паре професоре. Кога работното време ти е едвај 4 5 саати во ден, кога си на одмор два месеци, кога секој викенд и државен празник си дома, немој, ама немој да се жалиш за платата.

    Толку.
     
    На Fleur-De-Lis, Feminka22, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.853
    Пол:
    Женски
    Мила целата администрација го прави тоа,не само наставниците.И слободни денови,и пазарлук,фемина и фб во работно време,Ехеее...колку сум ги начекала, во едно министерство,компјутерот уклучен-таа си турпија нокти.
    .Тешко нас....
     
    На Feminka22, nextredstyle и jasbi им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Овој Адеми уште ништо не направил дека тазе, допрва го чека работа со реформите што ги започна Дескоска, а дали ќе го биде, сега ќе видиме како ќе се покаже во ситуацијава со барањето за покачување.

    Ако не, нека бараат некој непартиски министер за образование - ако останал некој таков !
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас сум за покачување на платите но само за оние наставници и професори кој заслужуваат. Не може бре да одете на работа само за да се видете со колегите и да земате плата, да одете и да ве мрзи да предавате па секој час да кажувате само по 2-3 збора а другото да им го оставете на учениците...Во средно имав една професорка по математика (ако воопшто можам да ја наречам професорка,бидејќи тоа за неа е голем збор)..Секогаш со кој ќе имаше прв час ја пишуваше цела табла,после кога имаше со другите класеви сите пишуваа од тоа.Ја мрзеше женава да пишува по 3 пати едно исто, па на сето тоа демек ги објаснуваше задачите и кога ќе и речеш професорке може ли да повторите уште еднаш?. Таа ќе ти одговори: кај ти беше мозокот додека јас објаснував? не можам да повторувам јас 100 пати за некој и ќе си предолжеше натака... Дали вакво створење заслужува покачување? Според мене вакво чудо не заслужува ништо повеќе од отказ. Нема потреба тука да ми се бунат "наставничките и професорките" кои се исти како неа. Јас да сум на такво место првен би се запрашала што навистина правам па потоа би барала покачување..Ајде голем поздрав сега:*
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle, Fleur-De-Lis и 3 други им се допаѓа ова.
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Не сум наставник,но јас сум за покачување на платите во образованието...
    Ги исчитав сите коментари,и гледам дека сакате/барате селективно/индивидуално ,според заслуга, покачување на платите наставниците.

    Во ред,се сложувам со тој предлог,но дај да почнеме од повисокиот сталеж,по платениот,од врвот,од нашите народни избрани пратеници..

    Има пратеници кои буквално уста не отвориле цел мандат,а членуваат во разно-разни комисии,земаат енормни дневници,патни трошоци(кои патем на наставниците не им следува надомест за тоа,а има наставници кои работат по села,други општини,и си даваат пари од свој џеб за пат..), земаат на секои 3 месеца по 500 евра за обнова на гардеробата (нели пратеник е, мора скоцкан да е,не смее од своите скромни 1000-2000 евра плата да купува)..и какви уште не бенифиции имаат...

    Ајде нив да ги плаќаме прво по заслуга,да видиме дали ја заслужуваат платата што ја земаат,дали го почитуваат нашиот глас,дали ги слушаат нашите поплаки,што тие сториле за нас што сме ги гласале..Фер е така,нели??
    Верувам потешко од пенкало не креваат на работа...

    Второ полицијата...

    Дај да видиме како се вработени сите инспектори,и полицајци.??
    Не се партиски вработени така? Според заслуга и стручност се? Или лепе очи?

    Колку од инспекторите имаат високо образование( верувам дека има инспектори вработени без соодветно образование), на секој увид каде што одат земаат дневници, дежутства....
    Плус знаеме колку се подмитливи и корумпирани..

    Мислите дека заслужуваат над 40 000-50 000 ден.плата?

    Полицајците прича за собом се...

    Прво голем дел од нив не ги ни исполнуваат стандардите и нормативите потребни да се биде полицаец( висина,тежина,физичка спремност...) Ги гледаме секој ден... Пола од нив не знаат каде се наоѓаат,ко на друга планета да се, изгубени во свемирот,другиот дел,улежани, не мрдаат ни со мал прст за ништо,седат во колите,кладилници,или кафулиња, и чекаат да им замине работното време..
    А пази земаат над 25 000 ден (почетна плата) и имаат бенифициран стаж...
    На 50 год. во пензија,и уште по некоја работичка плус (да не седат дома де,досадно им е,сеуште млади,работоспособни..) и им ја земаат работата што некој нема никаква работа,а треба фамилија да рани и гледа.....

    Да не се распишувам за судиите...долга и широка ќе биде..

    Затоа,секоја планина-со своја тежина...
     
    Последна измена: 6 септември 2019
    На Outlook, cresa-jagoda, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Ок е луѓе тоа што споредувате админстрација и разонразни други работни позици. Темава е за наставниците и затоа се зборува за нив. Нека побараат и други покачување или нека се отвори тема и за нив или пак поопшта, па да споредуваме и дискутираме таму.

    Јас се согласувам дека секаде има мрзливи и полуписмени, тоа е факт, се согласувам и дека не се платите убаво распоредени според позиција, образование, работа, способност... ама едноставно не коментирам на таа тема овде.
     
    На cresa-jagoda, fina erika, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Не ги бранам просветните работници,сум немала лично искуство со нивната работа, освен јас кога сум била ученик,и сите во глобала биле ОК...

    Но..
    Нели е срамно некој што треба да ни го образува детето,да го описмени, да работи за 20.000-22 000 ден плата и тоа факултетски образован,а се трошат пари за лубриканти,геј паради,евровизии,месечни дневници на пратениците во висина на 3-4плати на просветен работник.За плати се нема пари 1/2 од погоре наведените работни позиции..
    Затоа може и се паѓа на квалитет..

    Мислам дека просветарите се најмалку платени од сите вработени во државните институци(судство, здравство,јавна администрација,полиција...)
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.366
    Допаѓања:
    90.358
    Пол:
    Женски
    Петок.Се врати ќерка ми од школо.
    Немаат сеуште распоред на часови за идната недела.
    Ги носи сите книги во ранец.
    Нели е срамота ова?
    Цела недела и цел распуст да не направат?!
    Ако ова продолжи и ќе ги пријавам.
     
    На Sesil, candy.cane, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    @Cosmi што вика учителката/класниот рак.зошто немаат сеуште распоред? Би требало да им го дадат досега.

    Добро е и што има книги,на деца од колешки воопшто им немаат дадено никакви книги досега,сеуште не им биле стигнати во училиштата (facepalm)..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    48.412
    Пол:
    Женски
    Мајка ми работи во администрација, со години беше под Мвр со мизерна плата од 15.500, сега се водат под управата за водење на матични книги и знаеш колку зема ,17.000. Има 30 годишен работен стаж на шалтер, работи на најтешкиот шалтер 8 часа секој ден со странки, да додадам дека ја работи и работата на новите неписмени партиски примени кадри, затоа што не знаат да зборуваат прво ко што треба камоли да работат, битно факултет имаат. Така да не се најмалку просветарите платени. И сега ти велиш на наставниците малку им е платата за 5 часа дневно што објаснувале на учениците, ела нека работат на шалтер да ги видам. Ма и помалку од 5 часа на ден работат, во 7 , 7и 30 излегуваат од дома, 12 се веке дома, неколку ги имам во близина што ги гледам секој ден.
    Да не правиме муабет што има некои што на учениците им даваат да пишуваат на табла, да читаат, они си дремат, или по ликовно ке ни дадеше тема да цртаме он си кулираше цел час. На таквите и 12.000 им е многу.
     
    На Sesil, fina erika, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.387
    Пол:
    Женски
    Сите вие што кажувате колку напорно работите и како сте со високо образование и имате пресвета професија, само да ве потсетам, во странство за да бидеш наставник ти треба докторат, не само диплома, па и магистратура туку докторат, за 4 години факултет секој ќе заврши
     
    На nadja.d, nextredstyle, Fleur-De-Lis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Приметувам скоро на секој пост (не зборам конкретно за тебе) веднаш почнувате со карање и расправии..

    Зошто не барала мајка ти досега покачување?

    Со 30 год.стаж,сигурно има 15% поголема плата само за минат труд...нели 0.5% се зголемува секоја година..и за 15 000 ден (со плус минат труд зема најмалку 2000 ден плус на плата..) како што е секаде во државниот сектор(па и во приватниот донекаде)..

    Тоа и јас го пишував погоре...
    Се нафрливте на наставниците,а не се само тие партиски вработени,без соодветно образование, "неписмени"..итн..Секаде имало,и ќе има такви...
    Работното време им е такво какво што е...Секаде во светот е така во тој сектор....Исто како полицајците и пожарникарите што имаат бенифициран стаж (друга тема е дали заслужуваат)
     
    На Outlook и Martka им се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    48.412
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека не бараат, не само она и другите, ама од кој да бараат кога секоја година им носат нови неписмени директори и шефови, ке биде, ке покачиме, стрпете се, треба изгледа и они да штрајкуваат за да добијат нешто тоа најлесно е. Најмалку се расправам, уште од завчера ја читам темава, уште кога имаше колнење од дотичните наставнички, ама не пишав за да не разгорувам уште толку, ама ја претераа со тоа правење жртви како им е најтешко на нив, а всушност е најубавата професија да работиш со деца и лесна си е работата, неколку часа работа на ден си се неколку часа и апсолутно е тоа предност. Платата им е солидна и доволна и така 90% од нив подучуваат деца дома бидејки имаат доста слободно време.
     
    На nextredstyle и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Тоа веќе е до државата што не дава покачување..
    Нивно е да бараат,ако им дадат ОК,ако не,пак ОК...продолжуваат со работа..

    Кога се има пари за покачување во некои сектори од 10%,20%,30%,(основна плата од 40 000 +) зошто пак да нема и кај другите..
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.605
    Допаѓања:
    140.372
    Среднист во администрација не може да зима повеќе од 18 000 сосе стаж. Бореле небореле, законски се одредува и тоа е. Највисокото раководство во администрација зима 45 000. Ова не зборувам за функционерите.

    Иначе се кладам у што сакате, дека за 2 години ќе завршам педагошки.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.366
    Допаѓања:
    90.358
    Пол:
    Женски
    Не можеле да се договорат наставниците,сега зборев,најверојатно и следната ке немаат.
    Книги имаат .
    Ако се бунам или ги пријавам,јас ке бидам мајка на снегулка ученик.
    Не се ни сретнале летово во училиште за да направат распоред.И после зголемување на плати од 35%?!
     
    На cresa-jagoda, Lolipop23, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.872
    Пол:
    Женски
    Наставниците/професорите поголемиот дел од времето седат.Имаат пократко работно време од некои други.Дваесет и две-три илјади и многу се за нив.
    Дошол во 8,си отишол во 12.Си буља во телефон,де на ФБ,де игра игрици.Го прашуваш за лекцијата,он ти вели аха и само ќе промрмори без убаво да ти објасни.Ти вика да не викаш,а него цело школо го слуша како вика.
    Тоа е само за отказ!
    Дефинитивно,не треба да добијат покачување без проверка на нивната работа.
     
    На Mantub и Keiner им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    35.261
    Пол:
    Женски
    Во цел свет или барем оној кон кој тие нели тежиме наставниците си седат на училиште по 8 саати дневно. Од нив 6 предаваат другите 2 ги користат за планирање, координација со колеги и слично. На крај пак дома прегледуваат тестови и домашни.

    И пак во споредба со другите професии во тие земји се помалку платени. И не се многу ценети за жал. Освен можеби во чесни исклучоци како Норвешка, Финска и слично.

    Цел живот сум во образование и знам што зборувам. Само што цел живот сум во делот кој се труди да направи промени. Знаеш како завршуваат сите напори и сите пари вложени во образование како во дупка да си ги фрлил. Трошиме странски пари за ич резултат. Вака изгледа некако тоа со промените: Држиш обуки и уште на обуката повеќе од пола колектив се буни дека како они се од тоа применуваат, се знаат и слично, 25% викаат дајте ни плата како на запад па ќе работиме по ова што го зборувате и 25% се мотивираат. Се враќаат во школо и 25% почнуваат да применуваат нешто од новото. Другите очи им вадат зошто работат (нели ќе испаднат тие лоши), им ставаат сопки и слично. Мотивацијата е дефинитвно проблем кај наставниот кадар. Не сум баш сигурна дека зголемување на плата ќе го реши тој проблем.
    Ние процентуално од буџет за образование трошиме многу за плати, а малку за развој на инфраструктура, развој на програми и слично. За тоа се потпираме на странска помош.
    Нас прво ни треба попис, па рационализација на училишта и наставен кадар па тек тогаш да видиме како да распределиме финансии по ставки во образование.
     
    На Doozy, mareane, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.366
    Допаѓања:
    90.358
    Пол:
    Женски
    Информатика на час ги тераше секој час да читаат лекција од книга,на час.
    На мојава и рекол да чита,таа одбила,не ја искарав.
    Не е нејзино да чита лекција на час.
    Оценка 4.
    Физичко час немаат одржано.
    Им фрла топка и играјте одбојка.
    И така....
     
    На cresa-jagoda, Lolipop23, fina erika и 2 други им се допаѓа ова.
  20. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Прво пратениците земаат 70000 денари плата и тука им се сите трошоци и за пат и за облека,обувки,накит.
    Што ќе си јадат пијат во собраноскиот ресторан фино лепо фискална ќе си плата.
    РАБОТЕВ ВО ПАРЛАМЕНТОТ 7 ГОДИНИ,ВО ТРУД И СОЦИЈАЛА 7 ГОДИНИ,И ЕВЕ СЕГА РАБОТАМ ВО МВР од 2013 година.И ќе ви кажам полицаецот зема и ноќе и викенд и прекувремено и празнично и да има бенифициран сраж бидејќи има посебни овластувања.Кога има војна протести глупости на прво место е полицијата. И да и тој треба да има садисвакција и да земе 1000 евра плата.Социјален работник со факултет зема 23.000 плата и работи со полна пареа и се среќава со секакви проблеми во работниот век.
    Знаете ли колку е одговорно да земете бебе во рака и да го предадете во дом за доенчиња а притоа да не направите ниедна грешка.