Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    6.272
    Пол:
    Женски
    Ako se klasni i so staz zemaat 25000.znam zasto imam dvajca prosvetari vo familija
     
    На Mese4ka92 и boomsleng им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Готово, на клада да го стават професорот. Што е страшно во неговиот начин на работа, а тоа е читање лекција на час, што год да подразбираш со тоа ? Работава ја направи како да и има речено да плете на часот по инф.
    Ти го подриваш авторитетот на тој ист професор кој утре ќе стане безгласна буква. Ти, па по тебе друга, трета етц етц.

    Иначе општо, токсична е темава и многу фрустрации испливаа на површина. Типичното македонско, зошто јас да немам тој да има, зошто пенкало е поплатено од мотика, професорот е крив детето ми е Ајнштајн ама наставникот не умее да го мотивира.
    Пишав еднаш, после сите коментари на темава од возрасни жени, муабети кои сигурно ги правите и лред вашите деца, не ме чуди што професорите се предмет на заебанција во училиштата, од страна на вашите, без грам авторитет и почит.
    Срамота.
     
    На Amellie13, Rebecca_R, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Час со читање лекција од ученик не се држи.
    А поготово час по информатика не треба да подразбира на часовите децата да отворат книга и да ја читаат лекцијата,а тој на пола час да излезе,а имаат мали лаптопи во училница.
    Наставникот го пријавивме во просветен инспекторат.
    Даде отказ и си продолжи да работи во својата фирма каде што и работеше додека моето и другите деца читаа лекција што е мејл.
    После него дојде млада наставничка каде лекциите ги учат преку работа на компјутер,од домашни до електронски тестови е таа наставничка апсолутно заслужува покачување плата.

    Секогаш кога има такви како тебе кои ќе бранат вакви наставници ќе имаме необразовани ученици и никакво образование какво што и имаме,затоа и сме на дно кога оправдуваме читање лекции.


    [/QUOTE]
     
    Последна измена: 9 септември 2019
    На An-na, Lolipop23, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    [/QUOTE]
    Зошто не го напиша целиот случај како што го стори тоа сега во вториот пост ? Од една реченица која гласи 'Професорот им дава да читаат лекции на час ', очекуваш да донесам заклучок како во продолжетокот од вториот пост ? Подраматично излегува вака, признавам да.
    Ние имавме професорка која кога имавме луфт во часовите, ни даваше да читаме лекција, правевме тимови од ученици, нешто како игра на брза меморија, проследено со потпрашања, бодовен систем, и беше супер ефикасно. Плус забавно. Никој не се муртеше кога доаѓаше ред за таа активност. Ем учиш, ем се забавуваш, ем веќе си совладал пола од материјалот кој 70% од нас не би седнале дома да го прелистаат. и вакво нешто ли не доаѓа у обзир ?

    Не бранам јас никакви паразити во ниедна професија, нема потреба од спинување. Такви штеточини имало секогаш и ќе има секогаш, и немојте да мислите дека тоа е случајот само во нашата земја. Апсолутно во секоја држава, дури и во развиените, скоро во секое училиште има по некој професор на кој родителите превртуваат очи и на неговиот начин или не начин на предавање. Тоа е така, пошто е така.
    Да казнуваш цел пленум на професори ради поединци е апсурдно. Трагично е факултетски образовани луѓе да земаат по 20- 22 000 и тоа е факт. Дури и на Косово, држава создадена вчера, просечната професорска плата е повисока од овдешнава, во држава која постои десетици лета и која претендира за Европа.
    Камо среќа и останативе синдикати да се сложни како просветителскиот, сите заслужуваме поголеми плати, без разлика од која бранша, без лутиш од едни према другите. Кој успее да издејствува, секоја чест, кој не, нека биде поупорен и тоа е тоа.
     
    На Amellie13, Rebecca_R, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.204
    Пол:
    Женски
    Да ти појаснам две работи, мрза да предаваш и чесно да си ги заработиш парите е едно а начин на работа е друго. Начин на работа било ќе седам на столчево 45 мин вие читајте, јас ќе се лакирам.
    А тоа што го спомнуваш ајнштајн, ајнштајн имал кецови во школо, единствено што школото може да ти направи е доколку си надарен за нешто да ти ја исцица цела мотивација и воопшто да не го препознае твојот талент.
     
    На zuto, nextredstyle, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Можеби затоа што ако напишам некој ке се препознае.:?:
    Што значи луфт на часови?Вашата професорка ви давала на празен час да читате?
    По кој предмет?
    Не е секој предмет за читање,ајде македонски,странски јазик,разбирам,ама информатика?
    Историја имаат исто одличен наставник,може да им ја фрли книгата ајде читајте ама не,има активна настава.

    Има секакви наставници,кога ке има евалуација на кадарот тогаш треба да добијат 35% покачување на плата.

    И како родител апсолутно имам право да се бунам за вакви лешинари од наставици.

    Порано се молчело,моите родители само на родителска оделе во школо,детето им се погодило да учи и толку.
    А имаше наставници кои скубеа за коса ако не гледаш во табла,кои лепеа шамари ако те видат во ходник,а тој доаѓа на час,па имаше наставничка која ако не знаеш задача на табла ке ти ја бапне главата во табла и толку,родителите не се бунеа во школо зошто наставник мора да биде страв и трепет и да му се клањаат и деца и ученици,од таму потекува комплексот кој дел од сегашните наставници го имаат.

    Е сега денешниве "мамички" како мене тоа мене не го дозволуваат!

    Наставник по физичко на моето дете и децата од одд.им смисли игра, дете кое ке изгуби во играта да оди од училница во училница и да вика јас сум "магаре",пази деца на пубертетски 12 год.им рушеше самодоверба.
    Да не пишувам детали каков епилог имаше.
    Оној кој ја мрази својата наставничка работа,нека ја остави работата,нека не упропастува деца.
     
    На Biljarkata, An-na, zuto и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.204
    Пол:
    Женски


    И уште велат да се поправиме зголемете ни ја платата да добиеме мотивација. Ѓубриња. Сите такви бркање од школо и никогаш веќе назад.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Мхм, да, по Ромите се познава колку е свестран и начитан човек без школо.
    Другпат за глупости не ме цитирај.
     
    На oblace1, Rebecca_R, mkdvesna и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.204
    Пол:
    Женски
    Никој не вели дека не треба да се оди на школо. Али не е битно, пошо ние овде ќе си збориме до кога сакаме, а реалноста е дека сите наставници копилиња ќе го јадат од родителите пошо веќе стануваат се посвесни. Ќе дојде момент кај што нема да имате избор, или ќе бидите ОК или ќе летате од работа.

    А за што ќе те цитирам е моја работа
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.739
    Допаѓања:
    129.122
    Пол:
    Женски
    Имам предавано лекции и во средно и на факултет.
    Да,не е лесно да се спреми час,да се запамти материјалот,но не е ни најтешко.
    Седиш и зборуваш,голема работа...
    А,и да стоиш 20 минути не е заморно.Пак ќе седнеш.
    Друго е кога наставникот/професорот му помага на ученикот да раскаже лекција,друго е кога ќе си излезе надвор по кафе или на цигара.
    Џабе ученикот да чита ако притоа наставникот/професорот не сака да му објасни некој непознат поим.
    Покачување плата не е за мрзливци.
     
    На cresa-jagoda, mime87, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    7.448
    Пол:
    Женски
    Упорно кажувате дека има примероци на наставници кои си ја работат работата како што треба и упорно ги ставате во ист кош со "лешинарите" со муабетиве. А дали им е тешка работата или не, многу е површно да се суди од аспект на физичка работа. Секоја планина си има своја тежина. Умствената работа е некогаш помачна од физичката и впрочем секаде се повеќе платени таквите работници. Тоа што кај нас у Северна, 90% од луѓето не се доволно платени за трудот е друга тема.
     
    На eli25, moon1, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Во ред е да се буните за некој што не ја работи својата работа.
    Ама начинот на изразување незадоволство е шокирачки. Јас дум во шок од простотилук (facepalm)(извини, се мислев за помек израз и не најдов некој соодветен, а да го доловува интензитетот на мислата).
    Вака се изразувате и пред децата?
    Не е чудно што децата немаат никаков почит ни кон наставниците што најмногу се залагаат во извршувањето на својата работа.
    Бонус: децата како деца, кога ќе видат како се палите, заканувате и изразувате ќе ве потпалат уште толку, ќе ја зачинат приказната, ќе додадат и детали што не се случиле. Само за да гледаат драма и да ги галите како настрадани души. А вие јуриш.
    Сум била и јас ученик. Гледав што се случува, а што се измислува.
    Не велам дека сите ученици го прават тоа и дека го правст секој ден, ама па да бидеме реални. Кој е тој ученик кој никогаш не ја зачинил приказната пред мама и тато? Не мора да е случката во школо. Деца се де, пубертет, хормони... кој да разбере...
     
    На oblace1, eli25, mkdvesna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.442
    90% од професорите не чинат. Да чинеа немаше да сме на најниско ниво у Европа во образование. Официјално. Затоа, кај не ги бива па уште и дури 25% зголемена плата.

    Сите вие имате просветар и баш тој многу работел. Аха. Статистиката не вика така.
     
    На Amelia, Lolipop23, zuto и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    7.448
    Пол:
    Женски
    Па со вакви родители како што се денес, професориве ни со инка нема да успеат да им стават како прво основно воспитување на децата, а не нешто повеќе. И за тоа што сме на толку ниско ниво, можеби дел од вината и имаат одредени професори, ама рибата се знае од кај смрди. Покомплексно е од само удирање по професорите. Некој треба нив да ги следи и координира.
     
    На oblace1, SexiLy, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.739
    Допаѓања:
    129.122
    Пол:
    Женски
    Темава не е за постапките на родителите,има посебни теми за тоа.
    Оваа е за барањето на наставниците.
    Никој не е против тоа тие да добијат покачување,туку против тоа сите тие да добијат.Лош наставник/професор не заслужува покачување.
    Муабетот е нивната работа да биде ставена под анонимна истрага.Кој заслужува нека добие покачување,кој не заслужува покачување заслужува кратење на плата или отказ.Лошите треба да бидат казнети.
    Сепак,државата нема пари за 25%,а и за професија која вклучува седење на стол,5% се доволно покачување во услови кога државата е презадолжена.
     
    На zuto и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    https://telma.com.mk/makedonskite-u...ni-poznavana-od-matematika-priroda-i-chitane/
    За ова не сме виновни родителите.
    Ајде еднаш испаднал лош резултат ама кога ќе се повтори,значи само едно, дека е вистина.
    Наставниот кадар е виновен,не барајте вина каде што ја нема.

    Ако мислите дека 500еур плата ќе го реши проблемот,во ред, можеби вашиот личен.
    Но, зголемување за сите не треба да има.
    Учителките час по физичко не држат,еве вие што сте учителки кажете колку држите часови по физичко со опрема ?
    Што е срамота да облечете тренерки и патики и да вежбате со децата?
    Сакате Финска,епа таму вежбаат.
     
    На zuto, cresa-jagoda, Asparagus и 3 други им се допаѓа ова.
  17. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    80% од средношколците поминуваат одлични. Дали реално е возможно тоа? Секако дека не. Дел од учениците поминале одлични со врски т.е. мама и тато ја средиле работата, другиот дел затоа што класните се тепаат со колегите за оцени на учениците, за после да се прчат дека нивниот клас е со супер просек. Исто така за да се фалат дека нивниот клас има најмалку отсуства те молат да не запишуваш отсутни, ако запишеш си им смртен непријател. И да запишеш отсуства, родителите се тие кои ќе оправдаат сè и сешто.
    Пример: ученикот заминал само од часот на кој што има тест. Се јавува родителот и ти вели дека на забар било закажано детето. Како бе на забар во време кога детето е на школо и баш тој час кога е тестот?
    И така сите заедно со меѓусебниот натпревар на наставниците, врските, притисоците, заканите и лагите на родителите направија неколку мрзливи генерации. Зошто ученикот би учел, би бил мирен и присутен на час кога знае дека нема да биде запишан? И да е запишан мама и тато се тука. Плус како награда за тоа што бил немирен кога бил присутен, за тоа што не учел, бегал од часови, а нема неоправдани - ќе помине одличен со сите петки, е добро де, не баш сите, ете со една чатворка-математика!
    Џабе си ја поддаваме топката на вина, сите си имаат своја вина во приказната.
    И што е најинтересно- таквите класни што до смрт се борат за оцените и изостаноците на класот - се најсакани и најпочитувани од страна на родителите. Оди стегни му неоправдан и кец да видиш колку ќе те сакаат и почитуваат родителите, иако детето ништо не знае и е невоспитано.
    Прашање од ученичка: Вие професорке ја прашавте класната зошто сум отсутна па што ме запишавте?
    Ахам, значи јас треба пред да влезам на час да прашувам. Океј..
     
    Последна измена: 9 септември 2019
    На theowndemon, Kitten, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Не само што не ги држат часовите како што треба, туку многу често и ги заменуваат со друг предмет (македонски/математика) затоа што претходно не успеале да ги реализираат предвидените активности на часот, па учениците имаат дупки во знаењето. Ама и покрај заменувањето на часовите физичко или музичко со друг час дополнителен, сепак учениците не покажуваат големи постигнувања.

    Затоа сега за физичко часовите ќе им пратат уште еден наставник кој е дипломиран на ДИФ, па тандемски да ги држат часовите.
    Туку срамота е да бидат неспособни сами да ги одржат часовите физичко, па им треба уште еден наставник, кога на факултет полагаат два предмета: Основи на физичко образование и Методика на физичко образование.
     
    На senjorita-v, Cosmi и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    причина се долгото седење пред компјутер и применетата на Кембриџ програма во образованието

    Косми, ова ми кажува дека вината е во родителите и во системот.

    Не викам дека наставниците се перфектни, далеку од тоа. Ама се си има улога.
    Невоспитаноста и непедантноста е вина на родителите, лошата програма на тие од министерство (претпоставувам) и тоа што е пренесено е вина на наставниците.
     
    На oblace1, lovestoneddd, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    36.542
    Пол:
    Женски
    Леле каква глупост кажа. По денешнава младина од кои 90% се академски граѓани се гледа колку образованието ги направи сестрани и начитани :^) Де читни низ форумов да видиш колку писмени академски граѓани имаме.
    И Стив Џобс е без факултет ;)
     
    На fina erika, cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.