1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Во ред Ана, здравје кога ќе ти пораснат децата, според пишаново, се надевам дека ќе ги советуваш да не запишат факултет пошто ете Стив Џобс и останатите големци, светски бизнисмени се без високо образование. ;)
     
    На Biljarkata, candy.cane и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Џобс е гение.
    IQто му е колку моето и твоето заедно, па ако не и поише.Што ќе му е на таков човек факултетска диплома?
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Секако нема тука да студираат ;)
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Извини буржоазијо. ;)
     
    На twilight123, waterllady, moon1 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Чакајте малку, како тоа вие најпаметни испаднавте а ниту еден професор не чини? Дел од вас кои активно коментирате на темава сте околу 30 години или помлади, значи професорите кои ви предавале (најверојатно) сеуште работат.


    Е да разграничиме основица и минат труд. Професорите имаат основна плата од 21600 во основни и 22300 во средни училишта. Тоа што некои професори земаат поголема плата е минат труд кој им следува бидејќи имаат стаж и го одработиле тоа.
     
    На makedon81, Mese4ka92, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Оф... а мислев нормален муабет може да се сврти со тебе.
    Ќерка ми освен македонско има и друго државјанство (за среќа) па ќе го искористиме за студии сигурно.
     
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Добро зошто една иста професија во приватен сектор може да е различно платена по заслуга а не е така и за просветните работници?
    Има начин за критериуми ехеее.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.448
    Пол:
    Женски
    Ете,пак протест.
    Премногу бараат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.946
    Допаѓања:
    18.058
    Бараат и ќе добијат како што се одвиваат работиве.
     
    На Mantub и makedon81 им се допаѓа ова.
  10. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Професор- наставник во оснобно образование кој е почетник и не е класен раководител, зема плата од 21000 до 22000 ден , зборуваме за факултетски образовани личности кои се задолжени за да го трасираат патот на идните генерации, од кои утре ќе произлезат идните доктори, инженери , професори, и т.н.
    И жално е ако некој од нас каже лошо за наставниците, бидејќи ако сакаш да уништиш еден народ уништи му го образованието и тоа е еднакво на пропаст... ;(
     
    На Outlook, candy.cane и Amellie13 им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Седи, ме расплаче со романтикиве ;(
    Образованието е дупка он збори за тоа колку биле наставниците посветени во трасирањето :rofl: :headbang:
     
  12. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Зборувам воопшто за образование не за поединци :)
     
  13. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Јас завршив за проф. ама со овие разлигавени дечишта ниту сакам ниту може воопшто да се работи. Ниту за 500 еу ниту за 700еу плата би го работела тоа. Невоспитани!
     
    На makedon81 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А па да видиш шо се воспитани наставниците :D
     
    На GirlRose, jasbi, g8lQQk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Ама училиштето не е само образовна институција, туку и воспитна. Освен родителите и наставниците се тие кои треба да знаат како да ги воспитаат правилно учениците. За тоа си учела, ама како си завршила е дискутабилно. Зашто не си научила како треба таквите невоспитани, ти како наставник да ги воспиташ.
    Лесно е да се плука по децата, ама децата се одлика на возрасните и на родителите, но и на наставниците.
     
    На GirlRose, Sejfullai и nextredstyle им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.448
    Пол:
    Женски
    Па,не е во ред човек кој пцуе и се дере на сè живо,да им предава на деца и уште да добива покачување,па исто и со наставник вработен со врски.
     
    На GirlRose и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Со овој став никогаш нема да биде професорка од тебе, ти од марс си паднала па не знаеш дека немирни и невоспитани деца има? Што ти беше мотивот да се упишеш за професорка?
     
    На Tan4ence, GirlRose, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Текстот е преземен од сајтот факултети.мк

    Иван Лутз, хрватски писател на научнофантастични дела и професор по физика од Славонски Брод, на својот профил на „Фејсбук“ објави текст кој предизвика невообичаено голем број реакции. Во него тој опиша со што сè се среќаваат професорите во нивната работа.

    Објаснувајќи што го мотивирало да го напише текстот, Лутз истакна: Напишав еден текст. Не е најдобриот текст што сум го напишал, но е искрен. Текстот е за штрајкот на професорите и за оние што ги мразат...

    Текстот за еден ден беше споделен повеќе од илјада пати. Го пренесуваме во целост.

    „Дали некогаш сте подучувале сексуално злоупотребено дете? Дали некогаш сте подучувале дете со проблеми во фамилијата? Дали некогаш сте се обиделе да научите нешто дете што има тумор? Дали некогаш сте биле во ситуација да се плашите да го кажете зборот „нозе“ затоа што 16-годишникот од првата клупа никогаш нема да оди? Дали некогаш сте подучувале дете по тешка операција? Дали некогаш сте подучувале дете без очи? Дали некогаш сте виделе како памети глуво дете? Како комуницира? Дали некогаш сте се обиделе да научите момче или девојка со дислексија да чита? Дали некогаш сте отишле во понеделник на училиште и сте дознале дека момчето на кое сте му класен загинало во автомобилска несреќа? Дали некогаш сте подготвувале за матура дете што пред два дена загубило татко или мајка, а роковите се непопустливи и иднината му зависи од тоа? Дали некогаш сте му помагале на дете со епилептичен напад на настава? Дали некој од вас некогаш видел како изгледа срцев удар кај млад човек? Дали некогаш сте дошле дома кај вашата фамилија откако сте слушнале дека ваш ученик загинал пред училиштето поради невнимателен возач? Дали некогаш сте влегле во училница откако починал ученик? Дали некогаш сте се запрашале дека и покрај сè, јас морам да речам: Драги мои ученици, денешната лекција се њутновите закони? Дали некогаш сте се обиделе да мотивирате деца што немаат родители?

    Дали некогаш некому сте му биле потпирач баш во сè? Дали некогаш сте реагирале на врсничко насилство? Дали некогаш сте разделувале деца во тепачка? Дали некогаш сте виделе како изгледа врсничка национална или верска омраза?

    Дали некогаш по работниот ден сте биле на раб на солзи (не е патетика)? Дали некогаш сте молчеле цел ден бидејќи не можете да се носите со некои работи? А гледате, не зборувам за работа во настава, не зборувам за предавања, обиди, вежби, тестови, подготовки, нови курикулуми, вреднувања, нови облици на наставниот процес... Не зборувам ни за вниманието што морате да им го посветувате на сите еднакво бидејќи младите се кревки, оние нечујните се несигурни, оние гласните се уште понесигурни. Дали некогаш сте се обиделе да вразумите татко кој дошол да го оправда проблематичното дете? Дали некогаш ве пцуеле в лице и ви велеле дека после сè сте безвредни само затоа што некој има лоша оценка и не учел? Дали некогаш некој родител ве фатил за рака и ви кажал фамилијарна тајна која не смеете да им ја кажете ни на вашите најблиски? Тајна од која се замрзнувате!

    И после сè, влегувате во училница, се насмевнувате, ја земате таа евтина креда и се обидувате нешто да ја научите нашата младина. И потоа таа младина напредува, расте, ве поздравува, ве уважува како што никогаш не ве уважиле државата и опкружувањето. Ви се јавуваат по 10-15 години откако го завршиле училиштето и тогаш, покрај сите нови ученици, одделувате време за нив бидејќи: Еднаш професор, секогаш професор!

    Дали некогаш сте виделе како сиромашно дете ги крие искинатите ракави? Дали некогаш сте виделе гладно дете? Дали некогаш сте нахраниле гладно дете? Дали некогаш сте биле дел од нивната фамилија? И да, оние добрите професори го живеат животот на ученикот, и добар и лош, и сиромашен и богат. Дали некогаш сте помислиле дека сите идни научници, спортисти, премиери, претседатели, луѓе што откриваат лек за болести, минуваат низ нашите раце? Дали некогаш сте помислиле дека низ нашите раце минуваат и идните убијци, силувачи, крадци...? Дали некогаш сте виделе ученичко насилство над професори? Дали некогаш сте виделе расплакана колешка? Дали некогаш сте се обиделе да смирите дете во излив на бес кон професор?

    Не велам тука дека сите професори се добри, но велам дека мнозинството се чесни. Не обвинувајте ги за своите неуспеси! На крајот, дали некогаш сите вие што со толку омраза зборувате за нас, кои го спроведуваме образованието во нашата земја и сакаме да ги вратиме гордоста и образот на нашата професија, сте биле во нашата ситуација?

    Дали некогаш сте завршиле студии по физика, математика, хемија? И дали некогаш, колку и да ви било тешко, по губењето на саканото лице, смрт во фамилијата, смрт на пријател, сте дошле на училиште, сте навлекле насмевка на лицето и сте рекле: Ајде деца, денес ќе правиме обид со леќи. Овде имате една, а јас имам уште две бидејќи сум ќор и стар. И ги ставате очилата, а детската смеа ве лекува“.
     
    На bravemum, Kitten, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.448
    Пол:
    Женски
    Никој не ги мрази добрите наставници/професори,но лошите не заслужуваат покачување и готово!
     
    На Fleur-De-Lis и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    МОЛИМ??? Родителите неможат 1 дете дома да воспитаат, јас да воспитам 30? А време за предавање, кога??? Гледајте си турски серии дома и ич да не се секирате, нашите родители значи се биле глупави што не воспитувале дома.