1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Значи ептен си ја утнала професијата. Зошто ли воопшто си се запишала? И што си научила ти за тие 4 години на факултет? На секој час не се поставуваат само образовни цели, туку и воспитни. Ако се знае како, за сè се има време. Ама неспособните наставници немаат време ни да ги остварат образовните цели, а камо ли да планираат и да остварат воспитни цели. Абе не е секој за наставник, а секој кој не го бивало купил диплома и се пикнал во образование. Ретки се наставниците кои се успешни во својата работа, кои освен образование, им пренесуваат на учениците и воспитание.
    Абе сум рекла и пак ќе речам најголеми виновници се професорине на факултет, што дозволуваат секој и тој што треба и тој што не треба да заврши и да добие диплома. Треба строга селекција и при запишување и при студирање и пред завршување на факултетите од кои произлегува образовен кадар.
     
    На Fleur-De-Lis и nextredstyle им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.548
    Од сето мое искуство со наставници/професори дојдов до заклучок дека сите мразат турски серии.
     
    На Responsible, Fleur-De-Lis и nextredstyle им се допаѓа ова.
  3. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Во секоја професија има лоши луѓе и добри луѓе. Луѓе што си ја работат работата и луѓе што бараат простор да забушаваат. И тоа е тоа. Колку да се трудиме да има еднаквост и правда сепак никогаш нема да се достигне тоа. Причината е едноставна-невозможно е. Ќе речите АМА МНОЗИНСТВОТО СЕ ЛОШИ. Точно, и мнозинството луѓе во целиот свет се лоши. Сведоци сме и жртви на тоа колку е тешко да најдеш навистина добар човек којшто нема да те искористи или злоупотреби. Сведоци сме и на тоа колку сè повеќе и повеќе се отуѓуваме едни од други. Дури и не се поздравуваме, правиме празни муабети меѓусебно бидејќи се плашиме да си кажеме нешто-ние всушност се плашиме еден од друг. Сите ги гледаме како непријатели. Ајде, ако е така, тогаш на сите лоши и користољубиви да им удриме по платата. Отидете утре кај продавачката од маркетот која ви превртила очи кога сте ја прашале за некој производ. Побарајте и го шефот/газдата, пожалете се да и ја намали платата. Од друга страна, кога веќе сте толку правдољубови како што се прикаживате тука, тогаш зошто не му се развикате на муштеријата до вас којшто ја вика на цел глас продавачката да дојде од другиот крај на маркетот за да му го даде производот в раце што и го покажува со прст, а воедно истиот тој производ се наоѓа на неколку сантими од неговиот вперен прст? Зошто не му се развикате на некој што фрла ѓубре на улица? Или и вие самите го правите тоа? Зошто не ги укорите луѓето кои намерно прават некои работи бидејќи има вработен кој ќе се погрижи за тоа? Зошто за инает да се прави нешто? Зошто ќутите кога вашата колешката/колега прави мајмунлоци на работа и ви копа гроб со цел да се истакне пред поставениот? Зошто кога сте тргнале да исправате криви дрини седите само дома и мрчите, се жалите и кукате со домашните и по форуми. Аха, ќе се иселите и ќе куртулите. Тоа е вашата правда? Не, тоа е вашата неправда. Вие сте најголемите штетници на нашето општество. Послушно си седите и кукате, создавате говор на омраза, додека ви жежи под нозе, а кога ќе почне да ви гори - ќе му ја летните надвор од државата. Ете, од таквите како вас имаме неправда и ваква држава. Подобро да бидеш прост, несвесен и наивен за она што се случува околу тебе, отколку да бидеш свесен и да млатиш муабети во празно, а со прст да не мрднуваш.
    Подобро да го браниш првичниот став што си го имал оти ќе ти се повреди егото да признаеш туѓ. И така луѓето отупуваат бидејќи не не сакаат да се разубедат во ништо, не сакат да надоградат ништо бидејќи еднаш рекле дека знаат сè, па сега ако си го сменат ставот или ако прифатат нешто плус ќе треба да се побијат самите себе т.е. да испадне дека не знаеле сè. И тоа е голема срамота за нив. Па нека си тапкаат в место, накитени со лажните перја, ширејќи ги, фрцкајќи се и расфрлајќи се со излитени фрази на небитни места. Продавање на пуфки на небитна маса, галамење по дома, а надвор глас им нема. Ако ви е, така ви треба, толку сте сработиле - значи толку сте заслужиле, а ова правило важи само кога животот ќе те удри по грб, а за плата и финансии не важи, жал ми е срцки. Милионери седејќи и вртејќи се в кревет заработуваат милиони. Криминалци без капка пот лежат на милиони, вие за наставниците сте се фатиле.
     
    На bravemum, Kitten и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.635
    Допаѓања:
    116.249
    Пол:
    Женски
    Па,темава е за барање на наставниците,ако премногу збориме за друго,ќе отидеме премногу оф топик.
    Примарното воспитание произлегува од родителите,а секундарното од наставниците и професорите.
     
    На Responsible, cresa-jagoda, Fleur-De-Lis и 1 друга личност им се допаѓа ова.