1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, ама ради одреден процент на гзолижачи сите се оштетени.

    Кога може да се даваат вртоглави суми за патни трошоци за пратеници, фер е и наставниците да добијат покачување, дури и најголемите неработници меѓу нив.
     
    На tessie, boomsleng, John Snow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Другарка на мајка ми работи во конфекција, зема 25000-29000. Вујна ми исто. Не велам дека имаат добри услови, дека не работат прекувремено итн., ама толку земаат. Мајка ми е наставничка, зема 20000. Се зафркаваат со колегите дека треба и тие да одат таму.

    Поентата сепак стои. Образованието нема да се подобри додека наставниците се ниско платени. Родителиве очекуваат наставниците газ преку глава да им одат за нивните деца, а кога бараат повисока плата реагираат во стил ,,еее викенди слободни, цело лето слободно, мрш таму поголема плата сакале хехе"
     
    На candy.cane, mareane, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  3. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Еве го тоа дно македонско размислување. Неам ја, нема да имаш ни ти.
    Придонеси во буџет сите плаќаат, дали преку бруто плата или преку друг вид на даноци.
     
    На candy.cane, tessie, Antolinaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    17.756
    Жално што сите ги ставате во еден кош.
    Од фамилија сум каде што пола се/биле просветни работници, никој/а не бил партиски вработен/а, ниту поводом лизања дупе на некого.
    Каде сите тие административни работи ги вршат на времено, очи отпаѓајќи на тие мутавите чибичани, спремање планови, распределенија и сл. чуда.
    Надгледни средства за нормален час носат од дома.

    Биле на работа 4 саати? Молам?
    Од 7 и пол до 3 и пол не знаев дека се 4саати работно време.

    И кој зема 27-29 илјади во основните школи ако може да ми кажете и како се стигнува до таа плата исто, јер не знам, а сакам да знам да ги посоветувам.
    Со 27 години работен стаж во просвета не земаат толкава плата.

    Друго, мислам @marchi-cool имаше пишано како тоа да работела за 12.500, а некој земал 500-1500евра плата.
    Не секоја работа е со иста тежина.
    Не е нормално да, да е толку ниска платата за нормален живот, ама и да се огледувам на тоа дека ако супервизор зема 1500е треба и јас. Не е иста одговорноста моја и негова.
    Секој има право да се побуни и разговара со тие над него.
     
    На calliope и Lella им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Нивно право е да си бараат покачување, ама и родителите нека бараат саботите да не им ги крадат на децата заради нивните штрајкови.
     
    На lonely222, Feminka22, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.142
    Пол:
    Женски
    Во конфекција во Мк нема толкава плата.Случајно сум добро упатена колкава плата земаат,текстилни инжењери во текстилни фабрики не земаат толку.
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Епа гледам слабо знаеш;)
    Не сум административец одамна, и незнам од каде толкав револт как тебе во врска со кажаното:)

    Како што гледаш и викенди сум тука на форумов:),иако сум на работа.
    Моја работа,мои правила.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    А место да штрајкуваат за поголеми плати да штрајкуваат за подобар ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ.Професори се,најдобро ја знаат програмата.Знаат дека таа и учебниците се од пред 15 години.
    200000 е малку,да.
    Ама во конфекција се зема 13000,со саботи,неплатено прекувремено,10 дена со сила одмор.
    А,да,они се без факс,па нека рмбаат во нечовечни услови.
     
    На candy.cane, Feminka22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    И за останатите важат нивни правила...
    Кога ќе работат, а кога ќе штрајкуваат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Работат наставниците и преку лето, но дел од луѓето не се ни свесни за тоа, мислам дека не би им се обрнало внимание ако штрајкуваат тогаш и тоа да не влијае на наставата.
    Инаку, имам поделено мислење за ова. Платите во образование и култура кај нас реално се ниски како за интелектуална работа со завршен факултет (колку и да звучи некоректно таа напомена), и оние што се фер вработени и се трудат - имаат право да бараат повеќе; од друга страна, тука се оние доста што не си ја вршат работата како што треба. Најфер би бил сосема поинаков систем по заслуга и со награди, но тоа е уште научна фантастика на државните работни места кај нас.
     
    На candy.cane, Purplelilac, calliope и 10 други им се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    ќешки нека имаат ама да бидеме реални. Секој сака покачена плата. Некој многу повеќе работи а зема помалку од некој кој уопште и не работи нит па се посветува на работата
     
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Да беше темата за конфекциски работници сигурно дека голем дел од луѓето од тука (вклучувајќи ги и просветните работници) ќе го осудеа тоа што работниците во оваа област земаат плати потонати до дното каде што се наоѓа Титаник ама темата е за просветните работници. Кога веќе зборуваме за работниците кои работат по фабриките за производство на текстил сметам дека и тие работници заслужуваат да имаат живот, каков што има еден човек кој припаѓа на средната класа (ако уште постои).
    Никој од тука не кажа дека тие луѓе не заслужуваат подобар живот. Тоа би било себично.

    Јас сум по професија просветен работник, иако сè уште не работам по струката зошто сметам дека е малку платена за таа одговорност, со која се соочуваат наставниците и професорите секој ден. Работам нешто друго.

    Пред триесет години можеби немало партиски вработувања ама сега голем дел од луѓето во образовниот сектор се вработуваат партиски. Има сигурно и луѓе во овој сектор кои не припаѓаат на ниту една партија, но времињата во кои не се вработуваше според книшка (златните времиња) се минато.
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    јас се сложувам со тебе. Малку ќе бидам офтопик. Бев на разговор за работа според диплома од факултет ми рекоа плата 12 500 нема правда.
    А ова со наставнициве мислам дека за посветеноста која не ја вложуваат не би требало да добијат покачување. Како што пиша една членка поназад нека воведат плата според учинок па кој колку пообразовани деца ќе изведе толку нека земе
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Епа затоа беше екстерното, за да ги оценат, ама се се зезна.
    Мерливи се успесите на професорите, Македонија е на дното на образованието во Европа, учениците одат 12 години во школо а знаат како да оделе упола од тоа.
    не се успешни, не заслужуваат награда. Ако имаат деца по натпревари успешни, тогаш нека им се дава награда, а за 4 пати на сите 4 класа денеска истата лекција да ја кажеш, и да треба да се спремаш за тоа... срамно е.
     
    На LiliBoz, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    А како би се измерило сето ова што го наведе? Со кој инструмент или алатка? Може да те стават како наставник да речеме во некое училиште каде најголемиот дел од децата се проблематични и едноставно не сакаат да учат, колку и да се трудиш ти да ги изведеш на правиот пат. Зошто ова колку што го сфатив ти предложуваш да се воведат „таргети“. Не во сите училишта се децата сјајни а и никој не би ти се нафатил да ти работи на таргети, односно на процент, па и тие кои не се просветни работници, а верувам и исто така голем дел од луѓето на форумов. Секој сака да работи за фиксна плата.
     
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Каков наставник е тој кој уценува и условува почеток на учебна година со исполнување на услов?
    Нивни правила -дома или ако си отворат приватно училиште:)
    Ама нели, месец и пол лето несмее да се се упропасти со штрајк,може да се земе плата и истата е доволна,ама затоа пак од први нема да е доволна:)

    Нека штрајкуваат.
    Мислам дека нема ништо да добијат.

    Да се редактирам, @Cka и јас мислам дека се неуспешни.Да не генерализирам, си има и такви кои се вложуваат ,ама толпата ги "топи"
     
    На boomsleng, LiliBoz, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто не значи, јас како дете на наставник се дружев со деца на родители кои имале помалку образование од моите, но станале газди, други имале приходи од странство, трети заработувале нечесно ...па биле поимошни од моите, така што, образованието и среќата или снаодливоста понатаму се обратнопропорционални. А коментарот за најубаво облечен си ми го извадила од контекст.

    Па не се сложувам баш со тебе, ако утре не му се исполни фондот на часови на мојот родител, работното место му виси, сеедно што има решение уште од времето на Југославија. Друго, 3те месеци одмор не се 3, туку колективен одмор од 10ти јули до 15ти август, не можеш ни по желба да си планираш одмор, на пример во септември или јуни, ко што можат вработени на други места :mm: А за дополнителен приход, еве татко ми во лето возеше такси, со свое возило со лиценца, но поради фактот што е вработен во училиште, не му одобрија легално да заработува, што не е пример ако беше на пример пратеник, таја да и тоа не држи место
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па може и треба да идат. Зошто не отидат? ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    не земаат ни повеќе од 10 000 а ќореат на машини,епа тоа викам не секоја работа е ценета и платена. Вистина дека не се сите за во ист кош.
    кај што има сила нема правдина. Џабе плата кога ни образовниот систем не е среден ни па наставниот кадар обучен за таа програма. Пак ќе речам има исклучоци. Имам стрина која е професорка на факултел. И ко ќе и објаснам дека сум чекала по месец дена за да ми пише оцена или да внеср во електронски систем. не ми верува. И викам не се сите ко тебе да си ја работат работата совесно и стручно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Само ти мисли си дека секаде можеш да си земеш одмор коа ќе ти прдне, на многу места исто така има колективен одмор ама не трае више од месец дена туку две недели, или ќе земеш одмор кога му одговара на газдата, или имаш фиктивно решение од две недели, а уствари имаш само една недела, или намерно ќе те одјават и пријават за да имаш прекин во стаж и да немаш право на одмор, или ќе си го испланираш одморот па во последен момент ќе ти се јават да дојдеш затоа што некој отишол на боледување и нема кој да работи и сето тоа за помала плата од наставниците. И немој да ми спомнуваш образование затоа што во ваква ситуација се многу факултетски образовани луѓе, па дури и магистри.

    Финтата е што повеќето просветни работници никогаш не работеле во приватен сектор за да направат споредба.
     
    На Feminka22, rusalka, g8lQQk и 1 друга личност им се допаѓа ова.