1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Немаме ние добар наставен кадар. Прво треба тоа да се реши, па после да се размислува за платата. И не е само платата клучна - треба и личноста да си има некои вредности, а не лакомо да бара Х сума.

    Во што функција се моментално наставниот кадар? Дали им излегуваат во пресрет на учениците / студентите, ги мотивираат ли, ги надоградуваат ли (зборувам од дополнително знаење, залагање со измена на наставната содржина, вметнување нови техники на учење и сл.). Лично јас, неам сретнато повеќе од 2-3 личности. И тие за жал не се сметаат за ништо од општеството, си имаат свој став, се изградени личности (самокритични) и не зависат од никакви партии.

    Квалитетен кадар ќе има кога ќе научат и децата дека треба да реагираат за да се смени целиот концепт за да речеме дека имаме некој задоволителен критериум на образование, а после лесно е за платите. Не знам од каде дојдоа платите, кога основното прашање не ни е решено..

    Имав професорка во средно што ми праќаше плус материјали несебично (од делот на македонската книжевност) бидејќи виде дека тоа ме интересира, а женава беше само на замена некој месец (ја баталија скроз, имаше страшно знаење, ама ете причините ги имам пишано горе). Муабетот ми е - треба и за тоа љубов во професија, да препознаеш, да надоградиш несебично..
     
    На referentka, zuto и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Добро не се 4 понекогаш одат и 5. Ама понекогаш и 3. Зависи, ако имаат два дена по 5, наредните два дена ќе бидат три. И така.

    Викендче дома фул, празник дома, цело лето дома пола зима дома.
    Башка еве, си решија ќе си продолжат со одморче, на 02.09 нема да работат. :sun:
    Основани факти за да добијат покачување (facepalm)
     
    На Feminka22, boomsleng и marchi-cool им се допаѓа ова.
  3. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    Извини, изгледа не знам мајка ми што работи и кај оди од 7.30 сабајле до 15.30.
    А и некогаш покасно, зашто родителот заборавил оти детето на школо го пратил и иде да го земе во 5, до тогаш бил на ручек во кафана.

    Основани факти, мхм да.
     
  4. rusalka

    rusalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Машки
    точно е само дека искусните професори работат скратењно работно време бидејки не им треба подготовка за час , инаку младите професори се спремаат , мораат бидејки не смеат да си дозволат да изгледаат глупо пред децата и да не можат да се сетат на дел од материјалот , а за летниот распуст , си имаат многу обврски и одмараат онолку , колку им следува по закон , во ред , и зимно време ги спојуваат новогодишните со божикните празници , а останатото време од распустот си имаат обврски.
     
  5. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    И да не се редактирам погоре.

    Се сложувам дека и неписмени и со врски и секакви се вработени во образование, дека истото е катастрофално.

    Ама ете не можам да останам имуна на генерализирање и ставање во ист кош на тие што седеле 3 часа што ги зборите погоре, не дека ги нема, и на некој што си работи чесно.
    И заради некој таков како првите да трпи и другиот.

    Дај да лепнам ако не етикета сите во администрација се нишај врата земај плата, ете попис ви воделе кој од работа пишувал, значи никој не работи, нема покачување на плата не ви е заслужена. Ок е?
    А нема врска што ете ти си сработила и купот од колегата и колешката и користиш пуш пауза 15 минути надвор и ладиш мозок на форумов.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    Основица им е 22 000 ден. Имат плус стаж, плус ако се класни раководители, па и ако се во комбинирана паралека. Добар дел зимаат околу 24 - 25 во просек. Никој не зима 20 000 освен оние кои се приправници, ама тоа е една година.
    Никој од образование не зима 20 000, освен приправник, а има полн фонд на часови. Стигаат до 27 000 со стаж, во основно, во средно е повеќе. Тврдам оти директно им ги гледам платите.
    Работат ефективни 4 до 5 часа.

    Со оглед на состојбата кај нас, и претплатени се.
    Најкратко работно време имаат, па 90 % не работат ни на часови. Еве имаме и резултати генерално за цела Мк.

    Нека си ја работат работат како што треба, па нека барат покачување.
    Во лето работеле? Да де, се шетаат по кафиња.
    Секоја чест на исклучоци.
     
    На Doozy, eliesaab, Any05 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Се замишљаат дека се у Швајцарија.
     
    На referentka и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    наставата им трае од 8 до 13 часот. Втора смена од 13 до 17:30 кај децата во основно училиште кај нас. Тоа ме се 8 сати. За во гимназија да,има повеќе часови и подолго се на предавање
     
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    Абе сега будала сум не знам од-до кога и е работно време на мајка ми изгледа. Во заблуда живеам 25 години.
     
    На rusalka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Мајка ти во средно предава или во целодневна?
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Малку лицемерна темава, али океј.

    Сите знаеме веќе подолго време како одат вработувањата на државно. Рипате од среќа што сте улетале на државна цицка, фаќате врски и давате мито децата и блиските да си ги вработите државно, ама после образованието не чинело. Неспособни професори. Нормално. Не образованието, ништо не чини кај нас. Да ти е страв да се разболиш зошто медицинскиот персонал е ужасен, да ти е страв да пуштиш дете во градинка зошто не знаеш што звер може да се погоди воспитувачката влечена со партиска книшка, сто пати треба да се акаш по шалтери зошто службеничката не сака да се замара да си ја заврши работата за која е платена. И се тоа е океј, тоа не ни смета, ама ете професорите не чинат. Е не чинат де, зошто како повеќето што влегле на државно, така влегле и они. Како што можело за вас, вашите мажи, вашите сестри, така може и за нив. Лепење плакати, дремење во штаб, вујко владика, мито. Кога живееме во држава каде за државно вработување се друго е поважно од способност, амбиција и желба за работа, вака ќе си тераме уште долгооо долгоооооо. Последниот нека го изгасне светлото.

    Затоа, пред да плукнете по професорите, плукнете се прво себе си и своите најблиски, како и тој што ве/ ги вработил зошто сите ние сме дел од проблемот. И не, не само вие исклучок од правилото :)
     
    На flower30, Ladyyyy567*, MacenceEna и 13 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    кај мајка ти е тоа што си ги завршува севкупно обврските пред да почне наставата и одкако ќе заврши за разлика од други кои не одат од 7:30 на работа како мајка ти пред да почнат часовите туку доаѓаат на работа после учениците,каснат бетер од нив. И одкако завршат ќе се прошуткаат до канцеларија или ќе пратат некој ученик да го земе дневникот оти тие закасниле се успале се изнаспале па одма влегле во училница или па на завршување ќе им речат на некој ученик да претрча да го однесе дневникот до канцеларија зашто одкако ќе заврши часот или ќе го прекинат 10 мин порано наставникот треба да оди кафе да пие оти глава го болело. Сум била ученик сум се изнагледала глупости од професори, исто имало и посветени наставници и построги ама и батал со кои така сме врвеле време и на час кафиња и вино сме пиеле.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, Mrs. Lovett и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Јас би оставил тие што вредат и би им дал 50% не 25%.
    А тие што лижат од еден во друг штаб на клоци има да ги избркам,затоа што го јадат лебот на другите наставници што вредат.
    Барајте камери во секоја училна па ќе видите што ги учат вашите деца,и дали треба 25%да добијат.
     
    На Doozy, cresa-jagoda, doubleg и 8 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не ме интересираат многу овие теми поврзани со просветните работници, само знам дека кога бев ученичка, некој мораше да ја заслужи петката, додека некој ја носеше без да биде испрашан, оскудни шкрабаници во тестови и писмени оценети со 5, прочитано единствено име и презиме. И сега мене треба да ми биде жал за дискриминаторите, да навивам да добијат повисоки плати, како не. :D А за штрајк, нека штрајкуваат, мене не ми пречи, секој гледа да дојде до повеќе пари.
     
    На SummerGirl, Mrs. Lovett и LiliBoz им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Да не се покачуваат платите пред да се искоренат сите саможивници и стоки од школите. Толку многу лоши наставници толку многу гадови што нашле професија каде ќе можат своите неизлечени комплекси да си ги изразуваат врз послаби од нив, не се дава на секого професија каде може да те уценува само затоа што тоа му носи задоволство. Нека протестираат за да се сменат другите работи во школите, системските работи, за тоа никогаш не биле тука, а за пари кога треба први се.
     
    На cresa-jagoda, doubleg, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Има квалитетни просветни работници за кои што што и 1000 евра плата е потценување на нивниот труд и работа...
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски

    А бе ај не туку ме зезај тука. Баш тоа што се вработиле преку врски треба да се трудат да бидат најдобри што можат пошо да се благодарни што добиле работа што можда и не ја заслужуваат. Тоа што се вработиле преку врски не значи дека треба да се изживљаваат врз децата.
    И не знам од кај ти е заклучокот дека здравството или градинките или другите проблеми не ни сметале. Само оваа тема е за образованието, не ќе збориме за милион работи во една тема.
     
    На zuto и "Zoki" им се допаѓа ова.
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Нека им се покачи платата за младиве просветни работници да можат да си купат електрични тротинети. Што е битен квалитетот кога имаат квалитетна облека и превозно средство? :D
     
    На sjdgo и "Zoki" им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да не е коректна напомената. Си инвестирал пари и години од животот за да имаш високо образование, работиш во држа
    Добро, и? Како да го решиме проблемот сега? Сите сакаме крлежите да ги снема од образовен систем ама свински црева се, ко сè друго во државава. Сметаш дека 22000 плата е сосем доволно да се мотивираат луѓе што треба ја обликуваат иднината на оваа држава?
     
    На Angie1432 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Си се мотивираат они со држење приватно часови.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.