Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1566762859148.jpg
    Прво не знам дали е ова точно за во Германија, нека кажат тие што живеат таму или што се запознаени повеќе за платите таму.
    Ама поентата и те како е добра, се согласувам целосно со кажаното. Вака треба да биде секаде, без исклучок!

    Ама за жал, далеку сме ние од Германија и други земји.

    Нашиот најголем проблем во нашава држава, барем според мене и моите согледувања, е корупцијата. Од тука произлегуваат сите проблеми. Ќе речете зошто. Епа затоа што професорите на Педагошките факултети и на другите факултети од кои произлегува наставен кадар ни се многу корумпирани. Секој кој не заслужува со плаќање добива оценки, а на крај и диплома. Со таа диплома веќе има можност да стане наставник, без да е стручен за таа работа. Нормално со партиски врски и со плаќање таквите без проблем ќе влезат во образование. Но, настанува проблем, произведуваат неписмени генерации ученици. Како после да имаме квалитетни други професии (доктори, инжинери и други профили) кога немаат од кого да стекнат знаење, кога уште од основното образование имаат големи дупки во знаењето, а тоа продолжува и во средно, па и на факултет.

    Најплатени професии и најценети во секоја држава треба да бидат наставниците и докторите. Образованието и здравството се столбовите на секоја држава. Кога тие се климави тогаш државата не ни чини. Како што е случајов со нашава држава.
    Затоа јас сум ЗА наставниците/професорите и докторите да бидат најмногу платени. Ама затоа треба да бидат максимално стручни и посветени во својата работа.

    Јас и претходно кажав и пак ќе кажам ние имаме премногу неквалитетен наставен кадар, ретки се тие што навистина вредат, затоа и сум ПРОТИВ да имаат 25% зголемување на платите.

    Прво нека се направи чистка на тие што не заслужуваат да бидат наставници и професори, па потоа нека им се даде плата достојна за нивната професија.
    Џабе ќе им се зголемува платата на тие што се нестручни, кога парите што ќе им легнат на трансакциска с-ка нема да им дадат поголемо знаење, пак исти ќе си останат нестручни. А образованието и државата нема да ни стане подобро. Само буџетот ќе се оптовари дополнително за плаќање на нестручен наставен кадар од кој не можеш да имаш корист.

    Да вака гледано наставниците имаат 4/5/6 часа во денот, ама имаат обврска дома да се подготват за наредниот ден, да ги испланираат часовите, да напишат дневни подготовки. Тоа одзема време, бидејќи треба да бидат креативни, да смислат како ќе ги организираат часовите, со цел да им го привлечат вниманието на учениците и часовите да бидат ефективни и успешни. Плус освен што треба креативно да ги осмислат часовите, треба да направат и некои нагледни средства со цел на учениците полесно да им ја пренесат одредена лекција.
    Ама тоа го прават тие што навистина учеле и си ја знаат работата и што заслужуваат поголема плата. А знаете ли другите што прават? Земаат од други веќе готови дневни подготовки, го менуваат само името и презимето и цел ден си се слободни. Некои дури немаат време ни тоа да го направат дома, па од сабајле одат кај колешката да и го земат усбето да ги прекопираат дневните подготовки на нивното и тогаш пред часот да прочитаат што треба предаваат. Да не зборувам за креативност или нагледни средства или некоја друга заангажираност. Таквите не заслужуваат ни да бидат вработени, а не да земаат толкави плати, па уште и бараат повеќе. Навистина срамота.

    Во врска со летниот одмор, имаат колективен одмор, ама не три месеци како што некој мисли. Кога не се на колективен одмор, а додека учениците се уште на распуст тие треба да направат годишни, месечни планирања за цела учебна година. Ама тоа не го прави секој сам, туку групно, па така еден ќе работи, другите ќе гледаат и ќе климаат со главите. Или ќе земат да препишат нешто од претходни генерации.

    Друго има секакви типови на ученици. Тешко е да се излезе на крај со сите нив во едно одделение. Потребно е правилно да се воспитаат и да се образоваат тие ученици, нели училиштето е воспитно-образовна институција. А тоа не е ни најмалку лесно. Но, затоа тие што учеле и што стекнале трајно знаење, што добиле заслужена диплома за наставници ќе знаат како треба да се постават кон учениците со цел да се постигнат резултати. Не може кон сите ученици да се има ист пристап, не се сите исти ни когнитивно, ни физички, затоа потребен е индивидуализиран пристап на часовите, кој треба претходно добро да се испланира. А ретко кој наставник така работи. Сите работат по некоја готова шема, прилагодена на просечните ученици. Но, што е со потпросечните и натпросечните ученици? Затоа и нема резултати. Но, за тоа виновник е и лошата наставна програма. Ама наставниците се уште повиновни што молчат и прифаќаат сè што им се наметнува. Ако можат да штрајкуваат кога бараат поголеми плати, тогаш зошто не штрајкуваат против лошите образовни политики?
    Ама како да штрајкуват, кога се неписмени и со купени дипломи, а преку партиски врски вработени.
    А тие ретките што вредат, двајца без тројца, немаат толкава сила да протестираат сами и да се борат против лошите образовни политики кои неписмените политичари им ги наметнуваат со сила.

    Многу работи треба да се променат пред да се зголемат платите.

    Инаку во наши услови платите кои моментално ги земаат, да бидеме реални и не се така лоши. Велат одвај сврзувале крај со крај. А како сврзуваат крај со крај тие што земаат дупло пониски плати?
    И да не заборавиме има многу со завршен факултет што не можат да се вработат поради партиски напиканите и неспособни кадри, а тие со факултет мора да работат во продавници, бутици, кафичи, фабрики, многу пониско платена работа, а се со факултет.
     
    На wendy2, calliope, T.e.d.d.y и 14 други им се допаѓа ова.
  2. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Има, но не можеш ради чесни исклучоци на сите да им дадеш 1000 евра плата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    А како тие се сметаат еднакви со тие што секојдневно спасуваат животи - ако веќе ставаме на вага.
    И патем кога во мк ќе има професори ко у Германија можеби тогаш ќе вреди да се дискутира.
     
    На Mishela, JuLleE, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    За да спасат нечиј живот, мора некој да ги научил, сигурно учени не се родиле.
     
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Нека се наградуваат индивидуално. Тој што успеал да прати неколку ученици на натпревари, кој направил нешто корисно ( нели има проекти за зачувување на животна средина бла бла). А не да ги гледам на инстаграм како сликаат салатите и храната што ја порачуваат на одморите и преку недела и викенди по кафани и дискотеки и да бараат покачувања, а истовремено да искажуваат строгост лупајќи кецови на децата, јер нели строг наставник или професор. Да се натпреваруваат колку деца оставиле на полагање. Срамота. И ств не планирам да враќам на коментари од типот а што тие не се луѓе не смеат да излезат. Невкусно е некој што треба да е пример да го праи тоа, а притоа учениците да ги има на инстаграм. Секоја работа си сноси одговорност. А да и нека поработат малку на речникот затоа што на ништо не им личи. Просветни работници.... Ќе ги праша ученик нешто понапредно од тоа што им е зацртатно да го предадат дента, не знаат да одговорат. Не сум за покачување на плата, 2 месеци се на одмори а земаат плата за ништо, зимо исто и пак малку им е.

    ЕДИТ: Децава од нет можат да научат повеќе отколку од наставник за жал....
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    @Mantub, не можеш да кажуваш како образованието не чини ( а ептен не чини) и многу да си зачуден зошто е тоа така, а притоа да затвораш очи пред уште куп други проблеми кои произлегуваат поради истиот начин на вработување. Зошто не е само до неспособните професори, туку до сите оние кои го поминале истото „интервју за вработување“. Не е фер да јадам бурек на сите страни дека сестрата на клиника што ми ја пукнала вената е неспособна гуска што партиски влегла, ама да затварам очи дека маж ми со лепење плакати станал професор. Смени ги улогите и ете ми ја поентата.

    Има супер професори кои со љубов си ја работат работата и си го сакаат и предметот и учениците. Има професори кои не си ја сакаат работата ама си ја работат максимално професионално. Ама има и професори на кои не смее да им се дозволи работа со деца. И кои ќе се изживуваат врз генерации и генерации на ученици се до пензија. И кое е решението? Истото тоа кое ќе го реши проблемот со сите буџетари на кои не им се работи. Ама прво да се роди јунакот кој ќе се нафати на таа чистка. Верувам дека дотогаш во државава ќе останат само пензионерите.

    И не е нормално да живееме во држава каде уште средношколци почнуваат со лепење плакати со надеж дека после факултет ќе може да влезат некаде државно.
    За да работиш со деца ти треба трпение, љубов и желба. Сите знаеме како одат вработувањата кај нас. Значи, и неродените бебиња веќе знаат. Епа, деца што би биле супер едукатори се пишмануваат да се школуваат во тие насоки зошто се свесни дека без пушење во партија повеќе шанси има да добијат на бинго отколку без врски да се вработат во образование. Не се запишувале студенти на студиите по македонски јазик? Баш се прашувам зошто :)
     
    На Lella, Harper, Ева33 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Нашиот образовен систем е на работ на амбисот, пред колапс. Да не е една од најбитните алки во општеството, се ќе отидеше "низ вода" којзнае од кога, како што пропаднаа милион индустрии во мкд.
    Прво критериуми, после бенефиции, така би требало.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски

    Порано коа бев средно, и кога завршував 4та година гимназија класната ни рече, ајде сега сите направете по една тема што сакате да ја презентирате било каква тема значи било каква никакви насоки не ви давам, се што ве интересира во животов, какви теми имаше тоа беше невероватно. Јас правев за нашево скапано образование, и во мојот истражувачки процес, какви работи сум открила, а бе дечиња во светот плачат кога ида летен распуст, им се оди во школо. Овде сите во ист шаблон, математика ако знаеш препаметен си, а ликовно ако црташ убаво, мање битно. Сите подредени в клупа, оваа збори на табла. Во светот школите за деца до 10 години не се училници. Туку се со креветчиња и играчки. И излегуваат надвор да играат со животни и да пливаат. Оценки немаат пошо сите се талентирани само треба секој да си го најде својот индивидуален пат, а не јас сум одличен, а ти си многу добар. Сеуште не ми се верува дека наставниците ќе се бунеле за повисоки плати. Какви копилиња човече. Значи да зборнеш со некој наставник, ќе ти каже абе ние не сме криви, таков е системот, работиме по програма, врзани ни се рацете. Така е. Ајде да излезите на протест, ако мислите дека таа програма не им влијае позитивно на дечињата. А после плата повисока. Професор/наставник е света професија. Втор родител во буквална смисла на зборот. Еден наставник може парче да те направи, или да те воздигне до небо. Ете толку големо влијание имаат наставниците врз децата. А не нашиве. Педагошки факултет стана пародија. За жал. Така да за се' се слагам со тебе.
     
    На lonely222, cresa-jagoda, doubleg и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски

    Прво, не знам дали ми збориш како да сум машко поради тоа што си ја утнала буквата или мислиш дека сум машко, нема везе :)
    Се е тоа океј што го кажуваш дека не е во ред маж ми да лепи плакати за партија, а ја да се бунам што некој влегол некаде со врски. Ама јас сакам да ти кажам дека за мене е небитно тоа. Ако ти влезиш некаде со врски, ама си ја работиш работата како што треба, јас рака ќе ти пуштам, гајле ми е како си влегла искрено. А тоа дека има професори што си ја мразат работата ама работат беспрекорно тоа мало морген. За да работиш нешто беспрекорно треба љубов. Без љубов кон професијата максимум што можеш да постигнеш е да си просечен
     
    На zuto и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  10. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    А и 50% од вработените во образование редовни се на митинзите. Кога бев средно имаше скандал зошто некое девојче лепело плакати од спротивната партија, а професорот од друга партија. Па тоа едни ја бранат други ја обвинуваат. Каков пример даваат не знам па уште и ги мрзат децата на партиска основа на родителите. Страшно. Зарем не треба други теми да се? А воспитниот дел па секаде е запоставен. СЕКАДЕ. Образованието не е веќе и воспитна установа. За што да им се покачи платата?
     
    На Nausicaa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Од збор до збор, 100% се согласувам со анализата, секоја чест.
     
    На cresa-jagoda и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Да спасуваат животи сигурно не ги учела наставничката по географија или наставникот по музичко, туку професори на медицински кои се всушност лекари.

    И наводниот цитат од Меркел не е точен.
     
    На candy.cane, Cka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    @Mantub, претпоставувам дека си уште многу млада и навистина се надевам дека ќе имаш среќа да се вработиш баш по саканата струка и дека до пензија ќе одиш на работа со лесен чекор и со песна во срцето. Не сите ја имаат таа среќа.

    И не значи дека ако некој професор или учител не си ја сака работата, дека по дифолт ги мрази децата. Напротив, дел ќе ти кажат дека им е смачено од сите бирократски глупости што доаѓаат со професијата, како и со политизирањето на истата. Мизерија е во наставничка канцеларија да слушаш урлање како Груевски краде или како Заев ни ја продава историјата. Не е нормално да слушаш како професорка од една партија ги нарекува колешките од друга партија стоки. Колку и да си имал мерак и желба за таа работа, ќе ти одмили. Ова не важи само за образование.

    Исто, дел од професорите не се запишале на саканите струки зошто сакале баш во образование да работат, туку се гледале на некое друго место ама ете така испаднало, таму да им биде среќата. Читај, врските. Пример, професорката по англиски сакала да работи како преведувач, професорот по физичко сакал да работи како тренер по кошарка, професорката по македонски сакала да работи во некоја книгоиздавачка книга. Итн. И во ред е да не си ја сакаш работата, се додека си ја работиш професионално. Исто, и ова не важи само за образование.
     
    На ForeverYoung, M.B., mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Се е точно и за тоа по канцеларии како се напаѓаат и како ги с'скаат децата против другите наставници и професори (од др. партија). И точно е дека треба професионално да си ја работат работата и дека во таква нестимулативна средина се губи мотивација и желба. Но колку кај нас ја работат професионално работата? Дали има 10% што го разбираат тоа. И тие 10% никогаш нема да бидат наградени затоа што прво ќе бидат саботирани од другите, затоа што ако тој денес работи како што треба, утре и јас ќе треба да работам. Едната професорка која секогаш имаше интересни часови и кај неа никој не бега пред 2 години запиша мастер со цел да си заминела од државава, така да... Имаше и случај каде што учениците потпишуваа петиција и бараа да се врати професорката затоа што сите ја сакаа и со мерак одеа на часови кај неа, не ја вратија никогаш.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски

    Душо те молам не претпоставувај пошо немам дадено јас никави основни информации за да претпоставуваш.
    Јас сум завршила факс и сум работела на почетокот на места кој што не ми биле по струка иако сум барала по струка во меѓувреме, но не сум можела, немало, и додека сум била на тие места сум работела како што треба пошо на никого не му е гајле за мојте внатрешни незадоволства. Особено не ми е гајле кога јас ќе си го пуштам детето на школо и некоја исфрустрирана наставничка ја нервирале бирократските работи па чекај сега на моето дете ќе си го испушти гневот. И тоа е целата поента на муабетов. Ако толку се незадоволни и тоа им пречи да се квалитетни во работата, нека излезат на протест за се што им пречи. Кој да го мењава образованието ако не професорите и наставниците? Ама не, нив убаво им е да бидат во позиција каде ќе можат да си го испуштаат гневот врз послабите, не ме слушаш, ево ти кец и да не набројувам какви се не работи прават пошо ќе се изнервирам самата со себе си. Ај потсетиме кога излегле последно на протест против овие работи? Во последниве милион години, никогаш. Само за платата излагаат. Да им ја покачат платата за ништо нема да излезат на протест, никогаш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Па ни јас учена не се родив.. Ај одам да штрајкувам.
     
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Секако, никој не се родил учен, ама не е исто да студираш четири години филолошки факултет и шест години општа медицина + уште толку години специјализација.

    Без разлика дали станува збор за професор или доктор, трудот и знаењето треба да се вреднува и наградува.

    Ситуацијата во нашата земја со платата на просветните работници воопшто не е толку лоша колку што е ситуацијата во здраството. Фрапантен и потценувачки е односот и условите со кои се соочуваат лекарите. Постојат доктори во земјава што работат за 15 000 денари. Срамота.
     
    На Dream-Girl, LiliBoz и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  18. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Нам ни требаат наставници што си ја сакаат работата, што би ја работеле и"за без пари". Не залутани/неодредени персони со его поголемо од тоа на децата, на кои од сиот трулеж во образованието им смета само просечната плата.
     
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Кога тие ќе го дишат она што јас секој ден го дишам и кога нивниот живот секојдневно ќе е во ризик ставен поради работата која не признава ни бенефициран стаж.. Тогаш ќе се сложам.
     
    На Mrs. Lovett и doubleg им се допаѓа ова.
  20. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Малку офтопик. Поразувачки е да се со плата од 15.000, но јас искрено не ги жалам 80% од докторите. Прво си го надокнадуваат тоа со мито (и те како цвета митото), а и тоа колку врска немаат новиве доктори, една бајачка има повеќе знаење него ли некои доктори, а и работат и приватно и државно и секако така да. Морам да кажам секоја чест на оние ретките кои што заслужуваат минимум 3000е плата и кои имаат вложено се, дури и приватениот живот го имаат посветено. Не треба да се споредува доктор и наставник. Не треба да се споредуваат професии, секоја си има своја тежина.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.