Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.214
    Пол:
    Женски
    Образованието ќе се смени кога ќе почнат да ги слушаат децата. Во Финска гласот на малото дете од 5 години се смета за еднакво важен со гласот на директорот на школото. Пред да се купи нов стол сите седнуваат и разговараат каква боја да е столот. Децата не лажат, има наставници што се обожавани од децата и спротивно на мислењето на многумина, децата не бегаат од часови кај овие наставници, баш напротив. А има и такви кои сите деца ги мразат, и тоа треба да се земе во предвид при покачување на платите. Па ќе видам тогаш дали ќе се понашаат исто кога они ќе земаат 18 000 плата а колегата 40 000.
     
    На Lella, candy.cane, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Па во денешно време кога за да ми извините да мокриш треба да платиш не постои човек кој си ја сака работата да ја работи и без пари, да не се лажеме со тоа веќе. Али не да бидат клати врата зимај плата и да истураат фрустрации врз деца.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Значи ни професори, ни доктори не чинат и нема потреба на никој да му се покачи воопшто плата. После се чудиме зошто сите се иселија или зошто лани само 5 студенти аплицирале да студираат македонски јазик, па нормално, ќе си речат зошто да учиме факултет, а да работиме за 20тина илјади. :)
    Во иднина ни кадар нема да имаме да не образува, ни да не лекува, ни ништо, ако останат општо платите вака, без разлика за која професија станува збор.
     
    На Moon.Girl, Lella, candy.cane и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не ги жалиш затоа што не си била ни блиску со тоа што го проживуваат тие. Секако дека не се сите најдобри, секако дека и тука постојат поединци кои со помош на мама и тато успеале да дојдат до дипломата, ама за многу голем процент зборуваш. Всушност 80% од лекарите се иселени веќе од Македонија, остануваат 20% кои се трудат да променат нешто со натприродни сили поради недостаток на кадар.

    Никако не треба да се споредуваат професиите, секоја си има своја тежина, а платата треба да корелира со тежината на истата и постигнатиот резултат на поединецот.
     
    На candy.cane и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    20.073
    @Mantub, не те разбирам која ти е поентата. Имаш некој близок вработен државно? Честито, и ти си дел од проблемот. Сите сме, сите до еден.

    И мене ми е страв утре ако имам дете, како ќе си помине во школо. Зошто и јас имав хорор професори, увезени уште од Југославија. Замисли, една лудача на замена дури и не шамараше. Ама зошто била жена на многу јака фаца, никој ништо не и можеше.

    Исто, страв ми е што ќе се случува кога тоа дете ќе го носам на лекар, зошто на Клиника веќе трета генерација на доктори работат. Прво дедото, па синот и снаата, а сега внукот и сопругата. Дали се примени зошто биле најдобри од својата генерација или нешто друго било пресудно, еве ти кажи ми.

    Проблемот кај нас е систематски. И премногу тешок за брзо да се реши.

    А ако мислиш дека ти си го нашла решението, еве пиши го. Зошто живееме во ептен тешко време и секој си гледа само за себе. И верувај, утре, и ти ќе си молчиш. Зошто може ќе имаш семејство кое ќе зависи од тебе и од твојата плата и ќе бидеш екстремно среќна што си влегла државно каде барем платата не касни и каде сите бенефиции кои ти ги овозможува државата се испочитувани. Каде нема да се плашиш дека ако останеш бремена, работодавецот ќе ти даде отказ. Затоа, никој не е будала да оди да се бори во ветерници.



    @doubleg, ако си толку фраер, води со пример. Ајде, работи ти за без пари. Побарај го тоа од твоите родители. Твојата сопруга, твоите деца. Извини, ама треба сметки да се платат и храна да се стави на маса. Такви „филозофии“ за работење од љубов , те молам батали.
     
    На Lella, candy.cane, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.214
    Пол:
    Женски
    И да не си се лажете сите што викате дека се понашале идиотски наставниците затоа што платите мали им биле. Тој што е идиот, е идиот. Плата нема да го смени. Децата не му ја одредуваат платата за тој да се понаша идиотски со децата. Кога прифаќаш да работиш со толкава плата, работи си коректно. Ти во меѓувреме протестирај. А ако не прифаќаш, вратата и магла. А не, платата ми е ниска, ќе седам на работа и фрустрациите ќе им ги покажувам на децата. А најтрагични ми се луѓево што објавуваат по фејсбук као порано кога ќе добиеше кец јадиш ќотег, сега ако добиеш кец наставникот јади ќотег, метафорично, демек децата станале многу разгалени. Прво банално е да навлегувам во дискусија со луѓето што ги постираат овие слики, дискусија во смисла дека уопште не треба да има оценки за мали деца, али ај. Второ не станале децата разгалени туку родителите стануваат се посвесни. Порано наставниците имале право да ги тепаат децата на школо. Јас лично имам слушнато од професор да кажи дека ќотегот треба да се врати во школите. Е таквиот ќе излезе на протест за плата. А вие жалете ги. Ќе ги жалите се дур немате деца. Ко ќе пуштите свое дете во школо и кога ќе ја осетите неправдата лично, тогаш ќе ве прашам дали ќе ги жалите
     
    Последна измена: 26 август 2019
    На ForeverYoung, cresa-jagoda и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Како знаеш дека не сум била ни блиску? Иако сум била блиску до докторите и сум соработувала со дел од нив и затоа тврдам дека за некои и 3000е е мала плата, а ти си била блиску коа некој има тешка состојба, а нив ги интересира само нивниот себиџен г*з и бараат мито на сета мака и трошок? Пациентот не е крив што министерството и државата толку ги цени. Исто како што ни учениците не се виновни зошто наставниците се толку ценети или незадоволни.
    А со последнава реченица се согласувам, посебно со постигнатиот резултат на поединецот не колективно. Ств мука ми е веќе кога споредуваат професии меѓу себе кои на никој начин не се поврзани.

    ЕДИТ: тие што се трудат нешто да променат сигурно се студенти или тазе дипломирани и сеуште имаат мотивација и мислат дека можат да сменат нешто додека не влезат у системот и системот не ги изеде и единствен начин е надвор од тука.
     
    Последна измена: 26 август 2019
    На candy.cane и Nausicaa им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.214
    Пол:
    Женски

    Да, очигледно е дека не ме разбираш. Еднаш ти потенцирав да не претпоставуваш за мене, ама продолжуваш, очигледно е дека не разбираш.
    Поентата пак ќе ти ја објаснам.
    И јас сум за да се вработуваме сите по квалитет.
    Доколку влегол некој со врски некаде, ама си ја работи работата како што треба, не ми е гајле дали е со врски или не. Ако не си ја работи работата како што треба, исто така не ми е гајле дали има врски или не. Треба да си оди. Искрено да очекуваме дека нема да има вработувања со врски во нашава држава е малку нереално. Затоа и не ми е гајле. Ако имаш врски влези на работа. Ама да го оправдаш тоа што во животов ти била дадена шанса за работа која си ја добил нечесно. А не научени сме ''проблемот е кај нас системски'' и тргни се од одговорноста. Сите можеме да направиме по нешто.
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    20.073
    @Mantub, и еве кажи ми, освен што ќе пишуваш на форум, што ќе превеземеш ти лично?

    И треба ептен многу да ти бидат проблем вработувањата со врски, зошто тоа е коренот на проблемот.

    Како може да не ти е галје што критериум за вработување е книшка или мито, а во исто време да се жалиш дека неспособниот кадар влезен со врски не чинел? Епа, или ќе правиме како што треба или ќе си тераме вака по старо.
     
  10. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Точно дека тоа е корен на проблемот. Пример зошто мене или моето дете би требало да го интересира наставникот која партија е или него да го интересира јас дали сум или во која сум. Нека си ја работи работата за која што е таму. А критериумите сега се познати на сите, ако не ви се познати пробајте да аплицирате во образование. Јасно се кажува дека е потребна партиска. Прашајте било кој, да не се правиме сега на триипол или дека сме од вчера па не знаеме како се влегува. И некој што навистина многу вложил ќе седи дома, додека со празни сивиња влагаат на работа и после демек тие ќе се докажат? Се докажуваат на митинзи, не во училници. И пак ќе нагласам дека има навистина исклучоци, но нив ги јаде системот и најлошо поминуваат. Башка и онака се пак се бели мечки со одмори речиси 3 месеци во годината.
     
    На jasbi и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не друг е муабетот, дека треба секој по заслуга, кажи ми ти дали би ти било сеедно кога ќе се вработиш колешката твоја која има завршено на универзитетот Кочо Рацин, да зема исто покачена плата како тебе? Ти си вложила многу повеќе, си учела многу повеќе, имаш многу повеќе знаење, работиш многу повеќе, а таа се шлепа на твој грб затоа што и таа е мед. лице или на темава наставник? Или ти имаш искуство од 10 години таа од 1 месец и таа се шета низ ходници и зема мито за нешто што и е должност да го работи или работи приватно па си ги препраќа пациентите таму, а ти глава не можеш да кренеш од пациенти или додека е трета смена ти ги пушта кај тебе следниот ден, а се водат кај нив? Во случајов таа ги пушта од часови да си одат а ти се прекршуваш нешто да научат? Во ред ли е? Или да се улизуваат на богатите родители за да добиваат поклони, а детето што се убива од учење да го малтретира зошто неговите родители не носат парфеми од 50, 100е?
     
    На candy.cane, jasbi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.214
    Пол:
    Женски
    Јас не се жалам дека неспособниот кадар влезен со врски не чини пошо е со врски. Ако некој не е способен што се однесува до мене нема ни да го прашам дали си со врски или не пошо не ме занима. Или си океј и ја задржуваш работата или не си океј и не ја задржуваш, а како си влегол не ми е гајле. Има многу вработени со врски што се одлични во својата работа. Реков, најидеално е уште од старт да влегуваме сите по квалитет. Но тоа е нереално очекување за нашава средина. Јас длабоко верувам пошо сум видела - не значи дека некој нема квалитет на работа доколку влегол со врски. Мене многу ме нервира муабетот дека наставниците биле многу потценети, а кога ќе прашаш на кој начин сте потценети, викаат па мала плата. А никогаш не излегле на протест за да се изменат работите во образованието што им наштетуваат на дечињата. Кога тие се оштетени од мала плата, протестираат. Кога дечињата се оштетени, тоа е системски проблем ние ништо не можиме тука. Да не треба дечињата од 8 години да излагаат на протест? Наставниците зборуваат во име на децата. Али со прст не мрднуваат. Затоа што ти кажав, им одговара да се во супериорна позиција кај што можат да си испуштаат нервоза врз послаби, а во исто време да ми продаваат филм колку света професија имале и колку требало да бидат платени.
    А ние што можиме да направиме освен по форуми? За почеток да не го правиш детето да се осеќа вредно во зависност од тоа дали прочитало некоја досадна лектира или не. Да одиш на родителски и да ги отвараш овие теми пред родителите. Да го поддржуваш детето кога сака да се спротистави на системот. И како родители, да не ги пуштаме децата на час кај некој професор ако знаеме дека е идиот. На сите не можат да не казнат. И многу други работи, многу други, само за тој што ја сака правдата секогаш има што да се прави
     
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Ама за да стигнеш до Медицински факултет треба да бидеш одличен ученик и да имаш стекнато квалитетно знаење почнувајќи уште во основно, па во средно.
    Да не беше важно основното и средното образование сите директно ќе се запишувавме на факултет.
    А факт е дека без квалитетно образование ќе немаме квалитетно здравство. Почнувајќи од основно, средно, па во конкретниов случај бидејќи збориме за здравство и доктори, значи на крај и Медицински факултет мора да имаме стручни и добро платени наставници и професори, бидејќи сите три нивоа на образование (основно, средно и високо) се една нераскинлива алка. Мора ученикот да има стекнато добра подлога, за да може да се надоградува во животот. Ако наставниците потфрлат во основно и во средно, како да очекуваме да има добри и успешни студенти?
    И многу нормално дека професорите на факултет треба да имаат повисоки плати од наставниците во основно и средно училиште. Сепак крајниот резултат колку успешни ќе бидат студентите во својата работа зависи токму од професорите на факултет, колку успеале да им го надоградат претходно стекнатото знаење.
     
    На mareane, Peperutce1115, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.214
    Пол:
    Женски
    Nausicaa најдобронамерно, знаев дека имаш некој близок во образование кога поддржуваш работи кои се очигледно погрешни. Мислењата ти се субјективни поради тоа што мајка ти е професорка.
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    20.073
    @Mantub, абе и твоето може да се протолкува како субјективно, со инсистирањето дека не е толку страшно да си влезен со врски. Може и ти си, па сега си се оправдуваш на таков начин :)
     
    На VoodooGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.214
    Пол:
    Женски
    Кога ќе почнат во приватни фирми да примаат со врски и да простуваат грешки ко што простуваат на државно, може ќе сум, а засега не сум, така да мислењето не ми е субјективно, најмногу затоа што не е мое мислење туку факти. Се' што сум напишала се само собрани информации за тоа како функционираат образовните системи во светот, со долгогодишни анализи што е добро, а што не
     
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    20.073
    @Mantub :)

    Ајде вака да направиме. Препрочитај ми ги уште еднаш мислењата од оваа тема. Ќе видиш дека ниту сум субјективна, ниту бранам, ниту пак се залагам за покачување. Многу добро знам со какви „едукатори“ си имав работа и во основно и во средно. Злобни, искомплексирани и полни со горчина. Ама во исто време сум скептик дека набргу нешто ќе се смени, зошто проблемот е едноставно предлабок.

    Додека бевме средно, редовно си ја пеевме Another Brick in the wall. Мислевме дека многу сме паметни и бунтовни. И завршивме факс и дојде време за вработување, па замисли ни го изненадувањето кога дел од тие кул и закон деца и самите свесно станаа дел од таа машина. Денес, друга генерација на деца ја пее истата таа песна.
     
    На Mrs. Lovett и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    За поголемиот дел си во право и со факти точно, посебно за образовниот систем во други земји што навистина е така и можат децата додека трчаат или одат на стаза да читаат или кога ќе почувствуваат дека веќе немаат концентрација имаат справи за вежбање, ќе повежбаат па повторно ќе седнат на стол и ќе пишуваат. Тука кај нас кога се обидуваш стручно да им објасниш зошто децата од 3 години не можеш да ги држиш на стол 45 мин или саат, за да учеле јазици и не знам што, те гледаат ко телиња у шарена врата. Мислам дека вниманието кај 5 годишни деца беше проценето со 15 минути. Не е работата во врските, работата е што и кога се има врски не се селектира, битно е само да се пикне некој од таа партија, а не колку тој кадар е подготвен. А на крајот од денот па што ми е мене гајле кој од која партија е за да ми го набива тоа на нос или на некое дете и да се понаша како ендемски вид заштитен со закон. За тоа ли плата зимаа, а децата да ги држат како робови врзани за стол? Затоа се поставува прашањето за врските и колку тие се битни.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.027
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Кога не постои договор со надлежните постои форма штрајк која претставува организирано прекинување на работата поради незадоволство од нешто и против нешто и никаде не е временски одредено одржувањето за никој, па ни за наставниците. Годишниот одмор не трае 1,5 м. (по решение и законска рамка за стаж) и никаде не пишува дека треба да се користи за штрајк, а преговорите траат подолго време.
    Условувањето не е непознат начин за постигнување на барањата во нашава држава или е дискутабилен само за одредена категорија граѓани.
    Да не глумиме каде живееме:drunk:
     
    На sierra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Океј, се согласувам дека универзитетските професори треба да имаат повисока плата од наставниците/професорите во основно и средно образование. Сепак за да стигнеш до таму дипломираш, магистрираш, докторираш. Почнуваш како помлад асистент, па асистент, доцент, вонреден па тек тогаш редовен професор.

    Ама целта на мојот пост беше дека ситуацијата со платите на наставниците/професорите од основно и средно образование, токму тие што бараат покачување не е ни приближно толку потценувачка и деградирачка како што е ситуацијата со лекарите во Македонија. Жално е некој што вложил години макотрпно учење да зема плата од 15000 денари.

    Зборуваш од аспект на пациент и лошо е да генерализираш и 80% да ги ставаш во ист кош. Ако ти се погодиле двајца такви, не значи дека сите се такви, професори или доктори небитно. Секако дека постојат исклучоци, позитивни или негативни, а резултатот кој што го постигнале, треба соодветно да се наградува или санкционира.
     
    Последна измена: 26 август 2019
    На Amellie13 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.