Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.853
    Пол:
    Женски
    Во училиштата и градинките имаше одличен кадар,но ОТКАКО ВЛЕЗЕ ПОЛИТИКАТА ВО ОВРАЗОВНИОТ КАДАР све отиде јабана.А да не ги заборавам СЛАТКИТЕ ТЕНДЕРЧИЊА.Дно дна сме.Сепак поддржувам раст на платите во секој сектор,како и надоградба и проширување на знаењата на персоналот и подобрување на условите за работа.Да напоменам и дека учениците треба малку да се превоспитаат затоа што немаат почит нит КОН РОДИТЕЛИТЕ,НИТ НАСТАВНИЦИТЕ,НИТ ПОСТАРИТЕ ЛИЦА-КОН НИКОГО.Да не се заборави и НАСИЛСТВОТО МЕЃУ МЛАДИТЕ.Се надевам на подобри времиња,ако е возможно во нашава ајдук држава.
     
    На Mrs. Lovett, Feminka22, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Платата на просветителите е на најниска гранка, во областа на факултетски образованите и тоа е факт.
    Интересно како секогаш кога се збори за просветата, секогаш ви текнува за некој лош пример од професор, каков што сме имале сите и има сегде во светот, медиокретски се спомнува обавезно годишниот одмор и празниците и слично. Трули вишњи има секаде, едноставно ниту една професија не е имуна на паразитски цицачи кои за жал за повеќето ја прават големата слика. Не е праведно заради ваквите, да испаштаат и да бидат казнувани луѓето кои дишат за истата професија и кои училишниот простор го сметаат за светост.

    Ја поддржувам идејата за повисоки плати во било кој сектор од државава, бидејќи едино сметам дека политичарите се претплатени. Се останато е подценето.
     
    На candy.cane, ines.h, VoodooGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Професорите гледаат да исполнат фонд на часови, некои доаѓаат во 7 со спремно кафе од хигиеничарки, ќе влезат на час каде што 25 минути кажуваат рецепти за благо а останатите бараат кандидат да им купи лекарства и појадок од блиската пекара.
    Колку професори цели 45 минути зборувале за политика, имаше пример каде професор кажуваше колку била платата на директорката, правеше и табели со месечни примања..
    Класен си кажуваше отворено, што има да се замарам, платата на 15ти секако ќе дојде.

    И по која основа заслужува покачување на плата? Си ја траскаат вилицата 7 часа за нешто што е надвор од материјалот за предавање.
     
    На Feminka22, cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.808
    Допаѓања:
    97.250
    Пол:
    Женски
    Повисока плата бараат само тие што се во образование и тие што имаат блиски во образование пошо они ќе ги трошат платите нели. Сите други, буквално сите, се реални дека не треба да им се покачуваат платите.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.634
    Допаѓања:
    174.890
    Пол:
    Женски
    Мајка ми работи во конфркција. Моделар е , т.е шие мустри на машина. Зема 25.000 плата.
    Има завршено само основно образование.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.756
    Допаѓања:
    129.193
    Пол:
    Женски
    Не им се ептен мали платите,па да бараат покачување.Со оглед на тоа што многумина се примени со партиски врски или пак лоши кон учениците,не ни заслужуваат покачување.
     
    На Feminka22, cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Наставник е една благородна професија за која се раѓаш, милиони да фрлиш не можеш да бидеш наставник (можеш да изучиш за наставник, но учениците никогаш нема да те препознаат како таков ако ти таков не си се родил). За да бидеш наставник, треба да научиш кое е значењето и вредноста на науката, да се соочиш со сериозноста на културата, да се надоградуваш, да бидеш општествен пример за почит, секојдневно да читаш, секогаш да помислиш на туѓите деца кога помислуваш на своите... и уште ред други работи кои им ги посакуваш на своите деца, а им ги подаруваш на туѓите.

    Да бидеш културен, толерантен, стабилен херој пред родителите и секогаш да ги застапуваш нивните се повеќе нереални барања. Да слушаш додека ти кажуваат дека нивното дете многу учи, а впрочем само ти знаеш дека нивното дете не знае да изговори ниту добар ден-домашна култура пред се. . Сето тоа да го балансираш, за на крај дома да им го пуштиш воспитан, со подигната самодоверба и да им докажеш дека освен мајката која најчесто не е дома постои и наставник кој ги сака.

    И за ,,среќа'' на наставниците овие профили се чести, но има и полоши, доаѓаат на училиште спијат, јадат, носат слушалки во ушите, телефони, видео игри и на секоја забелешка коментираат дека нив дома ни мајка им не им забележувала што се такви, а не ние.

    Затоа ова пустошење на ученичката свест која почнува од дома, а се провлекува во училиштата е една од најтешките казни што наставникот треба да ја истрпи, па дури на сето тоа да бара начини, методи, филтри, саможртвување за да го изнесе ученикот на прав пат. Што се оденсува пак на распустите и одморите за кои дискутирате дека ги користат, и така без срам седат дома пак ќе ве побијам.

    Наставникот на работа е секој работен ден, освен во време кога му трае годишниот одмор. Наставникот работи 5-6 ефективни часа во училница, но за да се појави пред учениците му треба реална подготовка од најмалку 2 часа.
    Убаво знаете дека за да отидете до продавница треба да знаете што сакате, како да побарате и што да добиете. Епа во продавница механички купувате леб со претходна подготовка, а за наставникот да допре до ученичкиот ум му треба многу поголема подготовка, интелектуална, психолошка, емотивна, професионална.
    Само така ќе може да биде реален лик за секој ученик, прифатлив и остварен.
    Освен ваков тип на подготовка наставникот поминува 1 час во техничка подготовка за наставниот час, изготвува глобални, тематски, дневни планирања за секоја наставна единица.
    Значи напросто наставникот не застанува така како спомен-биста пред вашите деца туку напротив наставникот остава се дома и доаѓа пред вашите деца да биде сосема комплетна и безгрижна личност за да може да ги просветли.

    Заклучокот е дека наставникот работи 8 до 9 часа дневно со максимална интелектуална преокупација.
    Да не зборуваме за редот и мирот за кои наставникот се почесто има улога на полицаец бидејќи во училиште повеќе одат недисциплинирани деца, отколку прави ученици.
    Стресот на наставникот денес е стрес кој го нема во ниту една друга професија и реално тој не може да биде платен ниту со милионска сума, а не со 22.000 денари. Да не заборавиме на фактот дека наставниците за своето студирање и надоградување, обезбедување на нагледни средства трошат и по две плати на годишно ниво па напросто речено си остануваат и гладни во тие месеци.

    Затоа време е и вие да размислите што се ние им пружаме на вашите деца, колку љубов, внимание и наука за кои вие воопшто во овој бурен свет не сте ни дома. А, кога ќе размислите сигурно ќе сфатите дека наставниот работен час во просек чини 100 ден. а мајсторот од кој не зависи ничиј живот и свест ви наплаќа 350 ден. од час.
     
    На Feminka22, sierra, mareane и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Изумив да додадам:


    Подготовката трае многу повеќе од 1-2 часа,особено за предмети кои не се само лекции од учебник. Подготовка и прегледување на писмени трае многу подолго.Тестови исто. И читање со часови. Не може да се измери времето.
    Следиш напредок на науката, и се си купуваш сам. Едно пенкало не добил нити еден наставник, ни хартија иако троши со тони.

    А кога од тие 22 000 ден. плата треба да платите патни трошоци кои достигнуваат и до 3000 ден.месечно,
     
    На Antolinaa, sierra, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.808
    Допаѓања:
    97.250
    Пол:
    Женски

    Гладни останувале, хахах толку слатко ме изнасмеа. Како ги прикажа ко светци. 95 посто од наставниците се злоба и нетпреливост. Воопшто не работат толку колку што си напишала. Имаат повеќе слободно време од било која друга професија
     
    На Primadonna и nextredstyle им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.158
    Допаѓања:
    27.264
    Да,затоа од секој осми март,разделби,родендени добиваат поклони од учениците.
     
    На Feminka22, Primadonna и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Ти наставник ли си? Е токму за вакви профили како тебе зборував. Со кое право бараш покачување? Без срам! А ги исплука и омаловажи децата на кои треба да им бидеш посветена, пример и водилка низ животот. Ништо чудно што образованиево ни е вакво :^) Направи многу добар осврт на наставничкиот профил... само не во нивна корист.

    Сите вие кои се расфрлате со 20%, 30%, 50% покачувања не ќе да е лошо да размислите од каде би дошле тие финансии. Не сме Норвешка!
     
    На doubleg, zuto, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.756
    Допаѓања:
    129.193
    Пол:
    Женски
    Де,де,ако е за пенкало,има пенкала и за 7 денари и за 10 денари. ;)Има пари наставникот за тоа.
    Има наставници кои возат убави коли.
    Не се сиромашни.
    Имав професор во средно кој со 20 илјади плата и сметки и храна и бензин за колата и брендирана облека си купуваше.Со штедење се живее пристојно. :)
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.808
    Допаѓања:
    97.250
    Пол:
    Женски
    Ама они сакаат деца без никакви проблеми, да седат како статуи на клупа, воспитани, сите исти, сите во ист калап, сето она што во државите со одлични образовни системи се трудат да го исфрлат, они тоа го сакаат затоа што другата алтернатива е всушност да се грижат за децата. Ама кој ќе џаболебари цел ден. А ако има за плата некаква шанса за покачување каков филм ќе ти направат дека работат пресвета професија, и какви светци се, да заплачеш од тага, гладни останувале
     
    На WildMk и An-na им се допаѓа ова.
  14. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Не навлегувам повеќе во дискусии околу оваа тема, зошто читам дека дел од коментарите се од ученици ( средношколци) и не би влагала во дуел, само сакам да ве прашам:

    Дали бевте вака "пристрасни" кога минатата година судиите си ги зголемија (сами, ќутечката, без никој да разбере, и кога се дозна, вешто се заташка сето тоа) платите, и земаат над 70 000 плата? Плус дневници, плус кога одат на увид, дежурства?. ..

    Да не зборам за нивната корумпираност и подмитливост.


    "Никогаш не моли, не објаснувај и не се правдај никому! Тој што не го поминал твоето - никогаш нема да те сфати."
     
    На Дискретниот, sierra, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    И да не заборавиме користење на разни услуги од родителите во зависност од професијата, на Петко татко му ќе му ја попраи колата, на Петкана татко и ќе му искречи, трет водоводџиски услуги ќе му заврши, четврт ќе му заврши работа во рандом институција...за гагање само џандарите се бетер од нив.
     
    На WildMk, Mantub и nextredstyle им се допаѓа ова.
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Учениците се тие кои ја прикажуваат реалната слика за училиштето и вработениот кадар таму.
    Кога доаѓа инспекција во основно или средно училиште веднаш професорите зборуваат со мил глас, посветени се на сите деца, училиштето блеска, мириса на сапун и средства.
    Зошто само тогаш е така?
    Бидете реални, сите сме биле ученици.
     
    На cresa-jagoda, zuto, Dream-Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    20.073
    Класниот треба да има телефон на кој родителите и децата може да го добијат и од кој тој ќе се јавува да го информира родителот дека детето почнало да изостанува, дека станало немирно и дека професорите се жалат, итн. Професорите треба да имаат дома интернет за да водат е-дневник. Тоа се, да, трошоци ама денеска секој има мобилен и секој дома има интернет.
    Од свој џеб даваат за копирање на тестови и за принтање на наставните планови. Тоа годишно дали доаѓа до 500 денари. Нека им ги зголемат платите за 50 денари, не се бунам.

    Се спомнаа подароците за 8 март. Ако учителка, професорка или воспитувачка ви побара подарок, веднаш пријавете ја за барање мито. А кривецот за дебилниот тренд што родителите сега се надметнуваат меѓу себе кој ќе купи поскап подарок, барајте си го во нашиот тиња менталитет. Ние кога бевме деца, собиравме по 5 денари за на класната да и купиме букет од пазар. Минатата година, воспитувачки од (државна) градинка добија Пандора алки од родителите на нивната група. Не сакам ни да помислам како им било на посиромашните родители. Мајка на другарка, учителка во основно, доби сваровски привезок од одделението. Јас да сум, би ги забранила подароците во целост. И секако, да ги спомнеме оние родители кои плус носат дополнителен подарок. Мала пажња. Да, да. А која е позадината? Да си обезбеди преференцијален третман кон детето. Тој што има помалку ќе однесе Нивеа комплет, тој што има повеќе Версаче парфем. И за ова не ви се криви професорите.
     
    На WildMk, Дискретниот, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.158
    Допаѓања:
    27.264
    ^Не се криви,да.Ама зошто во постот е наведено дека никој не им дал барем пенкалце или хартија.
    Ние во основно,секогаш на почетокот на годината дававме по 100 денари за фотокопирања.
    Им треба можеби повисока плата,но и подобрувања во системот.Учењето треба да е забавно и да се памети долго наученото.
    А,тестови се даваат од денес за утре и мора да се учи сувопарно.
    Јас имав професори што на час дојдат дадат пет прашања и излезат.За тие велам дека не треба да има покачувања.А,пола прфесори што мене ми предаваа беа слични со предавањата.
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    20.073
    Кај нас беше слично, само не на почеток на година, туку недела дена пред тестот- ајдеееее, собирајте по 2 денари за копирање. Денеска, барем кај мајка ми, на дете не смее денар да му се земе, за ништо. Единствено осигурувањето се плаќа, но тоа не е задолжително, родителот може да дојде и да потпише дека превзема одговорност. Е сега, колку што знам, децата од оние смерови каде има пракса, тие мора да бидат осигурани, зошто се може да се случи реално.

    Ние кога бевме основно, обавезно се одеше и во театар, и во кино, и на балет, и во зоолошка. Не знам како е денеска во основните, ама во средните тоа е укинато и строго забрането.

    едит.
    Може во некои училишта, самото училиште го покрива трошокот за копирање на тестовите. Како и да е, на децата не смее денар да им се земе.
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.340
    Допаѓања:
    90.071
    Пол:
    Женски
    Бубче ама дали е тоа основна плата или исполнети норми,бонуси за прекувремена работа ?
    Обично се пријавени на 12.507 ден.па се зголемува со бонуси зависно од постигнатото.И во другите фабрики е така.
    Ама и не треба да споредуваме,наставничка работа со ефективни 4 часа дневно не се споредува со фабрика.
     
    На cresa-jagoda и ForeverYoung им се допаѓа ова.