Како тоа може да биде проблем за пад на наталитетот? Зарем не треба тоа да го имаат жените? Па еве како една жена ќе одржи една фамилија, ако истата не работи, ако го нема сето тоа? Но времето не можа да се врати наназад.Сега е каде,каде подобро за разлика што било некогаш.Во право е Трендафилка, се согласувам со неа.
Зошто богатите имаат едвај едно дете?Првата жена на Македонија има едно дете,Љиљана Поповска има едно дете како и еден куп пратенички.Првата жена на филхармонија нема деца и да не набројувам уште еден куп такви.Кај мене на работа има добар дел на девојки над 30 години сто зимаат плати по 25 илјади и истите или немаат ниедно или само едно дете.Познавам случај каде што брачен пар кој е на моја возраст и двајцата имаат заедно приходи околу 100000 денари и не се решаваат за деца.Зар за вакви случаеви што набројав жените немаат права и материјални средства за чуваат 2 деца?
И не тропај глупости, прво информирај се на Поповска и е посвоено детето, зашто со години неможеше да има. Извинете за офф топик, ама ги меша работите многу, и плус фаќаш за прични на одредени поединци што си немаат везе со проблемот. Премногу генерализираш. И плус има брачни парови кој не можат да имаат дете, не си помилил некогаш дека тоа е причината? Па после толку радијација, бомбардирања, згадувања, не сваќате дека тоа влије врз плодноста негативно врз луѓето? Еве ви причина уште поголема од таа за невработеноста, и мошно честа кај нас. Јас имам у фамилија 3 такви случаи, и се лечат и ништ, за жал.
Оди ти посети неколку просечни, не потпросечни, туку баш просечни македонски семејства, па после продавај демагогии. Александар Поповски Личо кој денес во 12:30 имаше промоција на книга поезија бидејки славеше јубилеј 80 години возраст и 65 години творење денес во друштвото на писатели ми е кукен пријател.Човекот по струка е професор и негова специјалност е оваа тема за која сега правиме муабет.Кога се зборува јавно на дебати на телевизија за дружењето,љубовта и сексот помеѓу младите обавезно него го викаат како гостин.Во еден куп разговори со него тој главниот проблем го насочува во лошото воспитување од страна на родителите затоа што се почнува од дома а не од улица.
Сигурно е дека богатите имаат едвај едно дете? Изгледа не.Бидејки има богати кои имаат деца, не значи дека треба да се познати личности.Впрочем и не се знае причината зошто некои немаат деца, затоа и не треба да се тврди дека поради тоа што жената го има сето тоа што го кажа, нема деца, а со тоа и истото да се претставува како проблем поради пад на наталитет.
Најмногу ги посочувам оние семејства кои финансиски се мокни а немаат повеке од 3 деца за да го покриваат недостатокот на оние семејства што не можат да имаат ниедно затоа што на таков начин би се постигнал некаков баланс.
си имам 2 живи и здрави дечиња сакам 3 то имам и приходи за да гледам 3деца али имам здраствен проблем неможам да ги доносувам децата за да ги имам овие 2 имав и предвремен порагај и спонтани еве ја мојата причина што немам 3то дете
Почни соларна јога па здравје боже кога ќе ја завршиш до крај оди на преглед да видиш дали ќе имаш некакви промени.Ништо не те кошта но пробај си ја среќата затоа што само можеш да добиеш.
Ги поддржувам и оние кои го помагаат наталитетот, а не ги обвинувам , и ги разбирам и оние кои не се решаваат на тој чекор сеуште. Точно е дека се поместени границите за влегување во брак и основање семејство, и заради тоа се осеќа намалената стапка на наталитетот. Порано ако бил поголем процентот на млади од 20 до 30 кои веќе имале основано свои семејства и дечиња, и тие бебиња го поминувале бројот на починати или биле тука негде, сега за неколку генерации е поместено тоа. Денес на таа возраст младите сеуште се спремаат за животот кој е далеку покомплициран. Не би рекла дека голем дел од тие млади се себични, можеби имаат поголеми желби и апетити за животот , и сакаат да бидат во можност да му пружат на своето дете повеќе, па се трудат прво да обезбедат услови. Тоа е сепак во ред, бидејки тие се тие од кои детето ќе чека и бара во животот се што ќе му треба. Да се има дете е голема одговорност. Има многу млади кои токму заради условите во кои моментално се наоѓаат не се осмелуваат на овој чекор сеуште, и затоа ја поддржувам секоја кампања, и сметам дека секогаш може повеќе да се направи да се охрабрат, поттикнат паровите на тој чекор. Секако, голем е бројот денес и на оние кои тешко можат да добијат дете. А има врска и тоа што порано, (ако вадиме примери од нашите баби и дедовци) мажите за да имаат редовен секс порано влегувале во брак, што денес не е неопходно. Сега, кога многу работи се напреднати , не може да се фатиме за нешто и да речеме, е ова ми одговара како беше во 19 век, и да биде така, а другото може како сега. Ако некој сака да ги врати жените во 19 век , најпрво тој нека се врати, и нека се откаже од сите поволности на 21 век, и нека живее како неговите баба и дедо.. а не да си седи со кафенце на лаптопчето и да збори на кого треба да му се скратат правата. Па денес мажите и во војска не одат, ајде да ги вратиме нив прво по две години да служат. Discofilman ме разочара какви ставови имаш за жените. Ти воопшто ко да немаш почитување за личноста која те родила и за онаа која го носела или треба да го носи твоето дете. Дали ти мислиш дека ако си роден како маж си повредно човечко суштество, од мене на пример, па треба да имаш поголеми права од мене?!! За мене се само обврските, и да молчам зашто сум жена? Од една страна ги напаѓаш тие кои си го продаваат телото а не се мажат по селата ( што нема врска со темата) , од друга жените кои сакаат да работат и да имаат свои пари ( само мажите денес може да го сакаат тоа, нели?) и ако жените тоа не го прават, тогаш не треба да бидат ни материјалистки и да бараат да го прави некој тоа место нив... Премногу омраза кон женскиот род зрачи од твоите постови, а сепак ми звучи ко ни сам да не знаеш точно што сакаш.
Можеш да ме обвинуваш поради моите ставови колку сакаш и тоа е твое лично демократско право но фактите се тие на терен и кажуваат дека колку жената во едно општество е понезависна и посамостојна од сите аспекти толку и морталитетот во тоа општество е поголем.Си се запрашала зошто еден куп неженети мажи одлично ситуирани што живеат во дијаспората бараат невести од Македонија? Не можеле да си најдат македонки што живеат таму што толку се мачат да најдат кај нас?Во Шведска имам братучетка која живее 40 години мажена со 3 деца.благодарение на нејзината покојна мајка има добар дел од менталитетот македонски но вика ретко која македонка останала сама без деца иако има еден куп самохрани,разведенисо деца за разлика од мажи македонци кои добар дел се неженети затоа што бараат од Македонија а не од Шведска.Таму жените се мажи а мажите жени затоа што мажите што живеат со таков тип на жени се бетер од папучари и замижуваат пред сите оние работи кои тука ретко кој би ги простил без разлика кој ги прави затоа што слободата и заштитата со закон тоа го дозволуваат.Затоа и менталитетот на македонките што живеат во дијаспората е тотално поинаков од оние кај нас но како доаѓаат новите времиња полека и тука стануваат такви.
А тебе просто те јаде одвнатре, дека една жена може да биде повредна, подобро платена, со слободата која ја заслужува и згора на се` - одговорна за носењето на еден нов живот во утроба? Не знам зошто постојано трупаш некои си банални примери - де од твојата околина и вработените со 25.000 ден плата, де од Шведска, Тунгузија, Хондурас... Ајде одговори го тоа што те прашавме - Колку деца имаш ти? И кој заработува во твоето семејство, доколку си женет и имаш семејство. Елаборирај малку, не може да убедуваш некого во нешто, ако самиот не си легитимен пример за тоа нешто. За крај, многу ми е ќејф, кога постојат вакви мажи кои се јадат и се вадат од такт што ете, една жена ги ужива сите овие фамозни права кои упорно ни ги плескаш во фаца. Не дека сум феминистка, скоро и ич, ама кога ваков примерок застанува пред мене, се охрабрувам да ти кажам право. Ќе имам деца кога ќе имам доволно приходи за ги одржувам во нормален, пристоен живот, НО НАЈВАЖНО - кога самата ќе се решам на тој чекор, т.е. да појаснам - КОГА ЈАС ЌЕ САКАМ. Никакви статистики за наталитет и морталитет и пропаѓање на држава нема да ме стават пред свршен чин и уцена, па да раѓаме деца, за да ја поткрепиме сакатата Македонија. Статистиките, да бидам вулгарна, нека си ги пикнат во газ, слободно. Што во меѓувреме државата прави за нас, за да јас ги осудам моите идни поколенија на живот тука.
Не знаев дека нашата независност и самостојност почнала да ги убива луѓето. Ти негуваш премногу заостанати ставови , така ти одговара повеќе, и не би те коментирала веќе.
Јас имам средства да ранам и 4 деца иако сеуште не сум женет но проблемот е во тоа што години наназад сретнувам материјалистики како вас па не сум луд да дозволам таква да влезе дома само ради пари а не ради љубов.Еден мој познаник кој сега има 3 деца а жена му го тера на четврто пред да се ожени и запознае сегашнава сопруга пред сите се представувал како молер а се носел во град подпросечно затоа што бил убеден дека таа што ке го сака како молер нема да биде ради пари иако спие на нив бидејки е од богата фамилија и на крај тактиката му успеа.За разлика од тебе и од мноу други мажи не сум оптеретен со фактот ако жената повеќе заработува од мажот доколку карактерно остане истата кога не била вработена или заработувала помалку но 90% се менуваат и се дигаат во облаци со изговор сега може да прави што сака надвор од семејството бидејки финансиите тоа и го дозволуваат затоа што не зависи од приходите на сопругот и не случајно толку многу разводи има во последно време..Не ги бранам по секоја цена мажите затоа што има голем број и ѓубриња од нив со кои секојдневно војувам на работа но од друга страна имаат толку фини жени што ти се запрашуваш што мајка бараат со нив али тоа само горниот го знае никој друг.Проблемот е во тоа што кога еден човек добие власт и пари во 90% се менува на полошо и затоа се вика ако сакаш некого да видиш во вистинско светло дај му пари и моќ па ќе го видиш каков е.
Во право сте и Трендафилка и дискофилман, јас само ќе додадам: Јас родив и ќе родам уште деца кога ние, како семејство, ќе го одлучиме тоа. Значи, јес да јас го носам 9 месеци, ама па и да ја имам желбата, ако сопругот не се чувствува спремен - нема да родам тогаш, и тоа е тоа. Е сега државата....малце глупаво настапи. Наместо со реторички говори и срцепарателни предвидувања за иднината ако ние македонките не се дадеме на раѓање, треба да го смени законот за работни односи, како и сите привилегии на трудниците. * Како да родам повеќе деца, кога породилното го каснат по 3-4-5 месеци? * Како да се осудам да останам трудна, кога знам дека кога ќе ја кажам информацијата, ако сум на договор, гарант нема да ми го продолжат. Ако сум на неопределено, ќе се молам после 9 месеци да си го најдам бирото на моето старо работно место, оти можно е, покрај сите тие стресови мајка/бебе, мене да ме шуткаат низ фирма додека не „пукнам“ и си дадам отказ. (ова во случај да имам „среќа“, и да не ме викнат после 3 месеци породилно. И нормално, ако одбиеш - бај бај) * Нека го направат породилното 1 година, официјално. Зошто жените да лажат со 300 дијагнози дека бебето им е болно, за да останат дома и да го израснат до возраст кога сметаат дека можат да го остават со 3то лице? * Како може да го направат патолошкото боледување толку недостапно??? Ги казнувале гинеколозите - за што бре?? Затоа што помагаат за здрави идни поколенија на оваа држава??? Затоа што прават мајките да се чувствуваат опуштено и убаво дома, не под стрес и притисоци на работа??? Зошто не земат да ги казнуваат оние од јавната администрација кои СО ГОДИНИ не одат на работа, со константно отворено боледување??? * Сега им текна да градат нови градинки....како бе така? Зошто да фаќаме врски за да си ги запишеме децата во градинката која ни е најблиску? Зошто се чуваат недоквакани воспитувачки, и зошто платите им се толку ниски, кога се занимаваат со воспитување и образување на иднината на оваа земја?? Како да го дадам детето во градинка, кога ми е страв некоја исфрустрирана кокошка да не го малтретира, без грам совест, оти нели - тие земаат мали плати, а и никој не им држи одговорност. И уште многу има. И кога државата ќе почне да се однесува загрижено и одговорно спрема децата, било родени или неродени, тогаш и ние жените ќе сме послободни при изборот за раѓање, т.е. така ќе си го регулираат наталитетот.
[/quote] Јас имам средства да ранам и 4 деца иако сеуште не сум женет но проблемот е во тоа што години наназад сретнувам материјалистики како вас па не сум луд да дозволам таква да влезе дома само ради пари а не ради љубов.Еден мој познаник кој сега има 3 деца а жена му го тера на четврто пред да се ожени и запознае сегашнава сопруга пред сите се представувал како молер а се носел во град подпросечно затоа што бил убеден дека таа што ке го сака како молер нема да биде ради пари иако спие на нив бидејки е од богата фамилија и на крај тактиката му успеа.[/quote] Јас мислам дека ти и твоите пријатели премногу сте гледале американски љубовни лимонатки во стилот на Убава жена. Секоја понатамошна дискусија е излишна.
Ах тие пари,ако немаме семејство парите се виновни,ако немаме деца парите се криви,доста бре со тие пари,не е све во парите,ајде сега сите да си останеме без деца и семејство,може така е најдобро,нормално дека ти требаат пари за нормален живот,како викаат колкава ти е чергата толку и нозете ке си ги испружиш,ако те бива да заработиш повеке пари за да им пружиш на твоите деца повеке ок,а не сега парите ни се криви,и затоа немало наталитет,јас познавам многу што се во брак со просечна плата па имаат 3 деца и на нив им е малку,ама сега што да прават да останат без деца,зошто не можеле да ги издржуваат децата како што тие сакаат,секој родител сака да има убава облека за децата итн да одам сега во детали.
Парите се најголемиот проблем во секое општество ама затоа што ги има а не затоа што ги нема.Парите ги измислија ментално ретардирани банкари пред 400,500 години за да можат најлесно да манипулираат со широките народни маси затоа што знаеја дека духовното богатство на еден народ можат да го отстранат само преку појава на материјалните предмети за да може да се појави завист,љубомора и раскол помеѓу луѓето.Затоа во сите оние држави каде нема пари луѓето се духовно богати и семејството за нив е нешто свето па затоа и таму има прираст на наталитетот,луѓето се добродушни, топли,хумани и се трудат да си помагаат меѓусебно во секоја ситуација додека кај богатите овие доблести не постојат затоа што колку повеќе се материјално богати толку повеќе се духовно сиромашни и себични што освен себе си друг никој не ги интересира.
Како се нафрлиле врз жените, абре мука им е зашто просперираат, ем успешни, ем самостојни, ем мајки можат да бидат На мажот порано било да го обезбедува семејството, а жената да биде домаќинка, сега некако се изедначија, па се збунија маживе што улога имаат во општеството и семејството Шала на страна, семејство не бива само со домаќинка, кога мажот не е домаќин. Она, не му биле битни парите, ама се плаши некоја спонзоруша да не му ги земе. Мислам во ред, претпазливост, ама се гледа на кого што му е приоритет нели. И јас ќе ја обвинам државата, а не жената или мажот. Иако, да не запоставиме дека во голем процент се мажите тие што не сакаат да стапат во брак. Имам пријатели кои со години се во врска, а веќе и живеат заедно. Имаат сопствен дом и прилично добар финансиски прилив секој месец. Неговиот изговор за деца е дека не планира во оваа држава да основа семејство, т.е. негово дете нема да расте под фрустрации, неправди и неможности овде. Значи целат на друга земја за живеење. Го разбирам затоа што, тепачки по автобуси, тепачки во школи, секој носи оружје какво такво, секогаш некој кој има врски ќе напредува пред тебе, на училиште ќе те учат полуобразовани луѓе (наскоро тоа ќе се случи со влечењево врски), ќе учиш од веќе преработени учебници кои немаат смисла, ќе мораш многу да вложуваш а ништо нема да добиеш. Значи не станува збор само за немањето пари, туку и за општите никакви услови што нема да може да му ги приушти на своето дете, а ете сака. Една безбедност да се нема, да не знаеш дали дома ќе ти се врати живо и здраво. И да, парите се проблем. Здравственото осигурување не ни покрива ништо, затоа што денес постојат секакви вируси, болести, алергии па мораш детето уште од бебе со скапи производи да го мачкаш, а камо ли да го храниш. Зеленчукот и овошјето коштаат пари, здраво да се храниш треба да си колку толку богат... да не набројувам, веќе од поимот пари ми се врти во глава Секој различно ќе го толкува намалувањето на наталитетот, за секого различни кривци ќе се најдат. А сепак верувам дека огромен процент од жените навистина сакаат да бидат мајки, дал на 1 или 3деца без разлика. Мене барем тоа ми е многу битно, и ќе се стремам кон можности кои ќе ми дозволат да имам поголемо семејство.
^ Точно така. Па дури и си стигнат до дереџе да размислуваш-работа или дете Еве јас сум во приватна фирма,сигурна сум дека кога би им соопштила ваква вест,нема шанса да ми го продолжат договорот,а не пак да земам породилно. Навистина многу размислував на оваа тема,пред да се решам за дете,ми беше навистина тешко,ми се вртеа еден куп прашалници во глава.Што се вели,едвај излегуваме на крај ние,а плус и детенце,за кое потребите се уште поголеми.Се прашував и дали некогаш ќе дојде моментот кога ќе бидеме доволно финансиски обезбедени,ама се се плашам дека и тоа нема да дојде ,а од друга страна ако многу чекаш-па си врват годините.......и ај сега ?
Очигледно е дека ти имаш некој проблем штом сите жени ги гледаш како матрејалистки и ловци по пари и привилегии,греота е што не си ја искусил искрената и чиста љубов.Запомни дека во една врска секогаш едниот партнер ќе биде подобро ситуиран од другот што пак не го прави другиот автоматски ловец на богатства.Искрено јас лично сум подобро ситуирана од мојот партнер заедно сме со години и си се подржуваме во се.А кога веке зборуваме за трчење по матрејалното,си заприметил ли дека во последно време машките се тие што почнаа нагло да трчат по девојки со убави автомобили и длабок џеб,популарниот зет домазет,па не сретнав некој да ги нападне нив?Како и да е да не се запишувам многу избегав од темата,уживајте сите во љубовта додека сте млади,без многу предрасуди,поотворен поглед и срце.поз