1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наталитет/Морталитет

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 4 октомври 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Мене ми е многу жал искрено, што си ти вака огорчен и прости на вистинава - исфрустриран.
    Твој проблем е што налетуваш на материјалистки и вакви надмени персони, насочи го твојот бес кон позитивен пристап, најди си сродна душа и имајте си многу дечиња.
    Во меѓувреме, не генерализирај, не ги ставај СИТЕ жени во ист кош, бидејќи токму ваквиот пристап те оставил толку долго сингл.

    Инаку, не се согласувам со ниту еден твој став.
    Колку за информација.
    Доста е од мене на темава, кажав се` што имам да кажам, биди ми поздравен, и со малку поотворен ум.
     
    На Moschino му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    И само да додадам:

    Сака Грујо зголемување на наталитетот? Тогаш нека го укини правилото за 3 инсеминации па ин-витро. Нека погледни статистика колку млади парови се борат со стерилитет и нека направи правила кои ќе ја упростат до срж постапката, за да може секој оној кој посакува дете да ги искористи сите ресурси.
    И како тоа бесплатното ин-витро не важи за фамилии со веќе 1 дете??? Па како ќе го зголемува наталитетот, ако ограничува на 1?? Кој има илјадници евра да дава за постапки?
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Тој проблем јас го кажав директно на ВМРО ДПМНЕ главниот портал на facebook па ако имаат уши и очи нека го решат.Инаку поради овој проблем односно условување од страна на газдата спрема мајката во Словенија драстично паѓа наталитетот.Сестра ми која живее таму е трудна со второ дете и поради овој проблем остана без работа но тоа не ја исплаши за во мај идната година да роди здравје боже второ дете.Моментално се само со една плата од зет ми но со рационално трошење без проблеми го поминуваат секој месец.
    Напиши на нивниот портал не само ти туку сите што сметате дека треба да се исправат некои работи.Нека има барем 15 до 20 постови па да видиш како ќе реагираат.
    Ниту мажи ниту жени никогаш не сум ставал во ист кош затоа што сите луѓе не се исти.Јас ги делам на добри и лоши односно со завршено основно и без завршено основно образование без разлика дали се мажи или жени.Имаше една македонска приказна која вели кога сите саати ќе работат исто тогаш и сите луѓе ќе бидат исти.А мојата енергија ја насочувам кон помагање на болни луѓе кои ќе побараат помош во алтернативната медицина како и масовно ширење на соларната јога помеѓу луѓето.
    Никаде не реков дека машките не трчаат по богати девојки.Само што проблемот е што многу од тие богати девојки паѓаат на шармот на таков тип што јас ги викам слаткоречиви клошари било да се наркомани,пијаници,коцкари и што уште не и дозволуваат да бидат искористени од таквите па со нивните пари да бркаат други додека се во врска со богативе.СИРОМАВ ВО ПАМЕТ СИРОМАВ ВО ЏЕБ!
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Иако се` се врти околку парите и материјалното, ајде да ги тргнеме нив на страна и од друг агол да дискутираме не темава.

    Г-не дискофилман кој тврдиш дека си материјално способен да одгледуваш 4 деца, дали си и психофизички спремен за истото. :!:
    Мислиш дека само треба да го нараниш детето, треба да го облечеш, да го дотераш, да му купиш играчки и да плаќаш секаде каде што ќе има потреба?...од далеку се гледа дека немаш деца.

    А имаш ли време да го воспиташ, способен ли си и спремен да се откажеш прво од сонот па потоа и целосно од слободата, имаш ли љубов и топлина секогаш да му бидеш на располагање, знаеш ли ти од што се` треба да се откажеш за да подигнеш една дете :^) појма немаш...затоа и лупаш колку ние жените сме материјалистки и имаме преголеми права па затоа не раѓаме.

    Кој ти даде право да го осудуваш целиот женски род што сака да има на пр. само 1 или 2 деца...и немој ни да си помислил да спомнеш дека сме себични.

    Кога ќе можеш да носиш дете 9 месеци, да се соочиш со сите хормонални пореметувања и дисбаланси, деноноќно да имаш киселини и да ти се лоши од секакви мириси, кога ќе гледаш како ти се менува и деформира телото, кога на секој ултразвучен преглед ќе доживуваш тахикардии да не случајно нешто не е во ред со плодот, а да не го споменувам воопшто и самиот болен чин на породување и рехабилитација, тогаш ќе имаш право да осудуваш.

    Знаеш ли ти колку може да биде досадна и напорна една трудница, а родилка т.е по старски речено леунка?...знаеш ли како треба со неа? спремен ли си со неа сето тоа да поднесуваш?

    А кога ќе се роди бебето некогаш ќе се случи да дојдеш дома претепан од работа, а жена ти исто така претепана што од неспиење, што од домашни обврски со душа те чека да дојдеш, па ќе те пречека така фино и ќе ти ги тупне децата за таа да се одмори...а тебе ти се спие срце ти плаче :drunk: ...ајде...што ќе правиш тогаш, ќе се караш со неа дека има преголеми права и дека многу бара :?:

    Потоа мислиш дека е лесно да се подигне едно бебе :^) , да бдееш над него 24/7 , да се обидеш да го протолкуваш секој негов плач и кенкање, да си немоќен да помогнеш кога тоа неутешно плаче а ти само стоиш и бледо гледаш како жена ти се препотува и таа плаче со него...спремен ли си :!:
    Па се разболело, па трчај по клиники, болници, аптеки во ниедно време, а утредента си на работа.... ајде што нема да можеш на стоиш на нозе од умор откако си поминал да речеме 2-3 саати на инфузија, па и паметот ти е кај оставеното дете....е мој дискофилмоман.... :x лесно е да се осудува, оди доживеј па после зборувај.

    И тоа ќе помине... а каде е воспитувањето? Детето го впива секој твој збор, ја гледа и копира секоја постапка, спремен ли си нон стоп да одговараш на милион и милиони прашања кои некогаш ќе те насмеат, некогаш ќе те засрамат...па тргнало на училиште и се сретнало со малку поинаков свет, па не сака или не може да се вклопи, па пак плачки и твое и негово фрустрирање и истрошување итн. итн.... до утре сабајле можам да пишувам.

    Убаво е да го проживееш целиот процес на растење и воспитување на детето, ама бара многу време, нежност, љубов, топлина, трпение...а не секогаш ќе го имаш верувај ми :!: .

    Затоа како што и обично милувам да кажам-совети, осуди и обвинувања од теоретски родители не се прифатливи.

    И да....постов го пишува една ненаспана и уморна мајка на едно прваче и едно три месечно бебе која откако испрала, испеглала, зготвила, ги наранила децата, напишала домашна си го чека мажот од работа да ја одмени за малку да дремне, па затоа и е малку хаотичен ;) ...немам врема да го препрочитувам и средувам, одам да го успијам бебето :hai:
     
    На MIA-SK, Keti30, Markusa2 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Кога се работи за психофизичка подготвеност немам никакви проблеми затоа што сум планинар.Ако имам кондиција 9 саати пешки да одам на Кораб за трчање ваму таму не ми е проблем.Што е до спиењето и за тоа немам проблем затоа што работам на смени па во секој саат можам да се прилагодам.Што е до воспитување нема да ми биде проблем затоа што по природа практично сум детски психолог и многу вешто излегувам на крај со најпроблематичните деца затоа што во нивните игри се спуштам на нивно ниво а кога разговарам со нив ги третирам како возрасни луѓе и затоа бескрајно ми веруваат.Ниедно дете било да е мој внук или внука или на мој пријател не ме вика како чичко или батко туку по прекар.Било кој да каже нешто на дете со цел да го убеди а детево не сака да го послуша мене ме слуша.Ако некој успее да смири некое дете кое плаче по цел ден а не успеале ни двајцата родители тоа сум јас.Со еден збор сите деца што ме познаваат ме обожаваат и кога нешто ги мачи а не сакаат да им кажат прво на своите родители ми кажуваат мене на само во доверба и кога после родителите ке ме прашаат за што се работи јас не им кажувам дури и по цена да се скарам со нив затоа што на тој начин веднаш се губи довербата.Што се однесува до потенцијалните здравствени проблеми доколку имам свои деца се надевам дека нема да ги имам бидејки нема да дозволам да се вакцинира ниедно дури и по цена да откажам државјанство и да барам државјанство во друга држава каде вакцинирањето со писмена изјава не е задолжително.Што се однесува до храната тука спаѓа се од овошје и зеленчук,домашен леб,козјо сирење,маслинки со еден збор се што јадам јас ке јадат и тие.Се надевам дека ке го дочекам и тој ден и да ги засукам ракавите бидејки од обврски воопшто не се плашам.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Се сложувам со тебе. И баба ми 6 деца биле, ама како живееле?Сите носеле исти алишта, од едно на друго, дури и чичко ми носел сукњички додека бил мал, додека не сфаќал дека е тоа облека за женско. Ај сега вие облечете ги така децата. Се створила огромни разлики, многу богати и многу сиромашни. Скоро сретнва девојка прв пат во живот ја гледам , под кирија живее со брат и има 31 год, не е вработена , не е мажена и кажува дека 2-3 дена се случува да јаде само леб или да не јаде. Таа си вика каков наталитет, кога би имала мало дете, без храан не може 2 дена.
    ЈАс за 2 месеци, 27 год, и некако почнува да ми се јавува некој инстинкт, дека треба да се почне да се размислува за брак, дете. Ама на овој наш Див Запад, не се знае утре може за леб ќе немам. Не верувам дека жените со кариера не сакаат да бидат мајки, сакаат ама малку подоцна.
     
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Вујко ми покоен бог да го прости викаше кога имаш штеди за кога ке немаш да трошиш од заштедата баш поради ова лудо време кога не знаеш дали утре ке останеш без работа.Јас го послушав затоа што советот му е на место и воопшто не се грижам ако утре не дај боже ме избркаат од работа бидејки имам доволно резерви да живеам нормален живот барем 10 години без да работам воопшто.Кога се работи за сите оние девојки што сакаат да стапат малку подоцна во брак и да родат се соочуваат со потенцијален проблем поради биолошкиот часовник но далеку од тоа дека треба да се мажи за било кој колку само да има потомство.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Штедам, ама тоа се пари, ако треба свадба да правам, а моите немаат јас целата зашеда ќе ја потрошам. Свадба чини 2000 евра. Дојде време кога парите не вредат ништо.
     
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Точно дека парите денес ништо не вредат но подобро е да имаш нешто отколку да немаш ништо.Свадба во ова време кога искрени пријатели и немаш јас не би ни правел да ти кажам искрено.Попрво би ги викнал најблиските на ручек но затоа со парите што би ги дал за свадба би ја однел својата идна сопруга на свадбено патување во Париз да речеме или некоја слична тура барем тоа ке остане за цел живот а не чини бог знае колку.
     
  10. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Aбе дискусијава на темава не да е во погрешна насока,наместо да се дискутира за реалните проблеми и причини одма жените за се се виновни и нивните права,никако не одговара,ако жената се образува и работи тогаш е кариеристка и демек сака само да троши и да шета,ако пак се откаже од тие права и сака само да се омажи и да раѓа деца тогаш е матријалистка зашто очекува мажот да е добро ситуиран,што е и нормално зошто ако таа не работи туку се реши да биде домаќинка и да раѓа 3 или повеќе деца тогаш мажот треба да биде добро ситуиран за да го издржува семејството.
    A како па мажите да не се материјалисти,тие не сакаат да трошат да шетаат,само рмбаат и бараат одма жена да се женат и деца да прават а жените се криви нејќат абе ајде колку и машки има вработени и добро ситуирани па не ги интересира женење туку само си ја гледаат кариерата,гледаат да трошат,шетаат и што повеќе девојки да сменат.
    A за порано како раѓале многу деца лесно е да се збори,ама тогаш друг систем било,не ни морало да биде приоритет образување,вложување во знаење доволно било мажот да е било каков мајстор,машинист итн. и да се вработи во државна фирма каде имало добри услови,имало кредити за 30 години да ги вракаш па се женеле,се мажеле правеле деца,дедоми машинист бил багер возел па со таа плата на кредит и плац купил и куќа направил и три деца,ама со една облека секој ден во школо иделе и немало разлика сите иделе така ај денес пушти го така,и не му мислеле да имаат пари за англиски на курсеви да го праќаш,на компјутери,па интернет дома да има зошто треба за во школо да има уште од градинка им бараат,не му мислеле дали ке имаат за факултет да ги запишат задолжително зошто без тоа ништо,си имала тогаш добар живот и работничката класа.
    A што се однесува до правата што сме ги добиле ние жените,па во денешно време не ни е баш уживанје во тие права туку баш сме растегнати на сите страни,треба и на кариера да мислиш да рмбас во приватна фирма од утро до мрак,па истовремено да бидеш и добра мајка и добра сопруга,да се грижиш за домот порано баш им било гајле само деца чувале и домаќинки биле,а мажот доволно е само да е вработен и кога ке дојде дома не го чекаат многу обврски зосто нели тоа е природно за жената,чест на исклучоци.
    Aбе доста со вакви глупости жените биле виновни и нивните права
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Се` е тоа фино друже (извини однапред ако не ти се допаѓа како ти се обраќам :) ), ама како што пишав теоретски и практичен родител не е исто.

    Баш пред некој ден на истава тема дебатиравме со едни пријатели кој ме убедуваа дека воспитувањето на децата треба да биде засновано на пријателска основа, да не им се повишува тонот, со нив да се однесуваш како со возрасни и еднакви со тебе итн. итн. да не ја прераскажувам сега дискусијата, а луѓето се` уште немаат свои деца. |(

    Лично јас сметам дека во таквиот "пријателски" однос, детето може да се изгуби и како што ќе расте да си зема преголема слобода и еден ден да не те рецка ни 2%...така што треба ти самиот да решиш во секоја ситуација, во секоја конверзација, во секоја случка дали ќе се поставиш како пријател со детето или како родител т.е. како авторитет, а верувај тоа ни малку не е лесно.

    Од друга страна ајде за довербата да зборуваме...Довербата лесно ќе ја стекнеш, ако на мама и тато не верува тогаш на кого...мама и тато знаат и мислат најдобро за детето нели... но ако ја изгубиш треба да најдеш начин да ја вратиш, а со своето дете тоа е потешко отколку со туѓото затоа што ќе го учиш и воспитуваш на пр. да нема тајни меѓу вас, да биде искрено, а ете самото тоа понекогаш ќе рече -не кажувај на тато/мама...па оди ти размисли како ќе постапиш, дали ќе ќутиш и ќе имате тајна или ќе инсистираш на искреност. :?:

    Ти ќе го учиш и насочуваш на едно, а улицата на друго.
    Знаеш ли ти со колку дилеми до сега сум се соочила, а ќерка ми нема ни 6 год.?.
    Јас ја учам да биде добра, соочувствителна, искрена, да дели, да не ги исмева тие што немаат...и како резултат на тоа денеска ја поделила ужинката со 2 другарчиња и дојде мртва гладна од училиште.
    Потоа пред некој ден ми кажа како на училиште некои девојчиња се потсмевале на некое девојче дека секој ден одела исто облечена :o деца од 6 год., дека неа исто и` се смееле некои другарчиња затоа што кога седела и` се гледало мешето дека и` е дебело, дека не требало да врзува кики репчиња туку плетенки сега биле во мода, дека се лутат и и` се скаруваат ако не сака да даде боичка која и` е нова, па плаче итн. итн.
    Како ти како родител ќе постапиш во сите овие ситуации?
    Дали јас на пример сега треба да почнам да ја учам да биде покварена и да вреѓа како тие што вреѓаат или да продолжам да ја воспитувам да биде добра и неискварена, дека треба да го сврти и другиот образ и да игнорира или пак на добрите -со добро, на лошите -со лошо.
    Е со овој проблем моментално се соочувам.

    И ајде ќе престанам за да не забегувам од темата.

    Значи не е исто да си родител 24/7 на своето дете и да те сака, почитува и слуша детето на комшијата, другарот, братот, сестрата...сеедно.
    Едно е да го воспитуваш и насочуваш своето дете, друго е да се подружиш неколку часа/минути со туѓо дете.

    Беспредметно е и нема смисла да дебатираме и да се докажуваме дали и колку си спремен (тука не мислам на материјалното), кога ти друже го немаш она основното-искуство :!: Имаш само желба, а и надеж дека ќе бидеш добар татко (во тоа не се ни обидувам да помислам да се сомневам :!: , секој со свој памет). Затоа не осудувај и не генерализирај.

    Искрено и од се` срце ти посакувам да си најдеш сродна душа и да си имате здрави и прави дечиња онолку колку што ќе сакате ти и твојата сопруга.
     
    На viku, imelda, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Абе ајде,добра е кампањата на грујо за зголемување на наталитетот и затоа ке се задржам на оваа тема :)Ама неможам да ги сфатам комшииве мои ..Значи не планираа деца повеќе и излезе оваа кампањава и ајде митро скидај се правичемо деца :D :D Не неможам да ги сфатам луѓето за пари бре се продадија..Не сфакам бре жено сиромашна фамилија сте и раѓаш деца колку грујо да ти даде 18 000 ден за четврто (толку беше) :? нвм ти ке издржуваш фамилија со 18 000 од 6 члено семејство макар и повеќе :!: Ама па сеа со ова шо на пензионерите му ги зголемуваат пензиите и допрво ке му овозможуваат многу работи ке живеат до 100 и назад :D
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Кетлин душо, кога последен пат отиде да купиш леб,зејтин, шеќер???? Претпоставувам дека тоа ,,мама,, го прави. Знаеш колку ни е Бруто домашен производ?!? Инфлација?!?....
    Еве просто ќе ти кажам, знаеш колку е се поскапено и за колку проценти :^) , верувам дека не знаеш затоа што некој друг се грижи за тебе.
    А јасно ти е зошто ги ,,тинтра,, пензионерите и тоа баш сега. Сваќаш-конташ ,,гласачко тело,,....
     
  14. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Јесте тоа дека се е скапо ама пак за ова дека ги тинтра само пензионерите не би рекла.И на нас учениците ни се овозможени многу поволнисти и полесно учење,екстерни тестови и сл.Исто така и самите сме сведоци дека кај нас ке има многу инвестиции..Токму во мојот град се отвара една германска фирма каде што за да се вработиш треба да знаеш само јазик значи зборувам да бидеш работник доволно ти е само јазик а платата изнесува 9000 + 3000 ден хранарина и + 3000 денари ако сакаш да идеш сабота значи 4 саботи во месецот.Прашајте само колку изнесува платата во Германија во истата фирма 2000 евра за која ние можеме само да сонуваме.Македончето ке го газат додека молчи.Ниту сум за политиката што ја водеше сегашната опозиција и сами можеме да видиме дека многу фабрики во тоа време се приватизираа и многу останаа без работа.За мене посебно и моето семејство грујо не направил ништо посебно ама јас ги кажувам работите како што се :)
     
    На macigv му/ѝ се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ^ Да се задржиме на темата, ќе родам 2-3-4 па и 5 деца ама да имам со што да ги ранам, школувам и изведам на прав пат.
     
  16. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Епа тоа е поентата со оваа политика на грујо ке има нови работни места ама народот се сака наеднаш е ајде де се напрај наеднаш од некој пред тоа шо однел се у п***** матер***.Се извинувам на речникот ама така е ;)
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Навистина :?: И ја би родила ама под услов да ми се додели куќна помошничка и дадилка. :wasntme:
    Всушност ако добро размислам, ако имаме доволно мат. средства сигурно би си купиле поголема куќа и би можеле да си ги дозволиме и двете...зошто да не.
    Па и јас како Бекамица само ќе ги раѓам, други ќе ги чуваат, воспитуваат, ќе им дежураат, а јас...па јас ќе си ангажирам тренер и за неполн месец ќе се вратам во форма, згодна и неопходна :emo: .

    Инаку вака сега со овие услови, со овие плати, со трудничко кое касни (исплатена е само една рата, а малиов веќе ќе прави 4 месеци), со годинките кои си ги имам и со малкуте останати здрави неврони :lol: , доволно ми се и овие две.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Старите викаат АКО БЕБЕТО НЕ ЗАПЛАЧЕ МАЈКАТА НЕМА ДА ГО ДОИ!Изгледа владава не спие на уши па по се изгледа ги слуша критиките и советите што се упатуваат на нејзина адреса.Откако поопширно напишав на нивниот портал на facebook а во исто време многу граѓани се јавија во живо кај Роберт и милена на Канал 5 за еден од сериозните проблеми со кој се соочуваат оние мајки што немаат ниедно или само едно дете а тоа е условување од страна на газдата дека со секоја бременост се губи работното место или ако нема бременост дали потенцијалната мајка планира да раѓа доколку сака да биде вработена владата реши на идната седница да ги разгледува измените во законот за бременост или мајчинство со кој најстрого кее се забрани дискриминација.
    http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... e=daily.mk
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ ООоооооо Боже.....дури СЕГА ќе ја забрануваат оваа форма на дискриминација?!
    Сега, кога решија да плаќаат кампања за зголемување на наталитетот, ама НЕ и менување на досегашните услови и закони?!
    И не кажувале колку е буџетот за истата, за да не се затрчале понудувачите со поголеми износи од реалните, па да им го искористат цел. Не не не, тие држат во тајност колку се парите (моите, твоите, НАШИТЕ) за да не ни се крене коса кога ќе слушниме....

    И тие само онака, сакале да го менуваат mindset-от на жените во МК, не дека сакале и законски да ги подржат, Боже сачувај. Па тие пари некој треба да ги лапни! Некој побитен од мајка која со месеци чека пари за пелени за бебето.

    Треба да се засрамат за законот што дури сега го носат!
    И да, сигурно нема понудувачите да го дознаат буџетот. 50% кај нив пак ќе се врати, само да беа доблесни и да ги вратеа во оптек.
    Ама кога ќе подразмислиш, сигурно ќе ги вратеа во форма на неподвижна статуа, па џабе им на мајките и татковците....

    За срамота! :puke:
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Kathlin дали ти живееш во Македонија? Ме збуни со тоа дека во германската фирма ќе вработувале само со знаење на јазик. Па и во мојата, сега поранешна, општина се изнаотворија странски фабрики, дека нели индустриска зона, и знаеш кои ги изнапикаа да работат? Преку врски, на чичко ти на тетин ти, дедо ти детето итн, а во оваа последната отворена фирма, разбрав дека пола биле блиски луѓе на градоначалникот, роднини комшии, партиски членчиња, одн. сето она што не успеал да го стави во претходните фирми. А и плус последен мандат му е, па да искористи до максимум.
    Умре тоа - сите се еднакви при аплицирање и сите имаат право на интервју. Денес и за интервју треба да имаш врски да те викнат. И тоа го дознавам баш од директни извори.
    И сега со такви услови, со такви опции, со таква плата, ниедна кампања не може да го спаси човек. Како јас да стигнам до 4 дете за да земам државни пари, кога ниту за едно немам финансии, а како да чувам уште две-три кога немам ни за себе?!
    Затоа нека си ги пикнат тие кампањи таму каде што не ги фаќа сонце!

    А друг проблем е тоа што потенцијалниот работодавец, прво те прашува дали си мажена, дали имаш деца итн. Епа одложувај бременост до кога да најдеш работа, најдеш ли работа-може да не те примат ако им речеш уште немаш деца.
     
    На imelda и kravce им се допаѓа ова.