Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наталитет/Морталитет

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 4 октомври 2012.

  1. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Да,живеам во Македонија и точно е тоа што го напишав.Значи се бараа работници за фабриката не сакам да именувам која ;) само јазик што знаат.Значи татко ми го правеше списокот и на него му рекоа да бара.Не беше важно од која партија си,дали си машко или женско само јазик беше важно да знаеш.Јас и погоре кажав дека не направил ништо за мене грујо само ме нервира тоа што ги гледам луѓето кога излезе оваа кампања и почнаа да раѓаат по две три деца колку само за пари.Еве се случи нешто умреш на породување и ? Искрено мене тоа ми е мизерно за пари ќе се продадиме.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ^^
    А замисли си побрзала да ја фатиш кампањата, си родила три и на пат е четвртото и оп на дотичниот му текнува да и стави крај на кампањата, е тогаш не знам кој би ти помогнал, правно средство против таквата одлука ќе нема. Не е за смеење ама не е на одмет :lol:
    Обраќањево е општо, немој да мислиш дека на тебе Кетлин ти се обраќам, бидејќи е пишувано на -ти.
     
    На Kathlin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Дали некој слушнал било од вести на телевизија или преку луѓе дека постои барем едно рурално место во Македонија полно со стари девојки?Гарантирам со глава дека такво нешто не потои.Наспроти ова колку рурални места има во Македонија полни со ергени?Еден куп.Сега се поставува едно логичко прашање а тоа е каде се девојките од тие рурални места?Само луд човек би поверувал дека сите мајки во сите тие места раѓале само машки деца бидејки е еднакво на научна фантастика. Девојките постоеле само што пола се омажиле за скопски мулиња за да можат цел живот да ги командаат со цел да им направат раздор во нивните фамилии а пола играат на шипките во Гостивар, Тетово и Велешта.Во ваков случај и подобро што мажите во таквите места останале ергени бидејки цело ѓубре само се исчистило од таквите места а со тоа и фамилиите си функционираат како што треба.Но затоа имаат надеж преку нивната општина која има дава парична помош да си најдат чесни девојки од Албанија за да си оформат свои фамилии и да им заживее местото со нови генерации.
    http://mkd-news.com/opshtinata-im-dava- ... -albanija/
     
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    После сите твои постови господине Дискофилман,и после ова што го болдирав ми стана јасно за каков тип на човек се работи.
    Ти очигледно имаш проблем со сам себе.Не се во прашање девојките,туку токму ти.Ти си зацртал во главата дека секоја убава,успешна девојка е нечесна.Ти си зацртал во глава за некој свој тип на идеална жена што гледам сеуште ја бараш.
    За тебе нормална девојка е онаа која што ќе молчи,ќе раѓа и ќе клима со главата на се што ќе кажеш ТИ и твојата фамилија.
    Премногу е иронично токму ти дискофилман да воопшто коментираш на темава за придонесување на наталитетот во Македонија кој и со свои 37 години не си се одлучил ни на чекор наречен брак.
    На некои жени што им контрираш тука веќе се омажиле и имаат по 1,2 деца.
    Со ваков тип на човек со толку ограничени сваќања не се излегува на крај,а немам ни намера да те убедувам во нешто.Ти имаш само свои теории кои не сум сигурна како баш би ги реализиал во практика.

    Моето мислење со наталитетов се поколопува со многу феминки кои веќе се изјаснија тука.И не нема да речам ако имам пари 5 ќе одгледам.Зашто Лолита многу убаво напиша,не е само роди го и дај му леб,тука има грижа,љубов,воспитување,милион прашања,болести,школување и што уште не.
    На реченицата бабите наши живееле со 5,6 браќа и сестри ќе ви ја пуштам баба ми да ви објасни како живееле.Едно по говеда,друго по овци,една меси друга плете,ете така живееле 5,6 деца.Па сега вие видете и споредувајте.
    Баба ми што има 70 години родила 2 деца и размислува по паметно и рационално!
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    @discofilman не го тупи, ние како да не знаеме дека има проблем со наталитетот. Кај кој е кривицата?
    Нашава држава е независна веќе 21 година. За сите овие години немаме никаков напредок, апсолутно никакво зголемување на наталитетот. И сега Грујо за еден мандат сака да има идеална демографска слика? Прво нека ја погледне економската состојба на народот и младите што по некое правило би требало да ја претставуваат иднината, нели. При прва прилика секој гледа каде да побегне, а оние што не отишле во странство живеат тука во мизерија и невработеност. А со невработеност и во беда не се чуваат деца.
    Јас се плашам како ќе живеам за пет години, а не па како ќе ги исчувам моите деца. Се плашам дека ќе бидам премногу зафатена, потејќи се по цели денови за плата од 10000 денари, во фирма каде што нема да бидат заштитени моите основни права. Се плашам од помислата дека треба мноогу повеќе од љубов за да го пораснеш детето. Тука каде што немам иднина подобро да немам и деца отколку да се фрустрирам што не можам да им пружам сè што сакаат.
    Да ја тргнеме економската состојба на страна, има многу други фактори што влијаат на оваа состојба. Од друга страна, има лица со осигурани финансии но не си поставиле за цел да имаат дете. Кои поради помодарство, кои поради обврски, динамичен живот, влегување во брак многу подоцна.. ниту една институција или владина пропаганда не може да ги натера да имаат деца, ова е веќе интимно и индивидуално прашање!!
     
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Имам основно,средно,високо образование и запишани постдипломски студии кои се во тек,ако веќе толку те заинтересира моето образование.
    Си го потврдив тоа што го мислев,кога немаш како да се спротиставиш ти вреѓаш.
    Ако имаш некој пробелм со мојот пост зборувај со мене,немаш ти право со твојата валкана уста ниту да ја спомнеш мојата мајка која е далеку над тебе и од нејзе можеш само да научиш нешто.
    Доста се дичиш тука на женски форум,и доста ми зборуваш за некојси психолози кои само на тебе ти се потребни.
    Немам намера да одам офф,моето на темава заврши,и ќе те замолам да не ми реплицираш повеќе.Со луѓе како тебе не контактирам ниту во приватен живот а ниту пак сакам во виртуелен.
    Фала,пријатно.
     
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Снајди се како и сите други ако сакаш да работиш за поголема плата од 10000.Ако сакаш да работиш за 24000 плата во државна фирма во денешни услови треба да имаш партиска книшка од владеачката партија и да имаш јак човек внатре.Ако немаш тогаш на приоритетна листа ке бидеш последна за вработување.За да дојдеш преку ред понуди од 3000 до 5000 евра за вработување и за секунда ке бидеш прва на список.Таквите пари се даваат откако ке се погодиш со човекот со писмени изјави дека ке земеш кредит откако ке почнеш со работа но под услов тој да ти биде жирант за кредитот за во случај ако предвреме те избркаат тој да си го отплати кредитот.Ако некој прифати ваква понуда ти гарантирам дека тој човек се ке направи за ти да останеш на работа и ке те праша дали има уште некој за вработување.Од толку луѓе во партија ти гарантирам со глава дека еден ке прифати ваква понуда.Не бадијала народот рекол КАЈ ШТО БУРГИЈА НЕ БУШИ ПАРА БУШИ.
     
  8. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Чим одиш на постипломски студии ти си обична марионета на системот ништо друго.Освен мода те интересира нешто попаметно?Благодарение на таквите како тебе луѓето што ја командаат оваа планета со помош на таквите како тебе за краток временски период ке се обидат да уништат околу 6 милијарди луѓе затоа што сметаат дека им се вишок но попрво ке отидат таквите како тебе него мене затоа што јас и моите истомисленици кои во моментов се околу 5 милиони луѓе во светот се бориме да ги уништиме и да воведеме нов светски поредок на планетава.
     
  9. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Точно дека имаме проблем со наталитетот,но овај проблем неможе да се реши со давање на паричен надоместок за трето и четврто дете,точно е дека некои паднаа на ова и родија трето дете,но ке ми дадат 8000 и со тие ке треба да гледаш не само третото туку и тие пред нив,а башка си онеспособен да фатиш да работиш нешто бидејки имаш мало дома,а со една плата само сметки да израмниш не се стасува.Па законот неженети и не мажени без врска и со ова нема да се реши ништо,само ке се наполни буџетот на државата која е единствениот проблем што наталитетот од година во година е све помал.Фирмите се испозатворија работниците останаа дома,нема место за нови вработувања,познавам безброј млади кој завршуваат факултети но,работа нема.Искрено многу жално пола испоизбегаа што подалеку од оваа држава,а останатите пукнаа од работа 12 сати дневно за плата од 10 000 која не стигнува сметки да платиш а камо да живееш живот со 3 или 4 деца кој бараат да јадат,пијат да се школуваат,а знаеме самите колку кошта едно да пратиш на факултет.
     
  10. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Проблемот со таа мизерна плата од 10000 денари и фамозните 12 часа работа со триста уцени ке исчезне оној момент кога ке исчезне таа фамозна бројка од 350000 невработени која вештачки ја направи СДСМ по осамостојувањето на Македонија.Во пазарната економија важи правилото понуда и побарувачка.Кога понудата е помала од побарувачката на пазарот тогаш цената оди горе и обратно.Во моментов има огромна понуда на работна сила а мала побарувачка од страна на работодавците и нормално ке уценуваат.Ако еден не прифати за 10000 од сабајле до вечер тогаш во секое време од тие 350000 кого сака ке прими.Е кога ке бидат само 35000 што ке бараат работа нема да вршат уцени туку ке понудат поголеми плати затоа што знаат дека мали им се шансите да најдат добри и чесни работници што ке ги прифатат нивните услови.Со вакво темпо јас верувам дека максимум за 10 години може тоа да се случи бидејки паѓа наталитетот,постојано се иселуваат млади од државава па вештачки и се намалува процентот на невработеноста бидејки се намалува популацијата па на тој начин би се зголемил и стандардот на тие што ке останат во Македонија.Не е исто еден колач да го делиш на 2,5 или 10 души.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Против кого се борите? Како нов светски поредок да воведете? Од кога образованието е проблем за наталитет? Само прашувам.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Ајде да речеме дека си во право, за ова мада не се сложувам со тебе,но сите имаме право на свој избор мислење и слично нема потреба од навреди.И Како главно решение нагласуваш дека е тоа што народот полека ни бега од државата и се намалува населението и кога ке ја достигне некоја цифра која може секој да најде работа за одлична плата проблемот ке биде решен.Ако е така зошто државата упорно бара начин да го зголеми наталитетот кога и толку колку што сме,сме премногу за да живееме како доликува.И да за ова си во право дека ако не прифатам јас да работам по 12 сати за 10 000 плата се некој ке се најде од тие 350 000 и ке си тераат понатака им е гајле ними кога ке се замори и падне еден ке дојде друг на ред,па трет и така натаму.И ти велиш дека ова е во ред.
     
  13. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Против Ротшилд и Рокфелер.Тие управуваат со приватните животи на сите 7 милијарди луѓе на планетава преку храната,образованието креирано од нив,здравството и комплет целиот систем.За да ти бидат многу појасни овие работи што многу на форумов не ги знаат погледни ги филмовиве:
    Zeitgeist The Movie 2007 победник документарец за 2007 година.Првиот дел од половина час ти е за религиите како се измислени,вториот ти е за кулите близначки во Њујорк како се срушени и третиот ти е за банкарскиот систем во светот како е креиран и зошто од истите луѓе.Тука ке дознаеш и други работи за местенките во првата и втората светска војна како се креирани од истиве луѓе со помош на Марионети како Хитлер,Сталин и други светски лидери.Гледај ги и другите два филма на сајтот затоа што се тесно поврзани со истиве манипулации.Иначе филмовите одеа на Канал 5 преку емисијата на Миленко и на Наша тв преку емисијата Јади Бурек на Јанко Илковски.
    http://www.zeitgeistmovie.com/
    На оваа страница ке ги прочиташ истите работи што ги има и на филмовиве вклучувајки ги сите манипулации и лаги во светската официјална медицина и фармацевтската индустрија.
    http://www.ivonazivkovic.net/
    Ова ти е документарец за Монсанто компанијата што ги измисли генетски модифицираните семиња за разни култури за да може преку таканаречени марионети луѓе со помош на пари да ги уништува органските а да ги сади нивните за кај луѓето да се зголемат канцерогените заболувања и 100% стерилитет на второ или трето колено кај идните генерации а се со цел намалување на популацијата на максимум 1 милијарда жители.За генетски модифицираната храна многу пати на телевизија укажува и докторката Јадранка Бибан но ретко кој ја слуша и истата се има откажано од лиценцата за работа бидејки не сака да служи на ваквиот систем на лечење кој е наметнат од фармацевтите на сметка на нивниот профит а на штета на здравјето на луѓето.Истиов потег многу порано го направи и светски познатата докторка Слаѓана Велков која се откажа од лиценцата и си најде егзистенција во Саудијска Арабија.
    http://www.youtube.com/watch?v=h37GEIFqdJ0
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Дискофилман твоите ступидни размислувања НЕМААТ КРАЈ.
    Твојата огорченост према женскиот род е иритантна и без поента.Ако си налетувал на такви девојки ондак во тебе е проблемот бидејки од толку девојки еднаш една сигурно ке се нашла саглам,ама не .
    Крај краева ако си толку чесен со желба за деца а нема кој да ти го роди свесен ли си колку сирачиња има па земи посвој бе.Усреки некое дете или повеке деца.Но,ти си крајно себичен ,исфрустриран и плиткоумен .
    И да,учам факултет и планирам и јас да се запишам на постдипломски па после тоа и да најдам работа,затоа што сакам сама да си го вадам лебот а не некој како тебе да ми глуми маж во кука а не знае 2+2 колку е.
    Е тек тоа кога ке сторам ке почнам да размислувам за брак и да раѓам деца !
     
    На mimiiiii, Hipster, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  15. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Платата ја одредува работодавецот а работникот е тој што ке ја прифати или не.Се додека има луѓе што ке ја прифатат таквата за тие пари работодавците нема да понудат повеќе.Е сега за тие малтретирања останување после работно време и неплакање за 30 до 50 посто плус од основната плата е виновен нашиот синдикат кој не превзема никакви мерки за отстранување на истите.Кога синдикатот ке почне да работи како синдикатите на силните западни држави тогаш и работничките права ке ги има исто како таму и нема да постои ни мобинг ни експлоатација ни било што.
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    :o
    Правам капа од алуминиумска фолија! Јааааа! Они на мене! ]:)
     
    На Lolo5, mimiiiii, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Ах, познатите Ротшилд и Рокфелер.Тие владеат, да, но луѓето не ги тераат со сила дали ќе се образоват или не.Проблемот ќе биде ако нема образование, со тоа полесна контрола над другите луѓе.Второ, што значи образованието не е проблем за наталитет.Трето, порано и без нив луѓето се образувале, учеле.Четврто тешко дека некој ќе им се спротивстви на Ротшилд и Рокфелер, за тоа треба цел свет да биде против нив.Инаку човекот како поединка,сам, не може ништо да направи против нив.Човекот има право што сака да прави во својот живот.Ако човек се образувал, незначи дека Ротшилд и Рокфелер му рекле да се образува, туку сам по сопствена желба тоа го сторил.Познати ми се тие две фамилии. Лично не ги познавам.Човекот кој се образува, не треба против него да се борите.А впрочем и се сомневам дека воопшто некој ќе застане против тие две фамилии кои го вртат светот и што сакаат прават со него, кои патем само пари ги интересираат, не дали некој леб нема да јаде, нема што да облече, болен, настрадал итн.Тоа е сосем друго, друга тема.
    Не може да се констатира сигурно дека причината за наталитетот е образованието, како што кажав погоре и не е, второ проблемот може да биде друг.Што ако во прашање е неплодност? За тоа кого ќе се обвинува, Ротшилд и Рокфелер??? Не, не може да се обвинуваат тие за таа причина.
     
  18. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Ах, познатите Ротшилд и Рокфелер.Тие владеат, да, но луѓето не ги тераат со сила дали ќе се образоват или не.Проблемот ќе биде ако нема образование, со тоа полесна контрола над другите луѓе.Второ, што значи образованието не е проблем за наталитет.Трето, порано и без нив луѓето се образувале, учеле.Четврто тешко дека некој ќе им се спротивстви на Ротшилд и Рокфелер, за тоа треба цел свет да биде против нив.Инаку човекот како поединка,сам, не може ништо да направи против нив.Човекот има право што сака да прави во својот живот.Ако човек се образувал, незначи дека Ротшилд и Рокфелер му рекле да се образува, туку сам по сопствена желба тоа го сторил.Познати ми се тие две фамилии. Лично не ги познавам.Човекот кој се образува, не треба против него да се борите.А впрочем и се сомневам дека воопшто некој ќе застане против тие две фамилии кои го вртат светот и што сакаат прават со него, кои патем само пари ги интересираат, не дали некој леб нема да јаде, нема што да облече, болен, настрадал итн.Тоа е сосем друго, друга тема.
    Не може да се констатира сигурно дека причината за наталитетот е образованието, како што кажав погоре и не е, второ проблемот може да биде друг.Што ако во прашање е неплодност? За тоа кого ќе се обвинува, Ротшилд и Рокфелер??? Не, не може да се обвинуваат тие за таа причина.[/quote]
    Мешаш баби и жаби.Целата програма во образованието е токму нивна креација ако не си знаела.Во многу гранки се учи искривена вистина за потреба на нивните интереси а многу луѓе што студираат тоа не го знаат.Што се однесува до неплодноста и кај мажите и кај жените таа е резултат на храната што се конзумира и ништо друго.Во светот се повеќе и повеќе се уништуваат природните семиња за да ги тераат земјоделците да садат генетски модифицирани кои предизвикуваат 100% стерилитет во наредните генерации и низа канцерогени заболувања во раната младост.Ова во Србија е масовна појава бидејки нивната влада е поткупена од нивните фондации за да ја преплават земјата со такви семиња.Резултат?Ке исчезне целото население ако овој процес не се стопира.Фирмата Монсанто која е задолжена за тоа е под контрола на Рокфелер и ако сметаш дека Рокфелер не е виновен за неплодноста кај луѓето тогаш немам повеќе коментар.
    http://www.zemjodelstvo.mk/index.php/be ... rana-hrana
     
  19. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Претпоставувам дека твојата агенда за зголемување на наталитетот ќе ја однесе планетата до неверојатната бројка од 500 милијарди. Едвај чекам да ги видам и твоите колонии на Марс.
     
    На Lolo5, zarah, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Не мешам баби и жаби.Знам дека на секаков начин тие контролираат.Прво, тоа што луѓето го учат, не е баш искривена вистина, а и верувам дека нема некој што незнае за Ротшилд и Рокфелер.Зборот ми е човекот има право да одлучи што тој ќе јаде, каков живот ќе живее, каква литература ќе чита итн., негово право, ако згреши ќе научи што е правилно.Ако луѓето ги одбиваат оние работи кои ги нудат Рокфелер и Ротшилд, тогаш зарем мислиш дека ќе бидат од истите контролирани? Во врска со исхраната за која мислиш дека таа е сигурна причина за неплодноста, незначи.Да, храната игра многу важна улога и те како е битна, но за да има чиста и здрава храна, тоа треба самите луѓе да сторат нешто во врска со тоа, односно тие кои се задолжени за производство на истата, а откако ќе го направат тоа, односно произведат чиста и здрава храна, тогаш тоа е оној дел првобитен со уште неколку,кои сочинуваат база за да опстојат тие две фамилии.Ако истата ја снема, полека паѓа нивната доминација.Проблемот е што тоа луѓето не го прават.Следно е и колку е јак организмот на човекот, без разлика каква храна јаде. Во врска со семињата од овошјето за кое зборуваш, кое патем во нив е витаминот Б17 кој се смета за лек на ракот, којзнае дали тоа е стопирано од нивна страна, а ако ги тераат земјоделците, проблемот лежи во парите, бидејки парите го вртат светот, односно гореспоменативе.И кога веќе е општопознато тоа што ти го знаеш за двете фамилии, зошто не се сврти некој против нив, а за да се свртат, бога ми, треба да се рамни на нив.Дали воопшто ги има тие кои можат да им се спротивстават? И да, мислам дека не може тие да бидат виновни за стерилитет, бидејки не можат некого да контролират, ако некој не оди по нивните правила.И не може на човек некој друг да му биде одговорен за неговиот начин на живот.За наталитетот кај нас, тоа што се случува де, не можат ни тие да бидат одговорни за нашиов проблем.Секој по своја желба може да има деца колку сака, колку смета според условите кои му го дозволуваат тоа.А за Ротшилд и Рокфелер, има кој да се справува со нив, битно е што ние правиме за себе си.Образованието и те како е важно, зошто кажав во претходниот пост.