А се прашував како сум ги пропуштила, а тоа ова генијалциве на тв ги давале. Сад ми е све јасно...за тебе де Бранко е крив нели? Друже, јас разбирам дека тебе повеќе ти одговара примитивизам и враќање децении, па какви бре, векови назад во првобитното општество, па така како што си ситуиран, па да ти носат невести од различни класи по домата, да можеш да бираш, оти нели си од богатите..ама нема бре. Времето е изменето, луѓето се изменети, тоа што ти го посакуваш не може и нема да се врати, а твоето неприфаќање на новото општество ќе допринесе само да си го загорчиш сопствениот живот и на тие околу тебе поради твоите ставови кои сакаш да ги наметнеш. За останатото, некако ми е жал да помислам дека твојата мајка е угнетувана од вашите размислувања дома. Молим те, своите партиски приврзаности (кои се очигледни) и сфаќања за новиот поредок кој ќе го донесеш кад тад нели овај, да ги усмериш посмирено и поречито, затоа што изнесуваш само мислење, кој овде нема кој да ти го прифати За омаловажувањата и фрустрациите што ги искажуваш спрема женскиот пол... не сакам да грешам душа па да ти го кажам тоа што стварно го мислам, ама некако јасна ми е твојата ситуација. Ај сеа, ако сакаш да си продолжиш со таквиот среќен живот, оди читај си го Миленко
Спојлер Ептен офтопик - Б17 витаминот го има во семките од кајсија, кои во Америка, после откривањето на нивното исцелително влијание врз клектите на ракот, се прогласени за ТОКСИЧНИ, и ставена е забрана за нивна употреба и увоз. А, како парите го вртат светот, сигурно законот е донесен по нечие барање, не?
Донесен е де, по нечие барање, тоа разбира се, а парите како го вртат светот, го вртат, тоа сите го знаат.Кога веќе самите увиделе дека има исцелително влијание врз клетките на ракот, тогаш зошто е ставена забрана за нивна употреба и увоз? Нели причината може да се парите, пример.Значи лекот го има, а не го даваат? Којзнае што прават, не е ништо онака како што претставуваат.Така што кога веќе е спомнато за семките, а имаат лековито дејство, ни тие не можат да бидат причината за неплодност за која наводно се обвинуваат Ротшилд и Рокфелер, а за ракот, не ме чуди да го направиле тоа, се само заради пари.За нашиот проблем со наталитетот, го кажав и на другата тема, нека обезбедат нашиве се што треба за народ, вработување и се по ред, нека сторат се што можат луѓето да не им бегаат од државата, па тогаш мож да се сменат работите.Иначе ништо не прават.
A добро дискофилман,едно прашање,што не направи сите девојки на форумот за жалење и дека немаме поима од ништo и дека таквите како нас нема да имаат поколенија не направи,ама кажи ако си толку како што треба и загрижен за наталитет како до сега не си најде некоја истомисленичка од твоите 5 милиони истомисленици па да се ожениш и да правиш деца да не останеш ти без поколение ,наместо да ни трубиш тука на форумов да не оправуваш нас да ни кажуваш како треба ние си знаеме што сакаме и што правиме и те молам огорченоста лечи си ја на друго место,а не со расправање со млади девојки на женски форум,направи си твои деца па нив воспитувај ги со твоите теории и престани да не навредуваш нас а воедно и нашите родители за тоа како не воспитале
има многу аспекти на согледување за малиот ни наталитет во нашата ни мила државичка....ај да тргнеме од немањето работа, пари , можност за стварање свој дом ! итн...но што е со воспитувањето на тие деца..се смени работното време од 08.00 до 17.00 некогаш 18.00 не како порано до 15.00 дома.сега родителите после работа претепани имаат само 3-4 часа време со своите децата пред легнување, башка се домашните обврски...брзиот начин на живот и се поголемиот дел од денот поминат надвор од домот и семејството смени многу работи и вредности во општеството,со тоа повлече и одложување на времето за стапување на брак.неможноста и немањето време да се посвети внимание и љубов кон сопственето дете е една од причините поради која сега младите се одлучуваат за само едно дете. тоа е за жал реалноста во која се се врти во еден чудесен круг. нема работа па ќе најдеш.едвај склопуваш крај со крај,остануваш трудна те бркаат од работа..седиш дома..маж ти не работи..старите те издржаваат ...детето се раѓа ..ти требаат пари..нервози расправии по дома...требало ова требало тоа...кој ќе го чува...тргнуваш на работа заглавена од утро до вечер...нема време за ништо..детето си расте со баби и дедовци гледа турски серии..игра игрици на нет...или во градинка седи додека воспитувачката мака мачи со 30деца во група... или во друг случај...чекаш се да се среди..пари , стан , работа па потоа неможеш да имаш деца..предолго си чекал ..времето те згазило.. ова нашево е меч со две острици незнаеш за кај си ....треба промени првин тргнувајќи од работното време...до коренити промени во работничките права ...во образованието, во здравството...и пак круг....
Ајде да си играме една игра - откриј ја Македонија на картата (листата). -мала помош, ја нема. But whyyyy? (Баш кога треба да се одлучиме сите за раѓање деца! ) Спојлер ....за оние кои освен црнила, сакаат пропратно и да се насмеат - oд коментарите: mispgl Nov 29th, 15:01 Where is England on the list? Is it *really* a less desirable place to be born than Nigeria? Karoshi888 in reply to mispgl Nov 29th, 15:07 Son, it belongs to Britain. mispgl in reply to Karoshi888 Nov 29th, 15:10 Christ, I'm blind. Thanks for that. http://www.economist.com/news/21566430- ... ttery-life
Ќути. кај иначе ќе се забереш од тука да отидеш до Нигерија Спојлер од коментарите the realist Peter 54 mins ago Pathetic article. Are you being paid by politicians to publish this so that more Nigerians will move from their country and give birth to their babies in your countries? As it stands today, the best brains in UK school and US schools are Nigerians and it's a country booming with a lot of young and productive people, not your aging, debt ridden population who are looking for who would inherit their debt burdens when they die. Note that at present, the economy of Nigeria is one of the best on this list and the people owe nobody. They live happily with one another, unlike sick people in our countries in Europe. I have been there and I stayed long enough to see things by myself. Irrespective of what's written, Nigeria is not the worst place. It can improve, but it's one of the places with great promises for the future generation. Babies born in 2013 in the first 30 - 40 countries of this list are being born to carry the debt burden they never used while Nigerian babies born in 2013 are born free. Туку, Србија подобро котира тана-на. Пет во Бугарија, пет во Србија? ...Се гласа на референдум нешто против нас во Србија? оп праќаш петорката таму...во Бугарија проблем? оп, другата петорка таму. (може и малку се а?)
На дискофилман со задоволсво би му направила психоанализа, ама јас модерна жена од 21 век немам време...Но, по се изгледа ќе да си од тие типови кои 24/7 гледа теории на заговор, кои најверојатно ги измислиле Рокфелер за да имаат што да се занимаваат типови како ти...И, како постигна ти толку да заработиш и заштедиш, баш ме интересира, зашто еве јас наместо да заштедам ќе ги инвестирам за моите потомци А да јас сум од таа која на 28 години не размислувам за деца (а замисли сум албанка, која по некој општопознато балканско размислување само раѓа) затоа што со мојата работа во државна институција не можам ниту еден одмор да си дозволам себеси...Зашто во некое минато имале деца, па баба ми биле седум или осум деца, ама за сите имало работа во нива, моја мамичка градско дете станало и се одлучило на две деца, ама во тоа проклето комунистичко време, ни овозможија на двете сестри да имаме убав живот. Сега јас работам, плус мама и тато, не издржуваме никого ама едвај месецот го поврзуваме (мамам вели од 1 до 2 супер, ама од 2 до 1 во месецот не се издржува), а Грујо наместо некои програми за наталитет, подобро ќе му биде да го вреднува вложениот труд на човекот, а не луѓе да работат за 10 000денари месечни
[СДК] Сакам да кажам... незнам дали има таква тема и затоа јас овде ќе си прашам.. вчера со свекрвами ме прашува колку пари давале за трето дете па јас незнам од кај бев слушнала дека давале по 8 илјади и она ми викаа е не е толку да е толку арно е демек по 2 илјади давале.. ај некој ако знае нека ми каже моѓе и во лична порака. позз
* Се прават некои пресметки во однос на просечнната плата во тековната година, но да отприлика се околу 8000. Имам познаничка коja годинава треба да ги почне да ги зема, бремена е со трето. Нивната одлука за трето дете се базираше баш поради законов за финансиска подршка за трето дете. Мене ова ми е многу апсурдно,да се отслониш и мислиш дека можеш комотен живот да им обезбедиш на три деца со 8000.
А бе гледам тие богатите македонци што имаат милиони по 7 деца имаат... Де луѓе аман не ги обвинувајте парите за се. Тоа е сепак ствар на личен избор, не дека парите немаат удел ама тоа е. И зш сега нас не не бива. Имам два три први братучеди и еден брат ... и толку. А да имам повеќе тројца од нив да успеат во животот да станат некој и нешто ке има и за мене вака сама сум, нема кој да ми помигне освен родителите. Турците по 10 деца имаат, едно ке успее ке се снајде во германија сите ке ги повлече (туку ние и клетички сме си). Има 10 деца ке отвори фирма ке работи на црно, еднаш ке го фатат оди едниот син во затвор , па другиот, па третиот додека да се изредат сите ке се наполнат пари. Ние тука едно две и ке му се тресеш влакно да не му падне.
Δ Џабе е и 50 први братучеди ако се, ако секој би чекал на шансата од друг да успее па за на него да му помогне. А да знаеш само колку се согласувам со тебе на првиот дел од постот, дека не е парата таа да некој реши деца дали да има и колку од нив да направи ради бенефит од влада . Владата ако залажува некој со пари да раѓа, толку ќе ги излаже само оние што веќе немаат доволно за двете деца, давеник за сламка ситуација, па ќе се надеваат дека со помошта од трето ќе ги истера и овие претходните две на пат. Оној со финансии може да си размисли и да си рече сакам онолку, оп троп, ако дадат помош арно, ако не дадат имаме доволно и без тоа.
Јас пишав и во друга тема ама ајде и во оваа... Значи ако се намали наталитетот не е Бранко крив туку Никола зашто сите градоначалници се доктори, кардиолози, хирурзи...
^Удри по жената, ние сме криви. Не сакаме да раѓаме, па удри со камшик, уште тоа да го кажеше. Па после зашто многу луѓе биле атеисти, или пак не веруваат во црква и наводниве попови.
Не кажува дедо попе ништо ново, колку што имам читано за тоа каков треба да биде еден брак од црковни книшки баш ова го пишува. Не ми е сега книшката тука за повеќе да напишам, ни ја дадоа кога се венчававме во црква. И кога му читав на мм знам дека се киневме од смеа, детално беше опишано која е улогата на жената во бракот, а него пошто му се допадна рече да си ја чувам и редовно да си ја читам
Како да и кажам на комшивкава да роди уште две кога нон стоп иде прва, втора смена, и за празник и за делник, па не може ни едното да го види Ама ај седи дома без работа? Ако порано жените седеле дома и чувале деца, сега повторно истото го прават само што плус одат и на работа. Плус функција. Мажите на истата остануваат. Не сум феминист во никој случај. Читав една сторија во Дневник пред некое време како функционира едно семејство во Шведска. Жената беше на породилно дома, а и мажот исто така. Имале право на користење отсуство додека детето не наполни 9год. Платено секако. Деца растени со мама и тато, а не со воспитувачки или баби. Црквата и Владата во напад на жената. Сепак можеби и жената нема толку права денес, колку што е мета за обвинување. Ја би радо и 5, ама нема кој да ме земе