Ќе покаже идното време колкав ти бил коефициентот на интелигенција.За мојот ке оцени јавноста наскоро после Јуни месец оваа година кога ке се случат серија земјотреси во вид на прикриени информации кои ке се обелоденат јавно по медиумите а кои 90% од народот не ги знае.
Епа ајде просветли не , ова како со крајот на светот и маите, после тој и тој ден ќе се случи тоа и тоа Ако знаеш нешто што е вредно за внимание сподели овде па да дискутираме
Би кажала само дека во 21 век срамота е да се пропагираат вакви нешта. Срамота е некој трет да се меша во (брачната) заедница(та) која ја сочинуваат само двајца и само тие решаваат колку деца сакаат да имаат или дали сакаат воопшто да ги имаат. Со сета почит кон религијата наша, ама настрана од неа овие претставници на црквите се ми изгледа како да се напавкани-бидејќи кажуваат тотално куртоазни реченици. Исто како некогашната лицитација за златна лопата!!! Па уште фали и навистина поради тоа државата да забранила увоз на апчињата "ден потоа". Морална пропаст! Најлошо е што млади девојчиња ќе си направат проблеми и тоа огромни. По се изгледа се враќаме во времето на средниот век!
Брука невидена Попови ќе ни кажуваат колку деца да имаме, демек јасне сум свесна колку можам да родам, да изгледам и пораснам ! Ц ццццццц А за Норлево ако е , поарно да го нема, гледам го пијат како утринско кафе
Чим одиш на постипломски студии ти си обична марионета на системот ништо друго.Освен мода те интересира нешто попаметно?Благодарение на таквите како тебе луѓето што ја командаат оваа планета со помош на таквите како тебе за краток временски период ке се обидат да уништат околу 6 милијарди луѓе затоа што сметаат дека им се вишок но попрво ке отидат таквите како тебе него мене затоа што јас и моите истомисленици кои во моментов се околу 5 милиони луѓе во светот се бориме да ги уништиме и да воведеме нов светски поредок на планетава.[/quote] од сите твои глупости што ги прочитав оваа е ВРВ[/quote] Ќе покаже идното време колкав ти бил коефициентот на интелигенција.За мојот ке оцени јавноста наскоро после Јуни месец оваа година кога ке се случат серија земјотреси во вид на прикриени информации кои ке се обелоденат јавно по медиумите а кои 90% од народот не ги знае.[/quote] ај и тоа чудо да го видиме а друг начин како ке не уништуваат знаеш?
Ќе зезнат само еден куп деца. Ако е точно, би било добро побрзо да се рашири веста, за да со време си превземат соодветна заштита (која и така треба да ја имаат, но се решиле на масовна злоупотреба на апчево како што гледам). Туку, да не им текне после да стопираат и увоз на презервативи
A сега да ве видам! Уништувачи на светот со испрани мозоци. погорниов дел од постот е со доза на иронија п.с. кравче не давај идеи ќе те молам. Шо се тиче изјавана на оној владиката... no comment. Спојлер Ни` пукаа сеир завчера атеистите и тоа жестоко. „Мажот е главата на куќата и жената треба да му е подвластена.“ За разводот жените биле криви оти немале смирение дека добиле многу права. И после се лутат кога зборат лошо за нашите свештени лица. Па јес да се поединци, ама некој треба да ги подбере да не зборат во име на црквата такви работи. Нека си го кажат тоа како личен став и разбирање, по тренерки. Клара и Роза се превртуваат во гроб.
Особено ми е интересен моментот што тие кои се најгласни за планирање на работата на матката на жените се оние кои ја немаат истата и не можат да искусат бременост и породување. „жените се подвластени“, „жените имаат поголеми права од мажите“.... ако имаше поима шо збори, еве на. Колку да се најдеме во муабет... Шо се тиче смирението...да, многу важен сегмент на кој не` учи христијанството, ама и за двата пола, не само за жената.
Добро,и мене ми падна сомнително за тоа со Норлевото дека го нема ама си мислев дека до мене е. Зарем е можно на таков подмукол начин да ги тераат лугево да рагаат деца и на таков начин да го регулираат наталитетот во земјава.Навистина треба да се испита тој проблем. Далеку од тоа дека ги оправдувам оние поединци кои го користат како тик-так бомбона,ама ова крајно нечовечен и недемократски потег. Со кое право државата се меша во личната одлука на поединците. Во поглед на изјавата на дотичното свештено лице,ја искористив својата потреба и културно го изругав . Посилно беше од мене.Не за тоа што сум атеист па конечно добив на сила како ја сум во право а останатите не,туку затоа што сум ЧОВЕК И ЖЕНА поими кои нему очигледно не му се јасни. Иако сум атеист ја почитувам вербата и принципите кои ги поставува религијата,без оглед дали е христијанска или муслиманска или било каква. Убаво е кога лугето имаат водилка во животот без разлика на какви темели се основа таа водилка. За мене трагичното е што многу од "современите" мажи го делат истото мислење ко попов. Не за тоа што религијата им наложува да ја омаловажуваат жената,туку затоа што така се воспитувани. Ако треба ке се утепаме ,ама мажот ке биде маж во кука ,а жената секогаш ке ја потценуваме. Мажот секогаш ке биде тој што ке носи леб на маса а жената е онаа која со престилка над шпоред ке ја меша манџата. Зошто жените се образувале губеле време многу,зошто работеле.Па како бре да не работам и да не си го вадам лепчето на маса.Утре ако тој маж реши мене да ме тепа, физички и психички да ме малтретира зарем треба по секоја цена да останам со него во брак,зошто ако се разведам ке немам нит работа нит финансии нит храна на маса?!? И на крај лесно е коа си маж и од страна посматрач.Оние кои биле бремени и родиле знаеле која мака ја претргале.Не викам не слатки маки се тоа, ама можам да замислам колку им било тешко во бременоста кога требале секоја секунда од времето да внимаваат на секој детаљ околу себе за да не го повредат детето што го носат.Кога хормоните во нив ги збудалувале и не знаеле главата каде им е . Кога пред секоја контрола се треселе дома да не случајно им кажат нешто лошо во врска со бременоста. Кога на порагај на бокс 12 саати офкале и трпеле болки додека да излезе тоа дете. Кога после тој порагај живи се јадосувале што се здебелиле и се сториле со стрии па не дај боже маж им да не почне да гледа по други зошто не се веке привлечни ко порано. Кога ке го претрга дотичниот поп сево ова ке има право да соли памет и да кажува на кој колку му е дадено повласување.До тогаш мислам дека најпаметно би му било да си ја затне муцката за вакви деликатни теми и црковни песни да пее на погреби и свадби.
Јас на шала онака го ставив Норлевото на темава, оти погледнувам и на другата тема чат пат, па ми стана некако смешно оти во исто време и тука се расчитав, ама па и нема да ме изненади дека е владина дубара во држава што како прво, нема систем да ги образува момичките за контрацепција, кога веќе мајките не го прават тоа оти и они се толку упатени(генерално земено), па затоа сме со огромна стапка на прекинати бремености, и не се тука децата толку криви што клукаат Норлево при паника, и како второ, притиска кај она интимно кај брачните парови на ептен глуп начин веќе. Флаери секој треба да има трето дете, небаре ти дели флаер за купи два сендвича од оваа сендвичара и имаш гратис газиран пијалок. За дедо поп не ме изненадува дека така викал. Поп е. На последната македонска свадба кога бев при она се венчава работ божји пеење попот три пати рече жената да му се покорува на мажот. Па сега дали е во библии, или така упаднало традиционално некако, ама го кажуваат и освен што невестата се врти кон другарките и се смее додека се пази попот да не ја примети, оти нели да не е безобразна, ниту попот кој ја видел дека се смее невестата реагира, а и ниту една жена во црквата му вика уаааа. Ама ете, поп е за во црквата и нека си пее како знае, на кој му се оди да слуша арно на кој не-пак арно, мир. Што мајка бара поп по весници и телевизии? Раѓајте оти Македонија ќе ја снема не пали а? Чим не пали патриотизам, одиме на религија, раѓајте верници оти на дедо поп може да му се намали стомакот, овај, црквата ќе ни пропадне де. Грешавам нешто денеска.
Работава е што како што викаш, религијата се користи како маша за вадење на костените. Од каде тоа дека само жената треба да има смирение? Колку што се разбирам, христијанството не проповеда дека ако си маж можеш да бидеш галамџија... и флаерине башка шо ги давале у црква со свеќите...немам коментар. Башка нелогичен е. Вика „жената е повластена на мажот/мажот е главен во куќата“ и после вика „ама жената има поголеми права.“ И ај сеа...? Работава ко онаа од џумбусон пред собрание у декември шо беше шо ja прашаа зашто е таму и си рече дека треба да падне власта и да дојде вмро ... Eee тоа да видиш. Ем се бориме сами да заработиме, ем имаме право да наследиме (со што баеги им ја имаме финансиски олеснето ситуацијата на маживе), ем сме во брак се` додека искрено ги сакаме благодарение на разводот. И пак не чиниме! Па доста се трудевме више, уште трудни да остануеме по 3х+ .... дај одморете не` малце.
^Хахахахах додека не сфатат дека таа наша еманципација во секој поглед на нив првенствено им го олеснува животот ништо не праиме.Нека се праат мажи колку сакаат ама факт е дека полесно e кога во едно домакинство има 2 плати и дупло повеке финансии отколку со една просечна плата да се врзува крај со крај.Ова се разбира не важи ако за жена ме земе шеик некој и не фрла пари по мене вака. http://www.youtube.com/watch?v=aMQaxVIkww0 imelda може тој изговор за неинфомираност би бил валиден пред 10 години ама денес е страшно и срамно некој да каже дека не е доволно информиран на тема бременост и ппб при волку медиуми,компјутери и весници. Јас прв пат добив компјутер пред 5 години па пак бев информирана за тоа ,што од мајка ми (ај ке речеш тоа работи жената па нормално да сум задоена со такви работи) ,а и убаво памтам дека и во школо барем во Орце јас каде што учев на неколку пати доагаа и држеа предавања на тема бременост и наркоманија. Не е до неинформираноста.Информирани се по најнова мода да шетаат у миничи и штикли ,да роварат по фејсбуци а не се информирани дека треба заштита да користат при сексуални односи. Ма немој да ме јебеш бре. До лугето е до децата до младите. Зарем малце читаме по темите муабети -ААААА како кондом ,поубаво е чувството без ,а после у Дали сум бремена-Лелеееееее помагајтеееее дечко ми ми сврши на коса дали сум бремена ? Ako e вистина ова што го прават со Норлевото ондак стварно во некоја утопија живеат надлежните ако мислат дека деца од 14 години се спремни да бидат родители. Со сила мајка и татко не се станува,и не секој е способен да биде родител. Што треба утре да ги оставаат по домови тие деца ,па дупли проблем за државата бидејки знаеме колку од нив завршуваат онака како што треба да завршат. Лесно е да се напраи и да се роди дете,тешко е да се исчува поготово во вакви услови каде не знаеш утре дали ке ти дадат плата и дали таа плата ке ти стигне сметките дома да ги платиш,храна да купиш или дете да раснеш и школуваш.
од сите твои глупости што ги прочитав оваа е ВРВ[/quote] Ќе покаже идното време колкав ти бил коефициентот на интелигенција.За мојот ке оцени јавноста наскоро после Јуни месец оваа година кога ке се случат серија земјотреси во вид на прикриени информации кои ке се обелоденат јавно по медиумите а кои 90% од народот не ги знае.[/quote] ај и тоа чудо да го видиме а друг начин како ке не уништуваат знаеш?[/quote] http://www.youtube.com/watch?v=wtzlq9yJons
Не знам какви календарчиња и списки даваат во Мк за венчавки или било што,(инспирирана од постот на скорпионка) ама тукашниве поразлични се и еве да споделам како Македноската Црква во странска земја ги поучува своите следбеници „Вистинско богатство е кога маќот и жената живеат во слога, соединети како едно тело...Ако измеѓу мажот и жената постои еднодушност, еднаквост, мир и њубовна заедница, коннив притекува секое добро. Еднодушноста кај нив го зголемува секое богатство и секое изобилие. Мажот нека и ја дава на жената должната љубов.Така и жената на мажот. Оти врзани со оковите на сопружништвот, ние сме си една на други и раце и нозе и слух. Грижејќи се заеднички, полесна е секоја тага, а радоста понесува тројно.“ Убаво е кажано, а жално кога божји слуга си дозволува да толкува поинаку. Секој има право на избор. Што за оние јадни што толку сакаат порпд а не можат? Да посвојат 3 деца? Па по Богу едно не може да се усвои и тоа во Македонија бре еј, бизнис и од тоа прават процедури колку сакаш наместо да ги згрижат во топол исполнет дом. За тема Норлево мајко мила не нашле попаметен начин да ги едуцираат децава? Со дебилни потези очајнички прават полошо од ошто и е. Бог нека ни е на помош, оти никој друг не се нафаќа.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?co ... cord_id=91 Еве нека си прочита кој сака сега најдов на нет, а се чудам зошто сме се смееле со маж ми, веројатно сме се фатиле за неколку реченици што ги пишува, баш како што кажа дедо попе и сите му се нафрлија. ОДГОВОРНОСТА НА МАЖОТ Мажот е глава на жената... ОДГОВОРНОСТА НА ЖЕНАТА Свети Апостол Павле вели: Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа...Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè (Ефес. 5, 22 - 24). Е сега ако вака селективно читаме тогаш ќе има дали смеа, дали бунт, револт...ама ако сето го прочитаме друга е смислата... А ставот на црквата за абортусот е веќе познат.
Кампањата си е во ред. Кој сака нека има трето дете, кој не сака не мора. Никој сосила не може да не натера да раѓаме. А ставот на црквата е тој што е. Не дојде никој дома да ми нареди дали да го слушам мажот и да раѓам, туку како што ќе си ја наредиме дома работата така и ќе биде. Не знам што се замарате сите за тоа што се зборувало на ТВ. Инаку НорЛево има во аптеките.