Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наталитет/Морталитет

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 4 октомври 2012.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Кој како ќе си ги сфати зборовите од Библијата...

    Времињата се менуваат, а со тоа и начелата.

    Мажот бил глава во куќата кога жената немала право на работа, образование и сл. Не може истото правило оттогаш да важи и денес. Кога не можела да работи и била под нечија заштита (на мажот), нормално морала да го почитува и да биде послушна. Не бевме ли такви во домот на нашите родители? Да не случајно можевме да правиме што сакаме? Повеќето не. Tуку понизно си ги слушавме родителите...додека да станеме самостални...

    За жал, зборовите од светите книги не ретко се злоупотребуваат, вадат од контекст (да имаме во обзир дека и јазикот на којшто се пишувани не е со иста прагматика со оној кој го користиме во комуникација секојдневна). Со која цел? Да профитираат одредени луѓе. Доволно е една запирка да се смени или реченица да се извади од контекст (Ја знаете приказната за парадоксот на запирката?)

    Каде се тие свештеници да се огласат во случај на насилство врз жената? Каде се тогаш да употребат други цитати за да ги поучат мажите. Не ми текнува точно на цитатот но знам во стил беше дека „не постои поголем благослов за еден маж од тоа да има добра и чесна жена.“ (oд Библијата) Во тој стил, поупатените ќе ме поправат. Но, се` се врти во склад со тоа како некому му одговара.

    И уште нешто. Немам ништо против што попот излегол на ТВ. Ама во духот на неговиот позив треба да знае како да го каже тоа. Дали Исус ни` пристапил со осуда, прекор и дискриминирање? Не, тој ни` пристапил (и на најгрешните) со љубов и со ука. Она што го кажа не беше ни Д од духовно. Сум слушала беседи на свештеници од други земји за наталитетот. Па со колку љубов и пофалба кон жените зборувале за тоа, воздигнувајќи ги на ниво на Дева Марија, колку и да си против имање деца, барем на момент да те натера да помислиш на таа алтернатива. Е тоа е во дух на религија...да поучуваш со љубов, смирение и мудрост.
     
    На Gordana10, vinozito1 и WildCherry им се допаѓа ова.
  2. Silvester

    Silvester Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    Еве црквата се огласи со појаснување, или оправдување на она што го кажал владиката Петар.

    http://preminportal.com.mk/index.php?op ... 1%82%D0%B5

    Од ова јас заклучив дека жената всушност е таа која е попаметна од мажот и треба со кроткост и смиреност да го насочува на прав пат.
     
    На tessie и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Многу погрешно ја сфаќаме сликата за една независна жена, одма во крајности одиме. Образована сум, работам, придонесувам, и веднаш расфрлање со его до небо, мене никој не смее да ми зуцне. Па не стапувај во брак тогаш, такви баналности како деца, ручеци спремање и компромиси правење со партнер ич не ти требаат. За џабе ли си учела за да мирисаш на запршка и некој да слушаш?
    Ретко жена можеш да видиш во права смисла на зборот, а која е таа ваљда секој различно ја тумачи.
    За мене не е самостојна и независна и модерна и што ти знам веќе ако се плаши да роди затоа што не знае дали ќе може да го изгледа тоа дете. Не ми одат тие работи заедно, од една страна силина а од друга страна огромен страв, значи не ќе да сме толку способни како што се прикажуваме.
     
    На Magnolija, NoellePage, tinan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Се согласувам за болдот целосно. За мене тоа е онаа која би била успешна на сите полиња и семејство и кариера, ама да бидеме искрени, уште кај нас се длабоко вкоренети традицијата (иако за најновиве генерации веќе не сум сигурна) и одговорно тврдам дека многу жени би ја ставиле сеуште кариерата во втор план, ако семејните обврски го налагаат тоа. Дури и Адел направи пауза во кариерата поради семејството. Убедена сум дека жените се сепак емотивно зависни од таа поврзаност кон партнер, деца, така да, колку сака нека е успешна во кариера, ако остане сосема сама жената секогаш ќе биде длабоко несреќна во себе.

    Мене друго ме нервира, што секогаш и политичарите и поповите истрчуваат со најмоќните алатки за дефокусирање - наталитетот, хомосексуалците, абортусот и не само кај нас и во светот било и ќе остане така. Каде е тука правото на избор загарантирано со устав, каде е тука љубовта и прифаќањето на ближниот?! И не, не им се нив мотивите воопшто благородни, и кај едните и кај другите, кои ете често и се поврзуваат меѓусебно, се‘ е интерес и полнење на нивните каси.
     
    На anuskaNESTLE, MSkorpionka, tinan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    А па некој мислиш ги слуша и политичари и попови, гледаш и сама излегува поп со изјава и сите со камења по него. Излегува владата со кампањи, реклами за трето дете и еве гледаш сите м'кнат по 3-4 деца со себе :D Напротив, и да сакал некој да роди трето повеќе шанси има да се разубеди ако пример чита фемина или некој друг форум каде наголемо се ругаат ваквите изјави :D

    А за првиот дел од постот, кога веќе ја спомна Адел, тоа нејзиното Е кариера. За која кариера збориме во Македонија, која професија бара такви откажувања и толкави жртви да ти мораш да се откажеш од семејство? Може да се тера и професија и семејство напоредно ама ако се сака, ако се има воља и ако подеднакво те исполнува и едното и другото. Ама тешко ни е, децата ќе не кочат да се оствариме комплетно професионално, или заради професијата не можам да се посветам на деца и семејство...изговори колку сакаш.Трети па нит абер од професија имаат нит абер од деца и семејство, и сами не знаат што сакаат. Една да признае дека сме можеби малку, сосем малку...мрзливи?
    А девојки, жени од нашето опкружување кои земаат 150, 200 или 300 евра плата и мислат дека се на ниво со Адел :D, самостојни, модерни жени ги има многу. Не сме, само така се лажеме. Па баба ми да го оставела дедо ми на времето повеќе способност имала да изгледа сама 4 деца и хектар нива отколку денешна жена да се разведе и да треба да се погрижи за едно и за својата "кариера".
    Немаме толкав избор и можности, па најарно да си легнеме на брашното со време :D
     
    На imelda, Magnolija, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ^

    Над 95% од генерациите блиски до мојата се израснати во градинки (дури и од бебиња голем дел се носени во јасли) или од баби, или комбинација, бидејќи беше време кога двајцата родители беа вработени во секоја куќа, така да, јасно е дека може да се биде вработена и семејна жена истовремено.

    Сега ретко која жена има кариера која бара таква жртва во Македонија, тука се согласувам. Најпрво, не ни имаме услови да градиме кариера, во приватен сектор голема е веројатноста да паднеш во немилост на сопствениците од различни причини (во кои спаѓа и таа да останеш бремена), а и кај партискиве вработувања има се‘ почести превирања, така да нема сигурност да останеш некаде подолгорочно, па како во такви услови и би се градела кариера? Што да градиме во свет кој се руши :D ?

    Тие па кариеристките, со цирка 200 евра плата, поткрепени со бизнис аксесори од типот скапа актовка, часовник и/или некој технолошки гаџет, ај подобро да не ги коментирам :D ...

    Една Англичанка на времето напишала книга, после долго патување низ светот, во кој ја споменала токму издржливоста на македонските жени, кои имаат премногу тешки и мачни животи, ама и покрај тоа ја наоѓаат својата утеха во рачна работа, различни изработки и сл. Тоа токму се однесува на генерациите на нашите баби и прабаби, кои често останувале веднаш сами, кога сопругот ќе заминел во туѓина, кои губеле деца во војни, кои виделе буквално беда и сиромаштија, која ни да се замисли не може, тешко дека ние, или па уште повеќе овие кои доаѓаат допрва, ќе го оправдаме тоа да се наречеме нивни достојни потомци...
     
    На tinan, anuskaNESTLE и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    од сите твои глупости што ги прочитав оваа е ВРВ[/quote]
    Ќе покаже идното време колкав ти бил коефициентот на интелигенција.За мојот ке оцени јавноста наскоро после Јуни месец оваа година кога ке се случат серија земјотреси во вид на прикриени информации кои ке се обелоденат јавно по медиумите а кои 90% од народот не ги знае.[/quote]
    ај и тоа чудо да го видиме а друг начин како ке не уништуваат знаеш?[/quote]
    http://makfax.com.mk/309341/modernizira ... makedonija
    http://faktor.mk/archives/46171?utm_sou ... ka-pchenka
    http://www.index.hr/vijesti/clanak/prop ... 37040.aspx
    Кога мечката ќе заигра оро кај комшијата очекувај дека наскоро ќе заигра и кај тебе.
     
  8. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    од сите твои глупости што ги прочитав оваа е ВРВ[/quote]
    Ќе покаже идното време колкав ти бил коефициентот на интелигенција.За мојот ке оцени јавноста наскоро после Јуни месец оваа година кога ке се случат серија земјотреси во вид на прикриени информации кои ке се обелоденат јавно по медиумите а кои 90% од народот не ги знае.[/quote]
    ај и тоа чудо да го видиме а друг начин како ке не уништуваат знаеш?[/quote]
    http://www.sitel.com.mk/sad-agresivno-lobirale-za-gmo
     
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    од сите твои глупости што ги прочитав оваа е ВРВ[/quote]
    Ќе покаже идното време колкав ти бил коефициентот на интелигенција.За мојот ке оцени јавноста наскоро после Јуни месец оваа година кога ке се случат серија земјотреси во вид на прикриени информации кои ке се обелоденат јавно по медиумите а кои 90% од народот не ги знае.[/quote]
    ај и тоа чудо да го видиме а друг начин како ке не уништуваат знаеш?[/quote]
    http://www.youtube.com/watch?v=6WQtRI7A064
     
  10. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Само шест првачиња во општина Кривогаштани
    Објавено: пред 6 часа
    Прочитано: 327
    Печати
    Сподели со твоите пријатели!
    Тони Заткоски градоначалникот на општина Кривогаштани кандисува близу 600 ергени од кои 200 се од Кривогаштани да се женат, да создаваат семејство и да раѓаат деца. Ергените ако се решат на брак ќе добиваат градежно земјиште и пари од општинскиот буџет. Проценките се дека за неколку години оваа општината со 12 села во кои живеат 6.500 жители нема да постои. Идната учебна година во основното училиште ќе има само 6 првачиња, се вели во сторијата на Канал 5.

    За старите ергени - моми од ова и околните села нема. Тие пак или се мажат во град или во странство. Едни велат ергените од брак бегаат како ѓавол од темјан. Поради недостиг на средства за егзистенција, други тврдат парите не се проблем.

    Осумдесет проценти од населението се земјоделци работат и годишно произведуваат над 12.000 тони пипер, илјада тони тутун, над 6 илјади тони пченица и други градинарски култури. Инфраструктурно селата се поврзани со асфалтни патишта, а во некои села има и централен водовод и солидни услови за живот.

    Извор: http://plusinfo.mk/vest/102212/Samo-she ... vogashtani


    Некои тврдеа дека во Македонија старосна граница било 25 години, а во македонска општина гледаме 600 ергени.

    Од друга страна Албанците, Турците, Ромите рушат рекорди. Само во 2012 нови 8,000 новороденчиња Албанци што е нивен рекорд до сега. Како нив не ги удара криза, не се жалат за пари, за услови, туку само ние плачеме цело време и наоѓаме изговори за било што?
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Валери твоето второ дете на пат ли е ?
     
    На imelda, tessie и MIA-SK им се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Ајде, што бидна со прикриените информации, сега средина на август е речиси... :^)
     
    На imelda, tessie и mimiiiii им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски

    Ете како се однесува државата спрема многудетните семејства :!:
    После не се зголемувал наталитетот, епа не се зголемува со ваков игнорантен однос на државата.
    Битно се продава муда за бубрези дека многудетното семејство е најголемо богатство а кога треба да се помогне на ваквите семејства ее тогаш надлежните никаде ги нема.

    И јас би ја прашала Валерија дали наредното дете и е веќе на пат, затоа што се покажува од сопствен пример а не само да се збори :?:
    Туку да не е онака како кај поповите, прави како ти кажувам а не ме гледај што правам :lol:
     
    На Hipster, imelda и mimiiiii им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Тоа „некои“ е Државниот завод за статистика
     
    На Hipster, imelda, vinozito1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Тој завод за статистика прави среден резултат на цела популација , а не само на Македонци. Кај Македонците секое село има миниум 100 ергени, а во Кривогаштани дури и 600 ергени. По градовите ништо не е поразлично, затоа имаме и опаѓање на наталитет стриктно кај македонската популација.
     
  16. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    @discofilman


    Во која дупка се скри сега, излези да ти го оцениме коефициентот и официјално :?:
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ете мене во реплика ми има оставено повеке линкови за кои изкрено и се подзамислив, па можеби и така е
     
  18. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Туфф, што му требало да потенцира оваа година.. Да речеше само јуни месец ќе можеше некако да се извади.. како администраторите на форумов, убаво си рекоа луѓето, нова платформа до средината на март, а не кажаа кој март. Ама дискофилман не издржал и напишал отповеќе.
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Многу на оваа и на другата тема од Политика се зборува за неморалот на нашите жени, за тоа што се не знам ти јас какви, како прават триста чуда кои не се ништо пострашни и поразлични од оние работи што сум видела да ги прават одредени девојки/жени од другите етникуми. Едноставно луѓе сме, на секое тло не има секакви, без разлика на истата нација ... а пак тоа што морал нема нешо многу допирни точки со наталитет, тоа е трет муабет. Демек ако роди 3 ќе стане скромна и поштена, онака магично.

    Ама јас неам приметено некој да земе, јавно, пример на форум, некој да си плука по жените од сопствениот етникум како некои од нас тоа што го прават за македонските девојки/жени. И ќе слушаш од други муабети такви. Па ќе слушаш и тие ги слушнале from the horse's mouth, од некој наш маж или пак жена (што ми е па уште понеобично). Ќе се испоизедеме живи, па сакаме другите да не` сакаат.

    Другите не си ги гледаат нивните девојки/жени кога носат миничи или кога искачаат у град (фала Богу мислам не сме среден век) или пак не познаваат жени кариеристки кои одбиваат да се мажат до средината на триесетите пример? Си ги гледаат. Ама осмели се речи нешто против нив. Едно сигурно ќе се случи, ќе си го сменат мислењето за тебе за 180 степени. А ние ќе речеме „Еее, да такви се, шо да им праиме и ние си имаме мака со нив, неморални.“ :D Секоја чест на исклучоците на кои им симнувам капа.
     
    На mimiiiii, Hipster, XMaN и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Македонија/македонците имаат огромен проблем со наталитетот и масовното иселување од државава и одредени региони од државава. За разлика западниот дел на државава нема проблеми со наталитет, но и од таму доста бегаат во странство. Разликата е во тоа што младиот македонец кој е присилен да бара парче чеб надвор повеќе не размислува за иднина во Македонија. Се чувствува како да е избркан од тука и со македонија се поврзани додека се живи родителите. Кај албанците е по инаку. Тие со една нога се стално овде, инвестираат, купуваат и градат, и си ја шират територијата. Опасноста за македонците е тоа што ствараат вакуум кој лесно се пополнува со други. Во Бугарија и Србија го имаат сличниот проблем, но никој територијата не им ја пополнува. Кај нас дури и во Дојранскиот регион попчнуваат да се обновуваат џамии. Мариово од одамна го демнат, Велес е обиколен со џамии. Преспа се полни со џамии. Македонецот ја губи најважната битка. Сите други битки се неважни ако оваа се изгуби.
     
    На Tanjamm и tessie им се допаѓа ова.