Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наталитет/Морталитет

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 4 октомври 2012.

  1. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
  2. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    ...пари постојат откога е светот и векот.....средство за размена....имаш офца иам жито сакам офца ама тебе не ти треба жито и шо сеа..... три златника офца, кул, бујрум со здравје да си ја одереш итн.........

    хех......на пастирот и попоите ќе им снема робови за некст џенерејшн шљакери за 200 еура таму во 2029........и паника се дигна - раѓајте жени семакедонски деца........да има доволно за крвавата машина да ги јаде.....или да ви одат во туѓина чак и јабана и да ви праќаат доларчиња..........пошто петина од џидипито на држааааааата се девизи од диаспора.......да има за лепење плакати.....и за дување лепак.....да има кој да плаќа порез.....пошто ќе нема.....

    а на попоите ќе им секне приходче од венчафки и крштевања.......среќа уште умира раја па ако не заврне ќе капне......епидемија........за да имаат власт и за нивните рожби во иднина сега бараат од вас да имате шо повеќе деца........цинично лицемерие и говнарија........

    а шта нам оно наприча.........имаш наталитет до јаја во централна африка каде луѓето се топли, добродушни и хумани и од една во друга војна вежбаат срања од кои би се срамел џек да рипер...маларии, колери, корупција...... и од 9 деци 7 умреле до полнолетство.....али статистика им е јака..........тоа се жени не им треба гинеколог туку голман коа ќе го лансира бебето од утроба.......
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Македонците решија:Време е да исчезнеме!

    од статијата на „Вечер„:
    * * *
    Се согласувам со овој дел. И на запад е слично... католичката црква лицемерно се бори против абортусот и контрацепцијата, но за повеќето новороденчиња има мрачни планови за во иднина, особено ако успее да ги вклопи во црковното стадо. Утре тие „спасени„ новороденчиња ќе ги праќа да војуваат и робуваат на господарите на економијата. Таквиот пристап е всушност ист со оние кои го подржуваат абортусот, разликата е единствено во времето: не го уббивај сега, убиј го подоцна кога ќе стане бескорисен или премногу бунтовен роб.
     
  4. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Многу ми е застарено некако сето ова што го пишуваш за католичката црква како за денешно време. Папата никого не повикал во војна, ниту официјално поддржал воен конфликт. Не е ова 13-ти век, па Црквата да има главен збор за такви прашања. Знам дека си верник на Универзален живот, ама претеруваш.
     
  5. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    .....секоја власт....црквена или земаљска......аналогна или дигитална.....им требаат робови..да прича иде даље да се има моќ пара и вагини......ствар е шо не оди тој муабет со муабет......секоја земја е различна...генерално ипак шо поише пара помалку деци........а шо поише деци помалку пара.....па сеа нек раја бира .....дали сака како порано жена со протурена родница.....која родила 13 комада......и свиснати цицки на 26 години......или сака фина женица која на 35 нема да делува како да има 66..........порано било лесно.......плаче бебе тури му кашика афион и мирна глава.......денес бараат таблет на седум години.......
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Ниту најмалку не е претерување. Ако се запознаеш подобро со политичката и финансиска дејност на современата римокатоличка црква ќе видиш дека за жал сето тоа е сеуште актуелно и во денешно време.
     
  7. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Нема потреба да се запознавам со нешто што веќе ми е познато. Да не должиме многу, јасно е зошто и од кои намери во секоја дискусија каде што можеш ја вмешуваш црквата. Толку од мене, не дека ме засега нешто што има врска со цркви и религии, само не можев да се воздржам од реплика :D , колку да не се радуваш напразно дека можеш да ги протнеш пропагандите незабележано.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Ако навистина ти е познато тогаш не би дала таков коментар. Не протнувам никакви пропаганди, ова нема врска со моите верски убедувања.

    Во сите земји каде мнозинството од населението се католици (Хрватска на пр.) во војската има воен бискуп. Во Ватикан големите и мали моќници редовно одат на службени посети. Претходниот папа Бенедикт XVI рекол во една изјава дека не се пацифисти. Неговиот претходник Јован Павле Втори коментирајќи за војната низ пораншните југословенски простори рекол дека „праведната„ војна е дозволена. Хаитскиот диктатор Док беше подржуван отворено од каоличката црква, а Мајка Тереза го посочи како добар католик. Ова се примери од 20. и 21. век, не од 13.
     
  9. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170

    Секако дека шириш антицрковни пропаганди, да не беше така немаше да вадиш примери и не ти е прв пат да го правиш ова (и со католицизам и со православие). Се обидуваш да ги дискредитираш црквите на секој можен начин кој ќе ти излезе на располагање, а не си свесен дека и учењето во кое ти веруваш е само уште една шарена лага, ништо посовршено или со помалку недостатоци од останатите.
    Факт е дека црквите се во блиски односи со владеачките структури, денес тоа им е и еден начин да се одржат во време кога влијанието за контролирање на масите им падна речиси на нула (барем во поразвиените земји). Во истото тоа ново време, покрај сите оние моќни фактори кои го вртат светот, ти се фаќаш токму за црквата како главен виновник. Пропаганда е, воедно и малку уназаден начин на сфаќање на работите.
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    [​IMG]
    ______________________________________________________________________________
    офф топик:
    @Kacjushka
    Е добро де, и кога би било така, што ти пречи тебе тоа? :) Вистината треба да се знае. Ако ништо друго, имам право да го кажам своето мислење.
    Првин ти не можеш да докажеш дека е лажно, туку само го кажуваш своето мислење - тоа веќе е твое право, никој не ти го оспорува.
    Но дури и кога би било тоа така, останува една битна разлика. Духовното учење (или според тебе „шарената лага„) во која јас верувам, нема толкаво влијание какво што имало и сеуште има тоа на црквата. Во Африка на пр. поради противењето на црквата за употреба на кондоми (демек ако се дозволат кондоми, ќе настанела континетална оргија) масовно се раширила сидата.

    Учењето во кое јас верувам, дали ти е тебе или некому друг смешно или лажно е потполно ирелевантно во случајов, бидејќи тоа верување барем во сопствен контекст има смисла и не си е противречно. Но за црковното тоа воопшто не би можело да се каже, особено не за католичкoтo.
    Пример: тoа учи дека Папата е непогрешлив. Едниот папа 1616 год. велел дека Галилеј ширел ерес со учењето кое вели оти Земјата се врти околку сонцето, а папата Јован Павле Втори во 1992 го рехабилитирал велејќи дека теолозите од 17 век биле грешка а Галилеј бил брилијантен научник. Очигледно се работи за два спротивни ставови. Кој папа е во право? Па нели и едниот и другиот се непогрешливи?

    Така да црквите не ги дискредитирам јас, туку тие самите себе си се дискредитираат со своите изјави и постапки.
    Верското влијание им е можеби приближно нула но политичкото и економското е далеку над нулата. Еве директен линк: Index concordati
    Но сите тие моќни фактори шуруваат со црковната институција, а по најмногу со римокатоличката. Понатака главната контрола на светот можат да ја имаат оние кои ги имаат повеќето пари (акции, злато, сребро, договори, кредити и тн ) - ватиканската банка го има сето тоа. Околу 50% од сопственоста на еден од највлијателните и најтиражните весници во Германија (не се сеќавам дали Шпигел или Билд) ги држи католичката црква.
    Најмногу конкордати со државите има склучено католичката: Германија, Хрватска, Унгарија(1997), Полска (1993) Португалија (2004) БиХ (2006), Бразил (2008) Црна Гора (2011 - а пази, православна земја!)... и тн... Така да врти-сучи, влијанието во светски рамки и те како е присутно и ден денес.
     
  11. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    1. Ете, ми пречат пропаганди.
    2. Хаха, видов зелен еднорог на небото, мојот збор против твојот, докажи дека е лага работава. Повторно нападна со примерите од пред 5 века (наводно според твоето учење секој има право да се промени, зошто кога оваа институција си ги признава грешките не ти чини можам само да претпоставувам). Инаку кога кое и да е верско учење, вклучувајќи го и твоето, би било на местото на она кое го проповеда црквата, пак би се наметнале духовни властодржци и не би имало апсолутно никаква разлика во светот.
    3. Зошто упорно ми ги пишуваш овие работи околу финансиската моќ на Ватикан кога веќе ти кажав дека ми се познати? Најди соодветна тема и таму пропагирај, не цитирај ме мене.
    Ти го напиша ова
    што е претерано и параноично, дека црквата во денешно време може да те праќа да војуваш или гинеш ако самиот не се одлучиш - тешко, таква моќ над населението немаат. Колку пари вртат - нивна работа. Не се ни единствени, ни први, ни последни. Така функционира светот едноставно.
     
  12. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Моментално на планетета живеат 7 милјарди луѓе податок од 2010/2011 не сум сигурен, да не помислам за денес колку сме. Оваа е премногу, Земјата е мала за толку многу, а од секоја страна пропаганди да се раѓаат деца, замислете за 20-етина години сигурно ке бидеме 8 или 9 милијарди како ке се исхраниме, кога природните ресурси се намалени за 60% , глобално затоплување и се натаму оваа е страшно.
    Сите размислуваат ке ни изумре нацијата, религијата и бла бла, но онаа која ни дала живот Планетата Земја е веќе во умирање, нема везе како ни го дала така ке ни го одземе и ако ни е зошто сме нај-не-свесните жители...
     
    На the.one и daylight им се допаѓа ова.
  13. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    2.524
    Имам книга за наталитет и морталитет некаде преку не знам таму колку страни и сее пишува за ова,и за виталитет,природен прираст итн....само кој да ја отвори и да ја прочита :tmi: