1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наука vs. Атеизам

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 1 септември 2019.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Има многу теми од типот на Наука vs. Вера, но нема ваква, па зошто да не отвориме :)

    Темава ја отварам инспириран од една дискусија со атеисти кои тврдеа дека христијанството го попречувала развојот на науката. Пази молимте, и покрај тоа што мнозинството основоположници на науките биле христијани; и покрај тоа што мнозинството универзитети биле основани од христијани; и покрај тоа што христијаните претставуваат 65 % од нобеловците (атеистите само околу 3 %); и покрај тоа што христијаните ги направиле најголемите дострели во науката, сепак ќе ја сретнете атеистичката теза дека црквата (христијаните) го попречувала развојот на науката и ги прогонувала научниците. И тука ќе ви ги наведат добропознатите примери: Никола Коперник, Галилео Галилеј, Џордано Бруно и можеби уште некој. И толку. Од 2000 годишна историја на христијанството, ќе ги чуете само овие 3-4 (три-четири) примери, од кои само Џордано Бруно бил егзекутиран. И ова се случувало кога христијанството, за жал, станало државна религија.

    За изненадување на многу атеисти, нешто слично се случило и кога атеизмот станал државна иделогија во некои комунистички земји како СССР. И затоа, заради фер баланс, ќе наведам неколку примери каде што атеистите го попречувале научниот развој и прогрес и тоа само од минатиов век:

    Отфрлање на Big Bang теоријата

    Kога белгискиот свештеник Леметр ја основал Big Bang теоријата, многу атеистички научници како Вилјам Бонор, Фред Хојл, Томас Голд, Херман Бонди итн., ја отфрлиле оваа теорија затоа што има теолошки импликации за создавање на универзумот од ништо - што било спротивно на тогашното атеистичкото верување во стационарен универзум кој си постоел од секогаш. Под државниот атеизам, поддржан од Советскиот Сојуз, атеистичките комунисти силно се спротивставувале на Big Bang теоријата, бидејќи тоа било во спротивност со нивниот материјалистички поглед на светот. Според нив Big Bang теоријата била идеалистичка и метафизичка.

    Отфрлање на генетиката

    Во доцните 40-ти години на минатиот век, атеистот Сталин ја укинал Менделеевата генетика низ Советскиот Сојуз, само затоа што нејзиниот основач Грегор Мендел бил христијански свештеник. Сите постоечки генетски експерименти биле уништени, референците кон Мендел беа отстранети, а учењето за класична генетика било задушено. Во овој период стотици генетичари кои продолжиле да ја поддржуваат Менделеевата генетика биле затворени или егзекутирани, од кои најистакнатиот е Николај Иванович Вавилов, кој бил изгладнет до смрт.
    Отфрлање на релативноста и квантната механика
    Еден од главните „гуруа“ во атеистичката идеологија е Карл Маркс. Неговите идеи биле главни во обликувањето на државниот атеизам во СССР и другите комунистички држави кои промовирале атеизам и го потиснувале христијанството, особено во образованието. Материјализмот е детерминизмот биле дел од идеолошките постулати на Маркс. Со развојот на релативноста и квантната физика се виде дека честичките имаат квантна природа т.е. наместо за детерминистичка положба, можеме да зборуваме само за веројатносна недетерминистичка положба, енергија, импулс и сл. - и тоа ги сруши темелите на детерминизмот. А кога Ајнштајн ја воспостави релацијата помеѓу материјата и енергијата, тоа пак го поткопа и материјализмот на Маркс. Советскиот сојуз не само што силно се спротиставил на релативноста и квантната механика, туку и јавно го егзекутирала еврејскиот физичар Борис Хесен заради тоа што јавно ја промовирал теоријата на релативноста спротивно на Марксистичкиот материјализам.

    Отфрлање на резонантната теорија

    Во хемијата резонантната теорија покажува дека некои елементи може да резонираат помеѓу две или повеќе структури на валентни врски или има структура што претставува резонантен хибрид на овие структури. Енергијата на резонантниот хибрид е помала од енергијата на која било од алтернативните структури, па затоа молекулот се вели дека молекулот е стабилизиран со резонанца. Ваквото „гледиште“ (докажана теорија) исто така била отфрлена од државниот атеизам во СССР и биле обвинети за субјективни, идеалистички и имагинарни гледишта - повторно затоа што не се вклопувале во детерминистичкиот материјализам (атеизам) на СССР.

    Итн. No hard feelings, но убаво е да се биде самокритичен пред да се напаѓа „раската во окото“ на туѓите убедувања.
     
    На BoneMachine, daylight и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  2. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Атеизмот и науката не се противречиви. Тоа што некои диктатори, без соодветно образование и политички мотиви, биле резервирани во врска со во тоа време нови теории е сосема друго.
     
    На mileystar, Oxymoron, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Науката претставува методолошки начин за да се разбере универумот и се што е содржано во него. Со други зборови, науката е неутрална алатка и нема никаков удел во тоа што една група на луѓе сака или не сака да верува - бидејќи субјективната перцепција не претставува факт.

    Понекогаш луѓето имаат пристрасност и можат да користат алатки за да ги продолжат своите агенди, но тоа сепак потекнува од луѓето, а не од науката. Проблемот настанува кога истите тие луѓе имаат голема политичка моќ, особено за време на воена состојба и можат да си дозволат науката да добие субјективен и пристрасен карактер кон одредено убедување.

    Но тоа не значи дека политиката секогаш има негативно влијание врз науката. На пример, кога Спутник бил лансиран, огромен акцент бил ставен на науката во Американските училишта бидејќи тоа служело како алатка за идните Американски генерации да ги надминат идните научници од Советскиот Сојуз со вселенски постигнувања. Иако овој чекор ја потикнал заинтересираноста кон науката, вистинската цел била да се воспостави глобална доминација и супериорност на нешто кое оригинално ужива статус на res communis omnium.

    Меѓутоа, кога Хитлер се обидел да владее со светот, науката била искористувана како алатка за утврдување на супериорноста на Ариевската раса. Истовремено, и САД и Советскиот Сојуз потрошиле премногу време и пари за да ја искористат науката за развивање на телепатија и далечинско гледање за да се шпионираат меѓу себе за време на Студената Војна.

    Научните откритија се неутрални и им припаѓаат на сите луѓе универзално, но проблемот е што луѓето не се неутрални, туку се субјективни и пристрасни, па поради тоа сметаат дека имаат право да одземаат или отфрлаат нешто што е општа корист за целото човештво.

    Науката има многу поголемо значење и истата не е ограничена само за да се фокусира на прашањето дали Бог постои или не...
     
    На BoneMachine, Billy Idol, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Која теорија од старт е прифатена како точна?
    Нормално дека ќе има спротивставени мислења, се додека не се докаже емпириски дека 'е така'.

    Нема врска тоа со атеизмот, туку со научните принципи и истражувачки методи.

    Сега, ако некој кој има политичка моќ и лична агенда, па некоја научна теорија не му оди во корист, 'нормално' дека нема да ја прифати, па и да е целосно докажана и неоспорлива.
    Ама пак, и тоа нема врска со атеизам, туку со политика и желба за моќ.. прилично човечки причини.
     
    На Billy Idol, daylight, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Наредна тема: Господ vs. Религија

    Пет пати го прочитав насловот зашто мислев дека лошо читам. Не оди... т.е. баш оди, затоа нема смисла vs. да се стави меѓу тие два збора.
     
    На nx_lxve, Oxymoron, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Зато ги поштовам атеистите, дур не видат дека е така нештото, не велат "така е". Како беше она, прво скокни па - речи оп. :D

    Додуша, диктатор не е пример за сите останати ама тоа приказна за друг пат, пошто сем СССР да заебава друг поретко.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Пиши уште некој пат „атеистот“ пред имињата на советските диктатори Евангелос, I dare you, ептен те прави порелевантно да звучиш (fingers) :D Премисава нема никаква смисла, а воведот по којзнае кој пат се заснова на поистоветувањето на атеизмот со авторитарен политички систем од кој истиот бил само дел, т.е. комунизмот.

    Те читам чат пат како со другар ти проповедате во фб групана :D, и гледам уште малку и инквизицијата ќе излезе дека нема врска со христијанството според вас, туку мрачниот среден век бил онака општ пад на моралните вредности. Мнооогу лошо ви оди корелација vs. каузација :)

    Ако ништо друго, примериве што си ги пишал се доказ за тоа колку поразличен е пристапот во глобала на обичните луѓе атеисти низ светот - и кон науката, и кон слободата на изразување во општеството - од оној на комунистите што ги пикаш во секоја дискусија.
     
    На Oxymoron, Amellie13, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Атеистите јас колку што знам ја поддржуваат науката, така што насловов нема смисла. Тоа што сметаат дека христијанството го попречува развојот на науката само кажува дека сметаат дека науката треба да се развива независно и без влијанија од религии (што е и логично), а не дека се против истата.
     
    На nx_lxve му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Противречни се. Науката јасно тврди дека сложени и комплексни информации не можат случајно да настанат сами од себе, а атеизмот не само што тврди дека можат, туку тврди и дека настанале илјадници такви. Многу научници престанале да веруваат у атеизмот токму поради неговата противречност со науката.

    А конкретно горниот мој пост не зборуваше за противречноста на атеизмот и науката, туку тоа беа неколку примери каде што атеистите го попречувале развојот на науката и ги прогонувале и егзекутирале научниците кои не се согласувале со атеистичката идеологија.
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Средновековната Римокатоличка црква исто така била авторитарен политички институционализиран систем. Интересно е како глупостите што ги правела Римокатоличката црква за тебе тоа претставува „христијанство“, а глупостите што ги правеле комунистичките држави (каде атеизмот бил државна идеологија) тоа за тебе не е атеизам, туку диктаторите биле криви. Тоа се два различни, неконзистентни и пред се субјективни аршини во толкувањето на едното и другото.

    Ајде да видиме дали има каузација помеѓу Христовото учење и инквизицијата на Римокатоличката црква. Повели покажи каде Исус заповедал да ги прогонуваме оние кои различно размислуваат од нас? :)
    Како и твоите соверници атеисти, така ни ти нема да најдеш таква реченица во учењето на Исус. Но ајде, обиди се. А во меѓувреме, ќе ти наведам каде Исус го вели токму обратното:

    Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат. (ев. Матеј 5:44, Библијата)

    Не противете му се на злото, туку ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот. Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.. (ев. Матеј 5:39,40, Библијата)

    Никому не враќајте зло за зло. (1 Солунјаните 5:14, Библијата)

    Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе! (Римјаните 12:18, Библијата)

    Не одмаздувајте се, туку дајте му место на Божјиот гнев. (Римјаните 12:19, Библијата)

    Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го.(Римјаните 12:20, Библијата)

    Не оставај да те победи злото, туку победи го злото со добро.(Римјаните 12:21, Библијата)

    Тогаш Исус му рече: Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч - од меч ќе загинат. (ев. Матеј 26:52, Библијата)

    Синот Човечки не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси ( ев. Лука 9:56, Библијата)

    Љуби го својот ближен како себеси! (ев. Марко 12:31, Библијата)
     
    На daylight и doubleg им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ако постои бог, веројатно и нему му имаш здосадено.
    Олабави се човече, смешен си.:D
     
    На Lella, Oxymoron, Tan4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Без разлика каде човек ќе дисктутира, на форуми, фејсбук, твитер, во живо, секаде, буквално секаде и без исклучок се покажало дека оној/онаа што нема аргументи за темата на дискусија, веднаш посегнува по ад хоминем - напад кон соговорникот, навреди, исмејување, оцрнување, клевети, цинизам, сарказам итн.

    Точно така, но науката треба да се развива независно и без влијание и на атеизмот и другите филозофии и идеологии. Атеизмот силно влијае врз науката со тоа што сака да ја стави во рамките на својот материјалистички или натуралистички светоглед. Впрочем и затоа науката била попречувана од атеизмот како што видовме погоре, токму затоа што новите откритија не се вклопувале во атеистичкиот светоглед за универзумот, за материјата итн. Ете ти едно очигледно влијание од атеизмот врз науката.
     
  13. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Ма шта то причаш? Која наука точно го прави тоа? Сериозно немам појма за што точно зборуваш. Науката не е фиксна, напротив се менува, луѓето доаѓаат до нови сознанија, хипотези, теории, објаснувања, итн. ДОколку нешто се увиде дека не е точно, тогаш се истражува да се дојде до подобар одговор. Ти мешаш политички идеологии и догми со научен метод. Атеизмот е неверување дека постои бог, толку едноставно е. Најчесто атеистите се потпираат на науката, бидејќи науката се обидидува да најде непристрасни објаснувања на поимите и не се води врз религиозни канони. Не значи дека сите научници се атеисти, и не значи дека сите атеисти имаат научно/утврдени видувања на светот.
     
    На Billy Idol, Oxymoron, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сите. Еве избери научна дисциплина и ќе ти покажам како таа противречи на атеизмот.
     
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    34.194
    Епа ај ти земи една по една да ги објаснуваш, оти ние атеистите сме против науката и не ги признаваме научните дисциплини, и еве вака искрено не ги ни знаеме кои се, а и ако збориме за нив, најчесто лупетаме глупости и користиме долги зборови за да испаднеме демек паметни, исто као шо зборуваме и за било која религија, без факти од вашите книги и закони.

    А иначе, можеш да објасниш научно некои ете така ситни дешавки шо не ни се јасни, као кој го создал Господ, како он го создал човекот, па од неговото ребро створил друг човек, како настанал народот од инцест, како уствари може да се зачне на сон, и технички да затруднеш некој со самиот себе, па да воскреснеш и слично.

    Па после моеш да ми продаваш муда за бубрези дека уствари науката и религијата се едно, а атеистите глупи неинтелектуални хејтери.

    А, да. И ако некој атеист научник отфрлил некоја теорија, тоа е затоа што сметал дека некоја друга теорија е точна, и носи повеќе докази. Исто као и било кој научник, дали атеист, или религиозен.

    Ма да религиозниве многу научни докази отфрлиле оти нивниот Господ све тоа сторил.
    Али океј, теши си се.
     
    Последна измена: 2 септември 2019
    На Amellie13, kim.k, Oxymoron и 4 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Поздрав @Gosh! Ти ги одговорив на кратко прашањата на соодветна тема. Еве линк.

    Не продавам „муда за бубрези“. Едноставно, како што има еден куп теми каде што атеистите продаваат „муда за бубрези“ дека науката е спротивна на христијанството или верата воопшто, па дозволете бе една ваква тема, бар малку да балансираме, не квичете одма ко деца некои.


    Прочитај го текстот погоре уште еднаш. Овие атеисти што ја ги набројав не отфрлале теории заради некоја друга подобра теорија, туку ја отфрлале само затоа што таа не им се вклопувала во нивниот атеистички светоглед, а често пати и само затоа што пронаоѓачот бил светешник како во случајот со Грегор Мендел.
     
  17. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Сега, тоа е тема што би ја отворил полтронот Отец Ивица, и аргументи кои би ги користел.
    Оче, дали си ти тоа ? :D
    Не се шегувам, очево има тенденција да изникнува со вакви полемики на сите соц.мрежи
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Прво и основно, атеизмот секогаш ја поддржува науката, затоа што размислува во рамките на материјалзмот и натурализмот. И науката е истото тоа. Ама скроз исто.
    Тоа што ти го набројуваш како атеистичка побуда, е политичка побуда за моќ, и нема врска со атеизмот како принцип: Докажи ми, да ти верувам.

    Џабе се трудиш да го девалвираш атеизмот како појава, пошто никогаш не бил, ниту некогаш ќе биде на нивото на религијата.
    Дури и несмасно е да ги поистоветуваш.
    Како може реброто на Адам да е повалидно објаснување за настанокот на жената, од еволуцијата?

    Атеизмот е само собирање на податоци и нивно логичко процесирање, што не може ама воопшто да се каже за религијата.
     
    На Amellie13, kim.k, Oxymoron и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.989
    Пол:
    Женски
    Не можеш во ист кош да ги ставиш Сталин и таквите како него кои биле извитоперени и само го користеле атеизмот за својс моќ и хирови, исто како што не можеш да ги ставиш во ист кош христијанството на Римокатоличката црква во инквизицијата и денешните твои христијани. Не можеш. Атеист како атеист не размислува така.
    Или работава испаѓа само бараме рачки за да удриме со камења по атеистиве.

    Еве јас одбрав да се занимавам со наука, природна наука, себе си не се сметам за религиозна личност, едноставно тоа не е за мене, но јас науката и нејзините откритија не ги делам и класифицирам дали се од атеисти или христијани, мене тоа не ме интересира се додека тоа има смисла и добри аргументи. Воопшто не ги отфрлам тезите само затоа што се од некој свештеник.
    На крај краева, денес се прифатени научните откритија и на атеисти и на христијани, така да никој никого не успеал да потисне зошто наука си е наука. Наше и лично треба да биде како ќе ја разбираме науката.

    Ти во неа го гледаш бог, твојот бог, јас друг, друг трето, и се тоа е во ред ако ја гледаме науката како наука а не како алатка за други цели.
     
    На Oxymoron, Purplelilac, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зошто моќните лидери на Советскиот Сојуз како Сталин, Ленин и компанија ги дефинирате како модерни атеисти, кога тие како Болшевисти оригинално биле следбеници на „милитантен атеизам“.

    Лигата на Милитантни атеисти, особено популарна во 30-те години од минатиот век, ги врзувала нејзините атеистички погледи со економијата, политиката и културата. Ова главно се рефлектира според нивниот слоган: "Struggle against religion is a struggle for socialism".

    Уште поважно, има голема разлика меѓу поимите атеизам и милитантен атеизам;

    Атеистите се луѓе кои едноставно не веруваат во бог - крај на дефиниција.
    Милитант означува лице кое се залага за агресивна вербална или физичка борба за поддршка на каузата.

    Кога пред поимот атеизам ќе се додаде зборот милитантен, истовремено се дава и поинакво значење, односно елемент.
    Атеизмот не претставува кауза, туку состојба на позитивно гледиште. Од друга страна, антитеизмот претставува спротиставување на теизмот (негативно гледиште) и може да се дефинира како лична, односна персонална кауза.

    Според ова, не би рекла дека Советските диктатори можат презизно да се сметаат за атеисти, туку за антитеисти бидејќи нема логика да бидеш агресивно позитивен дека не веруваш во бог, туку агресивно негативен во спротиставеност со нешто со кое не се согласуваш.

    Освен тоа, Сталин за себе мислел дека е бог или дека неговото постоење, инспирирано од политичката моќ која ја имал во неговото време, било приближно на бог и тој немал толеранција кон никого кој се сомневал кон неговите правила. Доказ за ова претставува и неговиот т.н. култ на личноста кој го изградил.
    Религиите како Христијанството и Исламот се однесувале на ист начин како Сталин кога стекнале голема политичка моќ, односно преземале строги мерки против се што се косело со нивната доктрина.
     
    На BoneMachine, Billy Idol, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.