1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Националната свест на Македонците

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 11 јуни 2015.

  1. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Македончето нема ниту "Н" од национална свест тргнувајќи од тоа дека народот е поделен меѓу себе по вера, националност, политички партии и не сфаќа дека со заеднички сили мора да ја бранат државата, а не во време на воен конфликт и опасност од војна да се плукаат едни со други и да се обвинуваат едни со други.
    Потоа би ги спомнала големиот број на бугарски пасоши што ги имаат голем дел од македонците, а со тоа и бугарско државјанство. Потоа не ја негуваат својата култура, уметност т.е поддржуваат се што е туѓо од типот на турски серии, Пинкови ѕвезди, Грандови Ѕвезди а се плука по своето односно ретко кој македонски пеач, актер, филм се поддржувани па по мене дури и се фрлени во сенка ептен ретко за пофалба се МТВ1, Наша ТВ и Алфа понекогаш кога прикажуваат Македонски филмови од минатото, Театарски претстави и драми. Се туѓото се цени и прифаќа своето се плука и потценува.
    Пример за национална свест е пријателката моја од Загреб додуша сурова наречете и дискрминација или непризнавање но за нив е навреда да ги наречеш Срби, веднаш ти велат ние сме Хрвати. Следно јас им објаснувам за манифестации од типо Пиво фест, Дојран -Фест, Штипска Питијада и така со ред ии објаснувам кои пеачки изведувачи настапуваат а таа најнормално ми кажува ние не ги слушаме Цеца, Дино Мерлин, Брена никако единствено го бендиса Оливер Драгојевиќ нели дека нивни и иако не биле возрасна за времето во кога избила војната меѓу нив таму горе тие велат " ма не ништо што е на Србија, БИХ не признаваме и ниту имаме интерес да одиме на концерти на нивни пеачи, кај нас само наша домашна музика слушаме а Словенија не ја сакаме од причина што се обидуваше да ни го попречи влезот во ЕУ"е сега дали ваквиот став е во граници на нормалното или е претерано реалноста е таа и не се срамат да го кажат сето ова и да ти образложат од каде таа нетрпеливост меѓу нив.
    Наспрема ова погоре споменато ние македончињата се ќе направиме за да имаме добро соседски односи , да им угодиме на другите дури сме спремни и да ја продадеме државата или ако сакате да се откажеме од името, идентитетот за да влеземе во ЕУ каде што реално ниту таму не цветаат ружи.
    Ситуацијата до која се најдовме до пред некое време јасно покажа колку е лесно повторно Македонија да се распарчи само поради тоа што народот е поделен на ВМРО И СДСМ и никој не согледува трезвено и да види кој има ќар од немири, насилни протести против Влада и полиција, специјалци итн. па затоа некој се дрзна да направи Воен конфликт во Куманово.
    Јаболкото кога е црвливо одвнатре ќе скапе! Па така и ние кога не сме сложни и обедените, без разлика која партија ја поддржуваме или сме симпатизер лесно е да се биде мета на терористички напади или пак да се избрише мало парче земја од картата на светот..затоа секој треба да придонесе за развој и да го поддржува и цени својата култура, потекло и ред ствари кога ќе се цени прво своето па потоа тоа на другите сите ќе го вреднуваат во спротивно ништо нема да се промени ако сите само маките си ги кажуваат само по емиси од типот Добро утро Македонијо или Ја сакам Македонија иако вторава повеќе ја ценам поради ставовите на Блажевски и неговата објективност за секој настан што е тема на муабет.
     
    На Rama, vitamina, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Да во право си за тоа
     
    На butterfly* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Имаме национална свест ама е длабоко заспиена во нас можно е никогаш повеќе да не се разбуди. Ептен дозволивме секој да се игра со нас и да се доведеме до раб на егзистенција. Таа маленкост, таа несигурност дали можеме и дали сме доволно квалитетни е тоа што не уништува! Македончето е секогаш несигурно во своите чувства, не знае дали е антички македонец или старословенец, во странство мора да се срамиме заради таа глупа референца фиром, значи некој со години и децении работи на тоа да ние кренеме раце од нашата свест и да кажеме доста е, не ми е битно кој сум и што сум дај ми само работа и леб!!! За 100 години не знам дали Македонија ќе биде оваква каква што ја знаеме.

    Ќе мора или големо будење на националната свест и многу напорна работа за да си ја зачуваме државата или ќе дозволиме тивко да исчезнеме и да станеме малцинство во сопствената држава!
     
    На butterfly* и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Еко тоа е твој став и јас го почитувам, а јас си имам друг став и си стојам зад тоа. Секој со својот карактер став размислувања и животни искуства. Поздрав
     
    На butterfly* и tessie им се допаѓа ова.
  5. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Да ама се жалите ништо не ви одговарало но знајте секогаш може да биде и полошо поздрав
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ^
    Само човек на кој не му е арно може да се теши со може да биде и полошо. Пример. Ти изгоре шталата. Лошо. И куќата. Уште полошо. Ќути, можеше да биде многу полошо, ако ти беше внатре додека гореше.

    Од другата страна на оградата. Изгоре на комшијата шталата. Добро. И куќата му изгоре. Уште подобро. :wasntme:
     
    На eloves, theowndemon, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227

    Тоа ми се допаѓа, си имаат луѓето изградено став по некои прашања, одредени нации, еве како Хрватката што ја спомна. А ние сме нација без компас. Плаќаме карти за концерти на странски пејачи, а на домашните никој не им оди. Продаваме територии, куќи, имоти и сакаме држава. Тие што продаваат имоти и дозволуваат да се прават гета низ Македонија, не се свесни дека утре нивните деца, внуци ќе ја платат цената и ќе немаат држава, а некој ќе има 3 држави. Тоа за мене е немање на национална свест. Да ти го бараат станот 2 Македонци, а ти да го продадеш на шиптар, тоа е немање свест и такви кукавици заслужувата најлошо. Утре кога ќе се пука, треба нивни деца во прв ред да одат да ја бранат државата што сами си ја продале.
     
  8. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Национална свест е двонасочна работа. Мора прво да те сака државата за да ти ја сакаш назад, а тоа е нешто што сум ветил дека нема никад да го направам :D

    Како може да сакаш нешто што те нејќе, што те кочи во животот и те дискриминира по секоја база? Луѓе со многу мал мозок што кога ќе се појави првата девојка во друштво одма фаќаат да се вреѓаат меѓу себе во надеж некој да добие upperhand? Колку е тоа конта продуктивно на долг рок?

    Зошто би сакал некој да поштуе повеќе македонци отколку други народи? Македонците само ќе те нејќат назад, како што одамна сум научил и заедно сеедно ми е какви луѓе се другарите се додека се океј луѓе. Така дури дојдов до тоа да имам влав за другар :o

    Првпат у живот некој да ме удри било во црква од македонец, и така уште на 7 години научив да не верувам у богови што привлекуваат bullshit луѓе :drunk:

    Во поново време ова се вика ментална мастурбација, бидејки и обратното може да се каже дека е вистина, не гледам зошто мораш да зимаш страна?

    Пример ако ја кажеш реченицата, "ако народите ја заградат својата национална свест, евентуално ќе останат само неколку народи на планетарно ниво, и со тоа би се гарантирален траел мир и просперитет бидејки националното прашање и границте ќе бидат елиминирани"?
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    @imelda :wasntme:
    Е алав да ти е, поточно здравје.

    Страшно ме нервира кога некој ке се најде да ти соли памет.
    Воглавно таков е и менталитетот на македонците (се разбира дека зборувам со исклучок), свој леб јадат туѓо гајле берат, и од ова не не бидува и од се по ред друго.
    Убава тема и има доста за дикутирање, но само и на тоа останува. Да се смени нешто во државава не се може, да се сменат луѓето неможат, па затоа повеќе од нормално е секој да си гледаме за себе и да си бараме чаре, за тој што чини си седи таму си зема плата си има живот, за оној што не чини си оди и гледа да се снајде во животот за подобро утре. Јас лично не би да се замарам со државните фотељи и нивните априлијади и хиерархии, и така да тоа е тоа не би дискутирала повеќе.
     
    На tessie и butterfly* им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Pa za tie shto ve interesirashe, i da znaete deka kje si odam :D, mene ne mi e tuka mestoto. Preambiciozna sum za da prodolzham so zhivot ovde. Ovaa zemja ne mi pruzha toa shto mi treba, nishto i kje dobie od mene. Istoto i go mislam i na "nacijata".
    Ne znam shto sakate da vi objasnuvam, jas taka se chuvstvuvam, a od chuvstvata ne se bega.
    Vsushnost, napishav eden podolg objasnuvachki reply, no go bataliv za da ne se najde povtorno pogoden nechij "nacionalen" sentiment.


    Da, da se rodela na mestoto na nekoj sheik i naftash da recheme. Ne veruvam deka bi se bunela.
     
    Последна измена: 10 август 2015
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Еј, ептен добар пример си нашла да следиме - Хрватите, народ од кој (со чест на сите исклучоци, секако) просто извира тежок национализам, а во одредени случаи граничи и со нацизам. Луѓе кои гордо ја слават „Олуја“ и протерувањето на четврт милион српско население од Хрватска, кои на секоја можна манифестација скандираат „Убиј, убиј Србина“ и „Србе на врбе“ и кои преносот на светското првенство во ватерполо го прекинаа откако Србија освои прво место, а Хрватска второ (што е одличен успех, btw), само за да не се чуе како српската химна свири пред хрватската. Абе, прави патриоти, што да ти кажувам!

    Додуша, има такви „национално освестени“ и во Србија (со изјави како „Добар Хрват је мртав Хрват“), а и кај нас („Смрт за Шиптари“, „нека загинат клетите Шиптари“), кои се користат со вакви и слични „патриотски“ изливи на емоции и љубов кон татковината.

    Ако некој може од некого да научи нешто во ситуацијава, тоа се само Хрватите, кои се „лидери во регионот“ по национализам и слепа омраза.

    А инаку, нормално е дека е навреда да ги наречеш Срби, бидејќи тоа не се - исто како кога некој на нас ќе ни рече дека сме Бугари. Ама, во секој случај, хрватскиот пример за „национална свест“ дефинитивно не е нешто на што било кој може да се угледа.

    Треба да бидеме достоинствени и да си го сакаме своето, но и да го почитуваме туѓото. А во една нормална држава, место за меѓуетничка омраза и национализам не треба да има.
     
    На Sky-butterfly, theowndemon, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Не знам зошто ама не ги доживувам Хрватите како националисти. И Србите ги сакам, ама и тие не им останаа должни на Хрватите. Исто ќе му дојде, па Шешељ го запали хрватското знаме, и нормално е да ги мразат и обратно.
     
  13. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Вие во коментариве постојно ги мешате патриотизмот со национализмот, а тоа се два различни поими.
    Национализам е чувството на гордост и лојалност кон својата земја, проследено обично со верување дека сопствената земја е подобра и поважна од останатите земји.
    А патриотизам е љубов која луѓето ја чувствуваат кон својата земја.
     
    На Bender Rodriguez, vitamina и daylight им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Во право си, но попрво би рекол дека луѓето кои се националисти го мешаат своето злобно говорење и однесување со патриотизам. Поради тоа, иако навидум јасна, во секојдневието тенка е линијата меѓу патриотизмот и национализмот.

    Патем, еве еден убав есеј од југословенскиот писател (по мајка црногорец, по татко унгарски евреин)
    Данило Киш (1935-1989). Есејот почнува на 1:14

     
    Последна измена: 10 август 2015
    На Abrakadabra, Bender Rodriguez и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Е не верувам дека би и годело бидејки жените таму немаат речиси никакви права
     
  16. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Не туку треба да си задоволен со тоа што го имаш барем мене така ме учеле секако дека треба да се стремиш за подобро и да си овозможиш подобар живот но зошто не тука во нашата држава на наше тло.. Зошто ние да не ја направиме нашата држава поубаво место за живеење но да на секој човек му е полесно да си извади Бугарски пасош и да си отиде за Германија на пример.
     
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    А зошто дискутираш за тоа што ке било кога би било, ова со темава нема никаква врска, тука дискутираме што сме и како сме и не пробувај на сите што ке пишат свои ставови да им наметнуваш твои мислења, мислам без везе е. Јас сум тоа што сум, ти си тоа што си ако си патриот слободно биди си никој не те искритикува досега како ти што правеш и што реплицираш и наметнуваш мислењаи мешаш вери и саудуски арабии што немаат врска со темава.
    Сите си имаме свој живот, свои искуства свои маки не сме дошле во твоја кука на твоја маса па да не критикуваш и дискутираш како тоа ние немаме срам или незнам што.
    Зарем мислиш дека јас за бедни 150 евра ке седам долу и ке мизерувам и ке се трудам да ја променам државата што патем толку години не се оправи па јас ке се трудам да ја оправам!?
     
    На Abrakadabra и tessie им се допаѓа ова.
  18. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Точно, од почеток до крај !
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не знам ни јас зошто не ги доживуваш така, но тоа е твое право и перцепција на работите. Иако, би било добро да знаеш врз основа на што засноваш некој аргумент или став. Јас погоре изнесов неколку примери од кои мислам дека никој не може да извлече добар впечаток. Да додадам и дека проблемот со национализмот го гледам како вина на хрватската држава, а не на самите луѓе.

    Инаку, разликата меѓу примерот кој ти го наведе со Шешељ е во тоа што тој го запали знамето самоиницијативно, што значи тоа не е ставот на Србија како држава, туку на него како човек, да не речам, приватен граѓанин, бидејќи не учествува на ниеден начин во било кој државен орган или институција на власта. Од друга страна, примерите кои јас ги дадов се практично ставови на Хрватска како држава. Мислам дека разликата е очигледна. Чинот што една национална телевизија која прекинува пренос на спортски настан само поради тоа што Хрватска изгубила од Србија за местото светски првак мене ми укажува дека во таа држава нешто очигледно е побајаги труло.

    Но, не ми беше целта да завземам страни помеѓу Хрватска и Србија, а тоа е и далеку од темата на дискусија овде, па да не се задржувам повеќе на ова. Поентата ми беше дека Хрватска како држава со својата „национална свест“ никако не може да биде добар пример за никого. Може да биде само пример од кој ќе се учи како нешто не треба да се прави.

    Ќе се задржам уште малку на Хрватите, но само како пример, за да докажам нешто што во принцип важи и во други држави, па и кај нас. Спомнав претходно дека немам ништо против Хрватите како народ, познавам многу фини и нормални луѓе, кои не чувствуваат омраза кон никој и кои на распадот на Југославија и сите несреќни настани кои го придружуваа гледаат како на трагедија, а не како нешто за гордеење. Интересен е фактот што многу голем број од Хрватите кои чувствуваат омраза кон Србите се млади луѓе, кои за време на војната во почетокот на 90-ите или биле премногу мали за да се сеќаваат на она што се случуваше, или воопшто не биле родени. Многу од нив, што се вика, во животот не запознале Србин, ама ги мразат со цела душа. Зошто е тоа така?

    Проблемот е во тоа што државата и оние кои се на власт знаат дека најлесен начин да се создаде национално единство е народот да се „обедини“ против некој заеднички „непријател“. Во случајот на Хрватска, тоа се Србите, во случајот на Грција – тоа се Македонците (примери има уште многу). Здружувањето на еден народ во омраза против некој друг е тотално погрешен начин на создавање национално единство. Но, е наједноставниот и најефикасниот начин. А властодршците многу добро го знаат тоа и го користат, пред се за добивање на лесни „политички поени“ кај сопствениот народ. Многу потешко е да се направи национално единство врз основа на некоја позитивна карактеристика на самиот народ, но само тоа е (и треба да биде) вистинскиот начин на градење национален идентитет.

    Исто така, голем дел од проблемот е што многумина политиката и ставот на една држава ги поистоветуваат со мислењето на народот. Додуша, политиката на државата преку пропагандната машинерија која ја има влијае во голема мера и врз мислењето на народот. На пример, кај нас има мноѓу луѓе кои ги мразат Грците, а (како и во претходниот пример со Хрватите и Србите) никогаш ниту ја посетиле Грција, ниту пак запознале Грк во животот. И тоа е токму поради тоа што политиката која Грција како држава ја води во однос на Македонија ја поистоветуваат со ставовите и мислењето на грчкиот народ. Нормално, во реалноста, ништо не е толку едноставно или црно-бело. Има многумина Грци кои не се сложуваат со политиката на Грција и во принцип, немаат ништо ни против Македонија ни против македонскиот народ.

    Поентата на моево мислење, кое испадна прилично опширно, е дека народот на било која држава не треба да паѓа на финтите кои власта им ги продава како патриотизам и национална свест, а всушност не се ништо друго туку обединување пред некој „заеднички непријател“ (кој најчесто и не постои) и поттикнување омраза кон некоја друга етничка група или нација.

    Националната свест треба да произлезе од заедништвото, чувството на припадност и љубовта кон татковината на припадниците на еден народ, а не од омраза или чувство на загрозеност од друга нација. Првиов начин е макотрпен и тежок за градење, но само тој пат е правилниот. Вториов води кон создавање на привидна национална свест, која во својата суштина е само прикриена омраза и ништо повеќе, а самиот ја води и држава и народот не кон напредок, туку кон пропаст и самоуништување.
     
    На Tanjamm, daylight, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ti mome ushte si sredno shkolo, taka?