1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Начинот на сфаќање на психолошките состојби во нашето поднебје

Дискусија во 'Психологија' започната од Purplelilac, 8 јули 2018.

  1. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Пред неколку години поради рандом ситуации западнав во тешка депресивна состојба. Не умеев да ја осознаам како депресија па правев работи кои искрено сега ми се чудни. Имав широк круг на пријатели и постојано се дружев. Наеднаш почнав да се затворам дома и се затворив во себе. Почнав да пијам таблети за смирување затоа што не знаев како и каде да се обратам, чуствував бес и лутина кон себе, а и кон другите. Очекував некако магично некој да дојде и да ми каже ајде ќе ти помогнам и готово е, имав нездрава врска со личност- објект кон кој се приврзав и мислев дека таа личност е должна мене да ми помогне јас да го надминам тоа што го чуствувам.
    Што се случи? Личноста неможејки да најде начин да се соочи со мене и со МОИТЕ проблеми си замина. Ја нема во мојот живот, не затоа што не ме сакала, туку едноставно после неколку години убедување дека е тука да ми помогне, а јас не можев (или можеби не сакав) да ја примам таа помош. Постојат мал милион осудувања за тоа зошто таа личност си заминала, но денес од оваа гледна точка не би ја осудила.
    Откако си замина личноста, јас се освестив дека треба да се превземе лична одговорност, одговорност за ситуацијата во која се наоѓаме. Да, јас сум го направила тоа и тоа, што придонело да се чуствувам вака. Тоа е мој проблем, останатите личности може да помогнат, но не мора.
    Има професионалци терапевти во Македонија кои се прекрасни. Може се на број, ама дефинитивно помагаат кога станува збор за анксиозност, депресија, панични напади,зависности . И се тоа се решава со помош на професионалец. Професионалецот може да препознае дали станува збор за депресија или тага, дали едноставно личноста има таков таговен темперамент кој придонесува тешките ситуации да се сфаќаат со поголема доза на тага, разочарување. Исто може да препознае дали некој го прави тоа за да привлече внимание, затоа што постојат личности кои недостатокот на внимание во детството го компензираат со нешто што го прават сега и дава резултат на внимание. Важно е професионалецот да препознае и дали личноста е отворена за соработка, дали сака ( и дали може) да го работи терапевскиот процес. Односно дали е тип на личност која ужива во таговноста ( во состојбата во која се наоѓа) , се дефинира како личност која е немоќна, беспомошна, која не може да превземе нешто и останува на тоа.
    Јас мислам дека е лошо да личната одговорност ја префрлиме на некој друг. Посебно во опшество во кое сите имаат мал милион проблеми. Пријателите исто се личности кои имаат свој сопствен живот, личности кои минуваат низ проблеми, имаат процеси во нивните животи. Не можеме да очекуваме да тие магично ни ги решат и разјаснат чуствата кои ги имаме. Откако ќе се започне терапевскиот процес пријателите се тие кои ја помагаат ситуацијата, но без помош на терапевт, не мислам дека може да помогнат многу.
     
    На WarriorAngel, lovestoneddd, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  2. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    @KateKane се е во ред што пиша, ама тоа за први знаци на депресија е варијабилно. Прво нешто кога некој ќе спомене депресија ти текнува на очај, повлеченост и такви непријатни работи; што во најголем број случаи, навистина е така. Но сепак има и случаи во кои личности толку добро ја прикриваат, што едноставно не им се забележува. Се смеат, мислиме си функционираат најнормално, а тие внатре со борат со демони :?:
     
    На Milobebence, lovestoneddd, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    За мене треба да си многу ама баш многу будала или ненормален за да си посегнеш по сопствениот живот. Ќе речете не збори глупости не си им во кожата. Не сум им ама самоубиството не е решение ама баш за ништо туку е само покажување на слаб карактер. Имаше кај нас еден доктор хирург. Направи сообраќајка во која две лица починаа и за да не одговара се самоуби. Решение нула. Имаше сега скоро една жена се обеси зашто маж је имал многу долгови па можеле куќата да им ја земат. Решение нула. Колку луѓе ненамерно направиле престао сообраќајки убиства па проблемот полесно се решил одколку да се одземе животот. Колку луѓе биле избркани од дома или во крајни случаи куќата им се запалила изгорела останале живи благодарни на Бога па почнувајќи одод ништо и со прифатена човечка помош застанале на нозе. Ниеден проблем не се решава ни со насилство ни со посегнување по дроги ни со самоубивање. Сами свесни за било какви проблемпроблеми треба да побараме соодветна помош за излез од ситуацијата. Јас лично и и покрај многуте лоши работи и препреки во животот за инат на злото и со Божја вреба сум наоѓала излез само треба трпение.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Секој си има свое мислење, и почитувам, но сепак не можам да кажам дека се согласувам со тоа што кажуваш.

    Ете ти како резигиозна личност, Божјата верба ти помогнала да поминеш низ тешки периоди. Но многу луѓе ја немаат таа верба. Некои се атеисти, некои си велат: чим Бог ми прави волку тешки моменти, зошто да верувам во него? и тн. И тие изнаоѓаат решение на проблемот на други места (дрога, алкохол) , исто како што ти изнаоѓаш во Бога. На почетокот тоа им помага, ќе земат таблети и цел свет им е розов, ќе се напијат акохол и не се сеќаваат на ништо. И чим еднаш им е убаво, ќе земат пак и пак. И со тек на време само запаѓаат во поголема зависност, несвесно. Јас лично не би посегнала по тоа, но како што кажав, секој човек е различен и различно се справува во одредени ситуации.

    Исто така сакам збор-два да кажам за делот каде што го спомна самоубиството. Примерите кои ги даде некако не соодвестуваат со тоа што ние тука во темава го збориме. Тие примери што ги даде, точно е дека се знаци на слаб карактер, но тоа не мора да значи и за луѓето кои се со некоја психичка состојба . Често таквите луѓе се многу цврсти, трпат се во себе, па може дури и помош да побарале и тоа да не успеало, и кога веќе “лончето ќе претече“ , посегнуваат по самоубиството гледајќи го како единствен излез од безнадежноста.
     
    На Rama, Purplelilac, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.652
    Пол:
    Женски
    Знам, јас се водев спрема статистички податоци, дека најголем број луѓе така манифестираат депресија. Меѓутоа има и уште потешки случаи, затоа и Робин Вилијамс го спомнав, познавам и јас лично случај каде девојка убава, преубава, ја мислеа сите среќна, цел живот насмеана, се самоуби. Јас во шок бев цела недела, не ми се веруваше едноставно дека девојка од добра фамилија, убава, паметна, насмеана, нешто толку ја мачело за на таков чекор да се реши.

    Гледам низ светов почнаа да прават call центри, suicide stop форуми што е за поздрав. Америка, Австралија, Белгија, Англија, во наша околина мислам дека и кај Хрватите и Словенците има. Треба и кај нас да отворат, 24 часа достапен, сигурно ќе има позитивност од тоа.
     
    На lovestoneddd, WildMk, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    24 часа работи клиника за психијатрија. Имаа проект за СОС линија, не знам дали им работи. Меѓутоа делот што е за помош на лица кои се соочуваат со самоубиствени мисли им работи.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа кај нас не би имало позитивен исход. Може луѓе да се јавуваат и да се мајтапат.. Сепак сите си знаеме каков ни е менталитетот.. Ни треба добра едукација, па потоа ова може само плус да биде.

    Ете дури и да има, колку луѓе го знаат ова? Јас што се вртам во тие кругови, сега прв пат слушам за оваа СОС линија.. Ни промоција некаква, ни реализација, ни ништо :?:
     
    На Rama и Purplelilac им се допаѓа ова.
  8. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Имаа промоција кога се пушти во употреба, не ме земај за збор мислам пред 2 години беше. Но од блиски извори знаам дека никој не побарал помош. Функционира, имаат канцеларија, но досега не барал никој помош. Што е загрижувачки. И укажува на тоа колку луѓето немаат доверба во инсистуциите, посебно во психијатрија или советодавните центри.
     
    На Rama, sj *O*, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Малку ми е глупава фразата - треба да си многу ама баш многу будала или ненормален за да си посегнеш по сопствениот живот. Затоа и напишав погоре дека секој на различен начин се носи со проблемите. Некои сметаат дека тоа е решение со кое ќе се ослободи од проблемот. Но сепак не е така кога ќе размислиш подобро со тоа што ќе кренеш рака на себе , со тоа нема да се решат проблемите туку само ќе им го загрозиш животот на твоите блиски. Ама кога си опседнат со своите проблеми во состојба на депресија ти не си способен свесно да размислуваш стануваш себичен и не гледаш реално на некои работи и не мислиш на другите околу себе. Тоа не значи дека си будала туку дека проблемот станал многу голем и ти си заглавен во тој лавиринт од кој сметаш дека нема излез и дека си осуден на пропаст и мислиш дека тоа што самиот ќе си пресудиш е правилно и единствено решение. Но тоа не е решение во никој случај.
     
    На WarriorAngel, КикиМаус, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Би рекол дека на нашево поднебје постои елементарно непознавање на психичките состојби и заболувања. И баш ради тоа, најчести се следниве исходи: или состојбата нема да биде препознаена долго време (или додека веќе не е предоцна), или откако ќе биде препознаена, ќе се крие и чува како некаков семеен срам (и често пати нема да биде соодветно третирана) или пак нема да биде доволно сериозно сфатена (повторно со неубав исход).

    Нашето генерално незнаење на темава доведува до тоа дадена психичка состојба да не биде препознаена долго време, често пати и од самата личност која е погодена од неа. Затоа што тие промени во размислувањето и однесувањето не се случуваат преку ноќ, туку постепено, и набрзо стануваат секојдневие за личноста, наместо нешто непознато и туѓо, симптоми на нешто што треба да се лекува.

    Викате најбитно е самата личност да сака да се излекува - а има ли некој кој сака да биде во депресија, да има анксиозност или панични напади? Точно е дека сопствената желба е битна, но кај психичките состојби поддршката од најблиските е побитна во однос на сите останати заболувања. Доколку самата личност не ги препознае промените кај себе, некој близок треба да го стори тоа и да реагира. Доколку самата личност не сака да побара помош, најблиските треба да го сторат тоа за неа.

    Треба да се сфати еднаш за секогаш дека депресијата го менува балансот на хемикалии во мозокот и дека таквата личност не размислува исто како и здрав човек. Глупо е да се прават дебати за нечие самоубиство споредувајќи ги неговите одлуки со вашите и осудувајќи ги како себични и кукавички, затоа што мозокот на здрав човек и човек во депресија не функционираат на ист начин. Психички здравиот човек едноставно не може да се стави во улогата на депресивен самоубиец, колку и да сака. Сфатете го самоубиството како фатална последица на болеста наречена депресија, а не свесна одлука на човек да стави крај на сопствениот живот.

    И уште една работа која погоре ја спомнав - минимизирање на проблемите кои произлегуваат од психичките состојби и нивно недоволно сериозно сфаќање - повторно, најчесто со споредување со самиот себе.

    Не, ако сте биле нерасположени, тажни или летаргични, не значи дека сте биле во депресија и дека успешно сте се справиле со тоа сами, и тоа само по неколку дена. Не, ако ве фаќа трема пред испит или интервју за работа не значи дека знаете како е да сте анксиозни. Не, ако некогаш ве фатило гушење во преполн автобус во лето, не значи дека знаете што се панични напади.

    Прекинете да користите примери од сопствениот живот за кои мислите дека се споредливи (а не се) со нечии психички состојби и нарушувања и да делите памет и несолени совети, осуди и критики на луѓе кои навистина се борат со психички заболувања.

    Соодветна помош во вакви ситуации може да даде само психолог или психијатар, и ако навистина сакате да помогнете некому, погрижете се да ја добие. Со се' останато - критики, осуди, недоквакани совети - верувајте, не помагате никому, ама ич.
     
    Последна измена: 8 јули 2018
    На WarriorAngel, Lady Phoenix, lovestoneddd и 22 други им се допаѓа ова.
  11. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Искрено се мислев долго време дали да се отворам тука на форумов,но искрено веќе ми е преку глава и ке си кажам све што ми лежи на срце и душа.

    Се почна од пред скоро 8 години,од кога ја загубив мајками паднав во депресија и анскиозност,прв пат во животот се соочував со такво нешто во мојот живот,никогаш не сум конзумирал,ниту дроги,ниту цигари,едноставно бев спортски тип.Едноставно се изгубив,секогаш сум бил јак човек,кој сум ги поминувал многу лесно сите проблеми во животот,почна голема паника да ме фаќа,другарите почнаа да ме избегнуваат,ради тоа што бев депресивен,тажен,нерасположен,а имав другари 5 кој се дружев 20 години,и уште толку се разочарав,се осеќав ептен глупаво,и болно.Имав девојка со која одев,4 години,од кога го виде резултатот на моја состојба,ми раскина и ме остави сам,али буквално сам,роднините повеќе не доаѓаа кај нас,татко ми и сестрами се одалечија од мене,незнаев буквално незнаев што да правам сам со себе,имав мисли дека срцето ке ми пукне,одев сам по лекари,анализи,чуда.Во ремедика налетав на еден млад доктор,кој го имал истиов проблем кога бил дете,и ми рече да не конзумирам никакви апчиња,ништо,него само да спортувам,искрено го послушав затоа што незнаев што е добро а што не за мене во таа состојба.За 6 месеци џогирање на кејот на вардар,јас бев нов,оној стариот,со нова психа,многу појак од секогаш,ми се отворија нови врати во животот,се вработив државно,си фатив нова девојка,сите оние кој ме избегнуваа почнаа полека полека да ми се враќаат,но јас им кажав отворено,дека такви особи повеќе никогаш нема да бидат дел од мојот живот.Се беше добро до пред 1 год,кога имав премногу стресен период дома,семејни проблеми,ми се врати све како бумеранг,и пак иста приказна,раскинав со девојката,останав без работа,мојте ич не им чуе за мене,паднав пак на подот,но овој пат,премногу во депресија,овој пат е многу пострашно од прошлиот,но почнав да одам на психијатар,почнав да пијам седативи,никогаш не побарв помош од никој,никогаш не се жалам на никого,едноставно бев затворен,тивок,буквално неприметлив.За среќа во мојот живот влезе една особа,која е дел од мојот живот веќе,со нејзиното семејство,ме дигнаа на нозе,ми дадоа подршка,потик,и насока за нормален живот,седативите се веќе минато,се дружам,искачам,движам секаде,без страв,без паника,и силен како што треба да е еден маж.За жал мојот живот е тежок,целиот живот се измачувам,се додека мојата мајка беше жива,јас бев среќен,исполнет,насмеан,затоа што она ми беше едина подршка во животот,од татко ми бев малтретиран цел живот,како психички,така и физички,но све истрпев,се поминав со помош на ГОСПОД,верував во него,и до крајот на мојот живот ке верувам.

    Депресијата е премногу тешка состојба,иако порано не верував,се додека не осетив за жал на своја кожа,имав секакви мисли,и на самоубиство,буквално све лошо имав во главата,но не се предадов,животот е еден,и мора да се бориме и да го искористиме право,све што е лошо во животот има зашто е тоа така,и све што е добро има зашто е добро.Секое лошо за добро е,луѓето во депресија не бараат помош,не се отвараат,се затворени,и не искажуваат буквално ништо,ако приметите таков,помогнете му,верувајте многу добрини ке направите со тоа,ке спасите нечив живот,воошто не е лесно се сложувам со тоа,но животот е падни,стани.

    Се извинувам за долгиот пост,но сакав да си ја отворам и искажам маката.

    Ви благодарам на разбирањето,а на оние кој нема да ме разберат жал ми е.
     
    Последна измена: 8 јули 2018
    На Valentina.Vaki, cresa-jagoda, душленце и 27 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Страдам од депресија и анксиозност... откако знам за себе. Дијагноза ми е поставена после години откако ги имав првите симптоми, а на психијатар одев уште од првиот драстичен симптом.

    Се' почнува од дома. Мајка ми, и ден денес ми кажува дека било срамота да се зборува за тоа. Ја слушав... до кај 20години. И жал ми е за тоа. Откако почнав отворено да разговарам, открив дека луѓето имаат многу повеќе разбирање (не сите), отколку што си мислев... И не само тоа, испадна дека и многумина од нив имаат слични проблеми како и јас, а во најголем случај, нејдијагностицирани, па се самомедицираат и одат по бајачи.

    Само отворен разговор за овие теми и едукација ни треба. Ништо друго.
     
    На cresa-jagoda, lovestoneddd, sj *O* и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Си разговарала со терапевт? Може треба да се најде причинителот на анксиозноста и на депресијата :). И да се реши процесот кој е настанат и кој ти ги прави тие мисли
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Пишав дека имам дијагноза, веќе 20 години. Психијатар ми ја постави, на антидепресиви сум од 2004та. Најверојатно ќе ги пијам додека сум жива, и ок сум со тоа. Сега немам проблеми, но знам како беше додека не ми ја погодија терапијата.

    Гледај го документарецов: The Bridge и размили убаво за она што го пиша.
     
    Последна измена од модератор: 12 јули 2018
    На sj *O*, Rama, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    @ЕденЧлен само позитивни мисли спорт и здрав начин на живот ќе ти ја сочуваат состојбата. Исто така внимавај со кого се дружиш околината колку што е корисна толку е и штетна. @WildMk не мора да значи дека цел живот константно ќе треба да ја примаш терапијата. Жена на братучед од маж ми имаше многу тешки семејни проблеми и беше под терапија се додека не го исчеличо карактерот не собра доволно сила се соочи со проблемите она што мораше го прифати и излезе од состојбата.
     
    На КикиМаус и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не ме интересираат индивидуални примери, кои сами по себе не се правило.
    А и пишав веќе: Немам проблем со тоа да пијам антидепресиви и цел живот. Мала цена, во однос на она како ми е без нив.
     
    На КикиМаус, Rama, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    документарецот ќе го гледам но дека ќе го сменам мислењето не верувамверувам.
    секој со своја мака со свое мислење и свое искуство јас само дадов пример а ти сама за себе најдобро си знаеш
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имаше ваква тема.

    Општеството нема слух за проблемите на луѓето. Општеството ги јаде луѓето, толку штети на нивната психа, некои луѓе никогаш нема сериозно да сфатат дека некој навистина има проблем, се додека не биде касно. Живееме во општество каде, ако некој отиде на психолог, за него се зборува дека е ненормален или будала штом оди таму. Не постои разбирање, не постои емпатија. Има поединци што разбираат и што со задоволство би направиле нешто да се покрене свеста кај луѓето за оваа проблематика, но генерално, општеството како целина, дури и повеќе штета им нанесува на луѓето кои имаат потреба од помош.
     
    На Таа Сум, sj *O*, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Во ова наше поднебје човекот е претворен во крволочно животно кое се бори за опстанок, кое гази се пред себе не гледајќи наоколу што се случува, хуманоста, грижата едни за други не постои, а кога станува збор за нечии живот, за нечија осамена и изгубена душа која сама себе си пресудила, ќе слушнеш наоколу само сожалување затоа што знаеш дека така треба и сите тоа го прават, а од утре повторно се по старо
     
    На Aleksandar1212, SummerGirl, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  20. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Насловот сам кажува, нашето поднебје... Епа што очекувате?
    Само не го оправдувам самоубиството, некако ми нема смисла. Во тој момент, замислете на некое болно дете што знае дека му се ближи крајот, ама се би направило само за да живее.
    Сфаќам, дека сите ние имаме лоши периоди во животот, се е менливо и ништо не може да трае вечно, па ни депресијата, зошто на све му има крај.
    Депресија и панични напади - Ќе пишам само, на тие луѓе во такви ситуации им е потребно грижа и поддршка.

    За на крај ќе кажа се е до психата на човекот, и како ја доживуваш некоја ситуација.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, Stephen Amell и 4 други им се допаѓа ова.