1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Начинот на сфаќање на психолошките состојби во нашето поднебје

Дискусија во 'Психологија' започната од Purplelilac, 8 јули 2018.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @ЕденЧлен @WildMk

    Убаво од ваша страна што споделувате лично искуство и што не се плашите и срамите да зборувате гласно за депресијата. Токму тоа и треба да се направи. Да се зборува. Гласно. Најгласно, за секој да може да сфати дека таквата состојба е проблем а не потреба за внимание, и токму поради тоа треба да се сфати сериозно.
    Исто така верувам дека за некој кој се соочува со ваков проблем, читањето на туѓи искуства на луѓе кои се соочувале со депресија може да го поттикне да побара помош. Токму поради тоа ве охрабрувам и понатаму да зборувате гласно :)

    @Primavera

    Лајкот е за поддршка за тоа што сподели сопствено искуство, но повторно ќе се навратам на делот каде што велиш дека секој си има свои проблеми и не можеш никој да осудуваш за тоа што не ти помогнале при соочување со таквата состојба.
    Бидејќи знаеш дека човек во депресија не може да носи разумни одлуки како и човек кој нема таков проблем, па токму поради тоа прво не смееш вината да ја бараш во себе. Депресијата не ја избираш, туку таа те избира тебе бидејќи секој човек различно реагира на состојбите од опкружувањето (кај некој негативното опкружување или незадоволствата во животот само повеќе го поттикнуваат на борба за да истрае и да се издигне над проблемите и негативните мисли, но некој друг па не го може тоа и тоа е сосем во ред.
    Сепак сите ние сме засебни индивидуи и нормално е да реагираме различно).
    Тоа што не е во ред е некој да гледа дека се соочуваш со депресивни мисли и да стои од страна не правејќи ништо. Во ред, разбирам дека ти си се затворила во себе но и за да се допре до таквите личности кои се повлекуваат има посебни методи. Доволно е некој да се информира малку повеќе и тогаш може да се помогне :)
     
    На cresa-jagoda, Lella, sj *O* и 11 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не сум била суицидална, ама можам да разберам, како им е на луѓето кои така се чувствуваат. Знам како е да имаш чувство, дека цел свет го носиш на грб (во недостаток на подобра фраза). Муабетот со 'болно дете', не ги охрабрува депресивните кои се во многу 'долен' период, уште толку ги фрла во депресија.

    И не е само 'психата', како апстрактен поим. И до генетика е. Имаат изолирано генетска мутација која е поврзана со депресијата. И до хормоните е. Најчесто производтвото и абсорбцијата на серотонин во мозокот.
     
    На Lella, La.loca, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека насилството врз себе не е решение.Ама не се согласувам дека оние кои се самоубиваат се кукавици.Нормално,не го оправдувам.Ама кога би осетиле низ што се тие поминале...За да дојдеш до тој степен,треба многу.А депресијата е пекол,анксиозноста и паничните напади патот до пеколот.Сум имала искуство,и тешко е.Алармите обични никој не ги сфаќа сериозно.Сите се тука,ама откако ќе е предоцна.Еве јас и ден денес се борам против панични напади и анксиозност.Но,знам дека паниката не можи да ми наштети и полека ја искоренувам.Нашето општество не е отворено за ваквите проблеми и си дреме од страна.А што е потрагично,секоја 5-та личност го има ова.И обично пеколот низ кој се поминува е окарактеризиран како „се е во твојата глава“, „некој нема да јади,ти се жалиш,а имаш се“, „ајде само внимание сакаш да привлечеш“...А тоа што те копа,те јада од внатре? Има нешто потешко од осаменоста? Има нешто потешко од тоа сите да ти свртат грб и да се препуштиш сам на себе? Е кога овие личности ќе поминат тоа,па не бараат психолошка помош (или не ја добиваат соодветно),трпат,подлегнуваат на пороци,се мачат,горат,и на крај,за нив друго решение нема.Јас имав депресија во еден од најважните периоди во животот.Тоа што го преживеав тогаш,не му го посакувам на никој.Победив,и излегов посилна од искуството.Денес сигурно нема да дозволам да ми се случи истото,последица останаа паничините напади и анксиозноста (за кои како што кажав погоре полека ги искоренувам).Ама некои личности ја немале таа среќа.Ако подлегнеш на тоа,готово е.Многу од нив би биле денес со нас,ако само малку се покажело поддршка.Треба малку повеќе зборување,малку повеќе емпатија и топлина.Доволно е на таква личост шега да и кажеш,да ја насмееш,ќе и дадеш мотив.И да,оние најсреќните,најгласните,кај нив треба повеќе внимание.Затоашто тие луѓе,односно најголем дел од депресивните,се најчесто најведри.На 100 луѓе им се рамо за плачење,а за себе се како затворени кутии.Затоа,не е на одмет да прашаш некого: како си? Можеби со тоа прашање се покренува цела лавина,а од таму и спас.Јас,ги жалам личностите кои посегнале на себе.Не се тие виновни,состојбата е таква.А тие,слаби,истоштени,и конечно со желба за мир,за жал,посегаат на себе.
    Јас би сакала да покренам кампања за свеста на општеството за овие состојби.Најмногу до младите луѓе,да бидат свесни дека постои излез,и до постарите,да сфатат дека тоа е болест,треба лек,нежност,топлина (а не да се турка личноста во осаменост),дека не срамота да се посети психолог или психијатар,дека не мора да се крие.Не се тие личности луди,нормални се.Ама имаат болест,исто како физичката болест,еквивалентот е тој.Срамота и погубно е за нас како луѓе,да покажуваме со прст и да се смееме на овие состојби.Затоа,ако кај некој близок,познаник...приметите дека однесувањето е чудно,раздразливо,и ред други симптоми да не ги повторувам мислењата од погоре,пробајте да зборувате со него,да му помогнете,или барем да го упатите кај некој кој може да му помогне.Не сакаме се да заврши пред да почне,нели? Овие личности имаат цел живот пред себе,ете затоа треба.
     
    На Lella, Purplelilac, Lady Phoenix и 10 други им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Мразам кога луѓето мислат дека депресијата е избор.
    Никој нема свесно да одбере да се чуствува мизерно и недоволно цело време, нема турн оф и турн он во мозокот за да ја програмираме секоја мисла и емоција која минува низ нас.
    Депресијата е состојба, и депресивен може да биде било кој. Без разлика млад стар, маж жена дете, богат сиромав, образован или необразован. Во нејзината позадина стои биохемиски процес,што јасно говори дека станува збор за психичка состојба, а не избор направен од хир или 'бес ' што многу милуваат да ја окарактизираат со тој збор.
    На депресивен човек не му е дојдено до ништо, ни до излегувања,дружења, кариера,образование, што е последица на недостаток на серотонитот во мозочните синапси, по што доаѓаат мисли, што со себе, која е поентата понатаму,како да престане,непронаоѓање радост во ништо. Недостатокот на серотонинот понатаму води до пад на концентрација,лошо помнење, па доаѓа до опаѓање на мелатонинот кој го регулира ритамот на спиењето,доведува до пречки во нормалното функционирање на нервниот и кардиоваскуларниот систем.
    Дали мислите дека сето ова ќе исчезне со тапшање по рамо и пар фрази од тип на животот е убав, после дождот иде сонце и сл. ?!
    Да престанат да се обвинуваат овие луѓе дека се психички нестабилни, дека самите се одговорни, самите си ја нанеле, дека се разгалени или пак желни за внимание.
    Tука не ги ставам во иста категорија, оние кои моменталното нерасположение,незадоволство или акутна кратка анхедонија го нарекуваат депресија и кои од истото се излечиле со музика, мотивирачки книги.Ахам..
    Клиничката депресија е сосема друга приказна. Баталете new age псеудонаучни срања, мотивациони говори и курсеви.

    Говорете без срам и страв од осудувања и навреди. Луѓето секако ќе осудуваат, ако си бескрајно среќен ќе им смета вашата среќа, ако си тажен ќе им смета вашата тага.
     
    На Kitty23, Purplelilac, Lady Phoenix и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се биде несфатен,навистина е тешко.
    Страдам од анксиозност и панични напади,претешко е,ама искрено не се споредува со депресија,тоа е далеку пострашно и позагрижувачки.
    За жал,кај нас нема разбирачка за овие "модерни болести" како што милуваат да ги нарекуваат,и етикетирани сме како да се преправаме,или од бес и аздис е,или глумење да се привлечи внимание,или уште пострашно:зошто пиеш капки и апчиња?треба да се справиш самата,треба да имаш силна психа,види ме мене....Да,за жал сето ова ми било речено во лице и сум се осеќала безвредно...токму од овие причини јас само два месеци примав терапија за анксот кој патем ми е дијагностициран од доктор а не од уѕур и ќеф,а требаше најмалку 6 месеци до година да примам терапија....

    Треба да бидиме многу повеќе полни со разбирање и упорност да се иницира разговор со лицата кои очигледно е дека страдаат...
    Се сеќавам кога ме пратија на разговор кај психолог,јас одбив да разговарам...се осеќав изгубено и беспомошно,грдо беше чувството да знаеш дека некој треба да те врати во 'нормала",ама не требаше така,посакувам да имав поголема храброст и да се искажев за се што ми лежи,се што ме мачи,многу сум затворена,понекогаш разговарам со мојот Духовник,ама и тој не знае што се ме мачи...
    Мислам дека повеќе имам сила да им помагам на другите и да ги ислушувам,одколку што можам да зборувам за себе...
     
    На cresa-jagoda, HardSex, senjorita-v и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Најголем проблем кај нас е тоа што луѓе не знаат да разликуваат тага, осаменост, лошо расположение од депресија/анксиозност. Не е исто да си тажен и да си депресивен. И депресивните луѓе не се attention whores како што некои ги нарекуваат, туку луѓе на кои им е потребна стручна и професионална помош.

    @ЕденЧлен Сочувство за твојата изгубена мајка. Но, мислам дека ти не си бил депресивна личност, туку тоа било моментална огромна тага и болка што те бутнала. Инаку, да беше депресивен не верувам дека би имал волја и енергија секој ден да трчаш. Депресијата буквално те умртвува и немаш желба за буквално ништо.
     
    На honest girl, SummerGirl, mazikeen и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со тебе,дека треба да се крене гласот за овие проблеми,јас за среќа не бев во голема депресија,колку што бев во голема анксизоност и панични напади.Анксиозноста прави нерасположение,лоши мисли,менување константо на расположение и итн.

    И јас го имав истиот проблем,сите ми викаа да не пијам антидепресиви,да не пијам апчиња,него да идам сам против све,ама џабе неможев на тие луѓе да им докажам,дека неможам сам,дека ми треба помош од стручно лице,е тоа е лошо кај нас што ваквите како нас,со овие проблеми,не не разбираат и сваќаат.
     
    На Rama, SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Малку зафрканција на своја сметка :)

    0658d6875adac5aa4b8a37687f3e5cae.jpg
     
    На senjorita-v, SummerGirl и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Депресијата/анксиозноста не поминуваат со мотивациони говори, сликички, тапшање по рамо, туку со конзервативна медицина. Одиш и разговараш со многу стручно и професионално лице. Според твојата состојба ти одредува терапија која ја примаш одреден период или на подолг период. Се е индивидуално.
     
    На poenta, ЕденЧлен и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Немаат луѓето разбирање. Ги избегнуваат таквите луѓе, а не им помагаат воопшто. Им треба социјализација на тие луѓе, а сите околу нив ги избегнуваат. Добро е што полека се прифаќа одењето на психолог. Не мора да значи дека кај психијатар одат само луѓе со некакви тешки дијагнози. На кому да му објасниш, пак се плука на одењето на психијатар. И друго, не мора да одиш на психијатар за да ти даде некоја хемија. Пак викам, џабе да се објаснувам кога иритирачко е мислењето на 90 % од форумов. (facepalm)
     
    На Rama, SummerGirl, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Шега беше, не биди напнат како пушка.
    Ако одам на психијатар, не значи дека не можам и да се зафркавам за мојата болест... а одам и пијам антидепресиви со години.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Од каде сега ова? Мојот пост не беше наменет за твојата слика, туку за дечкото што го советувале да не прима терапија, туку да чекал да помине само од себе. Не поминува без терапија и разговор со стручно лице.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Дека беше после сликата, мислев на нејзе се однесува.
     
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Пишав и погоре,јас бев во мала депресија,за среќа,јас немав искочено 1 месец од соба,не од дома,од соба,мојата најдолга релација беше вц,соба.Али едноставно ми пукна филмот,и реков или ке преживеам или ке умрам.

    Да си здрав и жив,и да си ги чувате фамилиите и родителите :)
     
    На Rama, SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  15. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Тоа е таа постсмртна траума, тага, бес, револт, шок, но пак сепак мислам дека твоето не било депресија, затоа што ништо не би те мрднало од кревет без терапија и антидепресиви. Едноставно депресивните луѓе губат желба и задоволство за било што. Трчање за нив е наука.
     
    На SummerGirl, WildMk и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  16. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со тебе,можеби сум имал мала доза на депресија,но за среќа брзо помина.Јас почнав да пијам антидепресиви,пред 10 месеци скоро,затоа што имав панични напади и анксиозност.Имав ете среќа што целиот живот бев спортист и што си ставив во глава задача,дека морам да искочам од оваа состојба.
     
    На Rama, SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Дали сеуште пиеш антидепресиви? Колку време ги пиеше? Вака на прв поглед делуваш позитивно, полн со енергија и желба. Тотална спротивност од депресивна личност.
     
  18. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Да суште пијам,веќе 10 месеци ги пијам,иначе пијам Елицеа.Се борам секој ден,да бидам позитивен,полн со енергија,едноставно наоѓам причини за да бидам подобро.
     
    На cresa-jagoda, Nine25, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Се консултираш ли со стручно лице? Мора да внимаваш која доза ја земаш и колку. Со текот на времето ќе треба да намалуваш и да се учиш да живееш без лекот.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Да одам редовно на психијатар,и они ми одредуваат доза,почнав со 5мг,па стигнав до 10мг,и уште малце ке треба да почнам да ги намалувам.Секако дека мора да ги откажам и да живеам скроз без нив.
     
    На cresa-jagoda, Rama и Mamli им се допаѓа ова.