Еве јас ќе кажам поради каква причина прекинав 3 годишна врска. Замислете, 21 век а да имаш сеуште родители кои ти го контролираат секој чекор. Поради причината што јас имам братче со аутизам, мајката на мојот "брилијантен" дечко буквално крвнички се противеше на нашата врска поради нејзината болна логика во мозокот дека децата кои ќе излезат од мене ќе се психички и ментално нестабилни и таа би имала нездрави внуци. Кога ја дознав оваа работа бидејќи тогашниот дечко маминиот син го изоставуваше тој детал пукна буквално тиквата од моја страна за сега да не сакам никогаш во животот да си имам работа со него и неговата прекрасна фамилија никогаш повеќе. И не оваа ме го посакувам на никој да го снајде, да гледаш како некој твој ближен се мачи и им посакувам се најдобро во нивните нормални животи, само знам дека кармата навистина е кучка!
.... Без коментар да остане човек што нема да прочита. Да бидеме сите живи и здрави, барем ти на време си се спасила од таква фамилија. Не ти требаат такви луѓе во животот, ќе добиеш многу повеќе и подобро
Познавам пар кој имаат слична приказна. Таткото на девојката никако не и дозволувал да се мажи со момчето од причина што брат му бил дете со посебни потреби. Но таа не се откажала и се венчаа. Имаат прекрасен брак, две деца од кои едното е со посебни потреби но ништо не е поразлично од другото дете. Живее нормален живот, се дружи со други деца, сам си води грижа за себе. И што е најважно еднакви се во очите на нивните родители и еднакви треба да се за сите останати. Добро е што со време си се тргнала од него. Кога ќе пронајдеш некој што вистински ќе те сака, тој ќе е спремен на секаков предизвик во животот со тебе. Иако дете со аутизам не е ништо помалку туку дар од бога како и секое друго дете.
Дали вака или онака bitch е bitch, само ми е жал и чувствувам сожалување за оние луѓе што покрај мене и самите се лажат. "Не е до тебе, до мене е". Треба да се биде поискрен и да се кажи дека имаш некој друг или го планираш, откако ќе скршиш нечие срце.
значи немало потреба од драматизирање, си можела најнормално да му кажиш како е работата и после мажите биле свињи ехх..
Ми раскина а нејке да каже што е причината. Кога го прашувам се лути. Сакам да се смириме и сакам да знам што е проблемот ама тој не кажува. Што да правам, помогнете ми
Ти раскина затоа што не те сака.Дали ти ја кажал причината или не воопшто не е битно. Не можеш да натераш да те сака некој кој не те сака.
Да ти текнува нешто да си направила последните неколку денови што го разлутило? Или да не бил нешто љубоморен?
Па машко ми раскина. Да беше женско, ќе пишев Жени... Или множинава те буни? Ако е тоа, ради естетски причини.
Која и да е причината ако навистина ја сакал ќе сака да пронајде решение. Штом одбегнува значи ме сака да се смират.
Се согласувам ,, но лично мислење е дека секој заслужува да ја знае причината ,,, не за друго барем да биде мирна , вака само ќе биде во мисла што е погрешила и сл... Секој заслужува да ја знае вистината , колку и да е болна ,,,