Мене кога ме одбегнуваше бившата, ме одбегнуваше буквално да си го "трасира" патот за да го почнам јас на некој начин муабетот. (барем така си го сфаќам јас) Ја прашав " Што е работава што ме одбегнуваш и ме тераш да се чувствувам како странец и последно и грдо прасе?" И почна да си набројува маани итн....
Пред некои 3-4 год, го фаќам првиот дечко ау се у најдобар ред, супер пар бевме и двајцата високи, луди ау..И у денот по 5-6 пати се гледавме..Еднаш идам кај него кафе, мафе, цигари, колачиња хаха јас 14 ипол он 16 год..и се лапаме со дечкото и овој почна да ме пипка за имтимни делови и менее ми стана срам и овој ме пушти бидејќи му кажав..ме испраќа после некое време дома си идам и овој вечерта да искочиме ама моите не ме пуштија и овој да се договори со другари заеднички што ги имавме да се шетаат со други девојчиња и мене другар му ми се јавува на тел и ми кажува дека седат кај него со други девојчиња овој мојот се пуштал на некоја..јас така нервозна вртам кај другарките да ме извлечат од дома и доаѓаат моите више скренаа од мене и ме пуштија да излезам..идам ја кај другар му се поздравувам со сите на овој шамар му лепам пред сите и овој ме носи божем у др соба да збориме, јас го удирам овој ме залапува у која нервоза му кажав да си најде друга и да олади од мене и овој уште толку ме џапна го турнав јако овој падна си ја скрши раката многу лошо падна..после неможев така да го оставам бевме до болница гипс да стави и му раскинав..всушност за глупости раскинавме он не и се пуштал него таа типка на него му се пуштала..после тоа не помина ни недела дена друга фатил..ама се откачив од него бидејќи единствената причина му била он да ме СКИНЕ мене..
уште незнам зошто рече дека е вистински сакањето од твоја страна, дека е искрено, да го ценам тоа. не дека немаше некогаш недоразбирање ама се што кажа на крај е дека зошто сум и зборел за некоја слика незина зошто сум мислел дека не сум и на прво место како таа мене пред се што ми била.. не душо вистинска љубов не умира затоа и ти и после толку време викаш ми минуваат чувствата а помина време а и знам дека слабо спиеш
"Немаме иднина, не сум доволен за тебе, не ме гледај како посебен, не сум за тебе. Никогаш нема да бидам доволно добар за твоите. Не ми се допаѓа врската. Не се чувствувам како да сум во врска. Ќе работам на себе. Не сакам да ти бидам обврска. Не е до тебе, до мене е. Не сакам да сум во врска...." Ќе ми текнат уште глупости, ама сето тоа се изговори.
Добро е да постои причина , најчесто во денешно време не ти кажува причина туку изчезнува ко дух и ашшш го нема...
I feel you.... Не открив зошто...после 10 години .... Ама и не се замарам веќе сме семејни луѓе, и јас и тој
Јас еднаш раскинав со еден бидејќи имаше девојка. Типот не можеше да се помири со тој факт дека јас знам дека има девојка,бидејќи криеше. Само му реков ако не сакаш да дознае и таа каков мастер за лаги си, седи си мадро. Арно ама типот не ме оставаше на мира многу често ми пишуваше пораки на кои не враќав. После една година ми стигнува порака “ти не ми го начука тогаш, ама една друга ми го начука за сите ми врати и сега немам ниту една девојка. Таа си замина во странство, изгледа во право беше кога ми рече дека не ја сакав ама и не ја давам,ама тебе стварно те сакав.” Јас уште се чудам кој е типов,ај викам да го меморирам да видам на вибер и гледам оп пак тој. Му вратив само “Ако ти е,треба повеќе”.
Посмешно раскинување од нашето не постои, ама мило ми е што се случи. Имено, дечкото ми раскина затоа што една жена во маркетот се препозна, и овој не ми верувал дека не ја познавам.