Неса ми е царица стварно Обично кога некој трча по мене ми здосадува, и така беше и со детево.. Он живееше на една страна на скопје јас на друга и многу се заљуби во мене, секој ден доаѓаше до кај мене али мене не ми беше тоа тоа... И после неколку дека се преправав демек сум болна и му викам не не да не те заразам не доаѓај.. И така некое време бев болна и после му реков абе многу се оддалечивме не иде ова вака а и еве школо почна па најубаво да раскинеме Али малечка бев
Не го сакав а сакав јас да не бидам виновна за раскинувањето, бев многу малечка може 14 години некаде, и тогаш хит беа мобилниве телефони И од кај сестрами, му пракам пораче, срцка многу сакам да се видиме да се запознаеме, јас сум Ане, бла бла, тој ми врака не сакам имам женска. Ај мајката... И пак јас ама само на кратко да се видиме, никој нема да дознае, јас многу те сакам, и малиов се согласи. Договоривме време и место, и јас одам го гледам како некој мисир на клупа чека, се здрви кога ме виде. И му викам Ане ми рече да ти кажам дека ке закасни! И си заминав, молење, плачење, трчање имаше ама ништо. Злобно малку ова од моја страна, ама секогаш се смеам кога ке ми текне. Е затоа и може ми се вратило
хахаха ме изнасмеа фиерлесс ... најбизарно јас што сум раскинала е преку порака ама мала бев и му реков не ми се свиѓа кога се бацувамее ... леле земјо зини голтни ме срамота и еднаш со еден исто мали бевме и идеме идеме две недели и два пати дали се видовме и се сретнавме јас си бев со другарка и не се поздравив па така после ми раскина хахах ... ах деца
Другарка ми Кате го откачи дечко и јавно ! Едноставно на базен со микрофон му изјави дека не сака да биде со него и дека е најдобро да раскинат . Типов само си ги собра работите и си замина
Детски глупости. Што има пред сите да му раскинува? Ах, што не се прави за таа популарност. Искрено мене ми е жал за дечкото, греота.
Па и не , бидејќи сите и се смееја и и велеа дека нема по паметна работа па прави глупости и навредува други луѓе
^ Ајдеееее. На базен, со микрофон... преку црвен тепих да не му пристапи случајно? Размазено детиште, сноб, кое не знае веќе на каков начин да привлече внимание. Јаката работа, му раскинала. Браво
А бе дечкото си отишол и се спасил а таа од брука не се спасила . Неуспешен обид за да привлече внимание , барем не на добар начин
Другарка ти плаче за внимание Вака сигурно сакала сите да дознаат дека е сингл, па што побрзо има кандидати. Глупаво, во секој случај
Леле морам да искоментирам, се згазив од смеење сега баш на цимерката и го читав постот Си ја замислив ситуацијата, онака се гледате денес прв пат ок, утре ај ок, задутре хм После се договарате по една недела да се видите пак истата, леле и на секој состанок истото и после се навикнуваш Јас мислам си требала да издржиш уште малце онака тајно да се гледате само да видиш до кога ќе ја носел А па можда жалното си ја перел од кај знаеш Се зезам, стварно има луѓе што немаат, ама 2-3 блузи можат да се најдат кај секој кој живее во нормални просечни услови. Ова е веќе без осет. Хм, немам некоја вау причина за раскинување, знам првата врска ја раскинав по порака, и му пишав дека сакам да раскиниме бидејќи ми здосади да имам дечко, дека глупава работа било. Деца
Неможев тајно, ако излезев сакаше да се шетаме. Затоа му бегав и ме снема од секаде Глупаво се осеќам сега што зборувам за тоа, некој може ќе помисли види ја мисли којзнае која е. Ама ете, не сум ниту јас којзнае што, ама глупаво е. Излегуваш со дечкото и само една иста блуза носи секогаш Башка типот како јазик да немаше видено. Ќе ме фатеше и по половина час устата ми се укочуваше
По една година сјајна врска, отиде две недели надвор, и кога се врати, му "исчезнале" емоциите, оладил типот. Чиста среќа што ме остави тогаш, не знам што ќе се случеше да одевме 5 години, па да олади. Свашта.
Не да плаче , и не е само вој туку на уште 3 ... она не беше некоја многу популарна девојка во градот , но силно сакаше да биде ... ете тоа е цела ствар
Hа еден му реков:братучедка ми не ме остава да одам со тебе,многу си глупав! имав 14 год A на друг:досадно ми е со тебе,само во мобилниот игри си играш,не те сакам повеке за дечко
Ууу имав една таква врска и му раскинав безврска али битно му вратив хаха..Го сакав многу у 8мо одд а он се заебаваше со мене ја ко дете тршав најголем фраер у школо сите по него...и на дечково его у облаци...се фати со мене а се муавше со сите го мавав и го малтретирав хах цело 8мо одд...и ми раскина на крај...тогаш се заколнав дека ќе м у вратам кога тогаш....Иии после 3 год тети го он ме молеше, ми вртеше цели 8 месеци го вртев и на крај се фатив само заради тоа да му вратам на бившиот на друг бивши да му докажам дека не е единствен хахха ненормална со што се замарав во тие години..и добро успат ќе му вратам и на овој за од 8мо одд...и така се фативме ме третираше буквално како принцеза а ја не можам да го смислам ама ај...на сите другари им кажа дека си нашол девојка за озбилно можеш мислит...и така 3 недели ми отвара врата абе се ми прави...и ми пукна филмот доста му беше се загреа бев во ск не му ни кажав се вратив и во кафиќ го сретнав стои со една...не знаеше дека ќе сум тука...коа ме виде леле одма се тргна застана до меен што како...ми ја зема јакната ја закачи пиење умилкување до 101 и назад и мене после 20 мин му викам знаеш што не иде вака...не можеме да идеме не си одговараме и он не очекуваше и ми вика ај те мола само овој вечер остани со мене...па зашто така ми правиш ау ау...постоев уште 5 мин и Чао му кажав со другарки и во провод...битно му вратив... ауу се распишав