1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најбизарна причина за раскинување

Дискусија во 'Разделби' започната од Offspring, 9 септември 2010.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ова и се деси на една девојка ... фб другарка на мој другар хахахахах
    многу си била она вљубена у еден тип, шо го запознала на скијање у не знам си кај (не е локацијата и толку битна него причата) хахаха
    и од коа завршило тоа скијањето :D и она си се врати у ск, од коа се испофалила на фб за прекрасниот и дечко, кој бил причина да раскине со актуелниот и дечко :D дури и смела статус БРЕ НА ФБ у „ин рилејшеншип“ пази бугати хахаха
    и типацот и ставил некоја песна на ѕид на фб со некој бизарен текст песна стилу „растајемо се ми“ и коментар негов „сега ме гледаш, а сега не“ хаххахаххахаххаха
    најфиното у сето тоа е шо типката му ставил лајк на линкот...а, згора на се и најдобрата и другарка хахаххахахаххахахахахахах
    и нормално па си сменила статус овој пут у „сингле“ а, еј пази !!! дур била со актуелниот и дечко та она тоаш и немала статус у врска та, неколку месеци само оделе оти да ставала хахах (така му коментирала на другаров) хаххахах ...... али за овој сменила бе ј*боте хахахаххахаахахахха
    ем ај крејзи ор дис ворлд хас гон мед ?!? хахаххахахах
     
  2. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    јас сметам дека не е ок, само да се даде некоја причина некоја онака колку да се каже , затоа другата страна страда 5 пати повеќе , навистина не е ок
     
    На Vik'Toriah му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    24
    Ја имам една типична на сите ни е позната...не е до тебе до мене е... :D
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Првиот дечко во животот ме остави со реченицата "Ке идам на одмор и кога ќе се вратам знам дека нема да биде исто меѓу нас,може таму ќе запознаам некое девојче" и после неколку години ми доаѓа порака од дотчниот дека не ме сакал ниту сакал да биде со мене,идел со мене само затоа што во друштво само тој немал девојка :swear:
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас на еден му раскинав ради топик на мсн.Алооо :D
    Стварно напињаше,а ич не го сакав,и морав нешто.

    И така он викаше,ама ќе се скарам со сите најдобри другарки,само те молам остани со мене,ќе ти дадам пасворд,ово оно, ја тврд орах не бре и не,ме повреди. :D

    Греота :(
     
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Хахахахах ги имало премногу еве неколку :

    - Не оди веќе вака ( а како господ знае ) :lol:

    -Не е до тебе, јас сака малку да одморам

    -На еден му раскинав зашто отиде да се бања :lol: :!:
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Не започнав врска со него (таман работа), ама видов дека е малку loco... и дека не се откажува, па морав да направам нешто... :|
    И најдов причина да се караме, и ми викам-Како тоа не ти се допаѓа другар ми, па тој ми е како брат, како можеш да судиш без да го знаеш некого, и после-знаеш што, со вакви луѓе не сакам ништо. Блок-делит, баај... -.-
    Dumbass!
     
  8. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Хахахах ми текна на едно раскинување. Беше нова година а јас детиште 16год. Дочекот беше во еден кафиќ со другарките а покасно дојде и тој. Јас (и сите другарки) качени на сепарето ми се забавуваме максимално, а тој мене симни се долу на што личеш? :@
    Еее тука беше главниот реч. Му викам де заврти се околу тебе и кажи гледаш ли некој што не е качен? Он вика - Не. И ја на тоа- Епа ај фаќај патот и да не те видам повеќе.
    Младост - лудост.
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Сеа скоро беше ова... Не беше раскинување, ама откачување... :D
    Цело време му се курчев зашто беше многу досаден и патетичен, и ми се чини колку бев полоша овој толку повеќе се залетуваше...
    И уз муабет нешто го спуштив... и таков проба да биде мил и ми вика
    „Леле, ама си лошка!“
    И јас на тоа контра мавање - „Лоша??? НЕ СУМ ДОВОЛНО ДОБРА ЗА ТЕБЕ???“
    И почна да се правда дека не мислел во тој контекст... Ама го извртев некако муабетот во моја корист и он испадна крив... И среќа го нема од тогаш. :D :D :D
     
  10. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Злато не е до тебе , до мене е Јас заслужувам нешто подобро :rock:
     
    На flowersss, soffce, iloveyou29 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    ххахахаха греотка бе хахахха
     
  12. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Еден на моја братучетка со која купија стан за да се вселат веќе и раскина со зборовите
    На мајка ми си и антипатична, јас и ти неможеме да се гледаме повеќе!
     
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    се мував со еден типац некое време , едноставно почна да ме гуши да ме гњави.. не ми даваше простор.. ме следеше као ненормален идеше по мене кај и да сум.. ми скурчи више и у еден кафич доаѓа ме гледа ме фаќа за рака демек муабет треба да праиме .. искачаме..дечково тотално пред толпа народ клекна на колена и се дереше да му простам ( а шо да му простам незнам ) ја само му се изнасмеав и си влегов внатре.. после тоа следеа пораки и напорно звонење па мораф да го сменам и бројот за да се отарасам од него !
     
  14. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Со еден бивш одев само да си го поплнам времето,откако раскинав со тој шо го сакав,а и тој беше на одмор во друг град,скоро 1 месец.Денот кога дознав дека саканиот се вратил,му пишав порака на овој дека не можам веќе да одам со него,заштоми станал досаден,додуша типот ств беше досаден,се со некои без врска муабети.На крајот пишеше дека сакам да раскинеме,па тој ми враќа-Зошто ? (иако се му имав објаснето де) и, после 1 минута одма др порака-А,па океј ,може,ама размисли уште еднаш за секој случај.
    Хаха,како да не викам....Па толку бев среќна што срценцето ми се има вратено! СИ реков тргнувам во акција!!! :rofl: :rofl:
     
  15. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    Досега немам раскинато, но имам откачено 3ца досадни типови. ]:)
    -првиот ми пишеше на фб може 4-5 месеци, и ми стана досаден се тоа па тоа, и му реков да не ме замара пошто е мн. досаден. :D
    -2от катастрофа. :o толку се опседна по мене, па незнам што му бидна бреј. Цело време ми пише те сакам бла бла, на братучедата и досадуваше и велел дека ме сака, ох :x И на крај му реков дека е глупав и го ставив на блок. и пак досадуваше.. после 4-5 месеци оп еве го |( беше со точак, а јас со другарка ми. Цел божји пат идеше по нас. Како лудак пред нас, позади нас. :^) еве го уште досадува, ми праќа покани од лажен фб, од некоја негова другарка итн итн... :o
    - а 3от па сељак прав! :D одма отиде на блок. :D
    ..јас забегав оф-топк ама ајде.. :$
     
  16. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Незнаеше да се бакнува типот |( Го трпев еден месец и ми прекурчи. :lol:
    Се разбира дека не му ја кажав вистинската причина за раскинувањето, реков дека ми се мотаат низ глава некои чувства од минатото и ондах то... 8) Од тогаш сме во контакт онака, пријателски :)
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Нај јаката причина е дека не е до тебе, до мене е :D И тука почнуваш да се претставуваш какво ѓубре си, колку незнаеш да сакаш, и тако даље :D Имав еден напор со кој имав `врска` од дури 2 дена, наредните два се криев :D и ми беше глупав, му објаснив дека стварно не е до него дека до мене е, а овој напор продолжува да ми дроби дека се ќе се смени, со текот на времето ќе сум го засакала и многу нормално, јас почнувам да му кажувам колку незнам да сакам, колку од предходната врска сум се изгорела па сега сум станала ѓубре без чувства :D ох лелеее, еден ден ќе седнам и ќе напишам реферат на темава, од многуте мои дечковци и раскинувања ахахаха :lol: Само за еден ми падна жал кога му раскинав, нормално првин ме снеува недела дена од неговиот живот колку да сфати дека нешто не е во ред, и потоа му објаснувам она што горе го напишав :) Ама ептен ми падна жал гревниот очите му се насолзија, само одмавна со главата и толку :wasntme:
     
  18. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Типот се лапаше како центрифуга на 200 степена. Има подобра причина?
    Му раскинав на најглупав можен начин, на фејсбук. Му објаснив дека не ме заслужува, нели дека не е до него, туку до мене. :D
    Ми рече да пробаме пак, ама мојот изговор беше дека веќе сум се ставила сингл на фејсбук, нема враќање. :D
     
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас на првиот дечко фино и лепо во лице му реков: Се надевам ќе ми простиш некогаш што те изневерив (а ни Н од неверство не се пронаоѓаше) Збогум xD....
    - Не ни било судено
    - Не сум за сериозни врски
    ....све некој такви работи

    а еден што ми беше школски ама немаше врска од понашање со женски (иако беше и сеуште е многу симпатичен) ми прек*рчи и му викам не ме заслужуваш не знам што... И тој следниот ден по сите можни статуси, од фб па твитер мсн итн...имаше напишано нешто што и ден денес се сеќавам дека завршуваше со „...Имав се за тебе мила моја а ти си била ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА САТАНА !“ офф топик надимакот ми се бендиса и тоа многу :angel:
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Имам едно вакво искуство кое ќе ми остане секогаш во сеќавање! :D
    Значи типот беше...жив напор, удав. Незнам со кој збор да го наречам, значи подосадно суштество јас не сум запознала во животот. Незнам како се случи точно, прво се мувавме некое време па ајде типот сакал нешто посериозно со мене. Одевме (така да се рече) една недела, ама овој стануваше се подосаден. Излгеда зборот "посериозно" си го сфатил ептен буквално, на ден по 15 пати ми се јавуваше, пораки безброј, на фб штом се уклучев тој мораше да пише.
    Но едно нешто ја прели чашата-јас излезена со другарки, опуштено, на кафе, кога го гледам после пола саат и тој доаѓа. Зажалив што му кажав каде ќе одам! :@ Толку бев нервозна, ми дојде преку глава и пред полн кафич му раскинав, а тој заплака дури... После тоа малку ми беше жал, ама конечно можев да дишем слободно! :lol: