Најбизарна причина за раскинување во првата врска после година дена беше „ Знаеш сонце, јас би сакал да се посветам на моја музичка кариера, и мислам дека нема да можам да ти го пружам она внимание кое ти го заслужуваш, па ке ти биде многу тешко со мене .... “ И ја као уат д хеллллл ? го ф** јор селф ...
Леле јас на еден бифши му раскинав на Нова Година.. нешто после 1 часот ама не ми текнува што изговор најдов. сигурно сум тресела глупости. А кога бев прва година се мував со еден 2 години постар и тој учеше во друг град. И типов почна да ме бара секој ден да се гледаме.Мене ептен ми беше симпатичен и ајде излези пак со него. И така едно 2 недели се гледавме интензивно. Дечково се океј. Мирен, убав, ни одеше муабетот...Ама незнаеше убаво да се лапа. Еден јазик имаше како змија и мислам дека кога ќе го пуштеше крајниците ми ги лижеше. Од тоа пусто грдо лапање кога бев со него на секои 5 минути цигара палев со цел да не ме бакнува. И јас заминав офф топик. На крај сакаше врска и му реков дека учи во друг град таму 100% ќе ме изневерува. И оттогаш прекинав да го барам и не му враќав на смс и на мсн.
Најглупаво откачување-тип малце постар од мене кој ме свијаше незнам колку време се согласив да излезема два пати, првиот пат ми беше интересен, па реков ај да го видам уште еднаш. потоа сватив дека стварно е посериозен од мене(тогаш бев во најубавте години 17-18 не ми се помислуваше на врзување) и го отачив со измислицата дека дечкото е пасивен, јас веќе два пати чекам да преземе иницијатива, да се поврземе(смуваме ) но од тебе ништо. Незнам сигурно се шегиваш со мене, јас немам време да губам со срамежливи типови, кој чекаат 10 состанок за еден бакнеж. Штом сега неможеш да преземеш иницијатива, за понатаму што правиме?? Што е најтрагично сите ги убедив дека сум во право и дека стварно е смотан и дека незане да и пристапи на девојка(што не е целосно точно, јасно кажа дека сум најубавада девојка која ја сретнал ) Молеше за 3 состанок, ми пишуваше секој божји ден, не му кревав и му го скрршив срцето. Сега се прави дека не ме познава. Епа си заслужив
"Mислам дека ти заслужуваш нешто подобро јас не сум тој кој те заслужува.." "Подобро е да останеме другари затоа што чуствата ми се сменија" -така брзо еднонеделно барање најбанална причина за лутење и карање, "зашто ја имаш таа на фб,што ќе ти е," и сл.
-Доволно долго бевме дечко и девојка, мислам дека е подобро повторно да си останеме другари, боље ни оди . -Не сакам веќе да бидеме заедно, едноставно ме нервира и воопшто не ми се допаѓа тој твој фамозен парфем , а и + неможам ни штикли да носам кога сум со тебе, многу си низок . Ова се моите раскинувања со еден дечко, т.е. со мојот прв дечко, со кој недела дена идевме 2 месеци бевме другари, па пак некое време пар, па другари и на крајот последниот пат беше: -Очигледно дека јас и ти треба да бидеме другари, вака кога идеме само дополнително се замараме, подобро ни е така, и ај оди купи ми сончоглед за 20 денари и сок. Јадничко дете многу добро беше и се глупиравме доста долго, па во пубертет вакви глупости ти се интересни, нешто паметно неможе да направиш .
"Еј ,знаеш ,си дојде тетка ми од Швајцарија ,морам да поминувам повеќе време со неа...Не знам како ќе опстане нашата врска ...најдобро е да си останеме другарчиња ,а,што велиш?" По потреба сум многу незгодна
1) -Не сакам да те повредам и затоа сакам да раскиниме. А и сега почнува учебната година и ќе треба многу да учиме. 2) -Имам една добра вест и една лоша вест, ко ќе се видиме ќе прајме муабет. (никогаш не ми кажа која е добрата, а која е лошата вест, ми преостана за лошата сама да си сфатам)...После 2 недели: -Секој викенд сакам да одам Скопје со другарите шо ми учат таму, па нема да ни опстојт врскава.
лeле се изнасмеав. првиот дечко ми беше ок не го сакав , беше постар од мене но ми беше мн пријатен и сакав да пробам и да се откачам од една бараба во која бев заљубена и која си играше топло ладно со мене. еднаш ми здосади бев излезена и во дисково има два спрата на долниот бившиот со другарите славеа нешто а на горниот спрат тој што го сакав со другари и другарки и јас фино лепо до него си седнав па се сакавме што коа некој ме видел му кажал на дечково кој знаеше дека се мував со овој претходно и за 5 мин оп овој зелен цел се качува и седнува помеѓу нас двајца. (леле кој ум сум го носела ) ме прибра по некое време и си викам ќе раскине ама ништо ми прости овој хаха и после некој месец он ми раскина оти мама не го сакаше и не ми даваше да одам со него и беше навреден
Не се причини за раскинување, ама дефинитивно се најбизарните изговори за неверство, и тоа на познатите личности : Извор - iLike.mk 1. “Бидејќи ми се можеше!” – Рекол поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон во телевизиското шоу на Ден Рајдер “60 минути” на прашањето во врска со секс аферата со Моника Левински. 2. “Затоа што и се восхитувам!” – Кажал Били Роб Тортон кога ја остави својата петта сопруга Анџелина Џоли поради секс аферата со некоја конобарка. “Јас ја изневерив Анџелина поради страв. Таа е преубава и многу паметна. Се чувствувам инфериорен во однос на неа. Искрено, бев преплашен.” – додал Били. 3. “Кабалата ми го испра мозокот.” – Ова не се зборови на Алекс Родригез за наводната афера со Мадона, туку зборови на неговата сопруга. “Мадона го контролира мозокот на Алекс.” – е приказната која неговата сопруга ја “продаде” на медиумите. 4. “Јас сум посебен и единствен.” – Изјавил сенаторот Џон Едвардс за жолтиот печат во врска со секс скандалот со една од организаторките на неговата кампања, Рели Хантер. “Во духот на мојата кампања, станав самоуверен и сфатив дека сум посебен. Признавам дека сум нарцисоиден.” 5. “Во темнина сите сте ми исти.” – Популарната реченица на промискуитентниот Пабло Пикасо. Една вечер, додека својата Дора ја изневерувал со Франсоаз, се обидел да се “испере” за своите бројни афери: “Не постои ништо слично меѓу две убави пудлици, исто е и со жените.” 6. “Јас само ја работам својата работа.” – Ладнокрво кажал Џон Бон Џови во 2006-тата година и додал “Неверството е составен дел од работата на една вистинска рок ѕвезда.“. 7. “Хмм.. добротворни цели.” – Се обидел да се оправда Еди Марфи во 1997-мата откако бил фатен на дело со проститутка во неговиот автомобил на паркинг во Холивуд. Еди ја убедуваше јавноста дека девојката била сиромашна, а тој премногу хуман, и сакал само да ја пренесе до дома. “Често гледам проститутки на раскрсниците, а тие реагираат поприлично емотивно на мене. Јас сум хуман човек, како да не им помогнам?” – изјавил на шега (или не) за холивудските таблоиди. 8. “Не успев да се одвикнам!” – Промрморел Дејвид Духовни кој јавно е деклариран како човек кој е зависник од љубов и секс. За оваа своја навика, Дејвид бил на рехабилитација која завршила без успех. 9. “Потребно ми е внимание.” – Иако, подолг временски период пробувал да се задоволи со порно филмови од интернет за кои потрошил повеќе од 3.000 американски долари Питер Кук, сепак завршил во кревет со неговата 18-годишна асистентка и ја изневерил својата долгогодишна девојка и потенцијална сопруга Кристи Бринкли. Во интервју за Барбара Волтерс изјавил: “Повеќе внимание и едно благодарам ќе беа огрмоно признание за трудот кој го вложувам. Тоа од Кристи никогаш не го добив.” 10. “Со секс ги надминувам моите хронични главоболки.” – Во една прилика изјавил Кенеди за своите вонбрачни секс средби. “Ако подолго од три дена сексуално апстинирам, добивам опасни главоболки.” – додал Кенеди.
Со првиот ова, бевме мали, по 15 години. Се каравме секој ден, и еднаш ми рече ај Литл, не јади бурек. И јас, А ЈАС ЈАДАМ БУРЕК? Еј, најди си некоја пица што јаде. Ај сега, ЧАО, не ме барај повеќе Се обидуваше да се смириме, јас не и не. Деца мали..
Ова ми се нема случено мене но мислам дека е на совршено место го кажувам.. Една моја познаничка му има раскинато на дечкото бидејќи кога му ѕвонела на телефон он спиел, и нормално се разбудил, се јавил ама со малку подебел глас кажал "Ало" и оваа му раскинала само заради тоа... Срце, жал ми е за машкото
Многу пати ја имам повторено таа фраза и тоа на една личност само. На секое му викав значи: “Дај ми малце време, да размислам, да видам што сакам!“ И тој одма: “Штоо, не ме сакаш? “ Јас: “А бе, не дека не те сакам, ама сега имам проблеми дома, проблеми на училиште и стварно несакам да ти ширам негативна енергија.“ (Кои проблеми бе!) Тој: “А бе те сакам секаква, биди со мене, се‘ заедно ќе поминиме и “ Јас: “Ама не правими потешко, немој сега, драг ми си и се‘ тоа ама те молам, еве за една недела пак ќе разговараме. (демек Многу ми беше тешко)“ И за една недела пак истиот муабет. Така можда 2 месеца. Се‘ дури не фатив друг дечко. Помизерно каде?
Најжалосно раскинување беше кога му раскинав на дечко ми тогашен на неговиот роденден а јас почесен гостин нали и не бе совест немав јас незнам со кој памет така правев ден денеска се збори за тоа како му го скршив срцето бе аман,незнам што му кажав мислам дека му реков неможеме да бидеме заедно немаме иднина јас и ти а и моите не ми даваат неможам против нив демек ја многу послушно дете а тоа што преку прозор излавав кога бев казнета не тоа нема веза ја нели многу примерна бев,уфф жалниот пред малку го сретнав срцка е колку ли сум само совршена во неговите очи,будала
Леле првиот, на 14 години, а тој 1 година помал. Ни еден месец не идевме ми се здосади со него си го сменив статусот на фб и ми пиша порака што е ова? зашто си сменила? И само му вратив многу добро знаеш зошто,а тој поим си нема (ниту ја немав некаква причина, само не сакав повеќе со него). Гревче . И потоа ми доаѓаше пред зграда, пред школо за да се смириме јас само му повторував не сакам, не ни сакав да идеме сакав само да се смувам. И му реков чао сега морам да идам во школо (а беше малку крипи, знаеше кога почнувам во школо ме чекаше да искочам од зграда ) и тој ми кажа чао и ја тргнав да идам и само ми се дере (цела населба мислам дека слушна) ќе видиш за ова, ќе ти вратам (и ништо ни трага ни глас од него немаше). И ја му се насмеав само и си продолжив. Кај ми бил паметот ееј
јас па се плеткав со еден од друг град 15мин оддалечен од мојот и една вечер излегував со другарки во неговиот град и му реков да дојде да се видиме. Тој нешто не можеше ау бау, а требаше да разговараме т.е требаше да му кажам дали сакам да сме во врска или не.. И ми вели демек не му излегувале другарите па не излегувал ни тој. И јас му реков дека многу пропушта. За 15 минути ете го пристигна. И ај сега муабетот го правевме и јас ни пет ни шест му реков дека не сакам да сме веќе заедно затоа што мајка ми и татко ми ми местеле некој познаник. Јас се цепев од смеење а тој кутриот ко жална врба, за џабе дојде.
Да ти кажам право искрен човек сум и го кажувам тоа што ми лежи на душа. Кога не би имало причина зошто тогаш би ставила крај ? Сепак постои причина. На пример загаснала привлечноста, повеќе не ми се допаѓа и сл. Тоа е тоа. Би му ја кажала вистината. Се разбира ќе одберам само некој побав начин за да не го повредам. А да измислувам нешто што не е нема шанси