Заради помфритот. Бевме во странство преку факс и вечерта бидејки мене ми беше забрането да излезам од хотелот, му реков на него да ми купи помфрит. Кога ми се врати со сендвич од лесковачка што не ја поднесував не ми се веруваше! Мислеше ќе се предомислам, ама му бев многу лута. Го оставив да го изеде сендвичот и тогаш му кажав дека е готово меѓу нас. Утредента сите се чудеа и прашуваа, како може за помфрит да раскинеш, ама тоа беше само повод, бидејки по тој негов гест заклучив дека е себичен дечко кој би се ставил себеси на прво место.. Еден друг , се фатив со него навечер во дискотека, и малце имав пиено, ама дали од тоа, или од темницата,светлата, ми се виде ептен убав... Цела недела по саат време на телефон зборевме, се запознававме, ептен си се погодивме... Дојде денот да се видиме... како што идев накај местото што сме договорени, од далеку го гледам и цела среќна ... Што е добар И како што почна да ми се доближува почнав да се вадам памет, и да си викам во себе, не ми се верува, не ми се верува.... Ептен испадна неубав не можев да го гледам... Седнавме на кафе , и цело време го гушкав за да не му го гледам лицето, и си мислев како да се извлечам а да не го повредам, навредам, зашто по карактер беше онака ок дечко... Го испив кафето , и му реков дека морам да му признам дека се гледам со друг, многу го сакам , и затоа не можам веќе да контактирам со него и си излегов....
па до сега немало некоја бизарна причина за раскинување-значи ако сум била со некој во врска , сум го сакала, а кога не одело разговор и секој на своја страна-помош од секако имало и плачење, молење,измислени обиди за саоубиство итн, итн а на овој последниов, му пишав еден мал реферат-зошто не можеме да продолжиме заедно, и знам дека уште ме сака, ама неможев веке, ке умрев-се гушев едноставно со еден со кој се плеткав-помала бев, кога ми рече ти ми беше само авантура леле мислам дека очите ми пресушија од еден со кои излегов на кафе-првиот пат не приметив, ама вториот пат сватив што му е целта, на ф.б. му изнакажав се што ми лежеше и на душа и на срце -а по некое чудо , ист знак хороскопски-можам да замислам како ми било, ама заслужено беше-и по некое време ми стигна понуда за пријателство, и кога му пишав, свати која сум а на тој што трчаше по мене(што после дознав каков бил) само ме снемуваше, и се појавував повторно
хм еве како ми раскина мене еден типец.. Еј мораме да разговараме.. - Да? морам да ти кажам нешто.. ајде слободно ( мислев дека ќе ми рече да се фатиме).. -Додека бевме заедно,твојата најдобра другарка ми идеше дома и се мувавме... сакам сега да останеме само другари.. 15мин. бев во шок.. не ми беше криво за него и така не го сакав,туку за неа... ама не вреди јбг.. заеби пред да те заебат.. D
Еден дечко сум имала само, не сакам многу врски. Одевме цели 2 недели, ама мене страшно ми беше досадно. Само со него испаѓав, многу беше љубоморен. Незнаев како да раскинам, поима си немав, прв дечко ми беше. Една вечер, седевме на фонтана горе и типот погрешка облекол два различни чорапи. Едниот црн, другиот сив. Којзнае како, ги приметив. Веднаш ми текна причина. Му викам, ти што ми си згрешил чорапи и мене ќе ме згрешиш, ќе се измуваш со друга, после јас ќе патам. Готово е, несакам веќе. Лелелел, другарка ми се изгази од смеење. Типов само, ама не сакајќи јас, во брзање. Не - готово !
Со типот одев дури 2 недели во кои што се видовме 4 пати .Го викнав да излезиме и со мене ја зедов другарка ми и му рековме дека сум разочарана од него дека и се пуштал и нејзе на тогашен мирц и демек сум многу сум повредена и ми треба пауза и време да размислам. Наредниот ден му се јавив,му кажав дека размислив и дека не сакам да сум со него После молеше,колеше ама јас не та не многу ме повреди му реков,нема да имам доверба повеќе во машките Луда сум била
Се гледав со еден дечко околу 2-3 месеци. Jас само што тргнав средно, прва година а тој четврта. Првиот ден се гледаме во училиште и тој ме бакна во уста. Толку ме изнервира , што се завртев на др страна и си продолжив. Вечерта ми кажав крај. Кога ме праша за причината му кажав бидејќи ме бакна таму. Исто со еден, многу сакал да се смува со мене. Другарка ми ме убедуваше долго време. Излеговме во диско и тој многу беше досаден. Му реков ајде излегуваме. Додека тој отиде да ја донесе колата , јас си кренав накај дома (ептен ми е блиско за среќа). Не знам дали ме виде или не, што се случувало ... Не ме ни интересира
еден дечко со кој се гледав пред едно 3 години како ме остави пааа паааа паааа ми вели неможам со тебе веќе, ама неможам да ти кажам зашто! И јас ни пет ни шест само едно ДОБРО му вратив! После две недели се гледаме во град и тој сиот таков да земе да се кара со мене причината за која ми раскинал била тоа што сакал да види дали ми значи, дали ако рече дека е крај дали ќе го молам, дали ќе му плачам абе деца
Јас па чесна мома не сум раскинала бизарно, а дали ептен од шо сум добра па и мене не ми раскинале вака - којзнае. Ама цимер ми си фати џенцка, и сега оваа многу го гњавеше. И дојде детево, премален цел, избунет, изнервиран, ем дека ретко е таков одма го сетив. И му викам : - Шо ти е бе? И ми вика : - Како да и раскинам а да не крене узбуна? И мислиме ние, се туфкаме се вртиме, и ништо не смисливме.. И си мине така времево, и дојде ред да си одиме тој викенд, стоиме на автобуска и овој се крие зад мене. Она до нас стои, он се крие. Го прашувам шо прави, ми вика не и кревам слушалка и се правам дека сум пропаднал у земја. И така детево ја игнорираше начисто со недели. И на крај оваа му пишала порака дека сакаат да раскинат, а овој и вратил : - Па нели ме слушна кога ти реков пред 3 недели дека е готово меѓу нас?
Имав негде околу 16 години, а типот 23. Другарка ми вљубена до уши во неговиот другар и ме натера да се фатам со дечково, за да можеме сите да излегуваме заедно. И сега овие двајца нешто се стискаат на сепаре во еден кафиќ, а јас и дотичниот дремеме како ќурани на мотка. И излегувавме така неколку дена, а јас цело време, барам причина да му раскинам. И еден ден, го викнав да дојде кај мене пред зграда и демек целата насекирана му викам: -Знаеш што, моите дознале дека имам дечко и ме прашаа дали имаш факултет? -Па добро, кажи им дека имам завршено земјоделски. - Е како да им кажам, кога немаш. А што ако индекс ти побараат? Леле, сега кога ќе ми текне ме фаќа срам , како можев таква глупава причина да измислам. Од една страна, ај сум имала 16 години, ама он вол со 23-индекс ќе му барале И раскинавме,едно време ми викаше „здраво“ кога ќе ме сретнеше низ град, а потоа престана - најверојатно созреал.
дечкото има 20 години и ми раскина бидејќи разликата во годините била ептееееен гооооооолема , сигуно 15 години разлика не е бе глупчо глупав
Леле ја коа ке ми текне у основно .. ццц ... Имаше еден многу ми беше симпатичен ајде и ја на него и се оддалеку си се смешкавме намигавме и уше што не..и ајде преку другари другарки дојде ден да се видиме и ајде се договоривме и отидовме на едно темно место знаете тогаш основно се криевме по ќошиња као демек куј знае шо ке праиме и ајде да не должам...седнавме летно време беше и муабет ваму таму носеше мајца типот и дојде моментот да се бациме и тој да ме гушне и да ме баци мале црни облаци пред мене носот ми се затна мишките му мирисеа како умрено куче да чува под нив и ја кога мириснав мале мори мајко едвај се бацав верувајте ми нозете од мирисот на мишките целата ме згрчи и само со го бацав викам ми се мочи..е таму е ваму се измушкав си отидов дома трчајки потоа ми се јави ми кажа да не згрешил нешто па шо сум си отишла..и му реков да не ме бара,и дека ја нема да бидам со некој шо му мирисаат мишките шо не користи дезедоранс..А и едни негови школки ми кажаа дека тој често си мирисал леле ќе се отруев пу.. а ја тогаш бев 14 год тој 17...До ден денес кога ке ми текне целата се згрчувам од што беше грозно ауууууууу.. бљак да му се плукнам у мишките...
Причина,, хммм... па немам причина.. Секогаш кога ке ми здосадела некоја врска. На дечкото се му правев спротивно од тоа што сака Зашто несакав да испаднам ја крива ако раскиниме... па ке му дојдев преку глава, за инает... Немерно за да му здосадам... и да ми раскини... и после јас си уживам... и така на првиот дечко се му одев против.. и ми рече: неможе вака за ништо не ме слушаш... и ми раскина... и јаас Пресреќнаа.. И по неколку дена ме видее.. и ми рече: Tи изгледа едвај чекаше да раскиниме. и јас: не бее, ти тоа го сакаше така и ќе бидее
Отсекогаш ме нервирала оваа навика кај машките(најчесто они ја практикуваат). Не знам зошто едноставно не му раскинеш ако веќе не сакаш да бидеш со него. Ем си губиш време ем го нервираш дечкото. Не можам да разберам
Идев со дечко еден,прилично добар да не кажам перфектен ама не ми беше тоа-тоа.Се сретнав со бившиот Спојлер (сега сегашен) и затоа што знаев дека ќе се смириме,се чуствуваа тие пеперутки и искри му пишав вечерта на дечкото - САКАМ ДА РАСКИНЕМЕ,ТИ СИ КРИВ! Не му беше јасно како и зашто сме раскинале и ден денес уште незнае.
Дури сега кога ќе ми текне неможам да се изнасмеам. беше пред некоја пола година. и се запознавме и се ок. и после некое време ми здосади,ама кога ке го видев бак некои чувства ми се будеа ама не е битно и наогав секакви причини да раскинеме и на крај успеа таа на која најмалку се надевав! xD се мував и со други пред него и ништо и дојде време роденден да славам и него поканив. пошо ја онака ги частев другарите, а сите негови другари покафичи славеа (имав 13 години) и ми беше некако глупо да го поканам и после ми се налути сашто не сум го поканила и не ми збореше некое време и само му викам не ми глуми зашто јас не треба да ти зборам се муваш со ангела а на мене ми се лигавиш (а тоа уствари немаше врска али ајде) му викам готово е. xD искрено звучи глупо ама кои драми ги праеше уште неможам да се изнасмеам!
Немам некоја бизарна причина за раскинување, туку секогаш кога сакам да прекинам со некој, едноставно го игнорирам
Хм...не можам разбериме не сакам моментално да бидам со никого ти се си ОК јас сум таа што едноставно не може да биде во врска !
Ееј, јас тежок идиот сум за овие работи. Или ќе ги заебам, или ќе ме заебат. Ама никогаш нема да е под нормални околности. Мојата најбизарна причина беше со Стајле во втора средно, ви го имам спомнато во една тема. Јас мислев тоа е врска де, ќе ти пише 2-3 муабети со пољубац и готово. - Ај? - Ај. Го неќев бре, ми беше досаден, па уште и со понашањето, серка ме фати. Жими 10те дена и 4 видувања “врска“, па то љубав ли беше. Прв пат кога пробав да му раскинам, се заебав. Беше баш ова време негде и врнеше ама ептен многу. Си го гледам типов во неговата омилена дреч портокалова монтка, застанал на дождон и не да ме чека, накиснал. И во мозоков ми се врти: Бегај дома Каљопо, овој ко мачка наврната смрди гарант. И си побегнав од другата страна, го оставив таков да кисне. Ми вртеше едно 30ина пати, да не претерам, и после саат време киснење се откажал. Изговорот по смс ми беше: Извини, ај раскини ми, не можеш со мене вака, јас не дојдов оти баба ми умре! Ебати мозокот смотан. Па уште и он бе да ми раскине, па што? Кај се запустив, типов се беше загрижил да не тагувам, па ми враќа: Не, сега највеќе ти треба поддршка, симни се пред зграда ако можеш. Реакцијата ми беше у стил: Иди бре Жико...овај уопште не прича француски. Е после се отеравме у материне поради сликите од Лима и неговата глупоќа. Во трета ја наебав оти мајка му ми стана професорка по биологија и ми ставаше 3ки колку и да знаев. Карма.
Со сестра ми прееска се шалевме и ми кажа зашто му раскинала на еден дечко Биле во дискотека и дечково го фатило серка, пролив, и незнам како ама се усрал во гаќи И трчанката во кола, до дома да се замие, и ја остаил сестра ми сама во диско. И оваа напиздена, не знаела зашто ја оставил, почнала да му ѕвони, и тој сеа, сеа злато доаѓам.. Кога дошол преоблечен, цел препотен како егзорцизам да му правеле. На крај морал да и признае и оваа ни две ни три „ Ти мене за пролив ќе ме оставаш сама во дискотека? “ Не е нормална. Она и онака сакала крај ама причинава и е.. И после ми вика, неможев да го смислам после, му ги замислував усрани гаќите Пукнав..