Ме повреди и ден денес го чувствувам тој глас ми одекнува... Како тоа јас не сум знаела што сакам и повеке време сум поминувала на работа отколку со него. ----алиби
Раскинавме денеска, нека е за убаво сега, причина: не сакам да бидам во врска сакам да излегувам и со други (ми раскина по порака на фб а бевме 4 год во врска) како гром од ведро небо а сериозна врска
Не дека ми беше дечко, ама излегувавме неколку вечери по ред. На крај го прашав како се вика (стварно не знаев, заборавив) упс
И тоа за две недели, пред две недели сонце мое лепотица те сакам највише, а вчера не знаел више дека ме сака мн долго сме оделе wow јас сум шокирана уште пс. Ако има некоја слободна нека ми пише лп добро ќе ми дојде разговор
значи беше сериозна врска сите знаеа дека одиме му верував а и тој мене одма ќе дознаев да излезел со некого ама ништо такво немаше
Сигурно ти е тешко, после четири години да ти раскини на таков начин. Ама мене сепак ми е чудно, како во текот на цело тоа време, не покажал знаци на кретенизам, па да го шутнеше ти, фино-лепо.
Не не никакви знаци ви велам сите знаеа за нас и тој сам пред две недели ми рече те обожавам, не можам да сфатам како некој може да не знае дали сака некого за помалце од една недела а пред тоа 4 години ѕвезди да ти симнува. Во шок сум со она што го кажа (и тоа преку фб) сакам да излегувам со други
Нашол друга, но не ти кажал. Не ти раскинал туку-така не се секирај. Одмори сега малку и батали го говедото...
Пишман ќе се стори, само да олади малце некој ден. Ќе се кае дечкото. Ти одлучуваш дали би му се вратила пак. Ова е чисто моја претпоставка, од некои слични досегашни искуства.
Ќе ти биде тешко одреден период но ќе помине тоа, од една страна сигурно се осеќаш понижено што е и нормално но од друга страна биди среќна што сето тоа завршило без брак и деца, што таков лик повеќе нема да е дел од твојот живот, слави го денот како втор роденден. Такви ликови кои раскинуваат на ФБ/скајп/рандом-мрежа се дно, кукавици и општо земено беспотребно го арчат кислородот на планетата. Кое ниво на бескичмењаштво, кукавичлук и мизерија се потребни за да се нема храброст да се соочи очи во очи со особа со која делел постела четири години? Што би правел таков лик ако треба да се преземат посериозни чекори понатаму низ животот, доаѓаат секакви моменти, кризи...ќе избегал пак и ништо повеќе или ќе те заглеви со некои долгови или нешто слично. Памет у главу и нареден пат посреќен избор.
Идев со еден дечко месец дена и од нигде никаде бившиот што ми раскина (а мн го сакав) сакаше да се смириме. И мене ми се вратија чивствата и викам ај ќе се смирам ќе го откачам овој. Пустиот па ништо лошо ми немаше направено мн беше добар. Мисли се, мисли се еден ден седиме и ме гушка јас му викам тргни се бе и он ејј види ја и ме штипна. И јас тука “МОЛАМ?? Ти мене ќе ме штипеш вака јако? (Ме допре иначе не ни беше јако) Модрици да ми искачаат мене како истепана да шетам? Очи нема да ми видиш веќе.” Станав си отидов
Ова се случуваше во средно, мала сум била . Една другарка ми намести дечко, сосема случајно, не го ни сакав ниту пак ми се допаѓаше баш. Бевме заедно околу три месеци и во меѓувреме многу почна да ми се допаѓа едно дете. Забележав дека имам шанси да почнам нешто со него. Беше зимски распуст и дечково отиде на неколку дена до кај баба му. Јас и онака сакав да се откачам од него и еден ден, не ми се јави неколку часа. Го побарав јас и почнав да му викам зошто не ми се јавил, дека го виделе таму со некоја девојка (нема врска дека некој ми рекол нешто такво), дека затоа отишол таму со други да се мува... Му реков дека немам намера да бидам со таков тип и да не ме бара веќе. Детево супер беше ама ете, кога сака човек да најде некој изговор без врска тоа е...
Малце глупо ова На тогашната моја нај нај другарка нејзиниот братучед мн ме замараше , дури другарка ми ми рече аман излези ме пукна ... И јас ај ке излезам (ич не ми се свигаше како манијак беше ) излеговме , па ми изразуваше љубов , како би ме чувал , да не сум се вракала на бившиот тој не бил за мене , и кога ме залапа кога ми остави лигајнци ,дури и носот ми го разлигави И си заминав , тој на сите раскажал ... И на другарка ми и реков да му кажи да не ми прави поише муабет и дека не сакам да го видам и дека ужасно се муваа(мислам поужасно не постои) и така престана да ме замара
Сметам дека сеуште ни самиот не знае зошто ми раскина хаххахаах ... заедно бевме 10 месеци на некои кажал досадно ми е на други не ја сакам ... се се случи премногу брзо и наеднаш недела пред да раскинеме паднаа многу тешки зборови од негова страна и јас му кажав дека нема да толерирам било какво погазување од негова страна... и тогаш почна да плаче како не сакал да ме изгуби и како не може без мене ама пак си продолжи по старо и после тоа пак ги навреди моите најблиски толку погрдни зборови паднаа што почнав да плачам и му реков дека сакам пауза. Ми рече не знае што сака понатака ме сакал но не како порано и сум му недостасувала иако ме немал видено 2 дена кога раскинавме денот кога дојде пред месец дена се појави и ладнокрвно ми кажа веќе не те сакам... сеуште не ми е јасно како така наеднаш и се ама во ред... сеуште сум убедена дека ни самиот не знае зошто ми раскинал ама негова загуба во секој случај не моја.