Мислам дека фали ваква тема,јас немам видено..Дојде време кога огромен број од најблиските заминаа.Овде можиме заедно да си ја искажиме нашата болка,која колку и да не сакаме сите кои имаме некој далеку ја чувствуваме.Моите најблиски се далеку а денеска и мојата наверна другарка со која бев од мала заедно замина Австралија
Тешко е али да се само живи о здрави ама потешко е не дај боже ич да ги нема...Со тек на време одкако ќе си отидат во странство се одвикнуваш на нив али секако спомените остануваат не е до народот до државата само си бараме подобар живот.
Блиски ај...се џвака некако ама најблиските како татко ти... да е далеку од тебе и воопшто да се нема вратено еве веќе 5години....воопшто не е малку и воопшто не ми е лесно ни мене ни на моите дома...а најтешко и е на мајка ми мислам во оваа ситуација дома оставена со три деца кои треба да ги истера на прав пат а сите во оној период со "мушички"во главата....ама до сега одлично и оди браво за мамушка А и на тато не му е лесно таму сам без никој свој и само работа и работа за да имаме ние тука што да направиме за ручек....кога ќе го видам срце ми се кине побелен за 5години остарен многу повеќе одколку што треба и така....ме боли многу ме боли...само да се надевам дека еден ден и ние ќе се извлечеме од оваа мизерија од држава и ќе бидеме сите заедно ...зошто вака не оди бидејќи копнежот од ден на ден е се поголем Толку од мене
За лесно, не е лесно...мене некогаш ми фалат ама некогаш па и подобро ми е надвор од мк, нови луѓе нова средина итн. Барем денес од една страна е полесно со напреднава технологија да се видиш на камера најмногу што можеш, не е тоа-тоа ама барем има нешто.Братучетка се омажи во Франција и веќе 7 год. не сме се виделе, што е жално, ајде за работа пак сфатливо е ама вака...
Јас живеам во Грција веќе 7 години , иако за разлика од некои што живеат во далечните Австралија, Америка јас сум многу поблиску до мојата татковина, секако ми фали мојата фамилија. Не сум толку блиску за да одам често , на пример секој месец - два и поради обврски , но и пак се тешам со тоа што за разлика од други луѓе што живеат многу далеку и што немаат доаѓано во Македонија со години , јас доаѓам барем три пати годишно , а и не седам малку време во Мк колку време и да помине , колку и да си навикнат во таа средина , пак ти фали семејството , пријателите... А да , се согласувам со членката погоре во врска со технологијата , понекогаш си викам фала му на Господ што сум се родила ова време кога технологијата е напредна па можеш со сите да се видиш , слушнеш , сега не е тоа - тоа нормално како што ќе се видиш во живо , ама доволно е некогаш да слушнеш дека се сите добри , живи , здрави, и за разлика од порано кога си пишувале писма , па чекале месец да помине додека стигнат , сега е многу подобро
Осетлива тема е ова срце ме боли една сестра имам и таа замина со двете внучиња за кој бев премногу поврзана. Не ни остана никој близок овде сестрата на мм живее во Австралија. Нема со кого ниту лошо ниту добро да споделиш ако заминат и моите родители како што планират е тогаш навистина не знам каков ке ми биде животот. Какво време дојде сите разделени да живееме.
Татко ми поконкретно е во Њу Џерси... Има десетгодишна виза ...требаше да направи влез излез од државата но не направи ради финансиските трошоци...и сега ако се врати тука ,таму нема да може повеќе да стапне...и сега гледаме ние кај него да отидеме место тој да доаѓа тука и така
Мајка ми има брат и сестра кои живеат во странство заедно со нивните семејства. Со самото тоа што се надвор од Европа не е лесно да се видиме. Најтешко и е на баба ми, живее сама на село и душата ја боли што чедата и се на различни страни и не ги видела со години. Неодамна бев на свадба на една роднина. На свадбата брат и и првите братучеди цело време играа околу неа, се веселеа како тоа да е нивна свадба, ја гушкаа, бакнуваа, плачеа со неа од радост. Дури ги гледав со насмевка ми се разбуди едно чувство, среќно, ама со горчлива нишка оти знам дека моите се далеку. Му благодарам на Бога што најважно од сѐ, најблиските ми се тука. Имав една другарка чиј татко долго време работеше во Русија и ретко се враќаше дома. После одреден период таа како да го заборави и се навикна да живее без него, дури почна да и смета кога ќе дојдеше во Мк. Далечината си го направи своето.
Пола роднини ми се заминати во странство, блиски и подалечни. На почеток ми беше чудно и ми фалеа, потоа сите се навикнавме на тоа да се гледаме 2 пати годишно. И другарки/и го следеа тој пат, единствен начин за финансиско осамостојување. За што ќе работиш овде? Во приватен сектор платата е смешна и еден вид џепарлак, ништо повеќе. Еве и јас се навикнав на тој гастербајтерски живот, идам во странство, па се враќам назад. Од време на време ми се јавува некоја меланхолија, ама потоа ми текнуе дека Македонија е срање земја, па најдобро е вака.
Сестра ми и внучињата живеат во странство исто така и прв братучед веќе неколку години. На почетокот ми беше многу тешко плачев кога си отидоа и секогаш кога си доаѓаат и си одат плачам. Сестра ми и внучињата жиеват во Европа, доаѓаат еднаш годишно и јас бев 3 месеци кај нив, а со братучед ми не сум се видела долго време, тој е пак во Америка. Но ми е мило поради нив живеат на добро место далеку од оваа мизерија.
Кој нема некој блиок далеку незнае како е мене мајка ми таткоми и брат ми се во швајцарија јас се омажив и си останав тука не знаете колку ми е тешко далеку од моите најјсакани не сум ги видела скоро една година се слушаме скоро секој ден ама не е тоа тоа
Тешко е многу нема на некој што така лесно би му поминало но само можам да кажам со оглед на тоа дека немам баш искуство некој близок да се пресели во странство но сум сведок на многу такви случаеви и мислам дека допрва ќе запознавам се повеќе и повеќе затоа што во нашата земја тоа е тоа..на кој му е убаво нека седи,а кој не пасош во рака.Но сакам да ви кажам како утеха да не гледате на тоа многу трагично,сепак тие се отидени таму за подобар живот,знаете дека се здрави,живи кога ќе посакате можите да ги посетите и секако со денешната технологија далечината не е пречка кога некој сакаш да слушнеш.