Леле сите реклами абе што му е на македонциве пушта некој глупи песни... Клај нешто салам ко реклама! Има еден канал на сателицка го заклучија сеа и имаше како серија и најсмешните и најглупавите реклами божеее!
Леле во право си кога ќе видам на фб луѓено со тоа статусите од волку волку абе ми се иде да ги блокирам како се заљубиле во тоа волкот!
Еее,она со волку волку...ја немам гледано..но онаа со Коле...фууууујјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј ...на чоек да му се поврати... Spoiler воллку,волку и од рекламите толку...
Сеа најново најглупава ми е таа една, за Т хоум е изглеа, не знам точно.Семејствово цело кога е собрано у дневна и секој посебно си кажува што и како гледа на Тв, мајкава збори најмногу. Уф бе, дебилизам. Реклама се прави кратка и интересна, а не ломотење толку и вештачка глума. Глупаво...
За глупави реклами во моментов има премногу јака конкуренција, тешко ми е да се одлучам за една . Кога ретко која не е ! Туку јас си ги чекам новогодишните Кока-Кола реклами со камионите онака убаво изукрасени како минуваат низ снежните предели , тие ми се ол тајм фејврит и мене лично повеќе ми го симболизираат празников и од самиот Дедо Мраз! Една таква ми побива рафално испукани десетици од овие ретардираниве.
Видов пред некој ден на телевизија реклама со Лоба и таа другата ич не ми текнува како се викаше , за Пенти беше и со некоја кола .. Ваква останав
А што е финтата со рекламата...со овој од к-15 нешто демек доктор изиграва или психијатар и доаѓа жената и вели он сака да ме легни а јас сакам на виноскоп да идеме на прошетаме на вечерааа,,,ама незнам што да порачам Што всушност рекламираат?
Мене ми е најглупа онаа реклама за некои кекси-не им го знам името,ама иде нешто као дечко и девојка уживаат во вкусните кекси јадејќи ги во кола и толку се задоволни од нивниот вкус што испуштаат такви воздишки што да не ја гледаш рекламата на друго ќе помисли човек
И јас не ја сфаќам финтата со Миле од к-15, кога доаѓа Албанецот и као само пилешко јагнешко јадел и овај нешто сака да каже, али не кажува... И мразам такви нејасни реклами!!
Леле баш пред малку коментирав за една реклама за РЕСАНА ми се чини ,мислам толку ги исфирцале дечкото и девојката ,па со луксузна кола,седат во луксузен ресторант и кога одат во кола вадат ресана бе, ко дебили некои Уф,која мизерија,од такви реклами ми се оди да не купувам а не да им купам.Антиреклами Едит-Ме превари е баш за таа мислев
Чоко стоби флипс рекаламата и вљубениот пар во паркот и лапањето Алупласт прозори со девојката од Канал 5 метео и покажува слики на другарката и кога стигнува до прозорот вели: а ова е... таа: знам знам прозор кој нема да го промениш никогаш. Женската што ја глуми другарката ми иде да и влепам еден шамар, да се немало смисла за глума, толку занесување не сум видела, можеше да изглуми сто пати подобро без разлика дали е талент или не. Волку Волку ми оди на нерви крајно досадна и глупава реклама. Има еден куп глупи реклами во етер, не ми текнуваат сега, но меѓу нив се и повеќето реклами на к-15 со исклучок на рекламата за Горска Мечка, така интересна ми е. А да и рекламата за Сара Фешн, со Лоба и Натали, крш и лом. а Семана омекнуваш за алишта, мајката правела магиии , ма ајде гони се у три материни, а не правела магии. Старата реклама за Стоби флипс, доказ за старите добри времиња, http://www.youtube.com/watch?v=TyxBuc7_otA а не она срање од реклама што ја направиле и ќе помине години и години додека да се сетат нова да направат и пак ќе усерат.
Е и јас се чудев за тие реклами од К-15 ама вчера видов една целосно ја дадоа, бече за некоја месна фабрика незнам која точно не запамтив