Екстремно глупава реклама што ја фатив прееска на ТВ, за тест за бременост - Sure Check!!!! Немаше врска рекламана... 30 секунди се прашував за што е, на крај кога покажаа, се смеев добри 5 минути
Онаа за млечните производи со децата без заби како идиотски се смеат за павлака и лижат, значи ептен е грозно гадни детски забчиња да се покажуваат така и ти да добиеш желба да го купиш производот и да ти потечат лиги. NOT!
Има ли поглупи реклами од овие на Офис плус? Сите ми се глупи, особено таа што се тртат тие цуците. Па кога ми кажа дека на една моја познаничка татко и го држи ми се одмили. абре по пегла од таа особа за мене нема, и така ми споија жички зашто и толку одвиност кон нив И мене глупа реклама многу глупа ми беше, она рама маргарин, незнам зашто.
Офиц плус е на врвот. Исто и онаа „кога болката ве повикува“, секогаш се залетувам по телефонот, оно глупавата реклама ја давале.
Еве ја еве јаааааааа!!! Штета не е македонската верзија, ама и оваа е доволно кретенска!!! http://www.youtube.com/watch?v=2e2XaeOq ... re=related
Oooo да! Тоа е за Маестро млечни производи,ова им е трета реклама по ред и уште од првата ми се згадени. Првата беше преглупа со еден манијакален тип, втората беше нешто со животни на фарма, али тапа ефекти ко на paint направена и третава врв. Девојчето ми е језиво.
Ау од оваа со тестот за бременост мислам се шлогирав. Леле па тоа мелодијата римите,ауууу... Друга незнам пак некоа за палваките е незнам дали за онаа истата со Мимс збориме,ама земаа и мачето го намачкаа павлака. Кои идиоти,плачат за у Анима Мунди да ги пријавиш.
Вчера ја гледав рекламава и бев ваква - Па и како песничка ја направиле бе, да ти остане во глава. Шо вика Дузи, сега сестра ми ќе научи да ја пее. Како демек многу голем избор на тестови за бременост, па го рекламираат. Всушност можно е ако некогаш треба да купам тест за бременост да си речам: „Еј чекај, а како беше оној тестот со таа песничката? *потпевнува* Ете таков сакам!“ И весело си пеам накај дома, си пеам додека го правам тестот, со песна му соопштувам на идниот татко...
ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ глупави ми се оние на вип,оне,т-мобиле и тн..безврска немаат соджина Исто како оние со наградни игри демек од кафе или од Пелистерка.. па коли,мотори незнам што за награди.. Или пак ќе стават една слика и името на телевизијата пример `канал5` или `Сител` маркетинг. Море ни една реклама не ми е убава..сите ми се досадни !!!!
Скока едно пиле, покрај штрк и вика: ,,Сакам и јас да сум висок, сакам и јас да сум висок,, Штркот одговара : ,,Е тоа малце потешко,, И во моментот кога веќе се запрашуваш за што е рекламава, за хормон за раснење ли е, даваат шише со сок, и коментар : ,,БИЛЈАНА, ТЕНКА ВИСОКА,,. Хаос реклама
Најглупава, а и најгрозна ми е новата на Шевролет со бубачките и врвот ПАЈАКОТ! Се ежам кога го гледам, и после цел ден се чешам. Болни умови ја осмислиле рекламата, како да незнаат дека фобија бр 1 во светот е од пајаци
Незнам зошто мене сите ми се глупи особено онаа кога женскана се лепи по прозорецот како и рекламите со кожувчанка...