Таа рекламата во која сите ќе се дрецкаат кога ќе им ја соопштат цената. И дефинитивно трофеј за најглупава реклама ШурЧек.
Sure Chek . Боже драги...Па децава во школо порано пееја песни од Еминем, 50 сент, Бијонсе..А сега!? „Тест, тест, тест, Шур Чек..Линија гледаш еднаа, една ама вреедна...Бремена си кажи му...“ Абе !?
Офис плус, се на врвот. Исто и онаа, со мачето што лиже павлака. Можда е до мене, ама кога ја видов, ми се згади живот. Абе.. А не ги даваат веќе Топ-Шоп?
Јас пеев детски песнички од златно славјче, си-до, до-ре-ми.. Еминем тек го запознав во седмо одд, ама не го разбирав да го пејам Него, добро е, поентата ти е таа. Се сложувам Рекламата е земена од Бугарчињата и направен е глуп превод, не очекував ништо специјално. Но целта на таа реклама не е да биде убава или не, туку да биде впечатлива и да поттикне свесност, па дури и што иде по нерви. Барем се олеснува работата да одговараме на постови кој тест да се купи.
Се имам изјаснето во темава, но денеска ми текна на оваа: http://www.youtube.com/watch?v=CWraGYW4jAo Врв на глупоста!
Како сум ја заборавила онаа со столчињата? За цитроен е ваљда, ама ептен е глупава! Демек ниска цена, и паѓаат од столчиња. Ps. Eve ja. http://www.youtube.com/watch?v=8kKN6M0XbZM
Офис плус особено таа со девојките ,уф а , да исто така и таа на млекара Маестро мислам беше со децата и мачето,не дека рекламата е глупа ама музиката мене ми е
Вчера гледав една реклама, за продавница за опрема за бањи, со 4 девојки, така прилично разголени, влегуваат и излегуваат од туш кабини, се пресмеав. Па едната нешто глуми секси разгледува низ продавницата, другата демек се суши со фен пред огледало. Немам гледано поглупава реклама.
Нектар обично има доста убави и интересни реклами, ама таа последната за кечап со бебето ми е катастрофа
Насловот на темата дури и извичник има ! посликовито да се долови револтот од идиотски тв реклами... А една ли е. Рама маргарин - сакаме Рааааама, жолт маргарин, вкусен е и фин ... и бабата со сфинга-денс, omfg, на стрелање сите! Цел серијал Лептен реклами - ајде на журка куклооооо! Па после онаа што јаваше на коњот во вториот продолжеток. Резил и срам. Марија и Бонукс. Секаде го влече прашокот со неа женава, дерман се нема, и на читање тестаменти и на свадби и на умирачки уште малку. И прстите и се невидено долги и одвратни, а тој мажот и е за грев, мислам дека држи страв од Марија, зашто ако го плесне со тие долги прстишта на рацете, има да му ги опфати обата образи со еден единствен шамар! Ааааааах, млади. Мочко малиот. Играчка за мали деца. Каква едукација, каква намена. Кожуфчанка. Кралица на водите, да му веруваш на дедо внучкооооо. Па има и втор дел. И кралицата - Катерина Шехтанска, оу ем џи, врв на нејзината уметничка кариера. Сите реклами за мастики. Имаше една за орбит, ја пикна главата у аквариум, рипчињата да и' ги зачистат забите. Макс Струмица. Маживе гледаат фудбал, жените се товат одпозади со грав и други традиционални специјалитети, зачинети со Макс зачинки - и стенкаат побогу. На клада бе!
http://www.youtube.com/watch?v=bQnEWiljll8 И онаа каде што дечкото „случајно“ носи 3л омекнувач за алишта
Не знам кое по ред мислење ми е на темава, ќе станам најактивна овде од што ми паѓаат милиони реклами на ум, ама морам пак да искоментирам,овој пат не конкретна реклама туку општо, што имам приметено. Знаачи,ошто земено, СТРАШНО ГЛУПИ реклами ми се оние за омекнувачи, кога вадат омекнувач од никаде, на локација каде што не му е место и на начин физички неизводлив. На пример типов у еден момент го глеаш со празни раце, у друг ОП - тоа е најновиот омекнувач. Ај бе не ме зезај.
Најглупава реклама на Даб беше мислам со едни цурки на јахта разголени и еден германец одвратен, значи овие со рекламиве претеруваат кај што треба и кај што не треба ставаат рзголени девојки претеруваат веке, ова му доаѓа голотијата продава се