Глупави ми се многу рекламите на МТV (еМТиВи да нема забуни )..преглупи! И оваа исто...http://www.youtube.com/watch?v=4ikVIIddtMw
онаа шо беше до пред некое време..за некои апчина за главоболка...па кога ке почнеа вибрациите(демек болката ве повикува) абе во глава ме маваа жими се почнуваше главата да ме боли..толку одбивна реклама тоа чудо некое А,исто и онаа шо вика на секое Бонго бонго бонго бонго....и онааа Мочко мааалиот мочко, маалииот мочко аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа Ииии, да не заборавам: Да му веруваш на дедо!
Таа на VH1 е.Инаку да глупава и тој..одвратен! Ете ја таа..http://www.youtube.com/watch?v=pqtPAwJQ ... F720ED888D И рекламите со некои суштества што не ни знам што се! Eте најдов неколку..ДЕГЕНСКИ! http://www.youtube.com/watch?v=obWUJEdS ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=5tFzCtx7 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=o6ghsPB6 ... re=related
Хаха, да, на VH1 беше. Не дека ги разликувам, или тоа или МТВ ми е пуштено. Ама рекламите им е грди. И онаа реклама со вибрации, секогаш мислам дека телефон ми вибрира, зашто исто така праи. Се штрекнувам.
најглупава реклама ми беше онаа не знам дали се сеќавате за некоја паста беше колгејт мислам " од каде доаѓа оваа светлина,-од забите на дабарот" поглупо здравје
Прво место, рекламата на Кожувчанка. Па не знам кој бил толку интелигентен да ја смисли, сестра ми ми стои попаметна и покреативна. Од револт кон рекламата почнав да пијам Пелистерка. Предлагам да ја рекламираат Пелистерка во нивната реклама, така сигурно ќе им се зголеми профитот, затоа што нели, со таа проклета рекламата се добива контра-ефект. Дури ја ставиле и Кралицата во рекламата - чекај, нели водава е кралица ?! Или ние пиеме некој исцедок - не дај Боже телесен - од самата Кралица претставена на нашите мали екрани ?? И ако ме прочита некој од таму, апел да се укине и да се спаси Кожувчанка од бруката и штетата која и е нанесена. Сите реклами за прашоци, омекнувачи, детергенти... Мислиш рекламираат се друго, освен прашок и омекнувач. Парфеми, патувања, постелнина, материјали за шиење, сервиси за јадење, проститутки... ма буквално се се рекламира на тие реклами. Врв беше кога даваа ЦД на Здравко Чолиќ, оу мај факинг гад. Си переш и си го слушаш! И не, не ви мириса омекнувачот на лилјани, ви мириса на овци и на кози, на ШТАЛА, маркетинг продукцијо! И заслужено последни, политичките реклами. Епа им ја снема креативноста на луѓето, избори секоја година - две. А и стварно не знам зошто се трудат да прават реклами, јас досега не знам никој кој се преобратил за некој друг, баш од досаднине реклами. Ми идеше да запалам едно кандило кога ноќеска настапи политички молк. Ништо чудно од нив да ме фана стомакот, морав да ги исфрлам сите сра*а кои ги слушав досега.
Фета - сирење рекламана и она со тоалетот на Коле. Ми се повраќа коа ги глеам! Маркетингов е отиден бестрага кај нас.
Мене и на ВИП не ми се допаѓаат рекламите! Како тоа сме се смувале а јас незнам? Спојлер Па цел фб ми фрчеше со вакви.
Онаа за BOOSTER more energy more fun. Тоа цртаното човече ми е дебилно до крај како и тој што го позајмил гласот за рекламата.
Утрово забележав уште една реклама. За мебел Монтенегро мислам. Златна рипка зборува и врвот ми беше што МАШКИ глас вели: Здраво, јас сум златната рипка!
-рекламите на Фанта уф -онаа на Евн со човек-телевизор што глуми лудило ,,добро што треба сега јас овде да играм?, да пеам по цел ден за џабе? добро ајде ќе пеам (и тука глуми лудило), а сега драги гледачи временската прогноза ќе преовладува умеро облачноо....'' -Кожувчанка-кралица на водите ,,дедо навистина ли е кралица" ,,вистина е внучко, да му веруваш на дедо" -и секако врв рекламата ,,Сакам да какам во тоалетот на Коле''
Лелее оти бе на Бустер ве нервираат, мене страшно смешно ми е она кога ќе се раздери ко забегано на крајот..мор енерџи- мор фан.. . А дефиитвно најглупа реклама и мене ми е Коле и какалото и уште една за некој сокови беше со едно дебелко суштество во фитнес опрема , никако не можам да откријам што е, дали портокал, дали човече, појма немам. ама прилично језиво ми е.