Дефинитивно онаа на маестро - Згодните девојки зборуваат за романтични бакнежи на дожд, за пораките кои пристигнуваат бла бла бла....
И мене истата реклама ми е најглупа, гадна ми е некако, девојките воопшто не ми се допаѓаат, рекламата нема врска.
Рекламине на Фокс Лајф за сладоледов глупости на квадрат... http://www.youtube.com/watch?v=YsqhddgVZbs http://www.youtube.com/watch?v=8WDW5MpJJuk
Јас навистина не знам што им е на овие од Маестро, секоја наредна реклама им е поглупа од претходната, а таман ќе речеш не може да биде бетер. Првата беше со еден чичко со фаца на педофил, после втората беше со анимирани домашни животни направени од страна на најголем аматер, трета беше со децата што се мачкаат со павлака додека јадат, а сега последно онаа со девојкиве. Ми имаат рекламиве некоја сексуална педофилна жичка, не знам зашто, трн во око ми се...
Тааа на вип- некои одлуќи се лесни...Незнам која е врската на сладолед и телефон... И таа на Џабест те тагнав тебе и тебе и тебе...
Најмногу ми се глупи на џабест кога таа вели тебе те тагнав,бла бла и после прашуа овој а мене, и таа те знам од фејсбук И на вип им се многу глупи...
Врв за глупи реклами се оние на Фокс за Топ ган сладоледот... Значи последен да е нема да го купам, кои мозоци смислија таква глупост?! Абе омилен сладолед ми беше, ми се одмили 100% од глупачкана антиреклама!
незнам со кој прашок беше за супер мама или мудра мама, кога малото дете јаде ќебапи, коа логика бе леле.... воглавно сите за прашоци за перење ми се глупи и за омекнувачи
Рекламите за прашок за перење, посебно оние каде во секоја пригода тетките вадат кеса со прашок која вечно изгледа ја тегнат со себе-на гости, во ресторан, на премиера... ВРВ апсолутен ми е рекламата на Владата на РМ каде се редат надгробни споменици (оф мори мајко, кој генијалец ја смисли ај да се пофали ) и така еден по еден споменик надгорбен, језа да те фати, а поентата да ти била дека семејството е најважно . Оскар за глупост би му дала на креаторот, ама два па на тој уште поглупавиот што ја прифатил идејата и ја снимил...
Немам пробано Бонукс прашок за перење само и само од причина што ја мразам онаа од рекламите!!! Не дека другите се подобри, ама таа ми е врв, гасам тв ко ке ја видам...
Рекламите за влошки ... некој кој не искусил нешто вакво сигурно си помислува дека навистина „живот нам је сцена, а ми смо тако лепе и сигурне “ Мислам ... која иронија, кога ќе ми текне со што сѐ се соочувам за време на дружбата со нив, ми доаѓа да ги тужам оние кои стојат зад рекламата, за ширење дезинформации.
Рекламите за маестро,влошки,детергенти,ВИП,Џабест,Rock star and anti rock star,она за Топ Ган со бабето,тетка Виолетка,мамо сакам да какам во тоалетот на Коле,за Офис Плус,волку волку,онаа за Орбит демек раскинуваат... ги има уште многу