Сите реклами за шампони. Демек ќе ја измиеш косата и таа веднаш ко грива станува. Женскиве павтаат со косите, а сите мажи паѓаат во несвест.
Малиот мочко , незнам дали уште ја даваат ама за мене немаше поглупа реклама + скоро сите реклами за шампони, а најмногу онаа "и затоа сите мажи кај тебе чекаат на ред". И да, за малку ќе ги заборавев топ шоп.
Доермео-со сите надуени теткици кои излегуваат и мајки со деца кои ги малтретираат за во реклама. Зборуваат и ти се чини дека дормео спие место тебе. Абе ајде, простотилук И космодиск-тие бабите аман веќе, сите истото: благодед, лек за се, дрндрн. ’Рбетот, половината абе се ќе ти излечи. И остатокот од топ шоп, заедно со рекламите за шампони и фарби за коса: како покажуваат дека се прави косата, а реално ниеден шампон не може да го постигне тој ефект.
Ми текнува за космодиск што имаше една баба: „И мене многу ме болеше грбот. Еден ден мажот ми ме земаше од работа со колата и само врти по улицата во непознат правец и јас му викам: Каде ме носиш? И тој ми вика: Ќе те носам да земеш космодиск! И ете од тогаш раат сум, ’рбетот веќе не ме боли...“ и таква цела унесена во приказната...
По моронска од онаа на Ти мобајл кај шо пеат вработените мислам дека нема. Ти што си еден и единствен ти што си битен и најважен. Леле колку се занесуваат само, многу ми се понашаат ко морони . Охридска банка е ЕПИК, и онаа Маестро сирењето Муууууууууууууу Ебате ... едит. кога сме веќе кај космодиск една така ме има извадено од такт од тоа жеништата шо зборуваат ... Она работела напорна работа, била наставничка од прво до четврто и кичмата и се укочувала од пишување на табла. Абе добив нагон да влезам во телевизор и да ја задавам со два прста, видела она шо е напорна работа .
да да ми текнува на таа наставничката.... кај ти текна еее... И мене преемногу ме нервираат топ шоп-ските реклами, најтапа се...
http://www.youtube.com/watch?v=eaTRj4zFuc8 Може не е за у темава ама морав да го споделам „искуствово’’ со вас.. Али рекламава е немогуча у секој случај.. Едит: И да не бидам оффтопик најглупа реклама на сите времиња..трм трм.......And 12 points go to.... Колееее
За некојси влошки, кога ја пуштаат влошката во базенче и ОП цела вода ја шмукува!!!!!!!!! А бе да ти е страв да ја употребиш, ќе ти ја усиса матката е*ате!!!!
Најглупава реклама на VH1 - рокстар и анти - рокстар, ама рекламава е стварно долгичка. Треба да се намачам додека си чекам некоја песничка. топ шоп (дормео најмногу!) космодиск - колку убаво лажат. за влошки онаа кога им капе во шаторот и тие двете девојки залепуват влошки и оп, на суво се. п.с. продолжува...
аууу да да...колку ми е морбидна и гадна рекламава...многу се грди тие Исто така глупа реклама е онаа што е за мебел, кујни ..незнам како се викаше тоа..кога девојката си ја лепи фацата на стаклото Други глупи се тие за кожувчанка, коле, сите реклами за прашоци или детергенти...
Онаа за Пронто мислам дека беше, каде жените имаат ханзаплас на челото, демек од прашината киват и се удараат во мебелот.
Рекламата за Паскалин со женскана. И тие на Buster, more energy. И тие за кожувчанка, тоалетот на Коле и другите веќе споменати, да не се повторуваме.
Хахааха има преглупи реклами на телевизија ама мене најглупава ми е онаа на тузот за паштета што е,нешто како сите таму цело село ја бркаат кокошката низ тоа улиците и порано одоздоле пишуваше"нема повредени луѓе и животни при снимањето на оваа реклама" Мислам стварно глупо нешто! А за рокстар и антирокстар да не збориме! Глупа и одвратна реклама!!!
Хахаха предобра е рекламата ме изнасмеа и мене Инаку од Кока Кола едино оваа ми е глупава. http://www.youtube.com/watch?v=YZ5BV5asEzY
Кока кола од секогаш правеле нај интересни и нај убави реклами. Ама оваа последната што почнува со девојката која што пее: "I'd like to bye the world a Coke....." Е таа ми е мноооооооогу глупа, ужас, живци кинам кога ја гледам а незнам зошто..
- За чоко стоби флипс... се убиваат од лапање дечково и девојкава на клупа и сето тоа за да го измами и му земе чоко стоби флипс вауууу Нареднава реклама, ја даваат на ЕДО, и јас искрено сметам дека ова е дело на нивната конкуренција бидејќи е навистина антиреклама Дами и господа „Месна индустрија УКА„ ... на рекламата е дадено преработка на месо, крвави трупови од животни висат облесени на шипки, начинот на пакување... мешањето на паштетите, мелење на месото, вадење на колбасиците Од тогаш не јадам паштета, по одвратна реклама нема - Благодарам значи Мерси