Дека ако си ги гледаш дланките некој те пцуе. Кога икаш - некој те мисли. Кога ќе видеш умрено врапче да си ја фатиш косата и да броиш до 10. Кога те чеша носот ќе се скараш со некој, а за да не се скараш требало да се фатиш за газот. Како не. Кога ќе видиш мачка како ти го пресекува патот да се вратиш 3 чекори назад.
леле девојко ме изнасмеа, да не пукнеш - Ако имаш дупчина на образите (она кога ќе се насмееш што ти се прави како дупче, нз како да објаснам подобро ) ќе останиш сирак
Упс јас имам дупчиња Кога ќе врнело град најстарата ќерќа да фати од тоа (градот - зрнцето што паѓа , ама не да го земе од земја туку самата да го фати) демек одма ќе престанело да врне град
Најглупаво нешто што сум го слушнала (од една моја другарка): Не смееш да стоиш на жешко додека имаш Менструација...Ќе дехидрираш. WTF?
Ова не баш без врска,или барем кај некои.Јас од искуство тврдам дека кога имам менструација не ми фаќа фарбата како што треба.Не е некоја бабина деветина,како што е прифатено и дека депилацијата повеќе боли за време на менструација,така и во ова си има соодветно физиолошко оправдание и основа.Не мора да значи дека ако кај некој нема влијание,важи и за сите.
„Ако се возиш на мотор и те мавне кола, не смееш кацигата да ја извадиш зошто ќе ти експлодира главата од притисок.“ Поздрав до интелигентното девојче што го кажа ова
BoaVista ова е точно...... Кај мене на тетка ми тоа и се случило само што...... Кога се породила со постариот ми братучед немал уште 40 дена а кај тетка ми на гости и дошла тетка му на братучед ми ( сестрата на тетин ми) и кога била на заминување тетка му на братучед ми и рекла "ау машала ти си имала многу млеко, и ајде чао ќе се видиме друг пат" и тетка ми ми кажуваше абе вика како млекото да го однесе со нејзе и после неможеле да го смират братучед ми пошто му се јадело абе пиштел рикал и после го однеле кај некој дедо на бајачки таму негде па пак и дошло млеко на тетка ми...... Извинете за офф топик Иначе најголемата глупост што ја имам слушнато е од постарата ми тетка и братучед ми дека има девојка и девојчево дојде на гости и нешто братучед ми почна да ја р'чка со меч во раката (од оние пластичнине детски шо се) и тетка ми кога му свика НЕ СЕ ДРЖИ НОЖ ВО РАЦЕ КОГА Е НОЌ и после ја прашувам тетка ми дали тоа озбилно е така и она ми вика Spoiler не бе вика јас го измислив за братучед ти да не го закача девојчево Абе ја тетка ми и девојчево прснавме од смеење
НАЈГОЛЕМА ГЛУПОСТ од една девојче, бевме мали ама не до толку некој 10тина години: Татко ми отиде во Америка со комбе и за саат време се врати Поглупа амин п.с и сега не е поарна туку ај. Има уште мн глупости лупнато ама тоа др пат
"Калориите во шампоните ве прават дебели" (превземено од списаниото Здравје) Ааааха, значи това ти било тајната на слабите луѓе, не се бањале! Уште па докажувале научници, анализирале, мереле, оди бе. Уште што нема да слушнам, можда и копчињава на тастатурава содржат состојка што може да ми предизвика рак, а ја цело време куцам