а јас знам дека ако јадеш со кутлач од манџата или што и да е ако пробуваш од јадењето со кутлачот ке ти врни на свадбата
Ако помине пред тебе црна мачка незнам таму какви глупости да правиш, да се вратиш три чекори или да пуцниш камче не се сеќавам што беше Ако јадиш кршниче од леб, ќе те сака свекрвата Ако пееш додека јадеш, ќе се омажиш за ѓуптин Ако се огледуваш навечер, ќе огрдниш ..............................................
Сум чула дека ако утка ти пее на оградата ќе има несреќа во твојата куќа ама и самата неможам да си разјаснам како???
Дека ако гребеш тенџере од пудинг или тавче од било што,ќе ти врнело на свадба или ќе си се омажела за циган -.-
Од многуте глупости што сум имала можност да ги слушнам поглупа од оваа нема: Дека жената додека е бремена несмеела да се потшиша замислете зошто бебето ке се родело келаво
Ако детето немало прележано сипаници несмеело да кине растенија(цвекиња, трева, лисја) , па и јас немам прележано и што до сега нетребало ни едно цвеќе да скинам? Ако го бацуваш бебето на стапалцата немало да расте!
[[Кога те чеша носот ќе се скараш со некој, а за да не се скараш требало да се фатиш за газот. Како не.]] ХХАХАХАХХАХХАХХАХА ме изнасмеа со ова хахахахах
Колку пари е кроасанот од 20 денари ??? Кој е главен град на Лондон ? (Во основно ова ми се има случено) Наставникот по македонски: Таква е денешнава љубов..ме сакаш?Те сакам ! Ај во трапон сега
Кога бев мала ми се заглави обетка во увото и ми отече цело, мајка ми ме седнала во предниот дел на двороти се мачи да ми ја извади обетката, јас сета плачам вриштам.. И ете ти ја комшиката доаѓа и и вели на мајка ми: Аааа комшике, тоа така не се прави, оди однеси го детево на мо*ање и од мокрачата натопи памукче и премини му врз увото, ќе се смири отокот и одма ќе излезе обетката сама! Леле мајка ми кога се изнервира, мислиш ќе стане да ја расчука женава упорно ја убедува дека така ќе ми излезела обетката полесно ХАХАХХАХА
Наставникот по физичко зборува Скопси! На една моја другарка и велам:Овој не зборува Неготински! И таа ми вели:Да да не зборува Македонски
Дека ако пиеш кока кола , за еден месец нема да можеш да збориш и тоа ова го слушнав од една 16 годишна девојка. Ретардирана работа.
Хахаха.. А пак јас слушнав дека ако пиеш многу кока кола побрзо ќе добиваш менструација од вообичаеното