Јас баш спротивното го знам. Ако пиеш врело кафе, значи брзаш дома да си одиш, мажот да не те чека. А ако го пиеш полека, му немаш страв и си одиш дома кога сакаш. Инаку имаше нешто за невестата ако гребела тенџериња, ќе и врнело на свадбата.. или па може не беше за дожд.. не се сеќавам точно.
Ако си се појавел гол пред огледало ќе ти излезела таа крвавата Марија. до сега ја немам видено, ако ја видам ќе ви кажам
Ако седиш на ќошот од масата,нема да се омажиш Ако пееш или играш додека јадеш ќе се омажиш за ром Не било убаво да се сечат нокти навечер,причина незнам Ако видиш бремена жена држи си ја косата,така побрзу растела Ако показалецот на ногата ти е поголен од палецот ти ќе го командаш мажот а ако палецот е поголем од показалецот тогаш обратно Ако се проегнуваш додека јадеш храната му ја даваш на ѓаволот Ако скришиш огледало,на колку делови ке биде огледалото скршено,толку несреќи ке ти се случат Во 00:00 не се излегува надвор тогаш излегувале самовилите Навечер не се моча под некое дрво,затоа што можеби тоа е самовилско дрво,ќе си се намочал во чинијата на самовилата.. Толку ми текнуваат..
Сода бикарбоната има нагризувачко дејство..тоа ги нагризува забите... и доведува до побрзо расипување ...А најглупото со имам слушнато е дека Ако сум требала да одам на некој разговор за нешто или на некоја веселба .. и да сум сретнела поп ... требало да плукам по него 3 пати .... хахахаххахаххаха
Ако наидеш на мртво животно , да се фатиш за коса , инаку ке ти падне косата Да не проагаш под две споени на врвот ( како А ) бандери , ке ти умре мајка -.-" Ако црна мачка ти го пресече патот , следи несрека Има уште ама не ми текнува моментално .. Кутриве црни мачиња никој не ги сака овде само поради овој глупав мит. ах да имам личност , сите напуштени црни мачиња ке си ги земам и ке си ги чувам
Ова кај нас беше ако поминеш под вакви бандери ќе добиеш единица. Кај школото има едни такви, и нон-стоп ги одбегнувам, ни јас не знам зошто.