А јас за бандерите знам дека ако поминеш под нив ќе добиеш 1 на школо ако не си ученик ќе ти се случи нешто неубаво Инаку на секој втор испит дур одам на факултет ми го сече патот црна мачка, па баш тогаш имам приметено дека најубаво поминувам. Дефинитивно најголема глупост е да не се тушираш дур имаш добиено, дека ќе ти траело повеќе извинете кој век сме?
Сум слушнала но и доста глупости сум прочитала токму тука на форумов.... Некогаш седнувам да ги разлистам страниве за да можам себеси да се довчудоневидам какви се глупости и небулози се куцаат од кутри девојки/момци кои незнаат што со себе во животот... На тие глупости кои се куцаат мислам дека треба да се постира чесно слика од ,, кријачот ''' позади нив. Сите можеме да сме гласноговорници на идиотизми но какви што овде прочитав...на ниеден друг форум по порталите не сум видела.... Познавам попричично голем дел од естрадните ликови и фаци за кои се пишува и 80 % се тотални глупости од упатениве на форумот. Никој не бранам, никој од нив не ми е близок пријател , затоа и не заземам став.... Али посматрање од страна , на ликови кои се никој и ништо во градот, што плачат по турски серии и не излегле подалеку од Стоби а се*ат за што стасаат за мене е огромна ГЛУПОСТ !
Кога бев помала се бањав со шампон од коприва , мојата братучеда ме праша како не ме боцка шампонот на главата и телотонели дека од коприва па валјда очекувала пликови да ме направи ко што би направила свежа коприва, друго објаснување за прашањево нејзино немам. Црна мачка ако ти го пресече патот носи несреќа. Ако те посере птица тоа значело среќа.
Последно што слушнав : ако ги миеш забите повеќе од 1 на ден ќе ти паднат Поголема глупост АМИН ! ( смајли што се крсти )
- Ако додека шетате со другарка ти наиде кола и ако ти заминеш на едниот тротоар, а таа на другиот, веднаш да се фатите за копчето од фармерките . Ако не го направите тоа, ќе се разделите . - Ако го јадеш загореното од храната, ќе ти врне на денот на свадбата .
Не мажена девојка никако не смее да мете двор ноќе . Ќе си останела стара мома П . С . А јас се ноќе се фаќав за метлата , па ете се омажив . Митов е не точен мајке ми
Дека подобро било да одам во Германија да ги сменам доларите, таму доларот и еврото биле иста вредност.
Повеќето теории на заговор и сите оние безброј варијанти на бабини деветини актуелизирани по женскине домаќински групи. Тешко е да се одлучиш за една, па и неколку...
1. Дека доброто со добро се враќа 2. Кога ќе видиш трудна жена да го допреш тој до тебе и да му речеш "кој прв ќе ти прозбори те сака". 3. Ако го гребеш тавчето ќе ти врне на свадба. 4. Ако го јадеш крајчето, баба ти ќе те сака. 5. Ако гледаш звезда како паѓа да си замислиш желба и ќе ти се исполни. 6. Буба марата ќе ти донесе гости ако и запееш "летни летни буба маро". 7. Ако палецот од ногата ти е помал од тој до него, сопружникот ќе биде главен во куќата. 8. По Големината на дланката и стапалото се одредува големината на алатот кај мажот.
Маж ми има големи дланки и големи стапала . Според пресметката треба да му е 25 см или така некако . Ама му е 17-18 . Заклучок : мит неточен . Инаку , убаво е кога некој ќе те гушне со тоооолкави дланки
Трудна жена не треба да оди на гробишта црно маче носи несреќа ако ти пресече пат. Има уште еден товар глупости ама не можам да се сетам сега во моментов