дека ако не си го изедеш последното залче куче ке те апне. Пред две години помала братучетка ми го кажа а ја заради уплав од кучиња си го изедов За случајно да не ме изеде некое куче
Не е глупост.Во мојот град има жена што дозна дека е бремена еден ден пред да се породи,тогаш и ја оставија во болница.А исто така познавам една која знаеше дека е бремена,ама воопшто не и се познаваше.Значи стомачето и беше како моето(а јас немам пучтен стомак). Глупост:Ако зборуваш за време на јадење ке земеш циган за маж.
Како мала не сум јадела пилешко (знаете бидејќи тоа 2 саати се џвака) и тетками ме лажела,ќе ти порасне коса ако јадеш месо. И ден денес мислам тоа И да.. Ако се гледаш ноќе во огледало ќе си земела циган за маж
Ако играш кога јадеш-ќе се омажиш со турчин Ако пееш кога јадеш -ќе се омажиш со ром Ако не го дојадеш последното залаче ѓаволот цело јадење ќе ти го земе од стомакот ах бабо бабо
Мислев дека Скопје 2014 е најголемата глупост што сум ја слушнала, но сепак мислам дека идејата за изградба на Кралска резиденција на некое си племе кое патем никој неможе да докаже дека е потомок на Александар Македонски, е носител на титулата најголема глупост.
вчера на квизот најслаба алка прашањето гласи:Како се вика британскиот брод од 2 светска војна кој денес како атракција е закотвен во калифорнија? (приближно вака гласеше прашањето ама во таа смисла) Натпреварувачот одговара: Титаник
Која девојка не се гледа ноќе (пред излегување) во огледало. Па не се целиот машки род цигани бре! Да не бидам оффтопик најголемата глупост што сум ја слушнала ако навечер гледаш во огнот, кога ке си легнеш ке се помочаш. Епа ајде да не валиме огин во зима да не се помочуваме
На нас па мајка ми ни велеше , да не пееме додека јадеме, тогаш ќе сме се омажеле за циган И дека навечер не се сечеле нокти, а зошто ни таа не знае
Мислам дека тие работи навечер ова или она се само некои верувања кои што останале уште од стари времиња а не некои глупости.
Дека точно во 00:00 не смееш да го поминуваш прагот од вратата, ќе си им ја растурела вечерата на самовилите-баба ми
Дека ако свириш дома ќе сте зовриеле од глувци (се мисли на свиркање со уста. ) Ако навечер чистиш или се гледаш на огледало ќе ти излезе вампир или такво слично страшило.